Така. Референдуомот беше консултативен. Парламентот изгласа со двотретинско мнозинство. Што не е според закон?
Мислиш консултативен..Консензуален не може да биде ни под разно од проста причина што не го исполнува тој еден единствен критериум - 50+1. А дури и да е од консултативен карактер Вајлд, не значи дека власта треба да ја боли кур за молкот на народот и да го толкува онака како што неа и одговара во моментот. Собраниската одлука беше срање, али заради вмро. Можеа да ги заштитат своите пратеници, со тоа што буквално можеа да побараат помош од народот неколку месеци претходно уште во моментот кога видоа дека ќе има притисоци, ама наместо тоа одбраа да играат како што свират гајдите. Назад ни е зимата, на сите нас. Ќе праиме муабет, живи и здрави.
Панчо Минов своеволно го напуштил ВМРО Се солидаризирал со Митко Јанчев Е остана ли некој во партјава?! Интересна шпанска серија станаа
Не ме интересира ни тоа премногу. Не сум правник, ни се занимавам со право. Друго сакам да кажам, ќе се послужам со еден транспарент од протестите против Брегзит. Муабетот ми е, не верувам во паметот на "народот". И навистина милион и двеста да беа против (а не беа) тоа не значи дека се во право. Се' што сакам е да се заврши циркузов, и да најдеме попаметна работа за занимавање, од факинг име.
Консултативен де.. не знам оти на секое консензуален пишам Законот дозволува таква форма на референдум. Што значи, законски е. Пишував и претходно по темиве за ова. За што да им помага народот, жити се'? Народот не ги тераше да крадат Плус... пак од истиот тој 'народ' страдаат, па не можат дома да спијат ко луѓе.
Не се лути, ама не може да не те интересира правото, да го кршиш истото и толкуваш според своја волја само затоа што имаш желба тоа да биде така. Знаеш дека тоа ја руши автономијата на државата и не ослабува нас како граѓани, заедно со нашето демократско право.
Затоа што разумен човек лесно приоритетизира работи. Ова тврдокорниве на разумни не ми делуваат. Маќедоња до гроП!
Понекогаш, целта ги оправдува средствата. Понекогаш Не се лутам. Дури и многу трпение имаат со нас и Грциве да ти кажам. 30 години дрн дрн јариња.
Ама немојте така бе луѓе, не сме сите тврдокорни и вмровци што ја љубиме татковината. Вмро придонесе мнението на масата да биде дека сите патриоти се криминалци и злобни луѓе, а не е така. @WildMk Aха, законот кои тие провизорно го донесоа и избуткаа во екот на 2006-тата година кога се упрпаа од промени. Како и да е, да, законски е само неговото спроведување, додека резултатот од референдумот, договорите под маса на двете партии за истиот, 10-те милиони евра дадени во арач, погазувањето со ѓон преку лицето на народот и убедувањето дека ваквата одлука е одлика за една правна држава не се. И тоа не го велам јас, го вели правото. Слободно информирајте се, и дојдете да реплицирате. Немам ништо против, ама со факти.
На Доказ.мк (не ми се за верба многу, ама ај..) пишува дека и Сашо Мијалков го исклучиле Аиии, па Мицко сам остана
И јас ја љубам таткивината. Ама од љубов не се живее. Кога некој сакаш, му оставаш простор да се развива и прогресира. Не го бојкотираш.
Масата, ако сакавте, можеше да излезете и да гласате, а не да бојкотирате и да викате: пу-пу не важи, ние против сме. И не е битно кога е донесен законот. Таков е. Ако не ви се допаѓало, што не лобиравте да го сменат?
Зошто да гласам, за да кажат дека 90% мислењето на народот е позитивно, а статистиката и критичкиот остар ум на секој еден човек знае дека е тоа лага? Како да лобираме, и на кого реферираш кога велиш "вас"? Не може да не е важен законот. Кога не би бил важен, не би постоела државата, и ти тоа го знаеш.
Важен е... ама не е важно кога е донесен. Таков е. Ти имаш замерки за тоа кога и како бил донесен, тоа 'вие' се однесува на тебе и тие како и ти, кои не им се допаѓа законот. Сигурно има и други кои мислат како тебе, ама ништо не презеле. Демек ќе го наместеа резултатот? Не мора... консултативен карактер имаше.
Што ако за да се смири грчката јавност, помине предлогот на Каменос и сепак ние останеме надвор од НАТО, а веќе сме го отвориле уставот? Самоубиство.