Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.205
    Пол:
    Женски
    Како нема да се преполни ништо кога дуи пред неколку месеци ја допреа таа тема. За имплементација на законот за јазици ќе бидат потребни многу нови кадри, дури и такви од Албанија и Косово, водечки лица на дуи најавија.

    Точно, целта на западните господари е да се елиминира руското влијание во регионот, и додека нивните вазали во Македонија ги исполнуваат заповедите, никој нема да им се меша во внатрешните политики. ЕУ не е хуманитарна организација за македончиња да им ги подобрува условите по дома. Зошто Хрватите бегаат од Хрватска без да гледаат назад? Хрватска човече не се снаоѓа во ЕУ водите, не се Македонците поспособен, ниту попаметен народ од Хрватите, чувај боже.
     
    Последна измена: 18 август 2018
    На zhap4e и Mamli им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Ќе се научат.
     
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.205
    Пол:
    Женски
    Wishful thinking.

    Ништо нема да научат.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Е сега и ти.. не ги потценувај до толку..
    Се' се учи, ако се мора.
     
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.205
    Пол:
    Женски
    Не потценувам. Реално ги проценувам предиспозициите на населението. Зошто мислиш дека мнозинството како тебе мисли дека мора да се научи? :D Ти веруваш во невозможното во кое власта сака да веруваш.
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Не верувам во невозможно.. Знам дека ќе треба време и работа.
    Доволно е да профункционира правниот систем и да се казнува за се' по закон, а да не можат да 'фатат врски', да видиш како ќе се опраат.
     
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.205
    Пол:
    Женски
    Not gonna happen.

    Засега и во догледна иднина, нема такви луѓе кои би ги исполниле твоите желби. Истите ликови и нивни потомства се мотаат во политика, судство... во секоја сфера од општеството (да не заборавиме дека ти го поддржуваш нивното присуство и им пружаш доверба на избори). Да беше изводливо, ќе се случеше многу поодамна. Останува на некои нови генерации во најоптимистичката варијанта, ама гледајќи го гротото младина, минимум половина век нема на што да се надеваш.
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Не мислам дека е така.
    На нашиве политичари не им верувам многу.. затоа и ми е битно странчиштава да се инволвираат што повеќе..
     
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.205
    Пол:
    Женски
    Веќе заклучивме дека странците гледаат свој интерес и не ги засега просперитетна Македонија. Ќе ја создадеа пред 25 години да им беше од корист. Ним им е потребна само послушна маса народ, а знаат дека овие послушници и немаат некои високи барања и очекувања од животот. Година и пол е сдс на власт, кој аир го виде од западот? Пак плаче владата по турски инвестиции.
     
    На Tanjamm и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Абе уште не се ни воведени законите, ни сме стигнале до сите европски фондови кои би ни биле на располагање. Кога ќе почнат претпристапни договори, ќе имаме можност да ги користиме фондовите кои ги нудат...
    А дека го прават тоа оти им е многу гајле за нас, и мене ми е јасно.. ама воедно знам, и дека секој нов пазар им е во интерес. Парата е во прашање.. плус, и да се дигне плата (што не верувам уште долго), сеуште ќе бидеме далеку поефтина работна сила од овие нагоре.. Ќе има апс-едн даунс.. ама ќе биде.. само полека и упорно..
     
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.205
    Пол:
    Женски
    Ако те пушти Макрон да припариш до фондовите, со темпо како моменталново, видовме дека не дава изим. Види, во најдобар случај, минус нијанси, животот во Македонија би продолжил како досега, поточно како во времето на Груевски. На чуда те тера сдс да се надеваш. Ова е многу пасивен народ. За да се промени менталниот склоп се потребни ако не векови, тогаш да го допрат некои евентуални глобални текови како војни и револуции, а ниту тогаш не знаеме каков хибрид би се изнедрил.
     
  12. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    Свесна си дека и едните и другите го прават истото ?
    Додека беа вемеро, се вадеа на сдсм и фамозната транзиција, сега сдсм, се вадат на катастрофалната политика на вемеро за изминативе години.

    Ако си реална, ќе се согласиш со мене.
     
