Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685
    ^ Ќе нарекувам „стока“ секој кој, кога ќе ме види со полусвесно дете во раце, ќе ме одмини со зборовите „Одете на друга клиника, тука нема дежурен заради штрајкот“, а плата зема од мене, тебе, него, неа, сите нас.
    Тоа што многу учат и стажираат е нивни избор, не мој, и тоа апсолутно не ги прави богови. Почитувам ЛУЃЕ, не дипломи, ниту ега. Хуманост пред се`!
     
    На kravce, DeMelo, imelda и 5 други им се допаѓа ова.
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Ако сум јас доктор и верувам во своето знаење, искуство и ако државата не ги исполнува моите барања (или очекувања), едноставно ќе напуштам работа. За способни доктори има работа секаде. А да држат работно место и во услови на штрајк да не примаат болни е недозволиво. Едноставно професијата им е таква што тоа е недопустливо.

    А тоа колку време студирале и се усовршувале е само нивна определба.
    Правниците не се едуцираат секојдневно?
    (хехе ако им ги усвојат амандманиве на ДУИ правниците ќе учат не 23 туку 46 години додека ги проучат)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Абе како можат да напуштаат работно место , ајде на пожарникарот нека му текне да ја напушти работата на сред пожар, пилотот на сред лет и нека кажат дека штрајк било. Како не им е срам ова го има само во нашава држава . Си има органи што си ја вршат таа работа ете нека си го ангажираат синдикатот , здружението на здравствени работници или нека штрајкуваат после работа, а не застанале со цигарите во уста на улица и штрајк демек половина час аха половина час додека излезат половина, додека се вратат половина и половина на штрајк едно работно време , а пациентиве нека умираат. Абе ако не им се работи ајде пријатно има други што чекаат на ред.
     
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Уште нивните амандмани ни фалат, малку слушам секој ден законот не ни чини, ни гледајте по него, а од кај да учиш кога нема книга, и кога се утпеаа од копирање туѓи закони, и незнаат да преведат асално директиви па имплементираме глупости, па после којко ни е крив.
    Да не должам многу за правото,зашто ќе го искривиме уште толку.
    За господава лекари, текстот на страната кој го постирала мими вели почитувајте ги докторите(лекарите) а дали тие не почитуваат нас? Почит ли е на пациент, да ти вика ич не ми гајле што ти чекаш од 8 саат јас сум на пауза ќе чекаш уште толку да го испијам кафето?
    Почит ли е што требада фаќаш трита врски за да се снимаш или ехо да праиш а живото ти виси на конец?
    Ма оние немаат ни почит ни жал ни трошка хуманот(не сите, секогаш има исклучоци да се разбереме)
    Јасно ми е дека им се не толку големи платите, ама накого го истурат тоа, на народот, нека ида бре на владата така да им се понаша, т.е они упс идат у сиситина на приватно не на државно или коа ќе дојдат ги тинтраат до неба.
    Зашто пола и поише од лекарите очекуваат да му се клањаш кога ќе изврши некоја рутинска операција ма и било каква, и да го сипаш со виски и бомбоњери?
    Тоа не е привилегија, тоа ти е должност, зимаш плата за тоа секој месец.
    Новиве измени за плата по учиок изгледаат фер но секогаш има и друга страна на приказната, не сум доволно упознаена со случајнот.
    Али дека се толку неплатени и утепани не се.
    Сите зимаат месечно по 100 евра и јаче од фарамевски компании надоместок демек им се конслултантни нмв зашто зимаат и како, битно лапаат пари екстра.
    И пак им е малку?
    И доста со таа надменост што сакат да ги викаш докторе, јас незнам судија надвор од работно место, што истакнува дека е судија или па адвокат и сака да му се тресат зашто завршил некој случај на време.
    Сите учат на факултет не се само они, сите се надградуваат во денешно време.
    И да не го заборават Хипокрит и нивната заклетва или па свесно станаа хипокрити со она другоно значење |(
     
