Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.773
    Пол:
    Женски
    Крајна/ултра-десна идеологија по дефиниција е нацизам/фашизам, отвори било која бејзик едукативна статија за политички ориентации по интернет и ќе го прочиташ ова. И Хитлер така се „грижел“ за германскиот народ и го придобил на таа карта.
    Околу примериве... за новоизбраниот бразилски претседател пишував пред некој ден тука, доволни ми се неколку реченици што ги прочитав од него за да го проценам - дно дна. Унгарија исто ми е позната со контроверзии во врска со демократијата и човековите права. За другите не знам, не следам толку светска политика. Ама за мене е поразителен напредокот на конзервативци низ светот во 21 век.
    Лично, никогаш при здрав разум не би гласала за десничари со гласни и контроверзни конзервативни ставови, ма колку и да сум разочарана од лева опција (која патем, посебно кај нас - нема ни врска толку со вистинска идеологија)... попрво ќе поништам ливче.
     
    Последна измена: 31 октомври 2018
    На Nausicaa, candy.cane, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Социјализам - премногу лево.
    Национализам - премногу десно.
    :!:
    Национал-социјализам - таман.

    :rofl:
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.680
    Пол:
    Машки
    [​IMG]
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  4. M-14

    M-14 Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2018
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Машки
    Ќе разговараме и догодина на истава тема во јуни, откако десничарите ќе победат и во Европскиот совет.

    Мене па баш овие што се сега ми се одвратни. Двојни аршини, демократија 0, корупција, криминал, мафија....можеби е подобро сега, м?

    Јас си останувм на својот став. Времето на фашизам и нацизам помина. Сега ултра десничарите имаат друга улога. Прочитај малку на интернет за тоа.

    Дај ми неколку фашистички или нацистички објави од ултра десничарите во Унгарија, Бразил и Италија.
    А јас ќе ти дадам милијарда од овие левичари што се сега на власт во Европа и светот. Левичарите се најлошите можни политичари во светот. Зборат за демократија, а демократија во нивните земји НЕМА!
     
    На Abeja, sjdgo и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  5. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.680
    Пол:
    Машки
    Ако веќе се збори за тоа која партија лева или десна подобро ќе ја води државата одговорот би бил онаа која се покорува на главните одозгора. Како они ќе кажат така ќе везе партијата во државата. Единствено нешто што е интересно во цела европа е фактот дека сите велат дека за време на социјализмот подобро се живеело, па дури и во Бугарија. Така да левичарските партии секогаш се залагале за општо добро. Добро за народот пред се. Кај нас во Македонија нема партии од типот леви - десни. Има само како ќе кажете така ќе владееме.
     
    На LollySky, Јаневски и Dust им се допаѓа ова.
  6. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.268
    Допаѓања:
    39.742
    Пол:
    Женски
    Ултра десница би била збир од примитивна, квази христијанска, фашистичка маса на луѓе со закржљавен мозок заглавен таму некаде стотици години уназад. Еволуцијата ги одминала.
    Потикнување на омраза преку поделби и истакнување на различностите е главна одлика на екстремистичкава идеологија, и тоа скриено позади умоболната љубов кон татковината и христијанството.
    Има разлика меѓу сакање на државата и болна опсесија со истата.
    Вие влечете накај второто.
    Среќа па нема да ви успее.
     
    На Nausicaa, candy.cane, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.208
    Пол:
    Женски
    Меѓу кои и Фросина Ташевска, попозната како Ременски.
     
    На Abeja и M-14 им се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.208
    Пол:
    Женски
    Најголемиот проблем на десницата е што левицата во служба има успешна и до перфекција доведена пропагандна машинерија за перење мозоци на младината. Општо зборувам на светско ниво, не за овде.
     
    На Abeja и M-14 им се допаѓа ова.
  9. Bianconerosempre

    Bianconerosempre Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Машки
    @M-14 гoлем пoздрaв брaт, твoевo присуствo пoкaжувa декa бaрем се oсвестувa oвoј нaрoд нa кaде oдиме aкo не се oсвестиме.
    Првo држaвaтa дa се стaви нa здрaви aснoмски темели пa ќе oдиме вo прoгрес пoтoa, првo темелoт a не крoвoт.

    Еврoпa нa нaрoдите !


    Еве и еднa кoмуњaрскa иaкo тие биле вистински кoмунисти a не денешните сoциaл демoкрaти, ќе лaжaм aкo не кaжaм декa си ги слушaм и кoмунистичките песни.

