Мизерија... еднаш викаат прскаме цело време, ама авионите не се слушаат, многу се тивки. Па објавуваат видео, ко демек еве само што испрскавме.... после - ту бе, грешка, не испрскавме сега, пред еден месец беше, се збунивме.... ние мислевме вчера прскавме, тоа лани да ти било, пијана работа, батка. Па сега ајде скопјани утре сите на аеродром, ќе прскаме свечено против комарци. Облечете се посвечено, може и трубачи ќе има, некое орце ќе се заврти. Ова прскање против комарци е, не е играчка, голем ден за македонскиот народ Комедии на квадрат, хаха!!!
Патолошкото лажење им е партиски синдром и ова е исходот. Вакво нешто досега немав видено, не ми се верува дури.
Ова со Бугариве тотална брука. Па ние од се се откажавме. Не смее премиерот да ѕиуцне за наш празник? Па и тие па безобразни.Бугарско лицемерие. За комарците исто брука. Денеска пак татко претепал 2 годишно дете. Кај деца нема, па и малтретирани се кутри. Заради сите овие глупости ќе бојкотирам во септември. Не ги бива. Ако со едни комарци не можат да се справат, какво ЕУ и НАТО. Реформи?Очај. Јад и беда.
Заради таткото психопат што го претепал детето? Каква врска има таа случка со политиката во државата?
Овој им се извинувал на Бугарите? Цццц на кој уште начин ќе не понижува? Неговото однесување веќе не е ни смешно.
Тоа што татко насилник тепа жена и 4 деца, па ете се случило да го онесвести од ќотек детето, е тоа е нефункционална држава, МТСП не си ја врши работата. Тоа е врската со политиката. Треба да се одземе родителско право, а да го убиеше детето? Не треба вакви пропусти да се случуваат, дури не е ни пропуст, пракса е веќе.
Социјалните работници не се замараат, не реагираат дури ни на пријави што сме ги пуштале формално, преку училиште. Си префрлаат топки со МВР.
Обично семејните насилници не напаѓаат еднаш, туку нивната злоупотреба на луѓето окулу нив постепено се зголемува, а жртвите нема каде да одат или да се обратат за помош. Евентуално, еден ден ваквите случаеви може да завршат со убиство.
Тоа ми е и повеќе од јасно, ама не е ситуација од денес и не е партиска грешка туку е нефункционалност на целиот систем од самото постоење на државата. Така било со години - така е и сега. Обемна тема на која местото не и е во антуелни политички настани, не е актуелна. Тоа е едно, друго што повеќе од пола не пријавуваат додека не се згусти ептен и не настрада некој. Уште си чекаат да ги истепаат мажите па да реагираат, а и кога реагираат нема реакција ни од МВР ни од социјалните работници. Ама не е актуелно и не е од сега. Не е причина за да се бојкотира референдумот, ако ништо друго, би требало да биде причина за да се поддржи!
ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски положија цвеќе на местото каде што свирепо беа убиени петмината струмички студенти кои ја носеа идејата на ВМРО за обединета, независна и демократска Македонија од страна на комунистичкиот режим. Слава ви!
Не реков дека ова е од сега, но се случува и сега. Ако се случувала досега, не значи дека треба да продолжи. Темата е актуелна, но за неа нема политичка мотивација, ниту како причина, ниту како разрешница. Можеби тое е проблем и затоа секој ја игнорира, во нашето високо исполитизирано општество. Ние како општество слабо функционираме, само навиваме за партии. Не постои општочовечко добро кај нас, затоа што не се гледаме меѓусебе и цениме како луѓе. И ова нема врска со референдумот за името, не знам од кај го извади.
Видов дека СДСМ се тешки неработници. Ништо не сработеа за повеќе од година дена. Како ќе не донесат во НАТО и ЕУ со таква мрза? Освен што треба да се самоизбришеме и преименуваме, да се откажеме од антика, Илинден и од нашите малцинства во регионот, ние мораме и многу критериуми да исполниме. Овие кадри не се способни да прскаат против комарци, а не па да ме внесат во ЕУ и НАТО. Ризикот е голем надвор од НАТО и свесна сум. Ама и народот, ние сме криви. Многу сме криви. Ако не влеземе во НАТО може да се распаднеме, впрочем секако ќе се распаднеме. Во 2017 година се родени нешто над 600 деца повеќе Македонци од малцинствата. Таа разлика ќе се стопи, кога нашите ќе заминат во странство. Родителите сосе деца ќе си одат, а ние нема потреба тогаш за 5 години до 10 да се викаме Северна Македонија кога ова се ќе се вика Голема Албанија. Следите дека од Србија се бараат уште 3 општини. Албанскиот принц бара да се обединат Косово и Албанија, но тој е поборник на Голема Албанија како и многу други. На Србија тие општини не и требаат. Што ќе и е Прешево со 95% Албанци, каде Србите не се ни 5%. Бујановац се некаде 60% Албанци, Медвеѓа не знам. Ќе бојкотирам макар утре дента нека избие војна, што сака нека биде. Не заслуживме ништо, тотално ништо. Мора и Македонците еднаш да сфатат дека се во измет до врат. Тоа не се стори од вчера, туку 27 години цели се работи на наша штета и ние работиме на наша штета.
Кажа социјална работничка дека ги следеле. Зборуваше на ТВ. Ако ги следеле што чекале. А инаку каде сме ние како општество? Нели треба да пријавиме насилство врз деца ако сме соседи и знаеме? Не сакам изговори како било до сега. Гласав за СДСМ за да биде подобро и конечно да личиме на цивилизирана земја, ама на удолница со нив тргнавме. Гледам дека се неспособни и веќе поддршка за нив немам.