Што да кажам бре чедо Божјо освен Господ нека ни е напомош. Абе си го изгласаа Грујо поштено а тој непоштено си ги наполни џебовите, направи каша попара епа сега сркај народу. Многу ме нервира кога сите се прават паметни и недоквакани. Сите нешто као мрчат а уствари несмеат да писнат, на жалост или што ти ја знам таму глумат некоја си партиска неопределеност или партиско лудило а сите кога тогаш почнуваат да лижат газ на партиите за вработување. Амааааа тоа е друга приказна..... Златен Грујо со понос и занес си го продаде газот на Албанците па сега кога треба да даде газ под кирија тој заталкал по бел свет да донесе странски инвестиции зашто е засегнат за невработеноста во нашата ни државичка. Лелеее зар и тоа му текна . Извини, ама ти воопшто го слушаш ли народот и знаеш ли како е да тераш месец со 5-6 000ден. ?!?! НЕ, зашто тераш месец со 5-6000ЕВРА народски пари. Ама ако те гласаа и те изнагласаа па сега нека квицкаат во некоја мишја рупа Незнам само како не е јасно дека Албанците се што побараа СИ ДОБИЈА, па така и ова. Ништо ново и ништо страшно само срамно и јадно. Желни за фотеља и милиони во џеб се курваат со кого стигнат па на крај преѓи бригу на другога и Бранко Ц. е крив. Не бе душо, ни Бранко ни Јанко ни Трајко никој туку народот си е крив. Едни неписмени албанции со 2 ноќа школа не ебаваат како стигнат...епа ако ни е кога не сексаат во здрав мозок а несмееме да се пожалиме. Дали е фер??? Па што е фер во ова држава и дали има некаква правда. Кадија те тужи кадија те суди. Не, не е фер.
Не знам како на овој народ да му се објасни шо е инфлаторна спирала и при тоа да нема забавна конотација. БУ! ИНФЛАТОРНА СПИРАЛА! Не контрацепциска, не како шара,не како дезен на костимче,ами ИНФЛАТОРНА!
А Цацо, знаеш Нели Бранко е крив ... Него ми дојдоа под глава дотичниве, мене Господ нека ми е напомош сега.
Изборот на Јети ми е многу логичен,како и самиот тендер. Се верува дека постои,никој не го видел. Си имаме и ние свои легенди.
Извор: Канал 5! Уште едно училиште во Чаир доби ново име - „Седми март“ стана „Адем Јашари“ Иако пред неколку години училиштето беше преименувано од Даме Груев во Седми март кога е денот на наставниците Албанци, општина Чаир дала зелено светло училиштето да го носи името на Косоварот Јашари - еден од основачите на ОВК убиен од српските сили во 1999 година. Уште едно училиште во Чаир доби ново име. „Седми март“ од вчера е „Адем Јашари“. Иако пред неколку години училиштето беше преименувано од Даме Груев во Седми март кога е денот на наставниците Албанци, општина Чаир дала зелено светло училиштето да го носи името на Косоварот Јашари - еден од основачите на ОВК убиен од српските сили во 1999 година. Министерот за образование вели дека инспекторите на Државниот просветен инспекторат биле на терен и ќе утврдуваат дали и во ова училиште незаконски е поставена таблата. До сега инспекторите не побарале полициска асистенција за отстранување на таблите. Ќе се чека да помине рокот од осум дена кој им беше даден на директорите да ги врат таблите на училиштата со имиња на македонски револуционери и дејци. /Е.Ј.
Од олку глупости што читам, на една страна поскапувања на друга страна шиптариве, ми доаѓа да пуштам Сител да се утешам малку.
