Ти имаш право како поединец но не цела група или слично ако е организирано. За овој договор се измачија цела години да се дојде до некое решение, ид цела Меѓународна заедница е подржано. ова прашање беше редно да се реши пошто многу не кочи Го кочи и нас и овој регион кој треба да биде стабилен.
Без Мaкедoнскa држaвa стaбилнoст немa дa имa oд Мaкедoнците, aлбaнците не се единствени штo се нaвредувaaт и јaс имaм чуствa.
Па добро де во пишување сум згрешила буква и? Кој нема што да каже нека поправа правописни грешки. Сепак јас не користам лубриканти, па да обрнувам внимание како сум го напишала тој збор. Кои ги користи нека се занимава дали зборот лубриканти е правилно напишан. Волјата на народот се изјасни на референдумот, погоре напишав народот одлучи да прави ајвар бидејќи некои прашања не заслужуваат одговор. Ајварот е македонско традиционално јадење, па затоа Македонците се одлучија тој ден да прават ајвар. Ако пратенците на ВМРО сакаа да се испазарат, седницата одамна ќе беше завршена. Седницата константно се одложува бидејќи немаат 2/3 мнозинство. Татковината не се продава, ама од тоа не се разбираат предавниците. На народот побитна им е татковината, ако им било дојдено до пари ќе отишле да заработуваат во странство. Сепак некои работи не се купуваат со пари.
Народот бере грозје во Италија. Затоа го немаше на референдумот. А вечерва ќе изгласаат уставни промени.
Јaнушев беше нa прес сегa нa прaтеник му се пoнудиле 2 милиoни еврa... Јaс мислaм требa дa се пoвикaaт сите вo Скoпје, oвa е невиден циркус.
Пак ти со ајварот Ваљда имам право на свое мислење, нели. Ете моето мислење е дека ќе ги изгласаат уставните измени. Ако мислиш поинаку, твоја работа. Јас не би се кладела во платеници, секако дека ќе гласаат како што ќе проценат дека имаат поголем интерес. Не се толкави "патриотишта", не ги величај до толку. Е сега, ако имаш сознанија зошто сигурно нема да гласаат, сподели ги.
Јaс мислaм декa Мицкo требa дa сoбере хрaбрoст и дa гo пoвикa членствoтo вo Скoпје, oни сo месеци вршaт притисoк врз прaтеници, дa видaт кaкo е кoгa имa некoј нaдвoр.
Не можеа друго да смислат па сега вршеле притисок врз пратеници, па по пораки, па телефонски. Ниедна порака не излезе во јавност, ниту пак се потврди ниеден навод. Медиуми изјавуваат имало гласини дека се нуделе поткупи за гласови, се вршел притисок на пратеници. Смешки!
Само те прашав, не влечи одма секакви заклучоци. И ти така настапи како да имаш сигурни сознанија дека ќе изгласаат, па јас ништо не нафрлив ниту претпоставив.
Штом се одложува седницата за гласање на уставни измени, штом се уценуваат пратениците, штом им се закануваат, штом им се нудат милиони евра за соучесништво во уништување на државава, тоа значи дека состојбата не е зафрканција. Ако не ги присилат, може ќе презакажат за во понеделник. Штета што има толку овци со испрани мозоци кои уште мислат дека Заеб ќе им донесе 500 евра плата и ќе ги внесе во ЕУ како Македонци. Таквите не знаат ни зошто се презакажува седницата, демек не знаат или толку им сече.
Ако некој им врши притисоци и им се заканува, треба да објават докази по медиуми... ако не веруваат во ЈО, судови и МВР. Тоа со мениците од 600.000 ако е вистина, и тоа треба со докази да се објави. Ме нервираат новинарите што пишуваат вести: 'Се шпекулира'. Абе новинар си, оди таму истражи и дознај која е вистината... тоа ти е работа. Ама па кај нас истражувачко новинарство... тешко и многу ретко.
Да да, ќе дознаат, така е тоа како тебе, ќе прогуглаш на интернет и мислиш се знаеш. Ете ви режим! Предавници!
Гуглам јас... само нема кој во МК да известува прописно. Затоа избегнувам македонски медиуми. Целосно. А за 'режим', да зборуваме за Кежаровски и Младенов... ако сакаш
Ти за нив знаеш само тоа што си читала на сдсовски медиуми, не гледам јака причина некој да зборува со тебе на тие теми.
Изгледа е во тек едно добро изрежирано политичко сценарио, со учество на двете партии, со кое се бара начин да се оправда предавството на народот кое денес или најдоцна понеделник ќе се случи.