Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.806
    Пол:
    Женски
    Отчет никој нема право никому да бара. Тоа е нормално.
    Ама брате мили, богами како личност без еден работен ден, стаж во државна администрација, стварно ми е без веза тоа што административци повеќе од времето го поминуваат овде низ социјалните мрежи отколку работно.
    А најгласни се при жалењето од тоа колку се платени и условите за работа.
    Закон некој за таквите?
    Секоја чест на искличоци .

    Да не се разбереме погрешно, немам претензии за работа под државна капа, зсдоволна сум од тоа што го работам.
     
    На M&M, anaja1, iki26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Абе луѓе сватете парите не ги гледаат децата.Добредојдени се,да-ама кога е болно детето навечер родителот виси над глава,се грижи,пружа љубов,нега,соодветна помош.Тогаш ниту ти,ниту јас, ниту никој не не занима како ќе се справат со тоа болно дете. Тогаш не вика родителот кај те родив,кај се зафркнав за пари,туку прави се за тоа дете да биде здраво,право и среќно.А парите-тие се само олеснителна околност на родителот.Парите се трошат за тие деца:храна,облека,млеко,памперси,и ред други работи.
    Лично мене тие пари ми ги покриваа скоро сите трошкови за двете деца додека беа помали(АД млеко,памперс..)
    Сега со тие пари им купувам храна и дел облека.
    А лоповите во собранието,судовите, докторите и многу други никој не ги споменува.
    Нели оние лоповите во ДИК што беа 14 плата земаа,плус дневници и што уште не.Си напуштија функција откако се наполнија со пари.
    Таму викајте,урлајте, бунете се.
    Оставете не нас.
     
    Последна измена: 9 ноември 2018
    На orevokrsacka и anaja1 им се допаѓа ова.
  3. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.268
    Допаѓања:
    39.741
    Пол:
    Женски
    Можеш до сабајле да се убедуваш со мене, тоа нема да ја смени реалноста. А тоа е дека огромен процент на 3ти деца се плод на финансиското љубие на нивните родители.
    Да живее многудетната Ромска Македонија. < 3
     
    На Asparagus, Tanjamm, galapce и 2 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.332
    Се воведува додаток за прво, второ и трето дете

    Со предложените законски измени не се укинува надоместокот за трето дете, туку се унапредува во право на користење на надоместок за прво, второ и трето дете. На овој начин се проширува правото на користење на еднократна парична помош за новороденче и се дава можност на истото и за второродено и за третродено дете.

    Исто така се прави прогресивно зголемување на износот. За прво дете висината на еднократната парична помош предвидено е да изнесува 5.000 денари, за второ 20.000 денари, а за трето новороденче 60.000 денари, соопшти Министерството за труд и социјална заштита.

    Истовремено, освен што ќе добиваат еднократен надоместо, на сите семејства кои се со минимални приходи и корисници на социјална помош им се овозможува пристап на правото за детски и на образовен додаток, чија крајна цел е да се намали детската сиромаштија.

    ,,Додаток за трето дете беше наменет кон зголемувањето на наталитетот, но податоците покажуваат дека самата мерка нема никаков ефект врз наталитетот. Стапката на наталитет опаѓа, од 13,3 во 2001 година до 11,1 во 2016 година.

    Исто така овој додаток бидејќи не беше наменет за сиромашните лица, додаток за трето дете добивале семејства кои се во многу добра економска состојба и немало никакво ограничување во однос на ова. Промените кои ги направивме ги отстрануваат овие проблеми и парите се насочени кон вистинските групи граѓани. Во држава со стапка на детска сиромаштија од близу 30%, многу извори покажуваат дека не е целисходно да се издвојуваат толкави средства без притоа значително да се влијае на намалувањето на сиромаштијата.

    Стекнатото право на родителски додаток за дете (за трето и четврто дете) ќе продолжи да се остварува. За трето дете до завршување на периодот од десет години, а за четврто дете и кај единствениот родителски додаток до завршување на периодот од 15 години. Промените се однесуваат на новите корисници. Правото на родителски додаток за трето дете ќе може да се остварува и понатаму во периодот од десет месеци почнувајќи од денот на влегување во сила на овој закон.За исплата на родителскиот додаток за 2017 година се потрошени 2 643.706.000 денари”, се додава во соопштението на Министерството.




     
    Последна измена: 9 ноември 2018
    На Someonespecial, oblace1 и referentka им се допаѓа ова.
  5. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    6.666
    Пол:
    Женски
    Не спoделувaм инфoрмaции oд привaтниoт живoт. :D

    Ти вo куќите нa тие семејствa ли си пa знaеш oд кaкoв плoд се децaтa?
    Тoчнo тaкa ќе живее Мaкедoнијa, штетa штo ти се зaлaгaш зa Севернaмaкедoнијa.
     
    На iki26 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.332
    Госпожа, прочитај го текстот.
    Не е укинат паричниот надоместок.
    Укинат е за тие што имаат пари, за другите не е.
     
