Актуелни политички настани

Discussion in 'Политика и настани' started by Ariel, Aug 3, 2010.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Joined:
    May 27, 2015
    Messages:
    4,526
    Likes Received:
    25,601
    Gender:
    Female
    Едвај чекавме конкурс во здравство да излезе, таман работа..нема потреба од пријавувања, сите конкурси се јавни...
     
  2. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Joined:
    Oct 31, 2016
    Messages:
    4,556
    Likes Received:
    78,317
    Gender:
    Male
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Joined:
    Nov 17, 2012
    Messages:
    13,119
    Likes Received:
    163,782
    Gender:
    Female
    Знаете дека е сарказам од рандом десничарски настроена твитерџика, така? :D Just askin', оти гледам во риплаи некои сериозно ја сфатиле дека е дотичната и дека се фали. Кутрите, никако не почна да ги бива за хумор, дури ни самите меѓу себе не се разбираат... :(
     
    galapce, Yowannty, JuLleE and 3 others like this.
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Joined:
    Jul 16, 2015
    Messages:
    5,676
    Likes Received:
    14,208
    Gender:
    Female

    Што има F.Y.R Macedonia да стои во основните училишта во државата? Уставното име на земјава гласи Република Македонија, F.Y.R Macedonia претставува референца за меѓународна употреба (која нели никој не ја претпочиташе, туку се наметна силом прилике и чија замена истите овие власти дури се обидуваат да ја претстават како победа и патриотски чин :?:)

    Ќути, бар не отидоа 40.000 долари државни пари за првиот училишен ден на девојчињата на екс-премиерот. :D Онака транспарентно, како што знаат само од оваа власт :D
    А зајчињата се одамна пораснати за да бидат првачиња со сите салтанати.
     
    Harper, zuto, SummerGirl and 2 others like this.
  5. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Joined:
    May 17, 2015
    Messages:
    1,155
    Likes Received:
    14,465
    Gender:
    Female
    И додека по студентските домови студентите се борат со влага,нехигиенски услови (како една слика со печурки по ѕидот што кружеше :puke:),ужасна храна т.е. мени,со третман на студентите како стока,со објаснување колку пари-толку музика,додека некои семејства се борат детето да го испратат на факултет,некој со државни пари ќе студира во Холандија.Епа браво :clap:
    Секоја чест на оние што се сместиле во новите комплекси на студентските домови,знаеме кои се тие комплекси.Ама останативе? Не е фер спрема нив.Има болни деца и родители кои молат за пари за лекување,а фондот ги одбива со образложение дека ги нема.Ама за луксузирање на одредена привилегирана група,има.Катастрофа :@ Не ми е битно од која партија се,се додека вака си поигруваат со студентите,не е во ред.Демек им требаат академски граЏани...А тие ќе работат за мизерна плата од 200-500е.И после младите се исселувале,да ќе се исселат.Не оти на сите им е лошо или се сиромашни,попрво би рекла заради деструктивното општество.
     
    Harper, nadja.d, smooch and 4 others like this.
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Joined:
    Dec 9, 2014
    Messages:
    16,161
    Likes Received:
    49,421
    Gender:
    Female
    На позназник на другар државата му дала 100,000€ за лекување во странство за рак, а целото лекување коштало 600 или 700,000€ не ме држете за збор..Арно се нафатиле и толку да дадат.
     
    SummerGirl likes this.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    10,212
    Likes Received:
    14,998
    Mизерија. Димитров па ја пофали, вредела. Како не. Гниди. Изроди. Очај. Со вакви јамка околу врат ни е малку.
     
    SummerGirl and SeaMermaid like this.
  8. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Joined:
    Jun 12, 2015
    Messages:
    926
    Likes Received:
    1,933
    Gender:
    Male
    ----
    Автор: Мирко Бачиќ
    Извор: https://www.magazin.mk/владата-со-40000-долари-стипендија-за-ќерк/
    ----
    Во екот на забраната за финансиски исплати по Изборен законик, ќерката на Димитров, добила стипендија од Дескоска, од Македонија, да се школува дома во Холандија?

    Објавил: Мирко Бачиќ | 6 Септември, 2018 8:01
    ВЛАДАТА СО 40.000 ДОЛАРИ СТИПЕНДИЈА ЗА ЌЕРКАТА НА ДИМИТРОВ?

    Македонија

    Актуелно

    [​IMG]
    Фото/Текст извор: ©магазин.мк

    На 4-ти Август 2017-та година тогашната министерка за образование Дескоска, со решение број 14-9573/1 формирала комисија за доделување на стипендии за додипломски студии во странство.
    Веднаш, истиот ден (петок) комисијата се состанува и итно одлучила по барањето на Јана Димитрова, ќерка на тогашниот и сеуште актуелен министер за надворешни работи Никола Димитров, да и додели стипендија за студии во Холандија во висина од 40.000 долари.

