Ај жити се, ЗаеФ бар најде некое решение да дојдеме до ЕУ и НАТО на овој или оној начин.ВМРО 11 години беа на власт и ништо не направија.Да беа толку способни и паметни досега ќе бевме и во ЕУ и во НАТО.А Грујо е таква п***а во душа што неќе ни во затвор да отиде.Ќе треба пред децата со лисици на раце да го вадат од дома, освен ако не фати кидавела..Малку самопоштовање да имаше пред себе и пред другите.Уште толку со го прља образот.Вака-така Заев пробува да не извади од г****та во кои не заглавија ВМРО од прв до последен ама многу е лесно од дома да дробите на форумов и да се правите попаметни од што сте. Мицкоски вика се вршел ПРОГОН ПРОТИВ ВМРО, а он самиот си ја избрка пола партија..загреота. ЕДИТ: Жителите на Кисела Вода бараат дислокација на центарот за зависници.Во моментов има ,,протест” во К.В што мислите вие за ова? Иако не сум жител на Кисела Вода, сметам дека треба да се дислоцира центарот бидејќи е во близина на основно училиште, а и општо мислам дека местото не му е таму.
Вакво решение сите можеа да направат.И не е решение,услов е. Се е на продажба како старо железо да сме.Кој што побара Заеф исполни.Мислиш на претходните влади не им беа понудени вакви договори.Убедена сум дека им беа,но и ние имаме таканаречени црвени линии. Прво, erga omnes ниедна влада без разлика од која партија беше не прифаќаше ни под разно. Второ, нели требаше и не убедуваше Заеф дека само географска одредница ќе биде, па ајде некако со тешко срце да се проголта.Ама со овие грчки услови ти се менува СЕ. И плус преводот не е точен (со резерва го викам ова) Во светот во превод ќе не викаат ЗЕМЈА СЕВЕРНО ОД МАКЕДОНИЈА (пак ќе кажам не знам дали е точно со сигурност). Значи обезличени сме,немаме никаков идентитет, корени... А северна македонија на англиски би гласело NORTEN MACEDONIA. Само ние се касно ќе дознаеме и свестиме (за жал) За Грујо не ме интересира. Крадел, местел тендери,што си дробел-тоа нека срка.Дури според мене и малку се 2 год (ако го најдат каде е) Мицко и компанија очигледно дека се поткупени да тресат зелени и седат на страна додека пола Македонија гласно ги повикува да излезат на протест.
Фала што ми пиша како е на англиски, не знаев ме просветли второ , нÈ убедуваше, менува сÈ. Плукаш и по ЗаеФ и по Мицко, what are u, golden middle?
Првата реченица не ти ја разбирам искрено.Please објасни ми ја. Не плукам,ја кажувам вистината (според мое убедување).Ако сум грешка некаде,кажи ми каде. Инаку не сум партиски обоена и уценувана од ниедна партија за ништо.Затоа можам слободно да зборам (плукам според тебе) за која било партија. Не зависам од нив, и како што кажа баш сум golden middle.
Не е точно. „Република северно од Македонија“ на англиски би било "a republic north of Macedonia" - со болдираните зборови стриктно во тој редослед. И не постои држава со таков облик на официјално име. Северна како придавка вообичаено е northern, но и north може да се користи така (North Korea, North Carolina, North America на пример).
Oh you hadn’t understood it.okay let’s explain. There was no need to explain what would be the complain in English. Дали на англиски дали на турски, албански претставката е тоа.И онака сме сега FYROM, а некаде и Macedonia. И да се пишува NortHen а не NORTEN.Веќе ако сме Енглези
Затоа двапати пишав дека го кажувам со резерва. Не знам колку беше точно.Ете убаво објасни, го прифаќам твоето објаснување. Иако со нашите се е можно.
Некој е нервозен Од штаб ти се јавија да ме демантираш на секој можен начин Ама тешко некако ти успева,затоа ми вртиш на странски. Ајде на албански пиши од западниот дел сум може ќе те разберам Печатна грешка во пишување најверојатно сум направила како и сите други што прават.SLEEP WELL,јас секако ќе се комирам наскоро
Албанците сигурно се под 20% но проблем е што многу од туците, торбешите и други се регистрираат како албанци за одредени бенифити (вработувања и слично).
Оф жено..17 години имам.Како мислиш дека на мене би влијаела една партија Слободната ќе ми ја земат? Можам и на нашки и на сите јазици што ги знам да те демантирам На Албански ќе е Maqedonia Veriore.Имам другарка Албанка па ми помогна малку
Па што ако имаш 17 год.Не се мерило годините за разумно расудување и мислиње. Штом бистриш политики по форумов значи доволно зрела си за да разграничиш некои работи и распознаваш разни ствари. По начинот на пишување и изразување ни ни помислив дека си над 18-19 год. Е убаво си се дружите со другаркати,и јас имам пријатели од други етнички заедници,но верувам дека ниту другарка ти,ниту моите не ме уценуваат со нешто заради нашето пријателство. Имаме сите взаемно разбирање,почит и култура.
Да де, не ме уценуваат.Ти зборам дека на моите години партиите не можат никако да влијаат.Тоа ми беше поентата.Да сум вработена па да ме буткаст некако или нешто..
Баш на твои години и порано многу деца членуваат во разни партии (како подмладок) и вршат разни активности : делење на пропаганден материјал, лепење на плакати,пишување и плукање за другата партија по форуми,социјални мрежи... Така да не е до годините,до амбициите е.
Извинете што ви се мешам, но може човек да не членува никаде, едноставно да си има свој став и сопствено мислење.
Па тоа и јас цело време верглам тука.Искажувам свое мислење и свој став претежно околу промена на името. Ако си во можност прочитај уназад неколку страни.Не сум партиски член на нитуедна партија.
Реков јас да намалиш Миленко, Ванковска и теориите на заговор Или да научиш англиски (whichever comes first)