    На Someonespecial и oblace1 им се допаѓа ова.
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.268
    Допаѓања:
    39.741
    Пол:
    Женски
    Не ми се свиѓа селективноста при законов.
    Ако се укинува - нека се укине за сите.
    Немаат леб да јадат и кров над глава им е небото, ама битно штанцаат деца од шала.
     
    На taznata :(, Tanjamm и galapce им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.799
    Допаѓања:
    323.805
    Несакаш да разбереш или стварно не разбираш дека нема селективност.
    Укинат е !

    Еве, напиши за кого Е а за кого НЕ Е укинат !
    Штом велиш селективно, тоа значи дека на некои ќе им даваат а на некои не !
     
  9. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.268
    Допаѓања:
    39.741
    Пол:
    Женски
    Полека со извичниците, ставај ги таму кај што треба ;)
    Преѓес прочитав вест дека според приходите на семејството, ќе се одлучува дали ќе биде доделувана помошта за трето дете.
    Избриши ме ако не, тоа знаеш најдобро ;)
     
    На WildMk и galapce им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.799
    Допаѓања:
    323.805
    Зошто мислиш дека извичниците не се на место ?;) (можеби и прашалников не е ,:))

    Денес си прочитала?
    Каде?
    Постирај, зашто вака како што кажа е маалски муабет :|
     
  11. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.806
    Пол:
    Женски
    Значи пак ке е законот како беше наречен погоре, Ромски?

    Ако е така не ми се допаѓа.
    Има други опции, за социјалните случаеви .
    Ова испага дека си оставаат само простори за манипулации, ништо друго.
     
    На Someonespecial, lovestoneddd и WildMk им се допаѓа ова.
  12. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.268
    Допаѓања:
    39.741
    Пол:
    Женски
    20 пати напишав Ромски, некако не разбраа :D

    Да, ќе најдам и ќе го оставам тука.
    А прочита горе што постира Вајлд ? :)
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.799
    Допаѓања:
    323.805
    @lovestoneddd да.
    Прочитав.
    Ама дали ти разбра?:)
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.332
    Дефинитивно.. подобро ќе беше да им се дава повластици на сите веќе родени деца во социјално загрозени семејства.
    Ама како што пишав претходно: Здравство, градинки, образование... бесплатен влез по музеи, театри, кина... бесплатен градски превоз...ова само нафрлам примери
     
    На daylight и galapce им се допаѓа ова.
  15. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    5.029
    Допаѓања:
    53.817
    Пол:
    Машки
    Не знам зошто не читате,или пак читате како што ви одговара.Надоместокот за трето дете не е укинат само што сега ќе биде еднократен и тоа во износ од 1000 евра за разлика од месечниот надоместок до сеа.Меркава инаку беше чист промашај,нит се зголеми наталитетот нит бутур.Читајте податоци дури и се има намалено од кога е донесена.Читам зборите тешко било да се огледува многудетно семејство,јас би рекол кој е спремен и се чувствува материјално обезбеден за повеќе деца него нема да му ни бидат потребни овие 1000 евра.Се друго е вештачки и усилено.
     
    На M&M, Tanjamm, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  16. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.268
    Допаѓања:
    39.741
    Пол:
    Женски
    Ќе го најдам линкот, не ми стои во history пошто инкогнито ми е табот.
    И кое е твоето мислење, согласно постот од вајлд? :)
     
  17. Milan93

    Milan93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    1.103
    Пол:
    Машки
    Тогаш и овие што земале за 3 дете се малку кога веќе не се постигнал ефектот. А ко и тие малку што се со 3 деца имаат по 1 огаш и ќе изумриме сами од себе не треба никој да не прекрстува и елеминира. Досега земале околу 10000 евра сега ќе земаат 1000 евра, не е укинато ама е драстично скинато. Е не е сеедно нели. Или 1000 евра одеднаш и 10000 евра во рок од 15 години е исто.
    Јас разбирам и партиска припадност, и борба за власт, за подобро работно место ама упорно па да се брани секоја одлука на влада кога се неговите на власт не можам да разберам . Или македонска работа си е тоа “ јас немам 3 деца и кој ги еб..а тие што имаат 3 деца нека не земаат и тие
     
  18. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    5.029
    Допаѓања:
    53.817
    Пол:
    Машки
    Не друже грешка си,ни сум припадник на некоја партија ни па имам намера да глумам дрвен адвокат туку рационално гледам на работите.Кога некоја мерка не го постигнала резултат логички е да се проба со нешто друго.Друга работа,сеуште е предлог закон не е ни официјален сеуште.
     
    На candy.cane и Someonespecial им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.332
    Е ако де...
    Не се малку 7 и пол милијарди луѓе на светот.
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Milan93

    Milan93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    1.103
    Пол:
    Машки
    Мене ме заболе за светот колку се и што се . Ме интересира тука како се грижи власта за народот