Точно да не треба да се претерува со нивните барања, строго да се држат до Охридскиот договор негова примена и толку.Никакви барања во иднина што се во спротивност од тоа да не се прифаќаат.Да се држат до правата што ги имаат и што им следуваат според закон.А ние Македонците треба да бидеме обединети околку некое крупно Национално прашање за да утре не ни се случи да имаме било какво уценување. Но со оглед на тоа што би влегле во Нато мене ми дава некоја смиреност со тоа што би биле постабилен регион.
Го видов настанов, кликнале going неколку мои пријатели што се либерали и нај анти-ВМРО луѓе на светов - за мајтап, се разбира. Зарем сè уште има толку забеган народ што навистина смета дека е невин и сериозно би излегле на протест за него...?
Има Специ и такви. Од таква особа добив invite за настанов. Нормално, место going идев опција remove friend
Друга работа е тоа што мора владата да почне со имплементирање на реформите кои се од суштинско значење за сите нас, да позајме ако треба и искуство и оддругите земје членки, мора да почнат посериозно со имплементирање на овие работи но и во кооперација со Вмро.
Коста Костадинов новиот портпарол и пратеник од сдс си ја вработил мајка му и на прес збори за антизападното вмро кое 11 години дрн дрн знаете веќе Па да, тоа што гвујо 11 години ја уништуваше ти дава за право да зголемиш даноци за да си ја вработиш мајка ти и оние 300 души шо не живеат у мкд а земаат државна плата да станат 1000 Да дрпаш најмалку 2000-3000 евра месечно и да се резилиш партиски мајка ти да ја вработиш за 20 илјади е најновото дно у нортмакедониџа
На овој сите пресови му се од пред зградата на ДПМНЕ. Ќе се вади на тоа дека има попримено од нив. Данска Тевдовски ја оправдува реформата „прогресивен данок“ со тоа што и во земјите каде што заминувале нашите млади и работници имало такво оданочување. Хехе. Бонус, како позитивен пример за прогресивен оданочувач ја даваат Албанија. Ојј нон.
На Костадинов мајка му не смее да се вработи? Незнам зошто Костадинов воопшто се правда После толку ,,испади,, од ваков тип, незнам на некои луѓе зошто им се чудни овие работи
Мене па не ми е јасно што се потресуваат за воведување нов данок за оние што имаат над 90.000 приход. Спојлер Освен ако не се тие лично. А? Вие сте? Од кај ви се? А трето дете кој направи досега, направи. Остали, разлаз. Го укинуваат законот.
Скалест данок е најдобрата опција која можат да ја воведат. Ако сакате држава, мора да има финансии таа држава. Иначе, ќе нема на што име да клавате...
Нема веќе пари за многудетните семејства од денеска. Исто така, данок на пари кои ги имате во банка. Извадете си ги. Зголемен данок за плати над 90 000. Нешто друго, да не сум испуштила? А да, зошто ми смета иако немам примања од 90 000. АКо ги слушашае екпертите пред некој ден на телевизија, кажаа дека за истата плата у Бугарија, Србија, данокот е 10 %. Сега платите ќе легнуваат на фирмите сестри, и вработените со плата над 90 000 ке бидат вработени таму. ЗНачи не 10% данок, не 18%, сега државата ќе има 0% данок оти се глупи. Помалку данок, помалку во буџетот, повеќе задолжувања. Тоа на сите влијае.
Што ако се на сестри фирми? Се рачуна бруто плата. Или мислиш ќе ја цепкаат на делови, за да не изгледа дека е толкава?
Паметен потег со укинување на додаток за трето дете . Наместо додатокот, со законските измени се предвидува еднократна помош за секое родено дете. За прво дете висината на еднократната парична помош предвидено е да изнесува 5.000 денари, за второ 20.000 денари, а за трето новороденче 60.000 денари.
За се си во право,плус заборави да споменеш дека со зголемување на данокот за тие што земаат плата над 90 000 ден почнува да се зголемува сивата економија,која едвај некако се доведе до некој ред.Ќе се договараат вработените(што земаат толкави приходи) и газдите, дел од платата да ја примаат преку банка(да не се надмине лимитот пд 90 000 ден) а дел на рака. Ова нема да важи само за буџетарите( судиите,пратениците...) А приватник што има приход од 90000 ден и повеќе значи го заслужил тоа,работел,се трудел, вложувал и слично. Жално!!
Јас сум за прогресивен данок, колку е нешто поскапо/повисок профит, толку да е повисок данокот. Како во Скандиваија што плаќаат за автомобил скоро 100% данок, на пример...
За прво дете скоро секоја општина дава еднократна помош од 5000 ден, ако не и повеќе.Не се некои пари без кои не можеш да преживиш. А за трето дете еднократно ќе биде 60 000 ден,што искрено не е ништо во споредба со претходните придобивки што ќе се земаа за трето дете. Според мене владата ќе згреши ако дефинитивно (уште не е изгласано)го укине надоместокот за 3 дете.Тие пари месечно се добредојдени и навистина потребни за секоја фамилија со 3 деца.
Можеби.. а можеби и ќе профункционира. Ќе видиме колку 'ќе соберат' и како планираат да ги 'соберат' даноците.
Не беше соодветна мерката за трето дете. Џабе го зголемуваме наталитетот, кога ионака немаме услови да ги вработиме сите. Мора да се овозможат услови за поголем ГДП, па луѓето сами ќе си раѓаат и 3-то и 5-то, ако не им е проблем да се вработат, и секој пар да си е финансиски независен и економски одржлив. Јас поддржувам. Убаво е да има 'луксузи' кои ги дава државата, ама за да дава 'луксузи', мора да заработи прво
Образложи на кој начин паразитско?? Зарем децата паразити се? Не е трајна исплатата за 3 дете,10 години е.Зарем тоа дете што ќе се роди 3 по ред нема да се школува?Нема за него ништо? Се чудам колку закоравени сваќања имате.Се срамам од ова што го читам.