Паразитско е, затоа што не е одржливо. Ако немаат работа, ни родителите, ни децата кога ќе пораснат, како ќе се хранат? Пак ќе мораат да бараат социјално и не знам што. Затоа и несоодветно е да стимулираш наталитет, во услови во кои и 'веќе родените', не се економски стабилни. Затоа и толку кредити назмеавме. За пензии и плати да се исплатат земаше кредити минатата влада. Тоа е недомаќинско работење.
Младите во 20тите години, во период во кој треба да допринесуваат во државава се принудени да се иселуваат, ама затоа ќе финансираме родители да раѓаат. Нови патеници ни требаат. Децата беа гледани кроз призмата на пари, знаеш колку имам слушнато и од наши и од албанци и од роми, дека ќе побрзаат за трето за да земале месечен надоместок, не бил мал. Кој ќари најмногу од законов ? Ромите, ќе се согласиме ?
А што сте се засекирале вие за тие деца,имаат родители тие нека му ја мислат.Дај тогаш сите по 1 да раѓаат па може ќе има повеќе работни места во државава Тој што сака да работи,ќе најде и работа и се.Мрзлив човек е непродуктивен човек.
Кај ќе најде? За 12000 со три деца? Или на 'државно', кое е цицачка функција? Морам да се грижам за сите, затоа што сите сме заедно во оваа држава, и поврзани се моите пари, со нивните пари, со сечии пари.
„Паразити“ се родителите што родиле трето дете? Ај да им предложиме и амандмани. Сите тие што родиле трето да ги вратат парите што досега ги земале со камата, бидејќи и тие учествувале во „грабежот“ на буџетот. А тие што немаат да ги вратат, да се осудат на затворска казна и да си одлежат. А третородените слободно да ги остават пред прозорците на владата и министерствата. Па одвреме навреме Зоче и Радојка може ќе отворат прозор и ќе им фрлат по некое фстаче во уста. Да преживеат додека родителите не им одлежат за „паразитството“.?! Може вака?
Извини колку години имаш?? Никој не те тера да се иселиш.И овде ако го испотиш малку задникот може да егзистираш.Мислиш во странство мед и млеко е?Се лажеш. Разбирате дека тие пари се трошат претежно за децата.Се купува облека,обувки,храна за нив.Дури и не е доволна понекогаш,ама фала и на тоа што го даваат.
Да не одиме во екстреми. Ако државата не вади доволно пари, за да ги покрива издатоците, тогаш е паразитска држава. Никој нема против некој да има 3то дете. Но каква иднина ќе има тоа дете, во држава која основните потреби не може да си ги покрие: Како здравство и образование?
Па нели се стремите кон Европа,ете ќе влеземе во ЕУ и широко ќе ни се отворат разни врати и можности за работа и вработување,таман ќе ни пораснат децата и ќе стасаат за вработување. Не се тревожите толку за родителите на 3 деца, ќе има за сите.
Супер, раѓајте деца, за да егзистираат не за да живеат. Нека фигурираат во бројката за наталитет. Тоа беше само мерка за купување симпатии и гласови. Ги заболе нив за наталитет и месечните приходи за едно новороденче. Мерка за гласови и ништо повеќе.
Затоа што не оди така. ЕУ може да ти помогне, не може да ти ја заврши работата за тебе. Ние ќе мора да направиме стратегии, и да ги спроведеме. А за тоа треба време.
Како претходната влада имаше доволно пари за се? И како овие немаат пари за ништо што го олеснува животот на обичниот граѓанин, само му накалемуваат нови давачки и бремиња? За трето и повеќе деца мора да се има пари, ако сакаме држава. А овие средства сега знаеш каде ќе се пренаменат? За спроведување на двојазичноста и касапење на она што остана од нашава сирота земјичка.
Немаше претходната влада пари за се'. Затоа и толку кредити земавме. Пишав веќе... За пензии и плати на буџетари се задолжуваше минатата влада.... Да не збораме за друго.
Ај кажи ми колку беше задолжена претходната влада а колку сегашнава? И каде одеа парите претходно, а каде одат сега? Го гледаш ли ти воопшто задилжувањево што секојдневно го прават, а за што? Гледаш ли барем на едно поле ефект и бенефит од ова галопирачко задолжување?
Прво не ми одговори колку години имаш? Второ, егзистенција е живеење на живот,опстанок, секојдневни обврски и делувања( не преживување за корка леб) не знам како да ти објаснам на друг начин. Трето,баш ми е брига дали реформата на ВМРО била популистичка,за сите ние што земаме е добродојдена. Нека ја задржи СДСМ па ќе добие гласови тогаш.
Па никој не рече дека ќе ги оставиме децата на улица.Сите ни се исти под еднакво.Кој колку е способен нека се снајдува. Ако чекаме на стратегиите во ЕУ,матна ни е работата.
Читај статистики и факти. Факти не се муабети уз мезе на масата во штабот. 55 Аха и ти земаш. Епа супер. Ќе продолжиш да го земаш надоместокот, законот важи за идни новороденчиња. не се секирај
Тоа е проблемот, што треба 'да се снајдува'. Дали ќе најде работа, колку ќе биде платена, дали има доктор, дали има школо, дали има... Ништо нема....