Панорамското тркало во Скопје ќе го гради приватен инвеститор, а ќе биде изградено на нов пешачки мост. Погледнете како ќе изгледа панорамското тркало:
еMeне ме интересира нешто со овоа Aвиокомпанииве нешто, нели цени од 10-15 евра! E,сега ова е неверојатно, ти текнува да тркнеш до Mилано на кафе бе, за 10 евра Jас сакам да прашам, цело време ли е оваа цена, или треба унапред да се закаже? премногу е добро, за да биде реално! инаку еве овие се летовите Дортмунд, Базел, Малме, Ајнховен, Милано, плус нели и лондон, и венеција! па ајде појаснете ми ако може, па да одиме на кафе, за без пари
Еве за виз ер,и мене не ми се верува http://www.dw.de/%D0%B2%D0%B8%D0%B7-%D0 ... a-16338547 Нивната страна за закажување http://wizzair.com/mk-MK/TimeTable/Dortmund/Skopje Леле и панорамско тркало во Скопје
До сега продадени 25000 карти .Така да за 2 год можеби ке отидеме некде кога БРАЧАТА ке отидат во швицарска и таму негде сите
Aбе, јас прегледував на тоа Bиз Eр, па не можам да ги најдам тие ефтини карти? плус и читав не е таа цена фиксна, си имаш некои плус доплатувачки (мал трик де) Hекои нивни глупости таму, што прв пат слушам да се доплатува (мислам дека беше за оваа авиокомпанија, пошто прегледував повеќе) и како се купуваат карти? Oнлајн? Hе најсериозно, за 15тина евра е супер работа, па секој човек би можел да си дозволи кратка прошетка, сепак авионските карти според мене, е тоа што јаде највеќе пари, а не хотели и кафиња/ресторани/храна на таа дестинација Eве цеце видов на линкот сега што си го поставила дортмунд на 31.10 54 евра Kаде е летот од 15 евра?! Aбе јас сметам се е трик, што знам До Ајнховен исто на 31.10 100е карта, ма немој да ме јебеш бе! Не дека и вака е скапо, ако ја земеме дестинацијата, има и поскап лет за пократка дестинација, од друга држава, ама сепак, нека не зборат нешто што не е точно
Лудо има ефтни карти, на визар ама ако резервираш 3-4 месеци иназад. И да не зборам на памет моја другарка рњзервираше во јуни за Милано на 29октомври(денес) а враќање на 2.10 ако не се лажам. Нема лет во истиот ден за назад, можеби има следниот ама обично се на 2-3 дена. Картата ја зема 32 евра со повратаната ама многу битно нешто-Хенд лагиџ значи си прибуден да земеш 2 парталчиња, или да се изнаоблечеш со 5 маици на тебе. Тоа најголемиот проблем, што за багаж се доплаќа незнам колку ама мислам дека е поише од 10 евра. Евтино е 32 повратна ама под тие услови незнам колку би се нафатила. Башка Милано е скап град па и не се наоѓа спиење под 20 евра.
Картите се ефтини ако резервираш најмалку еден месец однапред. И повеќе нема повратни т.е има, ама нема попуст. Во картата е вклучена авионската такса, ама можеш да носеш само една рачна торба. Останатиот багаж се доплаќа и тоа за еден куфер ти е 20 евра. Плус најчесто слетуваат на споредни аеродроми, така во Венеција не слетуваат на Марко Поло, ами на Тревизо, каде што превозот до Местре или до Венеција е поскап. Е сега на 1 декември ако резервираш билетот ќе те чини 790 денари или околу 13 евра, плус 20 евра багаж, плус за чекирањето, мислам дека е околу 7 евра, ти фаќа околу 40 евра. Ова е ако планираш да остануваш во Венеција. И се исплатува. Од аеродромот до Местре или Венеција е некаде околу 5-6 евра, или помалку, летово прашував па затоа ми е во бледо сеќавање, што значи за 50 евра сте во Венеција и тоа за помалку од 2 часа. Во споредба со автобус е посиплатливо. Но за кафе никако .
Kако бе багаж да се плаќа?? Mене никогаш не ми наплатиле, до 22 кила можам да носам куфер, ако е нагоре се плаќа за секое кило. Bиди далавери Eдит- т.е јас не знам како е кај нашиот аеродром, јас за Cолун зборам, кај нас не знам што се дешава, не сум била никогаш
Се плаќа бидејки се работи за чартер и ефтини летови, па затоа се доплаќа за багаж. Таква им е политиката на овие.
