Македонија беше внесена во битка која унапред беше решена, се знаеше каков ќе биде исходот. Каков устав, каков народ,какви партии. Не зависи ни од Заев ни од Грците, ниту пак од народов кој толку го идеализирате. Огромна маса не гласала за. Големо чудо. Што па мерило за исправност и памет е толпата луѓе, кои до вчера гласаа за најголема кримогена банда на овие простори па ја заменија со друга.
Напротив. Целото раководство, заклучно и Милошевски, застанале во одбрана на Мицкоски. Ова беше остранување на Реформаторите и Бачев од партијата заради многуте зад кулисни игри што ги работеа. Нормален тек во една партија ако сака да застане на здрави нозе.
Ако сака да застане на здрави нозе... треба да се тргне од Груевски и неговите... вклучувајќи го и Милошевски.
Тамам Милошоски се изгреба и сеа трие раце-очекува убава позиција Прво Мицковски треба да си оди ако сака партијата да застане на здрави нозе. Не е тој за политичар и за водач.
Нема мене што да ми се допаѓа или да не ми се допаѓа законот. Тој е таков каков што е, и не смее да биде субјективно толкуван. Секоја партија го мести конечниот резултат години наназад. Полнењето кутии во 5 до 19 часот не е мит или вмровска измишљотина, туку тоа беше навистина така. Исто како што вмро 11 години наназад го правеа тоа на секој следен изборен циклус. ..Мене сериозно ме загрижува фактот што повеќето од вас упорно одобруваат нешто што не е правно легитимно, а од друга страна се крстите во селективната правда на СЈО и го гледате како референтен суд на правда, иако не е. Критика му недостига на народот, и да знае колку е вистински силен. Вистински ме разочарува фактот што не знаеме дека ние ја имаме најголемата моќ во државата и дека овие политички "елити" се тука само затоа што ние дозволивме да бидат.
Па е легитимно всушност. Начинот на кој е обезбеден легитимитетот е дискутабилен, ама крајниот исход е легитимен. А како ја манифестиравте таа моќ ? Со неизлегување на гласање, со молк ?
@Mamli Баш грешиш. Вмро пак ке појде во вистински правец и ке заживее кога ке се оградат од Груевски, Мијалков и фамилијата. Се дури имаат лидер кој наликува на Груевски, кој го штити него и другите обвинети, работи во нивен и само нивен интерес,партијата ке тоне и од вмро нема да биде ништо.
Каде е легитимитетот во признаен референдум без неопходна излезност предвидена според закон? Да, со молк. Зошто какви и да беа резултатите ќе беа протолкувани како позитивни, во нивна корист. Неизлезноста беше единствен начин да се искаже волјата на народот, а таа дефинитивно не беше сведена на незаинтересираност. Башка, да не праиме муабет што референдумот требаше да биде недвосмислено прикажан, со три прашања наместо со едно.
Додека јавноста се занимава со ВМРО под тепих се ставија документите на грчките новинарски агенции за финансирање Јаничари во Македонија со грчки невладини пари. Реформатори и Бачев нека си формираат партија сега и нека си влезат во коалиција со ВМРО-НП и ГДУ. Можеби сплотени заедно ќе го надминат цензусот за 1 пратеник.
Мислам дека вмро нема никогаш да дојде, а не ни треба ако се прашува мнозина од народот. Ама нели, кој го ебе народот.
Зборете ми за демократија,сите што не мислат ко Мицко надвор од партија Се плашам дека ќе останат без членство како тргнаа...
Колку гласачи повлекуваат Реформаторите, Бачев, Тодоров заедно од ВМРО, па тоа да е распаѓање? Членството не ги сакаше, ова требаше уште одамна да се направи.
Консултативен беше. Каде е таа моќ на народот тогаш, ако какви и да биле резултатите, ќе биле по нивен терк ? Дури и кога целиов народ би се обединил во едно ( научна фантастика ) , сета таа концентрирана моќ во овие 2 милиони народ, знаеш пак дека би била апсурдна во споредба со моќта на оние од горе кои го спроведуваат овој процес. Го знаеш тоа и самата.. Македонија обезбедува иднина, а Грција си го штити минатото. И тоа е тоа.
И Мијалков ли не го сакаат? Па до вчера во него се колневте, сликата негова ја бацувавте, на гради го тетовиравте. ВМРО се распаѓа, што и не е ич за чудење, сите беа таму за лична корист, а сега кога не се на власт немаат веќе никаква корист од партијата и си се вртат на друга страна.