Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.332
    не му е вратен пасошот на Мијалков.
     
  2. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.474
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека овие од сдсм се толку луди и глупи па да го примат Мијалков во партија. Кој ке ги гласа тогаш? Никој. Ке видиме, ама ова сценарио ми е тешко остварливо.
    А оваа со исклучување на Мијалков ми личи на договорена работа. Мислам дека му одговара вака. Се збогати за стотици милиони евра на државен грб и сега ке си свирка и ке мисли како да си го фати патот надвор од Македонија.
     
    На BoaVista, Someonespecial и Dentina им се допаѓа ова.
  3. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    ----
    Извор: https://www.mkd.mk/svet/vesti/pronajdena-bomba-vo-poshtenskoto-sandache-na-soros
    ----
    Пронајдена бомба во поштенското сандаче на Сорос

    Во поштенското сандаче пред куќата на познатиот магнат Џорџ Сорос е пронајдена бомба, соопшти полицијата, а како што пренесе Њујорк тајмс, бомбата е детонирана во блиската шумска околина.

    [​IMG]

    Сорос е мета на непријателски медиумски кампањи на владејачката гарнитура во неговата родна Унгарија и е непожелна фигура за десничарите во Источна Европа и САД.

    Според соопштението на полицијата од Бедфорд, властите добиле телефонска пријава за сомнителен пакет на адресата на Сорос, на неговиот имот во округот Вестчестер, северно од Њујорк.

    Вработен на имотот го отворил пакетот и открил дека има сомнително експлозивно средство.

    Потоа го однел предметот во блиската шума и ја повикал полицијата.

    Полициски техничари пристигнале на местото на настанот и ја активирале бомбата, рече претставник на полицијата за Њујорк Тајмс.

    Како што се дознава, Сорос, кој живее на таа адреса, во тоа време не бил дома.

    Неговата фондација Отворено општество, која им помага на прогресивните движења и поединци, на почетокот од октомври се преселила од Будимпешта во Берлин.

    Сорос, американо-унгарски милијардер, роден во Унгарија во 1930 година, го преживеал Холокаустот, а потоа емигрирал во САД. Тој и фондацијата Отвореното општество се мета на остри критики на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата десничарска влада. Орбан, меѓу другите, без никакви докази го обвинува Сорос дека е одговорен за бегалскиот бран во Европа.

    Минатото лето, Будимпешта донесе закон со кој им се наметнуваат такси на странските организации кои им помагаат на бегалците, многу од нив имаат поддршка од Отворено општество.

    Фондацијата потоа одлучила да ја напушти Будимпешта и да замине во Берлин поради „сè порепресивното политичко и правно опкружување во Унгарија“. На својата веб-страница наведува дека нејзината мисија е „изградба на активни и толерантни општества чии влади се одговорни и отворени за учеството на сите луѓе“.
    ----
     
  4. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
    Состојбите во ВМРО се’ повеќе наликуваат на “Божествена комедија”.:D
    Проблемот е што не го разбрале “Пеколот",и на несоодветен начин поминуваат низ “Чистилиштето”:rofl:,брзајќи кон “Рајот”.:D





    Интервју со Бетка
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.416
    Пол:
    Женски
    Ние сме тешка калакурница од држава..
    Не знам дали ВМРО глумат лудило ама испаднаа тешки глуперди пред сите.
    Бидејќи гласале ,,За” договорот ја исчисти цела партија :clap: :^) А сам да си се исчистеше?
    Многу се избрукаа.Цел ден слушам на вести Мицко рече вака Сашо рече онака овој ќе го тужи оној..kindergarten.
    Ете ви го ВМРОто што некои од вас го величеа и сакаа да го води народот сеуште.Тие сами не можат да се средат, држава ќе воделе :rofl: :rofl: :rofl:
    Кај сте сега ВМРОвчиња да се силите :devil: :rofl: :hai:
     
    На pravnicka_2604, baba Rada и anaja1 им се допаѓа ова.
  6. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.588
    А што па толку ве возбудија генералкиве кај Вмро? Ниту водат држава, ниту ви значат нешто во животот, или.. Ај уживајте си во животецов даруван од овој одбраниов.
     
    На carangigia, A.27, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    2.977
    Пол:
    Машки
    Без координација сдс-дпне ова теорија немаше да помине вака лесно. Мицко уште кога е довлечкан за уши да биде претседател е договорен на ова, што не е никакво изненадување. Ниту пред договорот, ниту по договорот не повика членство на протести. Ниту во петокот на гласањето, освен некои бледи изјави шо имаше.

    И бонус сеа, демек Палмер не го фермал Мицко, мене ми изгледа на уште едно мачкање очи. Друг бонус, Мицко имаше милион можности како да поентира, а со млитавиве говори дури и предност му дава на црпнатиот.

    Можеше да повикува да се гласа против, 600 илјади се за, 400 илјади се против. Се правда дека народот така одлучил и има оправдување зошто да гласаат у собрание. На крај Заев ќе беше крив шо името се сменило.

