Дали имаме фајде од министерот Садула Дураку кој не знае македонски да збори, а плус во 2001 година 100.000 луѓе 100 дена остави без вода. Или тоа не не засега? Да си плукаме по нашите, денес брат, утре сестра, такви сме ние, синдром на самоуништување и самонегирање.
Пребарај на јутуб, стојат неколку снимки од Љубе и од неговите средби со Гркот. Има што да чуеш. „Братот“ Љубе - големиот патриот според тебе, им се придружи на Аљи и на Дураку во истата коалиција и пак никому ништо. Тој кога нема ништо против, што да правам јас, да плачам? Ти зошто плукаш по Груевски, Мијалков и останатите ако се водиш по девизата дека сме наши?
Знам, но тоа се монтирани видеа, пропаганди. Јас сум против Груевски и Мијалков затоа што тие наши тероризираа исто наши кои во никој случај немаат гревови како нив. Влегол во коалиција со Аљи и Дураку, да, ама таму место му е на Љубе, не на Аљи, Аљи си има своја матична држава, и реално требаше да оди во затвор, да скапе. Тој е злосторник. Воен злосторник. И добро сега името ќе се смени заради Љубе или затоа што малцинставата со плус членови на СДСМ, со притисок на Меркел и ветувања ќе мора да го сменат?
Градоначалникот на Демир Хисар (СДСМ) се заканува на вработените дека ги прислушува. Претходно бил вработен во МВР. https://www.facebook.com/ekonomskilider/videos/554668158300952/ Демократија и човекови права на секој агол.
Овој Анѓушев е пародија сама на себе. Не им треба ВМРО да ги срушат. Тој ќе ги сруши со секојдневните скандали. https://makfax.com.mk/makedonija/ман-анѓушев-да-се-извини-за-фрлениот-фл/ Си делат партиски тендери тешки милиони евра. Последниот е фирма регистрирана недела дена пред огласот, а добива тендер за возачки дозволи. https://republika.mk/957827 Во Грција се бара истрага за 4,8 милиони евра што ги добил вицепремиерот Анѓушев https://republika.mk/957809
А-ха, а бомбите не се монтирани, за тебе монтирано е само тоа што ти сакаш да веруваш дека е. Туку, дали ќе го следиш повикот на Љубе https://www.mkd.mk/makedonija/osnovachite-na-vmro-dpmne-povikaa-da-se-glasa-za-na-referendumot заедно со учк да си гласате ЗА договорот со Грција, во исчекување на уште повозбудливата двојазичност на целата територија на новоименуваната република? Се што Љубе Бошкоски прави на политичката сцена, очигледно го прави од личен интерес и за пари, Тања. Од никаков патриотизам. Откако е ослободен од Хаг одработува во корист на сдс и затоа тие му се оддолжуваат преку советничко место (за кое не дека не можат да најдат поквалификуван кадар). Тоа што братот поминал 3-4 години во затвор поради 2001, не беше негова одлука да се жртвува за мајката Македонија. Едноставно беше избран и немаше друго. Било кој да го изберат западните господари да лежи, и тој ќе лежи. Ама тоа не е оправдување да зема учество во гибелта на унитарната држава.
https://vesti.mk/read/article/https://lider.com.mk/makedonija/ushte-eden-gaf-od-vladata-chestitki-za-denot-na-zavisnosta-video/
Значи градоначалнициве од Сдс без исклучок се битанга до битанга. Првин оној новоселскион што жив го фатија во шверц, сега и овој од Демир Хисар во момент на чаталење. Се заборавил лепотанов дека излегол од дома и не збори со жена му, па по инерција си го продужил фалењето пред учителките во школо. Очекувам Фетаи и Катица да спремат фризурите за пред Тв. https://republika.mk/957821 Гратис: и Петре да не остане покус со глупоштините, спремил артилерија за 8 Август! Одамна веќе не се ни трагикомични, одвратни се!
