Тие што се во филмот граѓани на Светот прво нека ги убедат американците, кинезите, русите и останатите нации да станат исто како нив граѓани на Светот па јас радо би се придружил. Во ваква констелација, каде секој си е етнички определен, ние македонците граѓани на светот уствари ќе сме најголеми ќутуци во светот. И не, не е никаква зрелост или не знам што да кажеш дека државите биле вештачки, да си го живееме нашиот живот, туку е елементарно непознавање на реалноста и живеење во облаци. Припадноста кон нацијата и патриотизмот нема да ми го одземе ниту една од тие 80 џукели, ниту патор, ниту зајак.
---- Извор: http://mvr.gov.mk/vest/7638 ---- 20 октомври 2018 Кривична пријава за говор на омраза и загрозување на сигурноста Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе Известување за откриени содржини во кои има повикување на насилство или најави за однесување кое би значело загрозување на туѓа безбедност, а се објавени на профили на социјалната мрежа Фејсбук во изминатите 24 часа, кои се соодветно документирани. Против Г. Т. (48 ) од Скопје, поради споделена објава на социјалната мрежа Фејсбук со која се шири говор на омраза и загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието на Република Македонија, до надлежното јавно обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава согласно чл.319 и чл. 144 став 4 од Кривичниот законик на Република Македонија. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk Министерството за внатрешни работи нема да толерира закани по живот на граѓани и повици за насилство и ќе ги презема сите потребни мерки за одржување и зачувување на јавниот ред и мир. ----
Не ги гласав за да бидат политички силеџии како претходниците. Мразам насилство дури и кога е во политичка форма. Сум за Европа и Нато ама малава театарска претстава прерасна во циркус, а циркусите одсекогаш ми беа одбивни. Мајтап со нас играат цел регион и со полно право.
Сакав да допишам уште нешто, ама ми се виде касно па избришав. Не можам да опишам колку е ситуацијава ужасна. Значи ова е диктатура. Си прави еден човек како што си замислил и готово. Од самиот почеток на мандатот си земаа замав, и почнаа незаконски да си носат одлуки по свои убедувања. Вака не може и не смее у никој случај да биде. Тешко на народот
Нам колективно ни нема спас, тоа дефинитивно. Индивидуално, кој како се снајде. Само нека продолжат вака, нека нас младите, образованите и трезвените, што побрзо не истераат од тука, па да им се заблагодариме еден ден.
Од сите празни зборови испишани на социјалните мрежи, земале да процесираат закани упатени кон Тричковски Тричковски што се закануваше на претседател и премиер на држава и на кој стигне од ВМРО со убиства, линчови и што не?
Мене ми велите дека живеам во облаци, а очекувате фер игра, на нефер терен. Муабетот со границите и државите е идеологија која постои уште од времето на Александар Македонски.. Да, се обидувал човекот да го обедини светот (во рамките на неговите можности и капацитети на разбирање на нештата). Сите ја знаеме Имеџн од Џон Ленон... Таквата идеологија, тлее илијадници години, не ја измислив јас. Глобализацијата може да појде во два правци: или ќе превладее разумот и ќе ја реализира таа идеологија за немање граници и држави, или во текот на процесот, ќе превладее себичноста (која е реална човечка особина) и ќе се самоуништиме. Одбирам да верувам во тоа дека светот може да се обедини, ако сака. Свесна сум дека сме илијадници години далеку од тоа, но зошто да не ја сакам и промовирам таквата идеологија? И не се должи ова мое убедување на тврдењата на некои си политички партии во Македонија... уште помалку на нивни лидери... во 40 години, сум имала искуства и сум собирала знаења кои само ми го закотвиле таквото убедување. Е сега.. Денес сме во ситуација каде од Македонија се бара да го смени името. Зошто? Затоа што грците се националисти, кои како и тукашните, не можат да се помират со фактот, дека сите Балкански држави, делат историја. Впрочем... како и сите соседни држави во светот. Нема изолирани, дефинитивни и конкретни случаи. Се' е сплет на различни ситуации и луѓе од различни националности, кои со милениуми се мешале, војувале, смирувале, мигрирале, учеле, одучувале итн... И не можат да и' се инаетат на Грција ЕУ... Зошто? Затоа што е 'мостот' на Европа, кон Блискиот исток и Африка. Затоа што се прв ред во таа замислена граница, затоа што тие би биле први на удар од југ, затоа што преку нив се отвараат патиштата