Мед и млеко нема да тече. Никаде не тече мед и млеко. АМА, ако сработиме како што треба, ќе биде многу подобро, и нема да мора толку луѓе да 'плачат' за додатоци за трето дете, социјална помош итн итн
Ова не е соработка.Ова е диктатура, режим и услови дадени од друга држава и од странство.Зошто ниту една друга држава не прави ваков компромис и соработка?Зошто ниту една друга земја кандидат за членство не прави ИСТОРИСКИ УСТАВНИ ПРОМЕНИ? Ова се Негативни и Геноцидни промени кон нацијата и постоењето на Македонија. Овој компромис Македонците не го сакаат и го отфрлуваат.
Како изнапиша..диктатура, геноцид мислиш надвор апокалипса има..Абе убаво е времето искочете прошетајте малце не си го тупете мозокот за нешто што нема да го смените не знам како не ви е јасно?Наше е да гласаме само во државава као не сфаќате?Што ќе им текне на политичарите тоа ќе се деси.Само пишувате нешто само коментирате млатите празна слама без везе.А дека ќе смените нешто нема да смените. Не се припотресувајте искочете си надвор, за џабе си арчите време.
Просветли ме Геноцид е истребување.Уништување на етнички постоечки заедници. Исто како што им правеле на Евреите. Има учени луѓе во државава Don't worry. Нешто слично што сакаат Грција и Бугарија да ни го направи.
Децата ми се стокмени,наранети и шетаат со бабите и дедовците надвор.Им е мерак да ги прошетаа-Бујрум им реков.Малку фри тајм за мене.Не се секирајте многу.Кој ја сфаќа целата прича околу променава знае што зборам.Џабе да се објаснувам само,со некој кој не сака да разбере некои работи. Знам дека нема ништо да се смени,наше е да реагираме
Жено Евреите ги ПАЛЕЛЕ во логори, сфаќаш?Им било забрането да бидат во бракови или било какви односи со Германците, сакале да бидат ,,чиста нација”. Кај гледаш запален Македонец?Не е исто.Грците и Бугарите и Албанците сакаат да си се прошират и да ни земат сè што не можеле во минатото.Ако не истребат над кого ќе владеат жити све?Многу зборите без везе.. @iki26 ем викаш ништо нема да се смени ем викаш да реагираме? Тоа е -> мавање глава во ѕид.
Читај повеќе за глобална политика и економија, посебно од странски извори. Можеби ќе ти се разјаснат некои работи.
Нешто слично може,само што сме малку на број, и на друг начин. Ама никако не ми одговараш на погоре поставените прашања. Ти како политичатите.Ако нешѕо не сакаат или не можат да одговорат,сопрашање одговори со прашање
Не ме интересираат такви работи,има кој да се занимава со тоа.Околу друго мене "ме боли забот" народно кажано.
Па не знам баш дали се нелогични или немаш и не сакаш да дадеш одговор.Препрочитај ги,и кажи ми што и кај е нелогичното да ти поразјаснам.
Епа видиш, ние сме дел од планетава и не тангира глобалната политика и економија. Во свет кој е поврзан на секое ниво, не можеш да бидеш 'остров'... Нели.. освен ако не сакаш да 'цркнеш' сам.
Далеку сме ние да се рамњаме, и бидеме рамо до рамо со глобалните политики во светов. Мачја кашлица и зрно грашак сме за нив. Според коментаров мислиш дека светов би бил УТОПИА-UTOPIA? Сите заедно држави сплотени,соработуваат,разменуваат,подаваат рака едни на други....?Навистина?
Па соработуваат веќе. Увозот и извозот што се? Не се соработка? И не е утопија. Не е 'совршено', тешко е, мачно и како што велиш: зрно грашок сме за нив... Ама мора да се адаптира секој.. па и зрното грашок.
Не мешај увоз-извоз-соработка,со уценети и угнетени држави од страна на други.Во првото имаш взаемна соработка,корист, развој,што не е случај во второво(Грција-Македонија). На зрното грашак не може да му речеш од утре си семка од пиперка,ако сакаш да се продадеш на пазарот.
Па ќе има де. Заеднички проекти за изградба на инфраструктура (патишта, железнички) и секако, меѓународна економска соработка.... зошто да не и увоз-извоз на стоки и услуги? Вака што имаме? Инает само.
Може да те изолираат ако сакаат. Што ќе правиш тогаш? Мислам... едно е да се залажуваме со приказни за мали деца, а сосема друго е реалноста. Сурова, неправедна, каде што посилниот секогаш е во право. Или ќе се прилагодиш или ќе те снема. Нема трет избор. Што се однесува до празнициве, јас во договорот не прочитав дека тие со устав треба да се одредат. Откако ќе се смени уставот, Грција го ратификува договорот и даде препорака за Нато, ќе се формираат работни групи каде ќе се ревидираат празници, учебници и сл. Е, се надевам нема да бидеме толку глупави да дозволиме празниците кои не идентификуваат да се сменат. Тоа би било страшно. И за тоа треба да се излезе на улица. Се надевам дека не сме само патриоти по социјални мрежи Иако, се сомневам.