Убаво си пиша "ЌЕ".А знаеш од кога ова ЌЕ датира?Години,години уназад. Прво беше знаме смените па ЌЕ влезете во ЕУ и НАТО. Па ставете референца ФУРОМ па ЌЕ ве примиме. После уште нешто смените па ЌЕ ве примиме....Ништо од ова. Ама корените,историјата на Македонија останаа непроменети.Уставот исто. Ние и вака имаме увоз-извоз со државите со кои имаме взаемен интерес. Не сме изолирани.Тоа е моменталниот страв што владава го кажува,во која ни таа не верува.
Ова воопшто не е точно!!! Првин ФИРОМ референцата се стави за да се влезе во ООН, што навистина и се случи. Потоа се змени знамето, и тоа се смени за да почне да функционира времената спогодба со Грција и се тргне ембаргото наметато од јужниот сосед, што исто така се случи.
Во договорот не пишуваше ни за Рамковниот договор,па магично го вметнаа 5 до 12. Во договорот мислам (не сум сигирна) не пишуваше дека треба да се брише дел од Асном,ама и тоа се случи. Знам Заев не убедуваше дека договорот е само га географска одредница,па испаднаа многу повеќе отстапки да се прават. Лично,не му верувам како политичар и он ја има изгубено мојата доверба.
Кај пишува за АСНОМ? Не се сеќавам на нешто такво. И што се случи со АСНОМ? Сменето е нешто? Ова со рамковниот нема врска со договорот, туку со уставот.
Па во договорот мислам не пишува за АСНОМ (но не сум сигурна,не се сеќавам)дека ќе треба и таму отстапки да се прават и брише дел од одредбите. Нели и уставот се отвараше само за отстапките од Преспанскиот договор. Рамковниот не треба ниту да се вметне во уставот.Тоа е дел од договорот на Заев со албанските партии за да го поддржат да има 2/3 мнозинство.
А од каде ти е оваа информација за Асном? А за рамковниот... што да кажам. Кога ние меѓу себе се колеме, другите користат прилика. Ти не би?
Абе на ТВ имаше.И министерката Дескоска кажа јавно дека се бришат одредбите на Асном,само ќе стои дека имало проглас на Асном(онака проглас,постоел некогаш АСНОМ) Ние и пола не знаеме бидејќи на ТВ ништо не кажуваат,ниту по сајтовите на социјалните мрежи.Забрането е. Талат Џафери забрани и седниците кај што се изгласаа 3 амандмани за менување на уставот да нема директен пренос на ТВ. Се се води тајно,на крај господ знае што ќе идпадне.
Грујче се сонча некаде со парите што ги лапаше досега.Требаше веднаш да го притворат,да не му оставаат простор да му ја шкрипне некаде без трага и глас.
Нема да биде одлука на Асном затоа што на тоа обеденување се однесува на сите Македонци од поранешна цела Македонија, а сега пошто сме на овој дел тука ке биде само прогласот.
Рамковноот може не требаше да се вметне али тука поитри испаднаа, затоа што самиот Рамковниот веќе постои, али ова ние памет за другпат за ние Македонците да бидеме обединети по ова прашање.
Да така е,зошто им е страв на грците да не им го земеме Егејскиот дел,(што никогаш досега и не сме го барале) и егејците да ги бараат своите имоти и права во Грција. Опасни се грците,нашите се трули штици за ковање.
Страв не страв ние моравме да направиме компромис со нив зашо долго време не блокираа и не можевме да мрднеме.
Јас сум за компромис но РАЗУМЕН,и да биде почитуван од двете страни(што не е случај моментално за грција) Не може ти мене овде да ми менуваш цел уставен поредок,менуваш име,нација,све и свашта,а ти да не дадеш никаква жртва и некоја отстапка. Тие ништо не менуваат,само бараат од нас се живо да смениме,и пак малку им е.Тоа не е компромис
Они ни велат ние ке ја ратификуваме кога ке дојде кај нив, и нема да не блокираат во Нати и Еу.Мораше да се направи некој договор а и подобар од овој нема ни да имаме, пошто и на нив им одговараше да не се реши, но ги стегнаа и двете страни и мораше да се дојде до некаков договор.
Ако од овој договор немаше да има подобар,кажи ми како би изгледала полоша варијанта?Што би можело да биде пилошо? Се што побараа-добија.Зошто само нас не притискаат да се самоукинуваме.Зошто грција не дава некоја жртва?Било каква? Еве нека не признае барем дека има малцимство македонци во грција(што не е некоја жртва).Ама ништо од ова.Го виделе Заеф црпка дека е,продадена душа за пари,да не набројувам што понатаму и удри-толчи до крај. Немој да ми кажеш дека се жртвуваат што нема да не блокираат за членство во ЕУ и НАТО.( празни приказни)