Мене не ме лажат, ти реков дека на крајот од денот се врти околу парите. Тебе те лажат дека е сето ова за да направат од вас Европејци. А ти си доволно наивна истото да го повтараш како папагал деноноќно на Фемина и никој да не ти плаќа (барем така тврдиш).
Верувам во обединет свет, во глобализација, свет без граници... Парите секако се 'главни', ама прашањето е: за што ќе бидат употребени.
@Mamli Relax,it's politics...showbiz for ugly peopleДишете длабоко,вечерва ја дознавме вистинската намена на лубрикантите Ова е најдобрата опција,со оглед на тоа како функционира Светот.Секој нареден предлог ќе биде понеповолен за нас. Милошевич се курчеше,го избришаа подот со него...Лубчо и Трајковски го прогласија Фејт за персона нон грата кога ни дојде со предлогот пред Охридскиот Рамковен Договор...Љубчо сега евоцира спомени дека Охридскиот Рамковен Договор е три пати полош од предлогот на Фејт... Јапонија се курчеше во Втора Светска Војна и се дрзна да ја нападне Америка...После освојување на најголем дел од околните јапонски острови американците требаше да удрат на главната територија на Јапонија.Нивните пресметки беа дека ќе изгубат околу 1/4 милиони војници.Американците не сакаа толку многу жртви и им ја фрлија првата атомска бомба...во Хирошима...90,000-146,000 жртви...Америка чекаше на капитулацијата од Јапонија.Капитулација немаше,пошто нели јапонски дух,фанатизам, камиказе ("Divine wind")...По 3 дена Американците им фрлија втора атомска бомба...во Нагасаки...39,000-80,000 жртви.Пепел ... Јапонија потпиша капитулација. Овој Договор е далеку од капитулација.Нема друга опција која практично е изводлива,со помали жртви од овие кои се прават сега.
Антонио Милошовски на денешната прес конференција ветуваше дека пратениците од редовите на вмро гарантирано ќе одолеат на искушението и соодветствуваат со волјата на народот. Тоа не се случи. Кај Мицкоски го забележуваме истиот образец погоре опишан. Гарантираа дека ќе се оди на предвремени избори доколку се бојкотира, ветуваа дека ќе останат доследни, а тоа повторно не се случи. Докажаа дека во нивната партија патриотизмот се продава за ефтини пари.
Тоа можеш да им го кажеш на тие 8 пратеници што гласаа, а не на тие 40 (колку и да се) што не гласаа. Гарантираа дека ќе се оди на предвремени ако немаат двотретинско. Двотретинско добивте, сега славете. Јас нема што да додадам.
Јас верувам во она што го гледам. Мојот пасош вика дека овој свет го делат граници. Прво нека исчезнат сите граници на светот, па да се откажеме од идентитетот кој сме го негувале. Ама не, тука ни живеат „најпаметните“ од сите, авантуристичка република без преседан. И така ти си ја профуцка петочната вечер и не отиде на Бихаќка да го одбележиш настанот или не знам дали на друга локација се собирате славенички, а навреме ти реков... Или можда не славите сите, голем трошок се пратениците од коалицијата на ДПМНЕ, на вујко Сем не му е до журки
Нема потреба од славење. Тешко мене, ако славам дневно-политички настани... Тоа си е за партиски војници. Знаеме сите дека има граници... затоа има уште потреба од работење на бришење на тие граници. Да немаше граници, немаше сега овој муабет да го правиме. Иначе, границите не се она што ни го одржуваат идентитетот. Идентитет е нешто што е во тебе, она што си ти.. она што го чувствуваш, знаеш. Се негува тој и ако нема граници... и ако си во туѓи граници... Кај и да одиш, ти ќе бидиш сјдго...
Not really. Сјдго сум само на форумот да се изјаснам така на друго место не ми вреди. А и мамата нивна либерална, за се нешто лична карта ми бараат, пасош, матичен број, па легитимации разни... значи она што стои запишано и официјално документирано се смета, поинаку не може.
Па мамата нивна, мора да знаат која си... је*и га. Не знаат како се чувствуваш, туку како си се регистрирала кога си се идентификувала. Да не сакаш да дигнеш кредит на туѓо име??
Јас само ќе речам прости ми Боже, ама тие што гласаа аир да не видат во животот, затоа што нас и нашите поколенија не осудија на пропаст. Ќе ни го променат името, и враќање назад ќе нема! А во ЕУ ќе влеземе за 6465313515 години - кога нема да има живот на планетава Земја повеќе! Ќе си останеме бедна нација полна со предавници. Тие што гласаа за ќе се спасат од затвор за криминалите што ги имат направено и парите што ги имат украдено, и плус за нивниот глас кој знае уште колко им дадоа. Имат пари сега дим да станат од тука, и само среден прст да ни покажат. А ние ќе си останиме за навек Северни без ебан денар во џебот. А бре едно име имавме, и тоа го продадовме. Ма сите што гласаа бел ден да не видите, копуци едни неписмени. Ставени сте од народот таму, и од народот леб јадите за да ја почитувате желбата на народот кој се изјасни на референдум. И не можам да сфатам со каков мозок сте вие што се радувате и што го величете Заев? Што мислите, зошто ги ослободија од притвор овие глувците баш сега? Тоа е фер и демократски? Каде бе вака, во ЕУ ќе одите? Ма немој да ме јебеш бре. На ист начин дојдоа на власт, на ист начин направија немири за двојазичноста, исто и сега. Јас не сум и никогаш нема да бидам од Северна Македонија. И доста со тоа Европска Македонија. Каде тоа ќе пишува Европска, а? Што не викате така како што е?