Најголема грешка е што не се забрани благовремено употребата на имињата од историјата. Едната страна ќе крсти училиште според некој идиот, и тогаш и другата страна сака да именува според свој идиот. Која е таа логика училиште - значи установа каде треба да бидат воспитувани и обучувани идните граѓани, да бидат именувани според личности кои можеби и не ги сакале или ги злоупотребувале децата за свои политички и други цели, или едноставно не се интересирале за нив директно. После се чудиме имало малолетничка деликвенција и насилници.. па нормално дека ќе има кога училиштата им носат имиња на силеџии или на други силеџии кои се тепале со претходните силеџии. Далеку е пологично да се крсти училиште според природна појава или растение: Ѕуница, Мечиња, Росни Капки, и тн. нешто што им е природно блиско и на децата и од кое сите имаат некаква корист. Таму каде што има одреден број% албанци, турци, власи и тн. ќе ги користат истите имиња но на свој јазик и завршена приказна.
Мене ова ме иритира скроз! Како може без никаква дозвола да ги сменат имињата еееј! Ние на надворешен план наводно битка водиме за името, а внатре во државата некој се дрзнува отворено да провоцира! Тоа е кога премногу се дозволува! Во Америка (која патем ни соли памет, кое лицемерие!) има милиони милиони Шпанци и шпанскиот јазик се учи само како втор, а кај нас првачињата прво учат албански, а потоа од второ, трето македонски! Во Австралија, каде има безброј Македонци, зарем има македонско училиште! Е нема таму, се знае, строго англиски и само англиски! Ич не ги боли! Во Франција или Италија ела зборни му на Англиски и да се загубиш и да знае некој збор англиски е нема да ти зборне! Така се штити идентитетот и нацијата! А не со споменици! Зарем толку е тешко да се извадат таблите?! Ако сакаа до сега тоа ќе го стореа! Ама им фуфка, затоа што друг ја има власта, а не фамозниот Грујо! Сами се доведовме до ова дереџе!
Само се истакнати табли,НЕ е ништо сменето .Да навистина сите не иритира тој начин и пристап на албанците .Можеби е некоја политичка игра и целта е нешто друго, а не можното преименување на школите.Да не заборавиме дека е во тек процедура за законот за бранителите .Секоја чест за конечната храброст да се изведе и тоа бидејќи вистински заслужиле.Но јас вистина би бил ПРОТИВ доколку тој закон е условен со имињата на школите.А и сепак мислам дека е некоја фарса и луѓето во тој дел ке се побунат ,неможе да бидат сите школи во чаир именувани по УЧК патриоти .Ајде да бидам толерантен и да разбрам да е некој поет,писател или пак од важност на културно ниво на албанците но УЧК .Баш и надворешната политика на нашите соседни земји игра мн голема улога во креирањето на внатрешните проблеми на нашата држава.Мораме да бидеме реални дека тука не функционира како што наведе во америка или франција (намерно со мала буква пишано не заслужуваат да биде голема ).Тука имаше војна а таму се борат за некој човекови права што вистина се потребни.Колкава ли само дискриминација трпат во Европските земји малцинствата и сите доселеници па никому ништо .Но ајде да се потрудиме да бидеме оптимисти и 2-3 ставени табли да не доведат до онакви подмолни немири каде што страдаа невини луѓе шетајки низ градовите .А се тоа зачинето од исфрустриран народ кој што мисли дека е во 2 ред секогаш.Се ке си дојде во нормала ако се размислува трезвено а не секогаш емоционално .
Мене ова не би ми сметало толку многу (можеби) ако беше на пример Основно Училиште Мајски бумбар (ама на албански) ама ние се викаме МАКЕДОНИЈА, во оваа земја сеуште мнозинство се МАКЕДОНЦИ и не може да се слави патрон на училиште на некој албански херој кој СО НИШТО НЕ ПРИДОНЕСОЛ ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ! Едноставно не му е тука местото!
