---- Извор: http://mvr.gov.mk/vest/7641 ---- 22 октомври 2018 Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем СВР Скопје во соработка со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно обвинителство Скопје ќе поднесе кривична пријава против А.Н. (38 ) од Коњари, скопско, поради споделена објава-коментар на социјалната мрежа Фејсбук со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието на Република Македонија и поради ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“ и по чл.394-г „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од Кривичниот законик на Република Македонија. По издадена наредба од Основен Суд Скопје 1 Скопје, на 21.10.2018 година извршен е претрес на дом и други простории кај лицето А.Н. при што се пронајдени и одземени предмети во интерес на истрагата, а А.Н. е повикан на службен разговор во полициска станица. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk Министерството за внатрешни работи нема да толерира закани по живот на граѓани и повици за насилство и ќе ги презема сите потребни мерки за зачувување на јавниот ред и мир. ----
Rusija nema politicki sistem kako Makedonija.da bese taka do sega ke se raspadnese. Smesen mi e zaev koga ke izgubi na izbori.pa demek imalo rusko vlijanie.a tie ne se ni zamaraat so nas.
Навистина не се разбираш од глобална политика. Остави го ти Заев... ова не се негови сознанија. Иначе, Русија се распадна веќе.. Еден куп држави се отцепија од нејзе. Не знам како не ја запримети Украина.. на пример...
Јас би си клајла некое ептен шпанско, многу ми се романтични Ич со тоа немам проблем. А и не гледам момиве проблем да имаат кога мењаат презиме при мажење.... се откажуваат од своето, си додаваат...
Ако некоја ви пише тука дека не сака да си го смени презимето, ама вереникот и свекрвата и викаат, или смени го или ќе те вратиме кај мајка ти и татко ти... Знаете што ќе и речете??? Твоја одлука едали сакаш да го смениш презимето, кој век сме такви работи да ги наметнува вереникот, ако те сака нема да ти врши такви притисоци. Советот ќе ви биде, остави го пред да е прекасно, денес презимето, утре нешто друго, не вреди.
Не ти е личен избор, туку ти е наметнато. А случајно си во оние кои немаат проблем да се смени името, а ако не сакаше да се смени, ќе беше против твоја волја. Сфаќаш?
Примериве ви се мизерни... де ја мажите Македонијава, де домашните ви давале имиња. Во харемот кај што ја мажите Македонија, ниедна друга невеста не мораше да си го смени името... а и оваа што ја тераат да си го смени името, и велат... ти смени го па може ќе те земеме може не... така да, достате со глупавата споредба. И ако твоите родители дојдат на 20 години и со сила те тераат да смениш име, оти така им прднало на газот,... тогаш тие би биле психопати од родители. Поздрав и веќе со вакви глупави споредби не се занимавам!!!
Многу емотивно те погодува. Мене... па и не баш. Во тоа е разликата. Затоа со глупи примери мајтап си терам. Името не ми е доволно важно. Игра на случајност е што сум тука родена, можев да бидам и во Германија или Индија. Nothing to be proud of
Примерот со Македонија и мажење на невеста е несоодветен, навредлив, деградирачки и крајно безобразен, затоа што не е свадба, туку е уцена, силување, малтретирање и омаловажување, под поданички услови на камшик, чизма и робовладетелство.
Ova ne bese za donesuvanje na zakon. Dve tretini se potrebni za otvaranje na rasprava za ustavni izmeni. Bi trebalo da ima uste dve do tri glasanja do konecnoto izglasuvanje na izmenite vo Ustavot.
Од убави пораки на денот: Ае аирлија и да им дојде памет на сите одвратни шовинистички суштества што шират омраза по социјални мрежи.
Не ја погодува емотивно, Ками. Секогаш била објективен критичар. Говори од правен аспект, со аргументи и факти.
Па не е објективно.... Вика дека на сила ни го менуваат името. Јас не го гледам како 'на сила' туку како компромис. Правно е издржано, ако институционално се истера до крај работата. Еве, во парламентот помина. И нема што да ги жалиме дека биле 'притиснати'. Да не правеа криминал, ќе немаше со што некој да ги 'притиска'.
Аееее ..и Митко Јанчев го исклучиле од партија?! ..и Костадин Богданов? Се растурија сами овие Баш се интересни
Актуелен е театарот во ВМРО-ДПМНЕ, а што убаво си одмараа викендот, нема, тоа е, мора претставата да се игра до крај за да се спасат задниците. Ќе глумат растур-систем додека не помине договорот и албанизацијата, за наредни парламентарни ќе се консолидираат. Само проблемот е што тоа е дури по две години за кое време Заев уште што нема да стори дури тие глумат, да ги е*е пес да ги е*е.