    На LilBaby, Moira и JuLleE им се допаѓа ова.
  5. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Истото и пак истото , а г-дата судии зимаат 900000 плата така да ве молам не споредувајте, јас за годините за учење ви ги нагласив колку тие инвестираат во себе каква одговорност имаат на работата а колку малку се платени , и токму и тоа се случува најдобрите лекари заминуваат на приватно и таму ви се богови оти треба дебело да ги платите , младите заминуваат во странство , не знам на кој не му одговара на најстручните лекари да останат во државното здраство и кога недај боже ке имаш потреба ке одиш на приватно ... а и таков кадар посебно субспецијалисти тешко се стекнува и лесно се губи , не знам што ви смета што сакаат да бидат платени за сработеното и за инвестицијата во себе и макотрпното учење , штрајкот е уставно право наместо да ги нарекувате стока и ѓубриња зошто не речете зошто властите не го решат проблемот со лекарите , лекарите не се криви што сакаат да бидат платени за нивната работа. И да не мешајте имало вакви и онакви секаде има и стручни и нестручни луѓе во професијата и да ги дескредитирате сите . И да ги ценам и за мене хирургот што ја оперира тетка ми и ја спаси е светец , и јас не сметам дека тој само својата работа ја работел .. никој не гарантираше дека ке преживее тој успеа и вечно сум благодарана. И да тие турканици и чекање што ми ги спомнувате , се токму од немањето доволно доктори посебно квалитетни оти многу од нив сега се на приватно или во пензија ,па овие малкуте што се неможат да се справат со сите , на здравството му треба многу реформи лекарите се најмалку криви што не функционира, треба да бидат платени како што заслужуваат , треба да се обучува и вработи нов кадар, треба реновирање на болниците , треба нова опрема а не закани на тие што се столб на здравството.
     
  6. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685
    БАШ заради нивната „хумана и ценета“ професија не смеат да си дозволат вакво неработење. Не можам и НЕМА да ценам човек (пред се`) што не гледа друг човек во мака, туку својот џеб!

    Кога ќе дојдеш во момент со години да плаќаш за ова здравство и некој да те мафта оти не му се свиѓала политиката на владата (???? што врска имам јас, како граѓанин, со тоа ???), а притоа да ти страда твоето најмило - дојди и кажи ми дека се во право, и дека треба уште и да им се извинам што им го прекинав пиењето кафе за време на штрајк!

    Никој не оспорува дека условите се за никаде, или дека платите им се ниски, ама на овој начин (на штета на невиниот човек) да си ги бараш „правата“?! Море нека се гонат сите, да не кажам каде....
     
    На DeMelo, JuLleE и Hipster им се допаѓа ова.
  7. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Докторите не ја водат политиката за здравство тие се дел од системот и тие се осигуреници и граѓани , нашето здравство е заостаното бидејки не се инвестира во него и во човечките ресурси , не знам што не ви е јасно дека штрајк е легитимно право , и не знам како ви одговара да бидат пациентите учинок , сакате човечкиот живот да биде норма :^) и да баш кога ке ти удри по џебот се жалиш и на нив им треба егистенција и пристојни услови за работа ... и како осигуреник треба да те загрижува какава е политиката на здравство бидејки здравствениот систем е основа на секоја земја ....
     
  8. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    3.666
    Со самото тоа што штрајкуваат ја прекршуваат Хипократовата заклетва.
    Не смее да биде вака !

    Тоа што го имаат нека си го решат со државата, премиерот... Не мора некој што воопшто не е виновен да страда за тоа !!!
     