И јас би играла така ова има некоја друга позадина ама кој е паметен да сконта. До сега на ниедна влада не и беше од интерес да пристапи кон ЕУ. Зошто? Затоа што таму нема толку апла крадење на пари чунки некој те гледа и контролира одозгора а да не збориме што и кривично се одговара пред Хаг и Стразбург за дебело перење на пари и не ти важи Имунитетот како функционер кој што до сега сите го уживаа. Сега Грујче што ја забега работата ја забега и не однесе некој џак пари на правилно место туку мислеше дека може да биде сам каубоец во државата и стана трн во око со спомениците и Ацета. Сега беше (можда и е уште таму појма немам) во САД да си баци рака зашто го викнаа на рапорт. Него го држи во рака германска мафија (кој не знаел ќе дознае) а нормално, кај тие пред САД па нели САД е светска веле сила... Сам го наметна потегот за Законот на бранителите како бекап што е многу паметен потег (прво школите со имињата па Законов) , кон решавање на друг проблем. Проблем е името. Знае дека нема да помине референдумот за решавање на спорот на името. Е сега, што ги боли америте за решавање на име и влегување на Мк во ЕУ? Па ги боли, затоа што Мк зазема стратешко место на балканот а да Не зборувам и кое подземје би се поврзало ,,легално,, за перење пари, внесување бизниси и кој знае уште што. Ајде бре читаат Ана Каренина на седница, па еве и Рат и Мир ќе ја прочитаат ќе набиваат минутажа и макс 1 месец мора да се реши што ќе биде со тој Закон (по Устав). Е сега пошто албанците му раскинаа на Грујо уште пред година дена (се криеше и шушкаше, зашто лошо се испазариле за претходните избори) сега ќе се прават силни а Грујо демек БИЛДА рејтинг затоа што не им попушта и не го почитува Рамковниот Договор. Кој пасе трева ќе си пасе и понатаму. Алудира на техничка Влада (затоа што нели логично ниедна партија не сака да сноси одговорнот па ни СДСМ како што некои се палат дека Бранко сакал и го менува името. Тоа ти е исто како да си сам напише крст на партија,ама ок толку разбираат и тумачат луѓето) во која ќе влезат сите партии и ќе кршат копја демек за решавање на името. Хелооооу, одамна е решено и зацртано па ни ревизија на Букурешки договор не ВЕ вади. Иако и после тоа ќе се побунат граѓаните ама ќе легнат на брашно за брзо време затоа што ќе се извади нов џокер од ракав за да не биде граѓанска војна. А кој?!?! размислете сами Грујче знае дека ако сега во Ноември излезе на избори ќе победи што е голем знак прашање (со овие поскапувања, струја, бензин...) ама ако излезе во Март заедно со локалните избори нема да победи со сигурност. Се распишав еве ни иде пролетна преродба и добро изоштрете уши со што уште ќе не бомбардираат и перат мозоци. Политика е курва!
Mалце чудни сме ние Балканците за прашањето околу Европска Унија и Нато.Знаеме дека носат многу придобивки,сигурност ,почит итн.Но дали сме се запрашале колку сме спремни да се жртвуваме себеси за таа Еу?сигурен сум дека не сака да не носи на грб како бугарија и романија .Не дека немаме потенцијал ние сме мала држава со мн природни богатства што можат да се искористат повторно но некако лакомоста на одредени луѓе олигарси си го направија своето на времето .Богатејки се безмилосно,не мислејки дека еден ден карма враќа.Е сега за Еу да дојдам дека жртвата и влогот сме самите ние,мораме да си знаеме дека таму нема милост нити Бранко нити Грујо ке ни биде крив .Законите се безмилосни ,а читајки во другиве теми денес за начинот на живот кај нас ( не дека не ми е јасно и не сум го видел тоа) едноставно не можеме да си дозволиме луксуз ЕУ .Ке не убие тоа во поим.Зарем може секој да осигура кука -стан-кола ,да ги плати сите даноци (да не се лажеме и газдата кај што јас работам знам каде потфрла и каде се протнува во дупките на системот и законите но мора да се премолчи понекогаш ).Жалосно е кога човек нема прилика да се покаже и докаже но ЕУ не е решение и по секоја цена да бидеме таму .А и бедата си го прави своето тука ,и јас сум се почувствувал не убаво,не корисно како цел систем да беше против мене.Си наоѓав утеха во искрени луѓе ,инвестирав во себеси колку можев се стремев кон нешто и да можам да кажам дека не го живеам животот од моите соништа но барем сум среќен искрено среќен успевајќи во едно незгодно општество каде што бев пикнат измеѓу два система избирајќи каде да продолжам.Само храбро и без разочарување,секогаш ни правеле сопки другите и неможам да се помирам фактот дека за 1 нешто неможеме да се солгасиме убаво .КОЈ СМЕ НИЕ ?!
