ЕУ ќе нема за нас секако, невозможно е сега ни во блиска иднина. НАТО можеби но тоа ништо не ни значи нема ништо да се смени, еве земете ја Албанија за пример таа е членка на НАТО веќе неколку години па ништо. На МАКЕДОНИЈА не и треба ни ЕУ ни НАТО и треба политичари кои нема да ка крадат ама нашиве се продаваат и крадаат кај стигнат. Те сакам МАКЕДОНИЈО!! Се гледа ќе те променуват, ќе те мачат и продават но ќе им тежат парите, верувај ❤️
--- Извор: https://www.mkd.mk/makedonija/polit...a-za-nashite-dva-narodi-vo-severna-makedonija ---- МАЛКУ ПРЕУРАНЕТО Еди Рама: Денес се отвори нова врата за нашите два народи во Северна Македонија! Среќен роденден на Република Северна Македонија! Честитки до Зоран Заев и до сите што се бореа за овој историски момент, напиша на англиски премиерот на Република Албанија, Еди Рама, по денешното изгласување на пристапувањето кон уставни измени во македонскиот парламент. „Нова врата кон иднината се отвори денес за нашите два народи во Република Северна Македонија“, додаде тој потоа на албански јазик во истиот твит, прерано прекрстувајќи ја земјава, која сè уште треба да помине уште неколку фази до официјалното менување на името. https://twitter.com/ediramaal/status/1053394401790251008 ----
Уф, на здравје трета албанска држава. Се што имат на ум им успева и се бранат еден со друг додека нашиве губат делејки се на Дпмне и Сдс. За инает на комшијата ке останеме без држава.
Да баталиме патриотизам за момент. Менување на името значи: менување пари, знаци, учебници, документи, униформи,... СЕ!!! Од каде пари за тоа? Заев од џебот ли ќе ги даде? Или од 500 евра платите народот што ги зема? Ќе удрат по џебот на народот.
Џабе се мачиме. Видете ги само бројките на живородени деца и се ќе биде јасно зошто се случува ова што се случува.
Искрено, ги жалам луѓето кои навистина си трошат емоции на ова, ги боли и тагуваат (секако, сè додека не премине во осудување, вреѓање и колнење свои сограѓани - таквите немаат основна почит од мене). Сите од срце рецитиравме песни „те сакам татковино“ во основно, ама од тогаш на многумина таа земја ни лично, ни на многу нивни сакани и вредни личности во животот - не им пружила ни десетина од тоа што заслужуваат. Уште помалку пак некоја страна на политичари воопшто некогаш се покажале со искрени идеали и квалитети, па сериозно да се разочаруваме од нивните постапки. Државите се вештачка творба, а политиката е еден голем нечесен театар и циркуз. Ќе созреете кога суштински ќе го сфатите тоа. Боли душа за семејство, сакани личности - нивни здравствени и финансиски проблеми, оддалеченост од нив... а не за апстрактни вредности со кои се манипулира, и политички игри. Би била загрижена и би се плашела само од (скраја да е) некакви немири, друго ништо од домашнава политика емотивно не ме тангира.
Е ај нека вика обрнете го во некој ендек, да изгледа како несреќен случај. Муабетот беше во математиката.
Меѓу политиката и театарот можеш да направиш паралела, но констатацијата дека државата е вештачка творба се граничи со апсурд, Специ. Не е тоа моја идиома или фарса, туку е тоа така гледано од правен, економски а потоа од филозофски и секако социјален аспект. За оваа твоја теза да биде валидна е потребно да ги негираш сите горе споменати сфери кои единствено засега може да постојат во рамките на една држава. Негацијата за постоење на државата е еден мошне футуристички, но илузорен концепт. Знам дека твојата намера е да кажеш дека државата е производ на човековата умствена креација, следствено границите кои стојат помеѓу, и да претпоставиме дека е тоа така. Но, тогаш се поставува прашањето, зошто сите заедно не ги отфрлиме таквите поделби, туку само некои од нас мора да поднесат жртви? ..Не е жално да се има патриотски побуди и чувства, колку што е жален фактот што луѓето не прават дистинкција меѓу државата како најсилно демократско крило и политиката. Исто како што не знаат дека политиката не ја определува демократијата - волјата на народот. Иронијата е во тоа што доказ за оваа теза, односно за разликата меѓу овие две тесно поврзани сили посведочивме токму на претходниот референдум.
Математиката е егзактна наука 2/3 од 120 = 80...... (120*2)/3=80....... математички прецизно Е сега ако сака некој да хејта тоа е нешто друго, во таков случај секој индивидуално може од негов личен аспект, интерес и тн да си толкува како сака но аргументите, фактите се нешто друго...... 2/3 од 120 = 80
Не сум многу по политикава, си бев некогаш и за сдс ама некако многу ми е жал. Да мењаат име на држава у 21ви век?! Не знам... И најтрагично за нешто што има потенцијал да стане нешто друго, но не значи дека ќе се деси. Македонија има потенцијал да влезе во ЕУ и НАТО, амане може и да не влезе. Нека ја сменат и химната ондак, нека го избришат делот кај што ги спомнуваат Гоце и Даме и Питу, срамота за нив, срамота за ''Македонија слободна, слободно живее''.Не другари, убаво што загинавте за земјата ама и го сменија името, ви ги погазија вашите имиња! И бтв нели власта е за народот и народот одлучува?! Епа ете, народот одлучи и бојкотираше и сеа?! ќе одлучува само ако тоа и се свиѓа на власта а ако не, ајде предвремени избори, ајде двотретинско. Жално..Жално и срамотно
Ај постапките на политичариве ќе ги сфатам некако, ама обичниов народ напатен не можам да го сфатам. Ми иди се живо да блокирам на фб, и овие што си честитаат и слават до срцепарателни патриотски статуси проследени со клетви до не знам кое колено. Циркус.
За дво-третинско мнозинство треба 81 пратеник да гласаат за.Моментално Собранието има 117 пратеници,се гледа од вкупниот број пратеници во тековниот состав.
Ова твое толкување се сведува на тоа што јас го напоменав дека сега секој си толкува како сака од свој аспект, интерес Вкупно во собранието се избрани 120 пратеници и на таа бројка се пресметува 2/3 на не на моментално присутни пратеници во собраниската сала на денот на гласање
Ако навистина ние луѓето, како и повеќето останати предатори, не сме територијални суштества, тогаш зошто имаме катастар на недвижности и индивидуална агрегација на богатство? Тој што те убедува дека не треба да имаме свое и своја територија, во целост нека го раздаде прво неговото.
Бројката може да се движи од 120-140.Има откажани,на некои ќе им биде одземена пратеничката функција. Без разлика на вкупен број на пратеници,81 им треба,џабе се занесуваат.