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.679
    Допаѓања:
    253.179
    Од оваа учење и инвистирање на докторите ми се лоши.
    Медицината најтешок факултет, најтешка работа, како останатите професии да се ветар и магла, како да немаат своја тежина. Ви се молам. Досадни се со тој муабет.
    Се согласувам дека бара учење и посветување, ама во било која останата професија, доколку сакаш да се доградуваш и напредуваш ти требаат речиси истите години.
    Еве колку за споредба да го земем Правниот факултет:
    -За додипломски 3 години.
    -Мастер 2 години, со пишувањето на трудот и одбраната те фаќа 2 ипол до 3 години. Тоа ти околку 6 години.
    -Стажирање една година.
    -Полагање на правосуден.
    Ова е доколку сакаш да работеш како адвокат или правник во фирма.
    -За судија, извршител, нотар ти требаат нотарски/извршителски испит и секако 5 години искуство. Веќе се 11 години.
    -За судија и ј.обвинител ти треба Академија која е 2 години, и тоа се некаде 13 години. Зборуваме за судија во Основен суд и ОЈО. За Апелација и за Врховен ти требаат плус 10-ина година.
    За да се запишеш на Академија ти требаа еден куп сертификати кои вредеат неколку илјади евра.
    За да бидеш судија во Апелација ти требаат и добри врски.
    Значи поентата ми е, не е само медицината каде што треба учење, посветување. За да заработуваш како правник ти требаат години, исто како и кај лекарите. И кај останатите професии е истото. Затоа доста веќе со овие изговори. Егата на лекарите им се кренати до небо. Се сметаат за привилигирани, чиниш се луѓе од посебен ранг. Овие нашиве не знаат што е хуманост.
    Но оваа веќе е проблем и на Владата. Мора да се реагира затоа што повеќе не се во прашање само лекарите, туку и пациентите. Ама кај нас работите не функционираат, Премиерот има други поважни работи, сигурно смислува кој јунак да го смести на плоштадот, како да им ги крене пензиите на пензионерите затоа што избори се ближат.
    Нема да ме чуди да излезе и да каже дека пак Бранко е крив.
    Крив е што вчера не добивме датум за преговори, деновиве очекувајте го Латас да излезе со ваква изјава, дека е виновен и за штрајкот на лекарите.
    Мизерија!
     
  10. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Како ја лупна само цифрата незнам. |(за таа плата која ја земаат судиите работат душо,работат,не пијат кафе по цел ден,и не е ни приближно до оваа цифра истресена од ракав.

    Сакаш да ти кажам за еден доктор во внатрешноста на Мк,како се испонаша на жена со мало дете.Еве,жената го носи девојчето во недела затоа што кашла,а на господичниот му го прекинале кафето,а и плус нели нервозен оти е на дежурство,и и побара 400 денари за прегледот затоа што не било воопшто итно,т.е можело и утре да го донесе девојчето.Лекарска етика?!? :fubar:
    Жената имала само 200 денари со неа затоа што никој нормален не побарал толку пари зa обичен преглед со сини картони,само затоа што е недела,а и плус не било итно,па му рекла ќе му донесе до вечер или утре.Докторчето и ја задржало книшката за да не може да ги земе ниту лекарствата на детето што и ги напишал ако претходно не донесе пари.

    Ете кои видови на доктори штрајкуваат!Информација од прва рака,на познаничка и тоа случка не постара од 2 месеца.
    Море и многу ги плаќаат за нивната ''работа''.
     
  11. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Мими а докторите не знаеа колку се движат платите за таа професија (ова демек мали им се) пред да се определат за истата? Знаат Мими, знаат, само они се преценуваат, се поистоветуваат со божества.
    Треба да се сложиме дека при упис на медицина во добри 80% при упис, студентот има генетски предиспозиции да биде доктор. Па тој некој бруцош знае колку и како заработуваат мама, тато и тн. Јас не познавам доктор кој не е ситуиран. Можеби не е тоа од бомбоњетите туку од кешот во нив ( за ова има и докажани случаи, се сеќавате нели).
    За самиот факултет ... секоја планина своја тежина.
    Јас на пример завршив земјоделски факултет (аха и јас така мислев, таму си играат каубојци и индијанци).
    Ние наместо анатомија (на еден единствен вид -човек), учевме анатомија на 130 инсекти. Ботаника на преку 500 бидови растенија. Хемија, фала богу иста како медицинската (друга нема измислено) и ред други предмети кои беа 42 на број , а 36 од нив содржеа општ и специјален дел (сума сумарум 36*2=72+6=78). И на улица никој не ми вика госпоѓо инг.агроном , а богами тежок беше факултетот.
    А за одговорноста... па да само нивната професија е одговорна.
    Ние на пример агрономите мака си немаме. Да се случи еднаш некој агроном да ја утне работата и да ја уништи реколтата, нема да може да излезе и да каже со фаца демек толку многу му е жал што едвај чека да му се мавнете од пред очи, жал ми е. Баш ни е гајле што можеме народ да испотруеме, па има доктори ќе ги лечат ... само да им помине штрајков.
    Оној па работникон од семенарна јак штик ако набави некое семе од Чернобил. Нема тој одговорност.