Не ми се верува колку лесно манипулативен и глупав народ сме. Добро, колку пари даваат за да се изглупираш јавно, па наместо да се приклучиш кон сеопштото мислење, а целосно исто и твое, дека цените те јадат и јадат и си во постојана криза, ќе излезеш и ќе кажеш дека Бране е крив за тоа? Ајде дупли синдикати, дупли протести, дупли организации, се дупло. Едните ќе протестираат од немаштија, другите за да го обвинат Бране за немаштијата. Хистерија ме фаќа кога гледам вести, порано се нервирав, сега почнав гласно да се смеам. Со ваков народ колку е лесно да си на власт. Што си сакаш, тоа ти се може. Навистина ме интересира колку пари се делат за да излезеш јавно и да пролупаш нешто сасвим небитно во ситуацијата. Зашто мене лично, и покрај големава криза, срам ќе ми биде да се правам со цел памет будала
Kravce некој тоа го прави за пари,за работно место(значи пак пари) ама најжални се тие тоа што го прават затоа што слепо веруваат во тоа што му се кажува и се малку ама има и такви......и не можам да сватам како не можат самите да резонират што ни се случува и само лаат и лаат.......обвинувањата кој е крив нема да не изнесат од ова сивило во државава ама полесно е да обвинуваш од колку да седниш и МАШКИ да го решиш проблемот......а што се однесува до вестите јас од поодамна почнав да не ги гледам оти ми се А и општо ние како народ Македонциве сме наместо да се подржиме(еве конкретно за протестиве од АМАН) ние се обвинуваме меѓу себе..........па тоа поскапување сите не мава на џеб не битно дали си од СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ Не сакам да се споредувам со нив а и име да им споменам ама грците востание дигнаа затоа што му ги намалија БОНУСИТЕ а сега за тоа што сакаат да му ги намалат ПЛАТИТЕ сигурно и револуција ќе направат и што да речиш друго освен алал да му е.........а на нашиов народ му е страв да ги видат собрани на протест.......е па се додека си ќутиме само ќе не подгазуваат
Добро а мене не ми е јасно само ЗАШТО ги буцкаат муслиманите со вакви филмови? Па тие не се како нас, многу повеќе се вреѓаат за религијата, и не ги доживуваат шалите како ние, христијаните. Ете не сакаат да се прави шала во име на нивниот пророк, и нема потреба да се прави . Малку беше со тој од Данска, малку беше со Саут парк режисерите, кога им турија бомба под кола, па сега и ова. Сега секаде ќе протестираат, и невини луѓе ќе умираат. Ама тоа е, на некои луѓе памет не им иде
Лудо, не е до филмовите,туку до глупиот народ кој се препушта слепо на религијата. На секоја религија без исклучок. Се додека светот не се насочи кон наука и прогресивни нешта,а не е предаден на нешто ко религија, секогаш ќе има немири, секогаш ќе има поделби. Не е работата на компромисно и недискриминирачко однесување,не е работата за толерантност, работата е насоченост кон корисни нешта. Секако, полесно му е на закоравениот верник да се моли,отколку да почне да презема иницијатива и да одговара за се во својот живот. Религијата затупува. Паметен човек ќе најде своја форма на верба во нештата. Религијата те прави мртов во секоја смисла. Духот ти го успива и се плашиш,наместо да веруваш дека ќе успееш. Во некој паралелен универзум,можеби носи добро,во овој,само е едноставно,а сепак успешно средство за манипулација. И сто пати од навика ќе речам дај боже,во бог во кој што не верувам,а сепак знам од кого зависи, од себе, општеството, политиката, екстремните фанатисти...