надолу.. и за миграции и за стоки. Еу не сака да ја ризикува стабилноста на континентот, и најлесно им е, да ни го сменат името. Од друга страна, ЕУ сака да го истисни руското влијание во нејзина територија. Последни 'упоришта' се Македонија и Србија. И пак доаѓаме до тоа со отстапките: Ние ќе отстапиме од името, а Србија ќе отстапи и од територии.... Впрочем, и Албанија отстапи дел од Јонско море, во интерес на Италија, за да влезат во НАТО. Зошто Русија е проблем: Русија е земја која има политички систем кој е многу сличен на Македонскиот.. Во смисла: корупција, ологархија, сиромашен народ... Богатите таму владат, во вистинска смисла на зборот. Друга работа е човековите права. Комунистичките земји се добро познати по ускратување на човековите права, едноумието, политчки прогони, рестрикции, закани, контрола и угнетување на сопствениот народ. Земете ја како пример СФРЈ. УДБА и ден денес е репер за насилство и контрола. Кина се 'преиначува', преку соработката со западните земји, посебно со јаката економија кон надвор.. која и' е овозможена преку ефтината работна рака која ја имаат. Многу паметно.. или пак на среќа, им се погоди, да влезат во западниот свет и глобалната економија, па дури и да владеат со нејзе.. Воедно, се адаптираат на условите, политиките, културата и начинот на живот со Западот, затоа што мораат да се адаптираат на клиентелата каде продаваат производи. Да се разбереме.. И во ЕУ има сеуште структури кои се националистички насочени и кои добро котираат на скалата на економска и политичка моќ.. но тоа ЕУ се обидува да го 'контролира'.. Овде доаѓа мојот муабет дека: Ќе станеме свет без граници, ако во процесот не се самоуништиме. Ај малку да ви кажам и за 'тајното' влијание и моќ која 'јаките' земји ги имаат. Ние сме еден мал модел, мал проблем, во однос на она што западот менувал, редел и прередувал. Цели држави се туркани на колена, само со разузнавање и манипулирање.. Ама нема да навлегувам во детали, пошто звучи како теории на заговор.. иако не е. 3 документарци, 5 сајтови, се доволни да видиме што ни има покажано декласификација на документи и 'свиркачи' како Асанж и Сноуден. Игра е на 7 и пол милијарди луѓе и држави со ресурси, информации и интелигенција која ние можеме само да ја сонуваме. Јас сум Македонка.. и ќе умрам Македонка... Ама до крај ќе верувам во обединета Европа и обединет свет.
Интересно... Груевски ќе биде апсен нареднава недела, како главен организатор и нарачател за крвавиот четврток "Упадот во Собранието на Македонија (познат и како „Крвавиот четврток“) — насилен инцидент кој се случил на 27 април 2017 година кога над 1000 лица од здружението „За заедничка Македонија“ упаднале во Собранието на Република Македонија со цел да го спречат изборот на Талат Џафери за претседател на собрание , бил лично нарачан од Никола Груевски во соработка со Безбедносно информативната агенција (БИА) на Р.Србија, а во корелација со Агенцијата за разузнавање на РМ . Како што дознава ОхридСкај , пред крвавиот четврток престоела подолга комуникација помеѓу Никола Груевски,Синиша Алексовски-советник на претседателот Иванов за безбедносни прашања и кординатор на АРМ со Горан Живалевиќ-воено безбедносно аташе во амбасадата на Р.Србија во Македонија."
Што ти е политика.. До вчера се удираа во гради за Македонија од денес- е можело и Северна да е Крсто врати отвори,затвор лежеше за да на крај даде глас ЗА. Кој ги кандиса/уцени пратенициве него треба да го исклучат од партија Ама баш ме интересира дали смее некој да писне Ајде..каде сте тие што урлавте за слобода на Муковски...еве го испадна
Пара буши кај што бургија не може...ја кога зборам дека сите се едно исто го*но, лопов до лопов не знаеш кој поголем ама то ти е, сами и си го заслужуваме ова... А Мицковски не ми е јасен со циркузов, исклучување од партија па курци па палци оди во некоја дупка сокриј се претпоставувам дека на партијава ќе и дојде крај многу скоро
А што бидна, знае ли некој некое инфо, со бројчаникот на Заев, со враќањето на пари....Па он даваше пари за да ги пуштат од затвор луѓено...хммммм, каша попара ми е работава... пари постојано се одлеваат во криви мориња, клинички центар ќе чека уште сто години.
Очекувано е тоа. Нормално дека нема да се согласат со одлуки на ЕУ и САД... Им ја распаднаа пола држава, нема шанси да ги поддржат.
Фирмата на Мукоски добила 10 милиони денари од власта. https://lider.com.mk/makedonija/dokumenti-firmata-na-mukoski-dobila-10-milioni-denari-od-vlasta/