    СДК одговорноста човек или ја има или ја нема, независно од професијата. Ти текнува?
     
    На Ariel, imelda и Hipster им се допаѓа ова.
  12. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    вака во врска со ова штајкувачите доктори, бев многу изиритирана. овој викенд на излегување се видовме со еден доктор од клиника и јас фино лепо почнав да го напаѓам .велам како не ви е срам имате ли малку човечност , каде ви е хипократовата заклетва и сл? и тој вака ми одговори вика тоа што го кажуваат и го пумпаат во вести не е точно...секој кој дошол во критична состојба сме го примале...а другите за лекови препишување, рутински контроли вели , ги враќаме...малку ми беше глупо што веднаш го нападнав без да го ислушам , така да не судите одма и не по она што го кажуваат на вестите..погледнете ги сите страни...
    не ги оправдувам што штајкуваат и во овој случај да се разбереме :!: ама сепак подруго ми е мислењето сега...
     
    На Nymeria и mimiiiii им се допаѓа ова.
  13. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Цифрата не ја лупнав , таа си е има роднина а судија и таа му е платата , а нема корумпирани судии има, како што има доктори и недоктори .... Муабетот дека секоја професија си има своја тежина е точен ама сепак на крај докторот има во рацете живот .... а муабетот споредба земјоделски и медицина смешен , без навреда ама јас имам завршено економски и не го спореддувам според тежина со медицински , електро инт ...И излезе докторите кафе си пијат а ? ништо не работат , да се истребат море ... а за местото што велите дека некој чека додека штрајкуваат , специјалистите се редок кадар не само кај нас секаде во светот , нема невработени специјалисти туку голем недостаток ... и поентата ми е тоа дека немаме доволно стручен кадар бидејки најстручните веќе заминаа во приватно , младите доктори нема кој да ги обучува а и н немаат ни воља со тие плати , имаме потреба да го задржиме стручниот кадар ..
    И нема повеќе да коментирам познавам многу доктори и ни еден не се мисли божество , и не си пие кафе на работа , туку по цел ден работат и кога ке си дојдат дома пак ке се најде некој со мака и ги викаат ..
    Штрајкот настрана оправдан, неоправдан .... факт е дека не се платени како што заслужуваат ... и безобразно е што за изолирани случаи ги дискредитирате сите доктори многу од нив својот живот го посветила на медицината и пациентите ама пак се стоки бе срам да им :D
     
  14. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Прво, да, не може да се споредува медицински со другите факултети и доктор со другите професии, колку сакате наведувајте факти, медицински ќе си остане најтежок и најстресен по учење и професија.
    Проблемот со медицината е што не може да се вреднува по тоа колку луѓе си излечил (освен нели таа духовно-етичка вредност која лично би требало да ја доживува секој доктор).
    Замислете како би било вие да земате плата по учинок.
    Е сега, проблемов со штрајков, односно со реформата за плата по учинок е што настана тешка генерализација, и со тоа, квалитетните доктори изгубија дел од заслужена плата, а овие клошарите си го искористија штрајкот за да испијат плус уште едно кафе.

    Со реформата, се направи огромна грешка, не зборам од аспект на заслуга, не сум запознаена кој колку работи, туку од аспект на функционалност. Сега брзо баш една другарка кажуваше како за еден обичен преглед за настинка и препишале инфузија или инекција, не сум сигурна точно, колку да се пополни нели таму што и да имаат да достигнат, одреден број на пациенти. Со ова, значи непотребно ќе не полнат со лекови, губиме и ние од нашиот џеб, нашето здравје, а и тие од нивниот џеб под дифолт со реформава.