Двојазичноста и референдумот, ххммм, ни гори под нозе. Пак ќе речам, криви сме ние народот. До кое дереџе паднавме. Како да немаме двојазичност, кога имаме толку многу Албанци на кои се ама се им дадовме и продадовме. И уште продаваме. Така ли сакаме држава? Еве сега ќе ти прикачам еден коментар од песна на јутјубе за мојот град е изваден. Тој се кажува кој какви цели има во оваа земја и колку сме ние наивни. Среќа коментарот не му се остварил, ама ако вака тераме за 7-8 години има шанси.
Луѓенца милички, лајк кој се согласува да излеземе на референдум, за НАТО и ЕУ да хо спречат господинот кочо да фрла фломастери. Коментар и цитирање кој мисли дека господинот градоначалник на Демир Хисар е у право со заканите иако се заканувал минатата зима треба тоа да го стори и сега, а ние треба да не се замараме со политика
Лагите на Мила Царовска https://kurir.mk/republika/opstini/...na-svoj-grb-ja-nosi-seta-surovost-na-zivotot/
Поздрав до локалните социјални работници кои земаат плати од буџет, а ништо не работат. Не може Мила Царовска да трча низ цела држава. Затоа има и други вработени во министерствата. Сум имала работа со социјални служби. Точно знам колку се неодговорни и неспособни... повеќето...
Не им е гајле за исходот од референдумот, нешто што трајно ќе не поебе, но би сакале да дојдат на власт. Додека едните водат грчевита пропагана за да си ја остварат вазалската агенда и велат „глуп народ, мозок стасан карфиол, се пере како гаќи“, овие велат „јбг глуп народ, нема потрерба да се трудиме“. GAME OVER ENTER NAME A A A_ И после некој ќе рече ВМРО биле националисти - како да не. Ни СДСМ се лево ориентирани социјалисти, ни ВМРО десно ориентирани националисти. Абе реков que sera sera... тоа и испадна. Или можеби е некој до толку генијален концепт што не можам ни да го сватам - да не додаваат гориво на огнот за гласање. ---- Извор: https://www.mkd.mk/makedonija/polit...ovme-odluka-sekoj-gragjanin-da-postapi-spored ---- ОБЈАВЕНО НА 11 септември 2018 - 23:34 НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА Мицкоски за референдумот: Донесовме одлука секој граѓанин да постапи според сопствено убедување „Нашата татковина е пред крстопат и ова се историски одлуки. Треба да се каже дека со прифатеното до сега Владата ги сруши сите преговарачки позиции градени до сега“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната прес-конференција од седиштето на партијата. Мицкоски соопшти дека опозициската партија донела одлука секој граѓанин на референдумот да постапи според сопствено убедување. „ВМРО-ДПМНЕ по консултациите со граѓаните и по одржаните состаноци на Централниот и Извршниот комитет, донесе одлука секој граѓанин да постапи според сопственото убедување. Секоја индивидуа да донесе одлука која смета дека е најдобра за своето семејство и нашата мила Македонија. Македонија не е само на Мицкоски, ниту на Заев, туку на секој слободен граѓанин. Имате се пред вас и знаете што да направите. Само треба да го слушате вашето срце и вашиот разум и на крајот Македонија ќе победи", рече Мицкоски на прес-конференцијата. На власта тој и порача да не ја лаже јавноста со слогани „Сега или никогаш" и го повика премиерот Зоран Заев на дебата, на ТВ дуел оти, како што рече Мицкоски, има многу корупција и скандали кои треба да им се разјаснат на граѓани. „Ќе бидам реален и искрен, Република Македонија е во тешка и деликатна ситуација во која ја доведоа неодговорни политичари. На власт дојде Влада која реално нема никакви резултати. Бадијала сте загрижени мој душегрижници. Нас Македонија ни е во интерес и никој друг. Заев хазардерски ветуваше и ветува работи кои нема намера, ниту моќ да ги исполни. Не го прифаќаме договорот со Грција и остануваме на ставот дека сме против овој договор, оти со него се менува Уставот на Република Македонија, а се менуваат лични документи, патни исправи... Сето ова е спротивно на нашите ставови", изјави Мицкоски на