    [​IMG]
    Никола Димитров во Холандија има стан од 132м2 во Хаг, кој пак е оддалечен 69 километри од Утрехт, односно 40 минути возење со воз до Универзитетот на Димитрова.

    Скратено, во еден ден колешката министерка Дескоска формира комисија која и доделува 40.000 долари стипендија на ќерката на колегата министер Димитров.

    Ова наликува на скандалозна злоупотреба на службената положба и буџетските средства во интерес на членовите од потесното семејство на министерот Никола Димитров. И тоа се е одлучено во само еден ден. Навистина, ваква ефикасност на државната администрација нема ни во Холандија како членка на ЕУ.

    Но, во ЕУ има принципи кои се дефинирани како непотизам, судир на интереси, сомневање за изигрување на законите и корупција.

    Сомневањето е во брзањето на комисијата да ја донесе одлуката за стипендија на само два дена пред распишувањето на локалните избори на 6-ти Август 2017-та, кога настапува и забраната за исплата на буџетски средства според член 8-а од изборниот Законик. Дилемата која треба да ја одговорат министерството за образование и министерот Димитров е дали исплатата на овие 40.000 долари или други средства поврзани со студиите на ќерката на министерот за надворешни работи биле исплатени на или во име на Јана Димитрова додека траела забраната за исплата според изборниот Законик?

    За буџетски исплати во овој забранет рок, за потсетување, кривично се одговара.

    Дали во овој случај има судир на интереси и непотиза?. Ние ќе ги наведеме само фактите. Многу студенти бараат стипендии за странство, но не секој може да добие. Студентката во случајов е ќерка на министер, кој министер пак е колега со министерката за образование, која по брза постапка, во само еден ден формира комисија и одобрува стипендија од 40.000 долари.

    [​IMG]
    Колешката на Димитров, Дескоска, која тогаш била министер за образование, а денес актуелен министер за правда, најверојатно знаела дека не смее да врши исплати според Изборниот законик, но сепак го направила тоа.

    Со комисијата претседавала Маринела Маричиќ Тушева, поранешна пратеничка од СДСМ и сопруга на приот советник на Заев за надворешна политика, Бојан Маричиќ, кој има многу блиска соработка со министерот Димитров по однос на состаувањето и склучувањето на Договорот со Грција потпишан во Нивици/Псаридес.

    И министерката за образование Дескоска и претседавачот со комисијата Маричиќ Тушева знаеле за кого станува збор, односно според приложените документи увиделе дека Јана Димитрова е ќерка на членот на владата Никола Димитров. Комисијата не работела во полн состав, односно отсуствувал претседателот на комисијата Бардуљ Туши, па отаму се поставуа прашањето дали тој бил свесен за

    Судирот на интереси и непотизмот во овој случај и дали заради тоа не бил присутен кога се носела одлуката за стипендијата од 40.000 долари на Јана Димитрова?

    Стипендијата, освен школарина на факулетот во Утрехт, покрива и авионски билети до Холандија и од Холандија кон Македонија, на почетокот и на крајот на секоја студиска година. Стипендијата исто така го покрива и сместувањето за Јана Димитрова, но тука се отвара уште една дилема, а тоа е дека министерот Димитров поседува стан од 132м2 во Хаг, кој е оддалечен 69 километри од Утрехт, односно 40 минути возење со воз до Универзитетот.

    [​IMG]
    Јана Димитрова има 18 години и е најстарото од трите деца на Димитров. Во нејзините намери не се суди, но за можните злоупотреби на функцијата ќе мора да одговараат сите кои и обезбедиле “европски” начин на студирање во земјата која и е дом.

    Се поставува прашањето дали на ќерката на министерот Димитров владата морала да и го покрие и сместувањето ако нејзиниот татко има голем стан кој е релативно блиску до факултетот каде што ќе студира, и каде што живее неговата сопруга и неговите други две деца?

    Истовремено, дали министерот Димитров не сакал да биде транспарентен и затоа не сакал овие 40.000 долари стипендија за негоата ќерка да ги пријави како дел од приходот на неговото семејство во антикорупциската комисија, иако од анкетниот лист се гледа дека еден од неговите три стана му е пријавен токму како имот во сопственост на неговите деца?

    На крајот наместо заклучок, да направиме паралела со принципите во ЕУ.