Не ми треба кредит, но кога би ми затребал, би сакала да го подигнам на туѓо име, да. Вие либералите сте тие кои се раководите според чувствата и желбите, но ретко кога имате разбирање за различните од вашите. Кому му е гајле какви чувства носиш во себе, не продавај патетики. На документ има потпис од Никола Димитров и во тој документ стои дека новото име на државата е Севернамакедонија, дека неговиот народ се откажува од секаква поврзаност со античката историја од која називот Македонија/Македонци влече континуитет и дека се овластува комисија од грчки историчари за нахнадни дообјаснувања, на друг документ има потпис на Зоран Заев каде се овластува комисија од бугарски историчари да ја пишува македонската историја од средновековието наваму. Кого ќе лажеш ти дека си некаква Македонка кога си дала глас и поддршка на некого да го поништи тоа, ти си отсега граџанка (веројатно од бугарско потекло) и не се буни, оти има вето да пиеш, сесРе.
И шо има врска ако сум Северномакедонка? Секој ден во неделата, би го дозволила тоа што го наброја, за да не живееме во земја во која не владеат ни закони, ни правила, ни стап... да не живееме во земја која нема ни еден автопат (овај шо го имаме ЕУ го направи), во земја каде луѓе умираат по болници, оти нема ни кадар, ни лекови, ни апаратура... да не редам што се е тотално с*ебано во државата! Тужи ме е*ате п.с. кај живејш ле, шо си будна ова време? или дење е од кај шо штрапаш по тастатура?
Без срaм штo пишувaa дo вчерa и кaкви изјaви дaвaa вo сoбрaние, јaс незнaм кoј друг збoр е сooдветен aкo не предaвници. http://expres.mk/pishman-pratenichk...hRgCgN2Y1zTo-1fWe7ecYwXC03jV3vWwf8qu91ZTp3xys
Лелелеле... Не сум загрижена патриотка од странство, знам што сакаш да ми накалемиш, ама во... како да ја нарекувам... Македонија живеам. И види кој најде да ме распрашува оти во ова време пишувам... А баш планирам да си легнам сега, штом толку те интересира. Ако тебе не ти чини овде, оди си, не ни натурај малцински одлуки со сила. Ние не те држиме со сила во државава.
---- Извор: https://www.mkd.mk/makedonija/politika/1-milion-evra-od-grchkoto-mnr-otishle-i-vo-makedonski-mediumi ---- Ефимерида: 1 милион евра од грчкото МНР отишле и во македонски медиуми Околу еден милион евра од грчкото Министерство за надворешни работи добиле дел медиуми во Албанија и Македонија за да известуваат позитивно за интересите на Грција, објави грчка Ефимерида. Дел од парите добиле и некои православни цркви и генерално православието, вели Ефимерида. На прашањето зошто ги дало парите, одговорот од Министерството бил: „За лобирање и за да известуваат позитивно за интересите на Грција“. Прашањето за тајните фондови на МНР се појавило како тема на 10 октомври, само една недела пред кавгата меѓу министерот за одбрана Панос Каменос и сега веќе бившиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас за тоа каде отишле тие пари. Каменос го обвини Коѕијас дека лошо ги управува тајните фондови на Министерството, по што Коѕијас даде оставка од функцијата. Текстот на Ефимерида предизвика бурни реакции од грчката влада, која најави дека ќе ја тужи веб-страницата за шпионажа. ----
А мислиш се ова ќе се смени? Идеално ќе биде? Ај прекрсти се и стај си некое европско име, да си личи со новото европско на државава Шо има врска?
Ова се знаеше уште многу одамна. Навистина ми е жал (и тоа го мислам искрено) за тие кои силно веруваа дека нема да биде сменето името ама едноставно е, немаш ништо од економија, немаш што да понудиш, црна овца си едноставно и немаше искрено и друг избор. Зошто дваесет и кусур години не дојде еден да повлече граница и да се обиде да ја среди државата како што треба. Кога си слаб и немаш ништо, друг ги диктира условите а не ти. Тоа е реалноста. Искрено, и јас се изненадив (донекаде, не целосно) од ова што го прочитав утрово. Понатаму нема да пишувам; пак од почит спрема тие кои веруваа дека нема да се смени името. Ете, сега имате конечно претстава какви луѓе доаѓаа на власт последниве години. Ова сè беше театар, во режија на Мицкоски и Заев. Мицкоски си го испра образот вака а Заев игра на картата „Секое чудо за три дена“.