И ти не сакаш, или се правиш дека не сакаш,на некои толку им е капацитетот.Во живот не сум била член на ниту една партија,ниту моите дома ниту ММ. А,ако сакањето и почитувањето, на сопствената земја го поистоветуваш со партија,нема што понатаму да коментирам.
Ти автоматски ме стави во партија, а јас едиснтвено прокоментирав дека сметам дека е сулудо да пробаш на било кој народ да му ги тргнеш сите државни празници. Зошто да го тргнат Илинден? Прва република на Балканот е, па цел Балкан треба да го слави 8 Септември е ден на независност кој го има секолја бивша Југословенска Република, исто не можат никако да ни го земат 11 Октомври - борба против фашизмот не може да негираме, не сме единствена држава која била под фашистички окупатор. Секое гратче си го прославува денот на ослободувањето. 23 октомври не знам зошто го славиме... Затоа малку вклучи тоа мозочето, и не прифаќај се што ти се сервира. Толкава администрација ќе прифати 4 празници да и скратат?
Женска јас на форумов сум скоро 7-8 години,разгледај низ темиве прв пат прокоментирав на овие теми пред 10 дена,може и помалку и тоа чисто од патриотски побуди против промена на името.Не поддржав ниту една партија,а сум и то како лоповите од минатата власт да одат затвор. А кој си ја има мувата на капата......може и се пронаоѓа во коментариве. Ќе видиме за некој месец(не дај боже) ако се смени името и уставот дали сум била во право или не.Дај боже да грешам. А моето мозоче си работи баш како што треба,за разлика од партиски обоените што штанцаат коментари низ форумов.
Јас сум подолго од тебе, и? Па ваљда се пронајде, ти си таа која ми се нафли на коментар во кој не те ни спомнав. Ситуацијата во државата е озбилна, и од зрели особи не очекувам да шират неодржани шпекулации. Не знам дали е точно, не ни можам да знам. Ама додека не знам нема да коментирам такви смешни претпоставки дека сите до еден историски празници во државата же ни бидат "скинати". Патем на сликата која си ја ставила ти стои има на тој кој ти го пратил разговорот, или што и да е, не се разбирам многу од FB.
Никој не ти зема ништо. Нормално е да соработуваш со светот како држава која постои.. во светот. Ти како со комшиите околу тебе? Со никој не зборуваш? Сите се против тебе и сакаат се' да ти земат?
Како еднаш бугариве не соработувале со нас,грците исто.Јас не познавам некој "добронамерен политичар,министер,колумнист, историчар..." кој навистина и во права смисла би сакал да гради добрососедни односи со нас.Сите овие само нешто бараат од нас,да се откажеме од ова,да се откажеме од она,да признаеме друго нешто.....Јас колку што знам Македонија никогаш немала никакви претензии и побарувања за НИШТО кон друга држава. Јас од моите комшии ништо не барам,ниту тие од мене.Баш во прав смисол имаме добрососедски односи,истото важи и на работа.
Па штом си подолго од мене би приметила дека "алудирам" кон некоја партија.Ќе има низ сите теми кај што се дебатира за партии,(а јас сум само во темите за брак,бременост и деца) А ти ако си, или ако се пронаоѓаш во овие теми како партиски војник(без разлика од која партија) тоа е твој проблем. Јас коментирам САМО околу БЕСПРАВНА, НЕДЕМОКРАТСКА,НАСИЛНА..промена на името МАКЕДОНИЈА
Потпишаа дека се откажуваш од се живо и диво..Тоа беше УСЛОВ,УЦЕНА И ПОБАРУВАЊЕ кон тебе.А Грција какви национални промени ќе направи?Од што се откажа?Некој закон дали ќе промени?Дали ќе мења нешто во устав? НЕ, НЕ,НЕ ,И НЕ!!
Нит те спомнав нит ти се спротивствавив. Ти сама реагираше И пак се фаќаш како давеник за сламка за тоа дека сум од партија.
НЕ СЕ ДЕРИ! Да ги прашаш грчките националисти, исто како тебе ќе речат дека: 'Се' ни дале'. Во прашање е перспективата.
Не се дерам, пишувам со големи букви одредени зборови за поубаво да се види,во случај некој да не прочита и свати убаво. Ако некој рече "Се ти дадов" (а ништо не дале) културно ќе прашаш што е тоа СЕ? Барем тоа е лесно сега.Не ми одговоти каков комртомис ќе направи Грција? Што ќе смени таа за добрососедни односи?.Дали читаш дека уште се заебаваат со нас,не понижуваат,и се мајтапат. Едит:Не не признаваат ни како македонско малцинство,исто како нашите "браќа албанци" во Албанија.
Јак компромис да ти кажам право. Тоа не е компромис.Тоа е услов. Ме условува да сменам се од корен,цела историја,нација,идентитет.... За таа само да не те блокира( што се сомневам во тоа) во некои здруженија. Скоро исто
И ти за едно мочано НАТО и ЕУ, треба да си ја продадеш душата, срцето, телото и да се тртиш на кој како ке му се дигне???
Ако не ни чини, можеме вечно да останеме вакви мали, сиромашни и изолирани... Не продавам ни душа ни срце, ни се тртам. Ако не ни чини, можеме вечно да останеме вакви мали, сиромашни и изолирани... Во прашање е политичко-економско решение, ништо друго.
А стварно мислиш дека ако влеземе ЕУ и НАТО мед и млеко ќе биде?Во ова веруваат малите деца што уште ништо не разбираат. Не сме изолирани,тоа се само заплашувања кон народот.Кој сака,умее и има можност може и тука да се снајде.