Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Не знам како може да очекувате за една година да се поправи нешто што од 1991 год. се пикало под тепих.

    Во земјава сѐ е труло и нема нешто за што можеш да кажеш ''E, ова функционира и е во ред!"
    Живееме во време кога бројот на насобраните проблеми веќе го надминува бројот на жителите во земјава.

    Од каде попрво да фатат ред ?
     
    На Feminka22, WildMk, poenta и 4 други им се допаѓа ова.
  2. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    14.024
    Пол:
    Женски
    Во право си дека е краток периодот.
    Од каде да се тргне? Од секаде. Образование, здравство, правосуден ситем. Корупција, организиран криминал, непотизам. Од најниските ешалони кои директно влијаат на народот. Од високите ешалони, кои уште неседнати на фотелјата покажаа дека совршено добро научиле од претходните како се живее на грбот на народот и се злоупотребува функцијата за лично богатење и бенефиции. Од елитизмот и ароганцијата кои им се заштитен знак.
    Од каде сака нека почнат, ама аман веќе, нека почнат.
    Досега само покажаа дека ги боли и нив за народот, тие само сакале да бидат вмро наместо вмро.
     
    На Feminka22, sparklie, Yowannty и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.780
    Допаѓања:
    14.247
    И Каракачанов вели сме биле измислена нација. И сега како се крстеа во нив Заев и Димитров кога овие за 3 дена пуздер не направија. Што Борисов, што Захариева, што Радев, а сега и Каракачанов. Ужас.
     
  4. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    14.024
    Пол:
    Женски
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.205
    Пол:
    Женски
    Велковски евентуално ќе премине на нова функција, и така. Живот.

    Ако. И нив ги лаже, па нека се извинува и нека го понижуваат лицето ЗЗ. И онака е пучист и договорите кои ги склопува не се легитимни.
     
    На carangigia, zuto и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  6. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    14.024
    Пол:
    Женски
    Сепак сме мрднале подалеку од "Албанците од Серава" на Диме Спасов...

    Уште Филипче да го сменат.
     
    На baba Rada и WildMk им се допаѓа ова.
  7. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Република Македонија е на продажба и раздавање уште од нејзиното формирање.

    Ич не ги жалам, ваљда имаа некој план кога се кандидираа за власт.
    Треба планска работа.
    Од корен.

    Сиве овие години, не ми е јасно како може специјалист оториноларинголог да нема ларингоскоп, во сите државни поликлиники. Тоа е како мајстор без алат.
    Што ќе правиме кога ќе појдам на преглед? Кафе да ми свари?
    Ај што не се платени, тоа плус...

    За греота сме, се плашам дека никогаш нема да не биде.
     
    На Lianna Anna, baba Rada и sjdgo им се допаѓа ова.
  8. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    14.024
    Пол:
    Женски
    @Јаневски , зарем ни тоа немаат :(?
    За платите не би коментирала, ама за некомпетентноста и тоа како. Јас доктори со педигриња и бугарски дипломи не признавам. Има уште нешто асално останато по државниве установи, претежно постари доктори, ама во глобала се што вредело е одамна во Германија. Здравството е последно на список години наназад. Го има фино зграпчено фармацевтската мафија, нивни пион беше Тодоров, нивни пион е и Филипче.
     
    На oblace1 и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  9. beauty007

    beauty007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    640
    Пол:
    Женски
    Секој ден се поголрма брука си прават. Лажењето им е партиска навика со потекло од седмо колено. Против комарци праскањето требаше да го направат со сечење на црвена лента и чочек па можеби ќе испрскаа. После месец и пол им текна , ама нејсе му помина на Шиле таа фаза од мандатот сеа иде зима па со загаден воздух ќе се бави до Март. Комарците дека и да е сами ќе ги умрат без прскање . Сега аирлија за скоро период на загаден воздух. Во меѓувреме Скопје тоне во ѓубре . Едно се трубеше во кампања , сега друго се прави . Оваа на крај излезе ГРУЈО НЕ ГО БИДУВАШЕ ОТИ НИЕ САКАМЕ ДА СМЕ КАКО НЕГО. Скандали и афери има во сите министерства од МВР со превоз за приватни цели до Здравство со Пановски и фалц лекови . Се е катастрофа во државава се е чорба каша освен сивиот бизнис на Заеви . Наместо да ги решат проблемите како што трубеа тие создаваат нови . Заев е изгубен во време и простор не смее на спомне на Бугарите дека Илинден е наш, а пак на Грците дека Македонија е наша држава . Без срам и перде се извинува на секој чекор за македонската историја и идентитет и сето тоа под фарса "добрососедски односи ". Како се да е малку па УЈП на месечно ниво ќе проверува кој каде се движи ( плаќа) . Со оваа мерка не враќа во минатото во ерата на готовинско плаќање. Ќе си вадеме пари за да не гледаат кој каде трошиме . Тоа не е работа на УЈП туку да лови криминал, а јас не сам слушнала за некоја нивна акција поголема од казни на маалски продавници на тие се и моќни . Ситуацијата во државата да не беше трагична ќе беше комична , кратко речено.
     
    На Lianna Anna, Tanjamm и nadja.d им се допаѓа ова.
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.205
    Пол:
    Женски
    Е, да, уште само тоа е :D
    Мрднале, три напред, две назад.
    До крај на мандат ли со „ама ВМРО“ ќе се вадат?
     
    На Lianna Anna, Harper, jacqueline.s и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Ха, па не ги жалам ниту јас, само сум реалист.

    А свеста на народот, како ќе се смени за година или две ?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.205
    Пол:
    Женски
    На orevokrsacka и Deni87 им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.205
    Пол:
    Женски
    Има власт во државава каде секакви вести читаме, или Мицкоски е важен? Промените каде ви се, бетер тргнаа? :D
     
    На Deni87 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Баш затоа што не е важен, затоа е излишна веста.
    Факти се едно, ПР е друго.
     
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.205
    Пол:
    Женски
    Остави ги ДПМНЕ. Не мора од ДПМНЕ да те информираат за да знаеш дека партиските вработувања се факт и во 2018 година, факт беа и пред 2006, и пред независноста на државата. Не се изум, ниту заштитен знак на ДПМНЕ како што мантра вашата пропаганда.
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Воопшто не спорам дека партиски се вработува, веќе 30 години.
    Муабетот е дека, ако им тече се' по план, за најмногу година, откако ќе се затвори муабетот со спогодбата со Грција и Рамковниот, ќе има многу измени во тој правец.
     
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.594
    Пол:
    Женски
    И од Аца Лукас да ја пуштат песната...- напред назад нема те, лична карта празна јеееееее:rofl:
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.205
    Пол:
    Женски
    Откако ќе станеме двојазични и ќе ги преполнат институциите со Албанци - вработени?
    ЕУ ќе крене раце од нас, верувај, не дека се сега многу загрижени и нестрпливи да не интегрираат.
    Од Македонија до Европа постои културолошка бариера која не може да биде пречекорена.
     
    На Lianna Anna и nadja.d им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Нема да се преполни ништо. После тоа ќе има попис. Па според попис ќе треба да се прават стратешки потези за реорганизација, реедукација/доеукација, вработувања по рамковен итн...

    ЕУ и НАТО се обидуваат да го доистиснат руското влијание на Балканот. Уште ние и Србија сме во тоа заглавени. Имаат проблеми од кои им зависи воспоставувањето контрола врз цела Европа. Не дека му е гајле за нас, туку заради нив и нивните планови.

    А дека ќе биде лесно.. Ич нема да е лесно.. :) За тоа, сосема се согласувам