    Дека не се сите заслужни да земаат иста плата, не се, ама со ова само ги влошуваат работите. Министерот требало подобро да ја разгледа идејава пред да ја стави во функција. Оставете вие рекламата што оди на МТВ, реалноста не е толку едноставна.
    Не сум сигурна сеуште дали ги поддржувам или сум против лекариве, дека не е етички да се остават пациенти да чекаат или да се занемаруваат, не е, ама па, во секоја професија го има тоа, во секоја државна институција. Како што нема чесен судија така нема и чесен доктор, чесен човек итн...
    Едноставно, секој си се бори за повеќе и тоа е тоа, таква ни е државата, не доведуваат до тоа да се убиеме меѓусебно.
     
    На ljubam, zhap4e, BoaVista и 3 други им се допаѓа ова.
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Нема да коментирам за штрајкот, конкретно за ова ќе се надоврзам

    Јас разбирам дека министеров ни е правник, ама барем нека соработува и нека се консултира пред да донесе некои реформи што не држат место. Во здравството едноставно не може да функционира ваков систем. Што би рекол татко ми - секој пациент си е приказна сама за себе. Хирургот кога оперира слепо црево може да ја заврши операцијата за пола саат, саат, два, но и за пет. Може да се јават компликации, слепото црево да е пукнато, па операцијата да трае подолго. И зошто сега различен труд да се вреднува исто? Таков шаблон овде не може да функционира. Во здравството 2 + 2 не е 4.
     
    На zhap4e, BoaVista, Edie.S и 2 други им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.679
    Допаѓања:
    253.179
    Колку повеќе ја надбљудувам и анализирам состојбата со штрајкот и лекарите, толку повеќе почнувам и да го менувам мислењето.
    Точно е дека се корумпирани и дека никој не се вози во југо, туку сите имаат станови и вили, ама настрана ова, во прашање е законски определената плата. Токму таа е мала и смешна за обемот на работа на еден лекар. Колку за споредба еден судија во Апелација зима 90 000 денари, прогамер исто толку, или околу, сеедно, битно е дека се повеќе платени од лекарите. Истотака да не ги заборавиме и мизерните услови во кои работат лекарите. На клиника е хаос. Мизерија.
    За ова се во право и имаат право да штрајкуваат. Но страдаат пациентите. Нехумано е, неблагодарно, ама се прашувам дали воопшто постои друг начин како да се реагира.
    Кога работниците штрајкуваат, штрајкуваат против работодавачот и тој е единствениот виновник за условите и единствениот кој може да ги реши. Во овој случај тоа е Владата. Очигледно е дека платата по учинок не функционира, нека најдат друго решение, на друг начин нека ги средат оние лекари кои не работат. Вака, не иде работата.
    А тоа за најтешок и најстресен факултет, реков еднаш дека секој факултет, секоја професија си има своја тежина. На крај, ти си тој што одлучува што ќе студира. Во прашање се покомплексни проблеми, на пример како Клинички да заличе на место каде што ќе се лекуваат пациентите, а не на штала.
     
    На BoaVista, Hipster, Filiposka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Не дека ова лекариве не е мал проблем,али една пошокантна вест незнам дали слушнавте на тв што кажаа за парното?
    Ако не платат толификаија до петок пари што и должат на макпетрол, овие нема да им доставуваат гас и уште нешто мислам, и аш парно :drunk:
    Уште тоа ни треба.
    На повеќето не им гајле дека немаат парно, али ние што живееме у станови и те како ќе испомрзнеме квалитетно, а секо месец по 5000ки не бричат :x
     
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Штрајкот е демократско право во секоја демократска држава и не гледам причина зошто и лекарите не би можеле да го остварат ова право, секако под услови предвидени со закон и не на штета на пациентите. А колку што разбрав од телевизија, итните случаи и операции се извршуваат без застој и се додека е така, ќе бидам на страната на оние кои што штрајкуваат :!:

    Мене едно ме чуди, зошто и во оваа ситуација кон лекарите се покажува со прст демек само они се лошите?!? Демек они враќале пациенти и не биле хумани? Па што не се чукне малку и министерот за здравство во глава и да си рече стој, чекај, не може ова вака, не може пациентите да трпат, дај да седнеме и да најдеме заедничко решение. Не ми е јасно како може да си седи мирен, а цела лекарска фела и интелегенција му се кренала на нозе и штрајкува :x

    Точно е дека професијата лекар е можеби најхумана професија, ама тоа никако не може да им го ограничува правото на лекарите да штрајкуваат. Што ако утре некој им нареди на лекарите (со извинение на изразот, ама така е) и г***а да јадат и да лечат, што треба, да ги јадат и да си ќутат?!?