Нискобуџетните компании се поевтини само ако се резервира карта мнооогу порано, на пример, сега ако резервираш авиобилет за догодина, за 6 месеци да кажеме, ќе биде прилично поевтино. Ама затоа имаш ограничувања, само багаж што се внесува во кабина е бесплатен, другото се доплаќа. Слетувањата им се на поевтини аеродроми, па тие се обично подалеку од градот (ама сигурно има превоз, не е тоа Скопје). Ако сакаш да купиш билет непосредно пред патување, цените им се исто како во другите авиокомпании. Правилото порано-поевтино и подоцна-поскапо и не е толку страшно. Мене повеќе ме замисли она што читав (ама лани, сега ми е како во магла) за безбедноста на овие летови, заштедата се одразувала и на безбедноста, ама не памтам точно на што се однесуваше (ако најдам, ќе надополнам , или ако знае некој, нека каже). Во секој случај, одлична можност, и 100 евра да е карта тоа е пак поевтино од порано, на пример до Лондон мислам дека беше 350 евра повратен билет, не е мала разликата воопшто. едит: Најдов што бил проблемот, во IATA имале многу ниска оценка за безбедност. Тоа како најважен момент, а второ, авионите биле мали и многу се осеќала секоја турбуленција, не било баш пријатно летањето.
Јас летав лани со Виз од Рим до Белград за 20 евра + 10 евра багаж (голем куфер до 25 кила) + 10 евра за онлајн плаќање = 40 евра вкупно. Авионите се нови и се супер, ама чудно е што немаш место за седење на картата, туку седиш кај најдеш место. Во багажот за горе може да носите мало куферче НО НИШТО ПЛУС. Значи ако имате мало куферче до 8кила, не даваат ни плик ташна плус не па нешто повеќе. Се во тоа куферче ќе си ставите (и ташната што нормално на рамо ја носите бутнете ја во куфер, па кога ќе поминете чекирање извадете си ја) Исто така нема ни сокче, ни кафе, ни сендвич за време на летот, ама ефтино е да се купи во авион. Во секој случај се исплати. А за во Милано има финта Ќе седнете во некој кафич на „аперо“ каде со пијачка има бесплатна закуска (нутела, овошје, шпагети, торти, кроасани, апетисани, сирења...) и како луѓе ќе се најадете.
Непосредно по завршувањето, претседателот на СДСМ преку Фејсбук им се заблагодари на сите за масовноста на големиот митинг на плоштадот „Македонија“. Според проценките, како и според објавените видеа на официјалниот YouTube канал на СДСМ (youtube.com/sdsmtube), на вчерашниот протестен собир на опозицијата присуствуваа над 70 илјади граѓани. Здружени под мотото „Иднината сега“ пред преполниот плоштад беа промовирани и кандидатите на СДСМ и Сојузот за иднината за градоначалници во скопските општини и градот Скопје. СДСМ вчера овозможи и следење на митингот во живо преку партиската веб страна (www.sdsm.org.mk) кој бил гледан од повеќе од 20 илјади граѓани. Официјалната страна за поддршка на претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски е достапна на следниот линк: http://www.facebook.com/BCrvenkovski. Секогаш е така најмасовни митинзи има а на крајот најмалку гласови
Во врска со нискобуџетните летови Спојлер http://utrinski.mk/?ItemID=DB7EE735A586E64C84E1496CC43C1CA0
ИВО ИВАНОВСКИ: СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА МЕДИУМИ ЌЕ СЕ НАМАЛАТ ТУРСКИТЕ СЕРИИ Министерот за информатичко општество, Иван Ивановски, изразува чест кон турските телевизии и продукции, но смета дека доволно било 500 години под турско ропство, време е наместо турските телевизиски серии на телевизиите да се стимулираат македонски серии. „Наскоро ќе започнеме со јавна дебата за новиот Закон за медиуми кој предвидува нови регулативи. Со нив на жал на понежниот пол, дел од тие емисии коишто се сега кога да вклучиш канал, било тоа да е Ифет, Езел, Илјада и една ноќ или Величенствниот, Кога лисјата паѓаат, Имотот на дамата или ред други ќе бидат намалени. Ќе се бара 30 проценти од емитувањето во клучните часови од 8 наутро до 20 часот навечер да биде македонско производство. 40 проценти во 2014. година, дури 50 проценти во 2015. година. Со тоа ќе се стимулира македонската продукција“, изјави Иван Ивановски. Извор: ТВ Пакет Убава идеја дај Боже така да е... Само интересно министеров сите филмови ги знае изгледа и тој прати