    Oбединети никoгaш немa дa бидеме пoрaзени ! Мaкедoнци.
    Тaткoвинaтa ќе пoбеди !


    Зa се имa нaзaд Мaкедoнијo не зaбoрaвaј кaде пoгреши.
     
    Последна измена: 1 ноември 2018
  10. Bianconerosempre

    Bianconerosempre Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Машки
    Мaкедoнскaтa пoлитичкa реaлнoст вo еднa песнa.

    Пат во Европа
    провинциска слава
    со см'кнати гаќи
    и опинок во глава

    Дремеж и досада
    посилни од дрога, baby
    купен мир и тишина
    пострашни од војна, may be

    Ко да не сум одовде
    не, јас никому не припаѓам
    стојам отстрана и посматрам
    и во ништо повеќе не верувам

     
  11. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Неее плачи мило ангелчее, не леј солзи големиии,
    Елај си кај Зајко Ко-ко-рајко,
    Па да си гласаш за уставни променииии.
    [​IMG]

    Еден по еден си заминуваат, оставки си летаат, меѓусебно се јадат и "тепаат" и си праќаат писма, немаат пари ни за леб, ќе го продават кучата , 12 души собираат на протест , оној паторон решил книги да пишува хахахахахаха, што убава карма е оваа, се чекаше со години ама на крај ги стигна убаво. А да и сега имаат и помалце пратеници него Сдсм што има ...
    Дали ова све беше целта на новиот завет, преродбиии, 100 чекориии и славењето со зурли и тапани на победата врз Сдсм на избори? , каков mindfuck на крај а.


    Сега читам и им ги замрзнале имотите како и онаа белана палата, 69 имоти замрзнале. Ова 69 знаете зашто е така? не е случајно таа бројка , ништо не е случајно да знаете, ова е скриена порака до патриотите и врмовците....


    Пак да идете на контра протести и да се чукате у гради и да ги браните , убаво ви направија и се надевам нема да престанат у скоро време.
    [​IMG]
     
    На oblace1, galapce, LollySky и 4 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.332
    Социјалистичките земји и не беа баш
    Не знам на што се ситиш само?
    За никој не е добра ситуацијава.
     
  13. M-14

    M-14 Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2018
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Машки
    Ќе се подели дпмне на две парти. Едната од Кекеновски, а другата од Мицковски...
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.332
    И после?
     
  15. M-14

    M-14 Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2018
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Машки
    Не сум видовит за да предвидам. Се може да се случи веќе. На подобро сега скоро нема да дојде.
     
  16. Bianconerosempre

    Bianconerosempre Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Машки
    Хaхaхaхaхaхaхa
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.332
    Што ќе биде разликата во политиките на едната и другата?
    Ти во која ќе си? Со каква агенда ќе биде таа во која ќе си?
     
  18. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Како за никој не е добра ситуацијава?

    А за ситење ќе се ситам и ќе им се смејам у фаца , ова патем што се случува деновиве со вмро беше посочено уште од кога излегоа петардите на Заев , и тогаш се збореше дека се погани човечиња што на прва прилика ќе се предадат меѓусебно и ќе си ги спасуваат газовите како знаат и умеат , ама на тоа големаа група вмровци ги бранеа , праќаа ќосиња на другите што не беа со нив , се понашаа како да го поседуваат градот итн итн да не ги повторувам сите глупости што се дешаваа овие 5 год. Се губеа живци и време за што на крајот?

    Ова е најубавата карма што ја заслужуваат расипани луѓе како што се они. Да се види колку всушност се сложни и патриоти. Бидејќи кога збориш и ќе им посочиш те нарекуваат предавник или што и да е сега модата , па вака со свои очи да си видат. Мене тоа ми е меракот , што конечно им се затнаа муцките и луѓето што до вчера ги бранеа сеа на прва прилика си избегаа и ги предадоа...
     
    На oblace1, Nausicaa, galapce и 3 други им се допаѓа ова.
  19. M-14

    M-14 Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2018
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Машки
    Така се зборува низ народот. Таа на Мицковски ќе биде слуга на Калето, а таа другата ќе видиме на која страна ќе отиде.
     
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.332
    Не е добра за никој.. Затоа што е производ на криминал, што всушност е на штета на сите во државава...
    Сето ова е последица... не причина...

    Абе не ме интересира штабот кај ќе ви биди, политиките и агендите кои ќе ви бидат?
    Што треба да исполнува една партија, за ти да бидеш нејзин член?
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.