вечерашната прес-конференција. Тој дополни дека самото донесување на договорот со Грција се водело низ нетранспарентна процедура. „ВМРО-ДПМНЕ е за членство во НАТО и ЕУ, тоа се нашите пријатели и партнери. Ние сме силно против договорот, оти не ги одразува интересите на Република Македонија. Владата започна жестока кампања која вреди милиони евра, а во која нема ништо за договорот со името. Си играат со емоциите на луѓето, затоа што во овие година и пол немаат никаков резултат. Заев ќе продолжи да краде и лаже, и не е до договорот, туку до тоа кој ја води државата", рече лидерот на опозициската партија, Мицкоски. ----
Време е за лижење чизма. ---- Извор: https://ako.mk/заев-ни-треба-камшикар-од-еу-да-нѐ-потс/ ---- Заев: Ни треба камшикар од ЕУ да нѐ потсреди малку, почнувајќи од мене (видео) Ако.мк - септември 12, 2018 ,,Ни треба камшикар. Ни треба некој од ЕУ и НАТО да дојде овде и малку да нѐ потсреди. Сите, од мене на чело, па надоле сите. Затоа што мора да има европски ред и поредок, мора да има европски правила. Тоа е нешто кое што сакаме и тежнееме да го постигнеме“-изјави премиерот Заев на митингот во Велес на кој повика да се гласа ЗА на референдумот. „Да немате дилема, ова е исправната одлука ЗА, за иднината, ЗА, за нашите деца, ЗА, за Велес, ЗА, за нашата Македонија“, им порача вчера вечер Премиерот и претседателот на Социјал – демократскиот сојуз на граѓаните на Велес. Зборувајќи за придобивките од членството во ЕУ, Премиерот Заев посочи дека и синдикатите и бизнисмените и стопанствениците, но и граѓаните знаат дека платите драстично ќе пораснат, а со тоа ќе се подобри стандардот и благосостојбата на сите во Македонија. „Знаеме сите што значи Европа. Значи нови инвестиции, значи натпревар на инвеститорите кој ќе плати повеќе да добие работник, значи со тоа и повисоки плати, значи намалување на невработеноста во државата, значи живот, живот во Македонија, дел од семејството на Европската унија“, рече премиерот Заев. Пред жителите на Велес Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев го истакна и значењето од постигнатиот компромис преку македонско-грчкиот договор. Освен нов искрен пријател, како што рече Премиерот Заев, со договорот се отворија нови перспективи за Македонија. А во исто време, додаде Премиерот Заев, македонскиот идентитет не само што е зачуван, туку е и признаен од сите светски земји. „Добивме држава признаена од цел свет, во којашто живее доминантно македонски народ, признаен од целиот свет, којшто зборува на доминантно официјален службен јазик – македонски јазик, признаен од целиот свет. Па за што друго се бореа нашите дедовци и прадедовци? Се бореа токму за тоа – да бидеме признаени од целиот свет“ рече Заев. Video: Македонија 24 и СДСМ веб ----
Заев е во право, ама сам треба да си го среди кршот во партијата и да удри едно добро генерално чистење. Се изнаредија скандали а на никој не му текнува за оставка.
Нешто што ми падна во очи изминатиов период, но досега не сум коментирал гласно... На ненајавени сервиси на Google (без cookie), особено по „договорот за пријателство“ на лицето со иницијали триесет и три, најчесто Македонија е идентификувана како Бугарија. Ова се случува кога корисникот пристапува од различни IP адреси на македонски интернет провајдери, користејќи различни днс ресолвери, прелистувачи, оперативни системи и уреди. Се разбира, се работи за одлука на приватна компанија, затоа и се воздржував од коментар досега, ама сепак, земајќи ја во предвид нејзината моќ, тоа кажува многу за она што ни се случува. На пример, ако немам претходно постоечки cookies при пристапување на mail.google.com сервисот добивам: PS: Ако си логиран па направиш logout - не ти е избришано cookie-то, Google пак знае кој си и нема да ги смени локалните преференци. Ова може да го провериш доколку ги нема сите google related cookies. Тогаш ќе биде приморан да претпоставува, а нас не имаат сврстено во Бугарија.