#онакога криминалната квази-демохристијанска структура наречена дпмне се распаѓа, се делат и си се бркаат од партија Не е на арно без опозиција, знам, but it's damn satisfying за вакви појави и оние на кои им се идоли.
Брат, Павле беше шарен. Коа траеа протестите, Шарените и Левица беа со идентична цел, ама идеологијата им се разликуваше.
Ајде, ќе видиме што ќе испадне, сепак им треба време да созреат. Јас се уште не гледам ниту една политичка опција во земјава за која во моментов би гласала.
Со се' што кажа се согласувам. На нашиве институции (од забар до суд) не им верувам. Затоа сакам по секоја цена таа Европа полноправно да замеша прсти, без оглед на волјата на народот. Затоа што историски гледано, овој народ уште не знае држава да направи, си играме држава. Колку долга историја имаме како држава? Не како народ, туку како суверена држава? Факт е дека овој народ (не само македонскиот, комшиите не ни се поарни) е легачки. Германецот не е поарен генетски од Македонецот. Или Швеѓанецот. Нешто друго кај нас не штима. Мислам дека тоа што секогаш некој друг е крив, ние сме си супер. Ние сме тие, библиските. Израел е исто тазе држава. Многу странски пари ја направија ептен напредна, иако е во војна константно. Зошто ние немаме толку странски пари? Да не е затоа што тлачиме и се ку*чиме без к*р? И друго, ако сето ова не успее, не ЕУ, туку ако НАТО и овој пат ни избега, повеќе од возможни се шансите за немири при повторна политичка криза. Искрено, мене тоа најмногу ме плаши. Балканот е познат по постојано менување на граници, јас не би да ризикувам во тој поглед. Затоа реков, не е важно што народот сака, туку што мора, ако има малку реално резонирање дека демнат пострашни работи од (реална) географска одредница.
Израел го направија Евреите од САД и Европа кои се најбогати луѓе во светот. Евреите не би биле успешни да им се шетаат ликови како тебе, Lovestonedd или Someonespecial меѓу нивните редови.
Уште никој не одговори... Од каде ќе бидат парите за менување на сите документи, знаци, учебници... и се останато? Или со менување на името автоматски се се средува, и автоматски касата се полни чудесно до даска?
Колку што се сеќавам, во договорот пишуваше дека нема одеднаш да се менуваат документите, туку постепено т.е кога ќе истечат. Нека ме исправи некој ако грешам Инаку, нема од буџетот да бидат тие пари. Ние ќе си платиме. Исто како што плаќавме (плаќаме) еден куп други глупости до сега, на пример ЕЗК.
Лево крило ваљда по дефиниција не трева со вемеро да соработува Проблемот на левица е Апасиев, очигледен мегаломанско- фрустриран тип. Здравко е маргинализиран, он барем живее онака како што збори. Апасиев е интелигентен и едуциран ама гладен за признание и обожавање.
Нели БАТЕ САШЕ НА БРАНИКОТ БЕШЕ??????????? во фокус одамна осамна еден наслов, многу добар „Груевски ќе го дигнат на клоци тие што го величаа“ ....поздарв тврдокотни, патриоти, бојкотирачи........
Низ цела Грција вчера се спинуваше дека Македонците од Лерин биле спречени од страна на грчките шовинисти да имаат партиска конференција во истиот град како голема победа на шовинистите. Нормално тоа беше лага. Македонците се собраа во голема бројка. Денес е ден на ВМРО. Најголема македонска светост за која го положиле животот генерации и генерации Македонци. Да ни е жива Македонија, ВМРО и револуцијата! Под тмурните облаци стојат сите ко браќа и сестри со пушки во рацете тие го бранат своето право на постоење Црно црвените бригади повторно ќе маршираат низ татковината!
Е сега највеча фора ќе биде кога Заеф ќе почне да го брани Мијалков, па овој да си побара членство во Сдсм, па да си добие и убава функција, може пак да биде прв човек во ДБК... ќе зајдеме од смеење. Дали тогаш вие северџаните ќе почнете да мислите дека бате Саше уствари, бил многу фин чоек, само што не можел да дојде до израз во Груевиот режим, бил репресиран, ово оно, еве сега се поправил, дечко који обечаје, а? Бонус: неофицијално, претседателски кандидат за догодина Сдс ќе го предложеле Зозе Заеф?!!! За мерак им бил, немало бољи!
Левица тврди дека нема соработка со вмро, ниту пак со било која друга партија во моментов. По чиј критериум е Апасиев мегаломанско - исфрустриран тип? Дали само затоа што добро ја познава својата професија и егзактно ги цитира уставните закони заслужува ваков линч? И тоа баш од луѓе кои до пред само една година пишуваа прекрасни постови за него. Сега пошто не им се слуша вистината се во стил мех, обичен его - трип манијак е. ..Впрочем, прашање е кога човекот како поединец, особено во денешните класни општества, не посакува да биде обожуван и почитуван? Јас не видов Апасиев да им забранува на останатите членови од партијата да бидат интервјуирани и да ги излагаат своите мислења. Тие го одбраа како лидер. Нај искрено, дури и ако се сеуште млада ново формирана партија во цутот на зрелоста, лично мислам дека после ваквото фијаско од двете партии заслужуваат да им биде дадена шанса во иднина. Сепак, времето нека покаже дали е така. Сега им се дадени тие клучни пет минути, па ќе видиме како ќе ги искористат.
Вмро си ја чисти партијата. Остана уште Груевски и Милошевски. СДСМ ги прибира. Се шпекулира за коалиција со Мијалков. Криминалците, олошот и шлјамот преминува. Блјак. Се повторува 2006. Народот си молчи и си чека работни места, тендери. Се е исто. Нема некоја разлика меѓу Вмро и Сдсм. Совесен граѓанин не смее ова да го прифати. Ете место Грујо, го имаме Зоки. Се крстам и јас на Европа оти од нашите толку.
Левица е против влез во НАТО, изразени марксистички концепти на економија (во превод ДНО) и други негативни појави. СДСМ и Заев од тој аспект не живеат во фантазија.