    Замислете што ќе се случи доколку детето на холандскиот министер за надворешни работи Блок, по ургенција кај колешката министерка за образование, во рок од еден ден добие стипендија од 40.000 долари за студии во странство, на факултет во чиј радиус од 70 километри нејзиниот татко има комотен стан? Не се мачете многу. Во истиот момент кога јаноста ќе го дознаеше тоа, министерот за надворешни и министерката за образование под притисок на демократската јавност во Холандија ќе поднесеа оставки од владата.

    Дали така ќе постапат Дескоска и Никола Димитров, наскоро ќе дознаеме.
    ----
     
    Tanjamm likes this.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    10,212
    Likes Received:
    14,998
    SummerGirl likes this.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,348
    Абе една вила имало со газди националисти, и одма на г*з паѓаме.
    И кај нас има националисти кои мразат грци.
    Националисти има во секоја нација.
    Ако ова заслужува да биде вест, тешко на 'медиумиве'

    Имало презентација која ќе ја промовираат пред странчишта. Затоа е ФИРОМ.

    Иначе, за стипендијата, реков 100 пати: Кој има докази, нека пријави во МВР и/или во ЈО. Што ве спречува? И јас не сакам да се трошат државни пари несоодветно. Плус. Чиј е грантот, државен или странски е? Оти има и странски организации кои даваат грантови за стипендии.
     
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    10,212
    Likes Received:
    14,998
    Заслужува да биде вест, затоа што платила пари.
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,348
    Чим ја одбиле, сигурно парите и' се вратени.
     
  13. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Joined:
    Oct 20, 2017
    Messages:
    1,501
    Likes Received:
    4,242
    Gender:
    Male
    Стипендиите се доделуваат од страна на Влада на РМ. Само поради тоа што е ќерка на Димитров не значи дека е неквалификувана и не ги исполнувала условите за стипендија. Глупо е да се оцрнува девојчето без претходно да се знаат или истражат сите детали. Можеби е врвен ученик.
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,348
    Е.. ако има сомневање за злоупотреба, треба да се истражи, а не по интернет да се расфрламе со рекла-казала муабети.

    Конкретните стипендии се доделувале на секој кој ќе се запиже на престижен факултет во странство, а условот е, откако ќе дипломираат, наредните 6-10 години, да работат во Македонија. Иначе ќе им ја повлечат стипендијата и ќе треба да ја вратат, плус пенали.
     
  15. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Joined:
    Oct 24, 2013
    Messages:
    475
    Likes Received:
    1,030
    Gender:
    Male
    Пациенти на денот:

    Австриецот Курц пречекан со знаме на Латвија(Летонија)

    :D:D:D:rofl::rofl::rofl:

    За доаѓањето на Меркел нека поделат боенки на суртуците од протокол, за домашно да ги бојат и распознаваат белгиското и немачкото.

    Со секојдневниве циркузи веќе и нема нормален човек кој нема кренато раце од оваа влада.
     
    zuto, Роберт 7, Tanjamm and 2 others like this.
  16. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Joined:
    Oct 20, 2017
    Messages:
    1,501
    Likes Received:
    4,242
    Gender:
    Male
    Не знам дали сте приметиле, али последните 2-3 години џамиите почнаа да се огласуваат 7-8 пати на ден по 4-5 минути. Порано не беше така со сигурност тврдам. Дали тоа некој им дозволи, а македонската јавност не е известена или? Плус, никој не им води ред од каде се финансираат градбите на новите џамии и дали имаат соодветна дозвола за градба.
     
    Роберт 7 and Tanjamm like this.
  17. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Joined:
    Jul 23, 2013
    Messages:
    2,472
    Likes Received:
    8,588
    Ја не знам што па толку се возбудија Австријциве сосе Курц за неколку различни нијанси во знамето...Пфф, голема работа, Зецот све од корен ќе мења и реновира, па мува не го лази.
    И никогаш не е касно и улица да крсти според него во знак на извинување. Па преку „Курцова“ до „Столтенбергова“ да го прошета гостинов за да му објасни како тој го гради „европскиот“ пат.
     
    zuto, Роберт 7 and SeaMermaid like this.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    10,212
    Likes Received:
    14,998
    Врти сучи не не бива. На Љубе пиштол во уста му ставале. Монструми без грижа на совест, стока. Да не беше Љубе од нас покољ ќе беше во 2001 година, плус тој Љубе одлежа 4 години и 4 месеци притвор за оваа земја, а тие? Аххх, се надевам дека казната ќе ги стигне, бел ден да не видат.
     
  19. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Joined:
    Oct 20, 2017
    Messages:
    1,501
    Likes Received:
    4,242
    Gender:
    Male
  20. Priroden

    Priroden Популарен член

    Joined:
    Aug 9, 2015
    Messages:
    806
    Likes Received:
    2,977
    Gender:
    Male
    Која беше шефица на протокол? Иванна Хаџиевска? :D