Koнечно нешто паметно,добра е идејава и дај боже да се реализира и тоа што побрзо. Haвистина претераа со серииве се повеќе и повеќе ги има,на тв нема ништо друго само вести,турски серии и по некоја глупава трачарска емисија.A исто така дај нека престанат со давање на глупави српски и хрватски реални шоуа и емисии од типот на big brother,фарма,крв није вода,брачен судија итн. ми се повраќа од такви ствари.Tреба да вложат пари во квалитетни серии и повеќе квалитетни и едукативни емисии,kвалитетно talk шоу или квиз,па може и да одвојат термини и за по некој цртан и некоја забавна и едукативна емисија за најмладите
Дојде денот наменет за штрајк во здравство. Покрај толку многу камери, се чувствувам како во Холивуд, уште црвен тепих ми фали. Си размислувам (во себе) дал да слезам долу па да се изјаснам пред камерите, да си олеснам на душичката. Не сум доктор, али јбг, секој штрајкува за себе. Тие штрајкуваат за одлуката за плаќање по учинок, се им е малку. Јас ќе штрајкувам за неплаќање по учинок,за мојот учинок не да сум малку платена, туку слободно можам да кажам дека сум неплатена. Но, ништо добро нема да си направам, само ќе се испразнам. Туку ај веќе кога сме тука, еве сега почна таа замаскирана заинтересираност на државните органи за нови вработувања. Никаде ги немаше до сега, а сега не преплавија со огласи, можете да приметите и сами. Сега ќе фрчат партиски книшки, членови и не знам што, сега ќе ги изнапикаат набрзинка, ќе ги сместат во фотељи. Ти колку сакаш пријавувај се, ама тие "работни" места ти се невозможна мисија. Мене па како не ми текна сабајле да се дотерам со кошулче, сако, минич, па да излезев сега пред камери, дека прв ден од штрајк, а јас со едно кратко џемперче сум и не ми е соодветно за пред камери. Утре и да се дотерам, нема да биде исто, не е прв штрајкувачки ден. Ај за памет нека ми биде, за некој нов штрајк, можеби за тие како мене , ма да не ми е до смеење.
деновиве е актуелно апсењето во акцијата керозин. интересно изведен криминал и ништо ново. само премногу нејаснотии .... се споменуваат милиони и милиони евра 150 тендери, 4 години, општини, претседатели, влада итн а нема обвинение за ниеден функционер. како бе овие од неготино го направиле сето тоа без нивна помош??? зар се толку паметни? не дека сум изненадена ама ми се смачи од вакви сценарија пред избори, ахм вие сте поборници на криминалот и на корупцијата а сте толку глупи 2 неготинчани да ве крадат вас и цела држава. мижи асан да ти баам....
jolelle има и тоа како има замешани државни функционери, и тоа од самиот врв. Којзнае, можда и тие ќе излезат на виделина ама поверојатно ми е дека целата работа ќе си остане тука. На газдиве и шоферите шо ја пренесувале нафтата. А во последните 4 год државава знаела и тоа како шо се дешава. Само да не им нагазиле овие обвинетиве у последен момент на некоја слаба точка на државава па сеа се реваншираат. Се надевам дека кога веќе почнаа ке одат до крај, а не делумно Како и секогаш де. Тие најгоре секогаш си го спасуваат газот а секогаш знаеле шо се дешавало
Ма ќе почнат сите водители да стануват нека ги има турскиве али нашите третерааа 24/7 на тв има турски сериии еден дискавери и 24 вести можеш некоја поучна емисија да погледнеш....на другиве само тусрки глупости убави се лаи ен треба една серија по 1000 пати да ја даваат...а тоа за македонска продукција многу не ми се допаѓа нека внесат едукативна програма али да немора ад е од македонска продукција..зошто има многу поубави странски емисии...