    Последно што слушнав е дека им ги намалиле платите на сите што не потпишале дека нема да штрајкуваат :x Па што е бре ова луѓе?!? Диктатура или што? Да неможе човек да изрази незадоволство преку штрајк, кој пази, ама е загарантиран во највисокиот правен акт во државава - Уставот?



    Туку и од Европа пак добивме шлаканица :( Жално.
     
    На Edie.S, AnaKarenina, mimiiiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.250
    Допаѓања:
    140.557
    Јас, искрено, воопшто не сочуствувам со докторите. И верувам дека секој што се шлаел по клиника, има ист став како мене.

    Второ, секогаш го кажувам тоа што го кажа сањаева - па и пред да се запишат на факултет, знаеле колкава ќе им биде платата, ако ги мотивираат пари ич не морале да студираат медицина и да се мачат толку време.

    Одамна се имам изјаснето дека нема лесни и тешки факултети, перспективни или неперспективни, ако нештото го сакаш, и ќе го завршиш како песна, и ќе најдеш работа. Ако си просечен, не се мавај во гради. Не се доволно 6 години учење за да бидеш бог во едно општество. 6 години се помалу од 10% од животот.

    И професорите кога штрајкуваа им намалија плати, дупло ги работеа деновите, не го добија тоа што го бараа, ама не се крена тогаш толку џева. И да, и тогаш беа сите против наставниците и никој не сочувствуваше со нив.

    Кај еден член од моето семејство пред некоја година платата им ја намалија на сите, за да ги наградат надобрите. Баш како сега ви клиника. Зборувам за фирма од 3000 вработени. Ама знаете сега колку повеќе се трудат?

    Јас верувам во плата по учинок, во било која професија во Македонија. И верувам дека само така може да се мотивира квалитет.

    И нека не ми кажуваат дека на тој начин малку време ќе имаат за секој пациент. За жал, сум била на лекар во Германија, Холандија, Словенија, Хрватска, Бугарија и Србија, и знам и таму колку време посветуваат, и тоа врвни доктори. Никој не издвојува по 1 саат за еден пациент. А и не мора, спремен е и има искуство да ти каже се што има за 10 минути.

    А и тука мене не ме оперираа за 15 минути, туку добри 3 саати. Кај добро платен доктор во приватна болница. Ама бил квалитетен и го земале таму.

    Туку не дојдов во темава за да пишувам за докторите, туку за ЕУ.
    Ништо ново, никакво изненадување. А не е ни важно.

    Многу е поважно да се оправиме и да им ги искористиме и тое малку пари што ни ги даваат, а и не се така малку. Искористеноста на ИПА е катастрофа, од што сме ние паметни и вредни. А за тоа не ни се криви ни Грците ни Бугарите. Само се маваме во гради, а врска немаме. И не сакаме да дадеме ни денар работата да ни ја заврши некој што знае како. Пошто ние сме најпаметни и најубави.
    И после од кај докторите биле такви... ех, да се само тие...
     
    На Hipster и Acerola им се допаѓа ова.
  20. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    6 години е само за општ лекар , за специјалист ти требаат минимум 12 .. во Германија велиш братучетка моја која е доктор незадоволна од 25 те илјади научи јазик и замина во германија платата и е сега 6 илјади евра споредба ? не е реално кај нас 6 илјади евра ама заслужуваат повеќе ... Боа Виста убаво кажа разумен човек :D
    За плаќањето по учинок , не знам на кој пациент му одговара, мене лично не сакам докторот да ме гледа како учинок и да брза кон наредниот пациент оти реално кога ќе му удриш по џеб така ке те гледаат и тие имаат фамилии за ранење, не се работи за произведени производи норма , туку за луѓе , во здравството не може така..