За Марин нема да правам муабет,се виде што све направи,болен човек е во главата,набрзо ке лета од населбата наша света.
Државава гори, владата распиша тендер за набавка на 20,000 лубриканти Очекувајте од утре се како подмачкано да ни оди во државава. https://netpress.com.mk/vladata-raspisa-tender-za-nabavka-na-lubrikanti/
Кој може нека го изгледа видеото Не сум политички определена,само сакав да го постирам да видите како го коментираат и разработуваат македонскиот референдум и општо моменталната ситуација во Македонија
Набавки од овој тип се случуваат многу почесто од што мислиш. И отсекогаш! Не е ништо ново што го измислила оваа влада.
Благодарност до град Скопје што ги пушти најскапаните автобуси на припомош во Битола, и на градоначалничката која ги прими со раширени раце, оти не сакаше да им исплати на досегашните превозници. Ние тука децата ќе си ги труеме... Та нели сакаа еу, вака не се оди во ey, друштво. Во еу се забрануваат толку стари возила, а не па деца да возат.
Апелација ја потврди казната, две години затвор за Никола Груевски “Во телефонскиот разговор од т.н „Бомби“ Груевски разговараше со Јанкуловска Н.Г. – На локалните избори нема да се знае јавно дека ќе ја земеме колата и ќе глумиме дека е на МВР и ќе ја употребиме кога ќе дојде некој странец, а јас ќе ја употребам сам кога ќе одам на пат или на дестинации каде нема да ме пречекаат новинари. Г.Ј. – Нема проблем претседателе. Н.Г. – Поради тоа ќе го задржиме и стариот автомобил, ќе комбинираме. Таму каде ќе ме пречекаат новинарите, ќе одам со старата кола. Доколку патот е подолг, ќе одам со новата кола, и некаде на крајот на патот ќе се префрлам во старата кола. Вака ќе правиме до локалните избори, по изборите ќе направиме некако и ќе објавиме дека сме ја земале од МВР, дека старата кола е стара 20 години.“
НЕ МОЖЕ ЕДЕН ДА ДОГОВАРА, А ДРУГ ДА МЕСТИ, СРАМОТА Е, МУ ПИШАЛ СТАВРЕСКИ НА ЈАНАКИЕСКИ ЗА КИНЕСКИТЕ АВТОПАТИ Во Кривичниот суд почна читањето на над 300 СМС пораки за незаконскиот тендер за изградбата на кинеските автопати во предметот на СЈО „Траекторија“, откако претходно заврши пуштањето на околу 350 прислушувани разговори. Се чита како обвинетиот Миле Јанакиески ја тера работата за тендерот да го добие кинеската компанија „Синохидро“, иако веќе пристига втората понуда од друга кинеска компанија „СВЕ“, која подоцна е игнорирана како да не постои и тендерот го добива „Синохидро“, што е основата на ова обвинение кое го застапува обвинителката Лиле Стефанова. Јанакиески му пишува на вицепремиерот Зоран Ставрески дека изгледа ќе има понуда и од компанијата „СВЕ“, па му препорачува да им даде термин некој четврток, ама таа средба да биде протоколарна. На 25 февруари 2013 година, кога во тек се и потпишувањата на меморандумите до кинеската влада, Ставрески му пишува на Јанакиески: „Нема ни износ, ни назив, ни фирма, ни параф на документот. Ако нема износ, назив, фирма, нема ни апликација. Не можеш вака да местиш луѓе. Не може еден да договара, а друг да мести. Срамота е!“. „Никој никого не мести. Кога ќе ги имам точните суми ќе ти ги пратам. Не е убаво да мислиш дека те местат“, му враќа Миле на Ставрески и му допишува во СМС порака дека кога ќе ги има точните суми, ќе му ги прати на мејл. Потоа Ставрески му кажува дека од кинеската амбасада, која претходно се изнела дека ќе ја поддржи секој нивна компанија што ќе го добие тендерот, прашуваат зошто не се известени за апликацијата. Миле му одговара: „Однеси го на ручек амбасадорот и смири го“. Мафија!
За Аеродром да искоментирам. Го гласав сегашниов градоначалник за да го спречи и исправи дивеењето на залижаниот мафијаш и неговите пајташи. Ама слабо... Не можел да спречи, немало механизми... приказни за мали деца. Бескичмењак! Срам ме фати кога го гледав, ко` првоодделенец. Од друга страна никако не можам да го сварам лицемерието на мвр-овците. Протестираат! Во прв ред! За што бре несреќи! За дуп-от кој сами го донесовте?! Не сме до толку кратки со паметот.
Џабе му се укажувс нс овој народ . За греота не смееа да бидат упатени дека десетици години наназад даваме пари за кубриканти. На толку што сме биле подмачкани, да издржеше претходната власт може ке беа сега ниво погоре. Дека добро уиграни, гарант ке делеа кукли и вибратори.
Истото може да се каже за новава власт комплетно, ги гласавме затоа што ни се смачи од претходната мафијашка власт, не ги гласавме за да го прават сега истото. А лицемерието на вмровците се гледа и низ темава, демек паѓаат во несвест од крадење а изгледа преспале дека новава власт е само бледа копија на режимот.
Јавната набавка не за џабе е јавна. Сумата е помалку од 3000 евра, и тоа пред аукција. А ќе добие најмалата понуда. Многу спинувате
Во Ченто нешто се случува, блокирана е улицата, трчаат со пиштоли, полно полиција, плус комбиња, плус брза помош и сега едно 40-50 луѓе на улица. Нормално дека не извадив телефон да сликам.