Ако ми се чинеше мене така ќе успееше референдумот.И "браќата албанци " му откажаа.Рачунај сега уште помал рејтинг и доверба имаат. Така да....
Референдумот, за владата, покажа бројки... далеку повисоки од изборните резултати на минатите парламентари избори. Второто е исто... обратно од реалноста.
Да не бидам вулгарна:"Дај не ме јеби на здрав памет". Какви бројки?За што бројки? За што служат бројките?Дека не сакаат Македонците такви промени?Референдумот беше за изјаснување на волјата на народот,и си кажа што сакаше народот.НЕ НА ПРОМЕНА НА ИМЕ ПО СЕКОЈА ЦЕНА. Али милиардите евриќи земени си го прават своето. Нека распише владата предвремени избори па ќе видиме што е реалност.Можеби и грешам,ама фуфки има,ќе остане со 15-20 пратеника ако не и помалце.Штетата што ќе се направи наскоро,никој и ништо не ќе може да ја поправи.
На последните парламентарни избори, владата .. односно СДСМ, имаше 436.000 гласови. На референдумот, ЗА гласаа 609.000 лица. Што ти кажува ова?
Тоа ми кажува дека СДСМ на изборите добила претежно гласови од МАКЕДОНЦИТЕ, т.е. секој поединец си гласал за својата партија.Притоа имало повеќе опции и партии за гласање,а на референдумот гласала цела Македонија-т.е. една опција,(поточно со помош на одреден дел од албанските гласови,дел полнење на кутии,дел принудба на гласачите само да излезат на гласање без разлика што ќе заокружат,дека реално на владата му беше потребна излезност) На пример: Се избира нов директор и кандидирани се 4 лица,а гласачи се вкупно 30. Во првиот круг секој директор ќе добие одреден број на гласови,(еве по 6-7 гласа) нели се повеќе кандидати и има повеќе опции. Ама во вториот круг остануваат двајца и бројот на гласови се зголемува,наместо по 6-7 гласа, некој ќе добие 20 гласа,а ист број на гласачи-30. Зошто е тоа така-бидејќи се намалиле опциите. Исто е и со изборите и референдумот. За избори има повише опции,а за референдумот една.Мислам се е јасно како ден,само зависи кој сака да сфати,а кој носи розе наочари.
Секако дека се сите... ама и во Влада има широка коалиција... На референдумот имаше помалку излезени албанци, отколку на парламентарните. Што значи.... И да ги собереш сосе албанците.. Пак во предност се овие. Затоа и скокаше Заев ко петел за предвремени (јас бев против предвремени). Да не го запреа странциве, ќе напраеше и ќе се устоличеше година плус.
Па тоа ми е зборот.И покрај широката коалиција што ја имаат владата на Референдумот пак не успеаја да направат голема излезност.И таа бројка од 36% -дел се негативни ,дел од нив се неважечки ливчиња и пак сума- сумарум не се ни 30% ЗА. Тоа што ти кажува?Не е алармантно?И покрај сите видни политичари од странство што дојдоа пред референдумот и агитираа да се гласа ЗА?
неважечки имаше околу 20.000, а Против, околу 37.000. Заедно се 57.000. Во однос на тие 609.000 За, многу малку се. Не е воопшто алармантно.
И мислиш дека со околу 609 000 -т.е. околу 32-33% (верувам дека има дел и процент каде што се полнети кутиите),може да прави што сака?А другите 66-70%( што е скоро дупло повеќе?) Се изјасни цела Македонија што прифаќа,и што одбива.Мислам дека мнозинството се слуша,а не обратно.Цел свет призна дека референдумот е пропаднат, т.е.дека Македонците НЕ САКААТ ПРОМЕНА НА ИМЕ ЗА ВЛЕГУВАЊЕ ВО НЕКОЈ СОЈУЗ(А и знак прашалник е дали ќе те примат,или уште господ знае колку други услови и промени ќе голтаме,) Штетата веќе е направена
https://www.facebook.com/events/781624862198381/ Site da izlezitteee , za nasiod kral Nikola, na koi mu pretat so zatvor od soros i selakot od murtino, da go namestat sakaat, narode svesti seeeee !1111111!!!1111111111111111111111
Според мое мислење Груески и не е баш така невин како што се прикажува.Верувам дека контото во банка и ван банка му е со 000000(шест нули) Лапаше и тој неброени пари од државава. Само сомнително ми е кај најдоа баш во Среда во 19:00 часот да се оддржат протестите.Истиот ден и во исто време се почнува со масовниот бојкот,а тука мислам треба да ги подджиме нашите,ќе го посетат Мукоски во Вевчани. Некако не ми е верно се да е коинциденција.
Кој политичар е невин во светот? Груевски го судат заради политички цели, а резултатот го гледаме. Промена на име, идетнтитет, двојазичност и федерализација, ќе има населување и на имигранти.
Јасно ми е дека нема чесен политичар во светот.Но веќе кога се протестира, предност би му дала на протестот/бојкотот против промена на името.Поважно ми е тоа.Се ми се чини дека ВМРО-ДПМНЕ ќе пробаат тивко,стихијно и со разни финти да го спречат бојкотот/протестот за името кој се надевам ќе успее.Кај беа досега ВМРО да поддржат бојкот и излезат на протест на улици,а беа јавно повикувани да излезат и да го поведат народот. Премногу коинциденција во целава работа.
И ти си го видела 'настанов' Навистина... како му доаѓа да бранат криминалец? Не можам да разберам, што всушност бранат? Зошто го бранат?
Барањата од Беса за уставните промени https://republika.mk/977931?fbclid=IwAR1T8oPbTObl_VLNPwqKERKIcuVNQ1T1KkhGdatHRm60HqdOSm7yTJVtjao Ова, моја драга @WildMk го зборев претходно во постовите. Не значи дека сите или некои ќе се прифатат, ама нема ни 2/3 мнозинство тогаш за гласање. Посебно 2 и 4 барање се баш онака COOL Викав јас газ под ќирија,замижи,голтај кнедли и викај УРА. А уште колку вакви "АВТЕНТИЧНИ БАРАЊА" доправа ќе слуашаме и читаме. Ми се плаче верувај кога гледам што ќе стане нашата државичка.
Грујо го судат заради криминал да не бидеме наивни долго време беа на власт, но најголем проблем кај него беше што им беше трн на странците затоаа што не сакаше да се прилагоди на таа страна каде што идеа и нашите соседи, тоа беше главниот проблем и што не најдоа компромис со Грците. Иначе за проекти имаа и и некои ги сработија.