    На Tanjamm и Someonespecial им се допаѓа ова.
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.205
    Пол:
    Женски
    Ако си ти реална, нема ни да го поставуваш ова прашање. Вие не сте ги изгласале за да бидат подобри од ВМРО, сте ги изгласале за да владеат (што уште тогаш беше јасно како ден за секој кој сакаше да биде реален).
    И друга работа е што владеењето на ВМРО не беше катастрофално колку политиките од времето на Б.Ц. кога народ масовно остана на улица и немаштијата и невработеноста беа позастапени.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    Глупо ептен од моја страна што помислив дека можеш да бидеш реална.

    ајт.
     
    На g8lQQk и Someonespecial им се допаѓа ова.
  15. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
    Сите сме за ЕУ и НАТО,ама кога се создаваат реални можности за тоа се креира слика дека ЕУ и НАТО не се добри за Македонија...Нема потреба од такви приказни.:D

    За последниве 10 години од население над 4 милиони Хрватска ја напуштиле околу 0,2 милиони или околу 5%.Big deal.:DНа примерот на Бугарија од население од околу 8 милиони ја напуштиле 0,4 милиони или околу 5%.Хрватска има просечна плата од 6352 хрватски куни или околу 855-856 ЕУР,Македонија дупло помала.Бугарија исто има повисока просечна плата од нас.Двете земји имаат значително пониска стапка
    на невработеност од Македонија,и повисока мобилност на работната сила и флексибилност.

    Нема ништо совршено,ама тоа не значи дека треба да гладуваме затоа што согорувањето на храната создава оксидативен стрес.:D
     
    На Yowannty, WildMk и LollySky им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Ко во времето на Груевски, со ЕУ, нема шанси да биди. Нема да дозволат да им ги крадат парите.
    Иначе... 2025та..
     
  17. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Бугарија веќе падна испод 7 милиони. Хрватска изгуби 400,000 популација + 300.000 протерани Срби. Хрватска и Словенија уште за време на СФРЈ беа најразвиени земји. Бугарија е жива мизерија. Смешно е да се споредува. Имаат сличен стандарт со нашиот и дупло повисоки цени од пред 10 години.
     
    На orevokrsacka и sjdgo им се допаѓа ова.
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.205
    Пол:
    Женски
    Знам дека во твојата субјективна реалност не сум „реална“. :D
    Ајт и до тебе.

    Заев поштен да не е ако Груевски крадел?
    Само сдс ја заслужуваат шансата на милениумот да се одучат од крадење, другите не.

    А тебе на збор треба да ти поверуваме за 2025, изгледи и гаранции - камо?


    Никој овде не кажа дека НАТО и ЕУ не и се потребни на Македонија, но мене лично, двојазична Македонија, пардон, двојазична Северна Македонија зачленета во НАТО не ми значи ништо. Од што да ја штити НАТО државата, кога државата веќе се албанизирала.
    И прашање е дали западот навистина ја гледа Македонија како свој неизоставен дел, или пак како црно под ноктите. Божем нешто им недостасувало сите овие векови без Македонија.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Не ја заслужија СДСМ, само 'се нафатија'... и тоа не цел СДСМ, туку тие што се 'нафатија'.. во договор со странците :D
    2025 го знам од изјавите на ЕУ комисијата. Има по нет. провери.

    Им треба да ја 'исчистат' и 'спаковаат' цела Европа, како континент. Во прашање е преземање власт врз континентот. Не дека им е гајле за нас.. Они би порадо, да сме некаде во Африка и да не се замараат со нас. Да си добиваат само словенци, по секој распад на комунистичка земја (СФРЈ, Русија). Ама за жал нивна, а нам уште поголема... не сме словенци... ова сме што сме.

    Ќе не 'воспитуваат' заради нив, не заради нас.
     
  20. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.205
    Пол:
    Женски

    А кој тоа ја држи територијава на Македонија под своја власт сето ова време, чии команди се следат, ти што си мислиш?

    И кој тоа ќе ја спакувал целата Европа, земји почнаа да ја напуштаат унијата, додека веќе деценија наназад се зборува за поделба на идната ЕУ по региони и зони. Не си и нема да бидеш во клубот западни општества од соништата. Get over it.