    Изгледа америте не сакаа брзо паѓање на заев од власт.

    Вака мицко заврши речиси иста работа со сдс и странциве тоа ќе го ценат и можда не за две години на редовни, на некои вонредни ќе го наградат.
     
    На Cosmi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.208
    Пол:
    Женски
    Е не, сдс знаат да ја водат државата, Заев се осватил со Албанци и сега сите треба да ги сакаме и да им го учиме јазикот.
    А инаку си во право, се брукаат. За амнестии и за да не им ја збришат партијата. Како да не можеше пософистицирано да се изведе сето ова штом мораше. Мицкоски рака под рака да се фати со Мијалков и Селјанчев од Кавадарци сам себе да се исклучи топ ќе биде.
     
    На Harper, Feminka22, jacqueline.s и 2 други им се допаѓа ова.
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.208
    Пол:
    Женски
    Овој уште кога се изгласа законот за јазици немаше став и ќутеше, дури кога се актуелизираа преговорите за името почна да глуми.
    А џабе ликуваат комуњарчињата, ВМРО од петокот е помилувана партија.
     
    На baba Rada и Priroden им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.011
    Допаѓања:
    276.473
    Во никој случај не е добро ваква распадната опозиција.
     
    На Јаневски и DAngel им се допаѓа ова.
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.416
    Пол:
    Женски
    Снаџи се па живи.Нашол сламка Зајко па се фатил..тоа му е паметно одиграно.Со толку Албанци во земјава он е во плус.
    Другиве глумејќи чистокрвни Македонци, си изгубија сè.
     
  12. A.27

    A.27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2018
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    740
    Пол:
    Машки
    Чистката во Вмро-Дпмне е неминовна и обавезна!
    Без чисто Вмро не може да се дојде на власт...
    Во Вмро не смее да има ученети политичари бидејќи секогаш сдс ќе има простор да манипулира со нив затоа чистката е добредојдена за нов почеток.
     
    На orevokrsacka и iloveyou29 им се допаѓа ова.
  13. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    :clap:

    ----
    Извор: https://ako.mk/италијански-европратеник-со-чевел-из/
    ----
    Италијански европратеник со чевел изгази документ на ЕУ (видео)

    Ако.мк - октомври 24, 2018

    Италија одбива да ги прифати сугестиите на Европска комисија и да го смени буџетот за наредната година, во кој се укинати мерките на штедење.

    Пратеник на заедничката прес конференција со комесарот за финансии на ЕУ, Пјер Московици, му покажа со чевелот што мисли за неговиот документ:



    http://janevski.net/italy.mp4

    Европскиот пратеник од Италија, Анџело Чока, го извади својот чевел “Made in Italy”, и покажа колку му е гајле за мислењето на Европската комисија.

    Ова го налути комесарот Московици, кој одби да се ракува со него и да му го даде својот примерок од документот.

    Европскта комисија ѝ даде рок од 3 недели на Италија да го поправи буџетот за идната година и да се држи до мерките на штедење заради големиот долг.

    Италијанската влада тоа го одбива, велејќи дека е доста штедење и дека тие самите можат да се грижат за својата економија.
    ----
     
    Последна измена: 25 октомври 2018
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    55.546
    Пол:
    Женски
    На крајот ќе испадне само Ниче да плати за сите,а братучед му пак да си биде на чело на државата,само преоблечен во друго руво :D

    Ех,јадна земјо,јаден народе мој,очи си ископавте де на социјални мрежи,де во живо,а тие се наполнија милиони во џебовите,и ќе се спасат од затвор,а вие бидете силни на тастатура само и смејте им се на оние 15 пензионери што секојдневно ни ја бранат #севернаваземја и на ладно и на топло време.

    П.с како беше она"кој ќе излезе последен од земјава нека го изгаси светлото од струјата"
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.332
    Затвор ќе оди братучед му.
     
  16. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    55.546
    Пол:
    Женски
    Не ми мириса дека ќе оди и тој затвор,ама би сакала да грешам...
     
    На orevokrsacka и WildMk им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.332
    Се надевам дека грешиш... Се надевам и дека еден куп други ќе завршат во затвор... Од двете страни :lol:
     
    На baba Rada и Rama им се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.773
    Пол:
    Женски
    https://novatv.mk/todorov-im-se-izvini-na-zhenite-za-zakonot-za-abortus/

    Циркузантиве почнаа да се извинуваат за шовинизмот и 19-тиот век во нивно време :D Може извинувањето слободно да си го свитка и пикне where the sun don't shine, пардон на *францускиот*.
     
    На Monna.Monna, violetblue, Nausicaa и 8 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.332
    Е така Спец!!
    Ама јас сум и полоша... би му рекла да дојди и да му напраам некоја процедура слична на абортус... па нека си ее матер после
     
    На JuLleE, CameliaMiller, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Bianconerosempre

    Bianconerosempre Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Машки