Па немаше ни тогаш компјутер за секое дете. Знаеш дека не се користат ни таблети ни компјутери што купуваа? Само ги фрлија парите, за да земат провизија. Проектот не успеа. Се задолжува оти има доспеани кредити за плаќање, оти државната каса е празна.. буквално. А профит не правиме доволно. 40% од приватните фирми во Македонија се во сопственост на Груевски и фамилијата. Затоа и растот е 'паднат'. Тој цело време си беше таков, само Грујо уас кукинг д букс. Дури не му помини низ прсти, ништо не се објавуваше во јавност. Се' со негово уредништво добивавме информации Затоа изгледаше дека 'лета магарето'... кое всушност беше пцовисано веќе 7-8 години уназад.
баш така. Македонија ти е како касичката гица прасица што ја имав со брат ми, заедничка. Двајцата гледавме колку можеме повеќе да земеме од неа, и тоа скришно, а и двајцата не дотуравме у неа.
ти кажав за што им требат пари - за спроведување на двојазичноста кој ќе биде бунар без дно, за плати и пензии (дур можат да го држат Фондот да не рикне, а ќе рикне). со еден збор - за погреб на државата. А после ќе ги снема од земјава сите топтан што сега седат во Белата ни куќа. По нив потоп ќе биде.
Добро е ако има ваков приход за секое дете, и треба да има ваква помош зошто значи и помага, треба да има вакви пакети.
Па нормално ќе земаат за плати и пензии и за се', кога нема од каде. Разбираш дека и претходно беше така.. Не се магионичари да произведат пари наеднаш.. Мислам, можат.. ама само инфлација и девалвација ќе направат, ако испечатат без покритие. Немаме покритие никакво. Немаме извоз.. не покриваме ни внатрешна трговија, увезуваме се ' и сешто... Катастрофа сме економски.
ох мони. А нели е подобро, тој огромен дел од буџетот да идат за директна инвестиција и проект, за подобрување на стандардот на сегашниве граѓани ? Нека го качат стандардот, па ти ако сакаш да бидеш мајка на 3то дете, нема да мора да чекаш 9000 денари ( или колку и да се ), од државата за да дадеш леб на своето дете. Туку ќе му го пружиш сама.
Друже штета сто немаш повеќе деца, навистина.Верувам посреќен и не толку полн со омраза би бил кон многудетните семејства.Секое со својот к'смет. Инаку инфо :Денес пуштија 8000 ден за трето дете Со здравје да си ги трошат децата. Па може еден ден ќе се свестиш што си пишувал.
Уште да имаше можност, родителите на тие деца да се вработени и да земаат по 800 евра плата секој.. Немаше ни да им требаат тие 8000
Со здравје да си ги трошите. Не мразам јас деца, децата не се криви, туку возрасните кои гледаат да злоупотребат се што има потенцијал за злоупотребување. А типичен пример за злоупотреба беше меркава.
Ме интересира дали до сега имаше помош за 1во дете ? Не зборев за 3 то генерално зборев дека треба и за 1и за 2 и за 3да има помош. Се слагам дека треба да има инвестиции за да се покачи стандардот.
Искрено јас и ММ земаме заедно скоро1000 евра плата па и овие плус 8000 ден добредојдени ни се.Утре ќе им земам на сите три по еде пар чизми и некои други ситници.Ќе им пазарам за јадење за недела дена и отидоа парите.Ама фала им на ВМРО што ни ги даваа,заштеда имаме од 150 евра секој месец.
Епа ако земате 1000 евра, јас би да плаќате повисоки даноци, од оние кои живеат со вкупен приход од 500 евра.. пример...
Друже не води ти брига за децата и родителите.Секое дете ќе си биде школувано каде сака и кога сака.Пари требаат и после 10 годи од кога ќе направат децата.Тогаш се вистинските трошкови за се
Не сум и јас крива што земаат 500 евра.Кој колку учел толку и ќе заработува.Некои и повеќе од мене заработуваат па никому ништо