Па не сум политичар да давам одговори.Јас не ги познавам толку добро законите и да воочам кај би можела да згрешам или утнам. Сигурно не би постапила како Заеф,или би ги уценила и јас грците со нешто кај што ги боли нив,па да видиме дали би прифатиле губитнички договор.
Не, не, разумен компромис како збор што значи Не те прашувам што би било во овој случај разумен компромис, знам дека не можеш да го одговориш тоа.
Како што сум капната за спиење не ми мисли мозокот веќе Разумно? Немам идеа искрено,исклучена сум моментално.
Овие два збора беа актуелни едно време. *Претседателот: „Тоа е разумен компромис, не можам да ви објаснувам, сфатете го!“
Ххахаах. Далеку од Иванов сум јас. Друга бранша сум,не сум по правото и законите. Ај брзински да одговорам нешто да не ме мислиш Разумен компромис? Може би побарала и би лобирала кај Турција да ги даде(ако може и сака) сите документи (а ги има многу) што ги има за Македонија зачувано од времето кога сме биле под нивна окупација (5 века време турско што би рекле ние). Така ќе се види и потврди дека нр сме вештачка нација која постои 50,60,90... години,туку многу постара. Ќе се види и на картите нивни дека Егејот,Пиринот и Вардарскиот дел се наши (македонски) па ќе играме на друга карта тогаш. Може од нас ќе се плашат,а не обратно.Ќе се формира група од наши ама квалитетни историчари и правници што нема да бидат подмитени и ќе идемо даље. Задоволен си?Ова ми текна сега да ти пишам,да не ме чекаш
Грците баш ги заболе дали ќе ги уцениме. Нема да прифатат Нив им одговараше претходната ситуација, нас не. И како ќе ги уцениш? Ќе им речеш нема договор? Гајле им е. Од друга страна, нас можеа и не уценија. Педерски, бескруполозно, нефер? Да. Всушност, ние и немавме опција да бираме. Како што реков претходно, не сакаш договор? Ок. Ќе не изолираат. Доволно е само Грција да ни стави ембарго, сите соседи ќе и се приклучат. И? Што ќе правиме? Да не навлегувам во други, пострашни сценарија на изолација кои може да ни се случат. Вака или така, ова е однадвор диригирано и решено одамна
Ќе ве скршам ми се спие,па после ММ мене ќе ме скрши што пишувам на форумов наместо да спијам и се жалам дека сум хронично ненаспана ☺ Па баш дека не ги боли за нас знам дека нема да го почитуваат договоров,а владава ќе се потепа да го ратификува.Од петни жили и криминал прави(во правна гледна точка) само да успее промената. Грција за 3 дена по брза постапка ќе го ратификува кај нив,бидејќи подобар не ни сонувале дека некогаш ќе добијат. Ембарго не верувам дека би ни ставиле,отидоа тие времиња за ембарга.Нема на кој основ да ни стави,а западот не верувам дека дотолку би дозволил (иако се наклонети кон нив) А инаку се знае дека ова е се смислено и диригирано од надвор уште многу поодамна. Само го најдоа и го донесоа Заеф слабак и продадена душа,кај другите не можеа, и удри на најсилно дур можеш.
Ај објаснете што значи тоа да не изолираат? Зошто досега не не изолирале бидејќи не виткавме кичма (барем досега) за идентитетот. Поминаа времињата на блокади, ембарга, и не знам што друго, и тоа им е јасно на сите. Сменета е геополитиката и интересите на светските сили во однос на претходните децении. Сега колку и да посакува Грција, ни во лудило нема да и дозволат некои работи што и беа дозволени на времето. Не зошто берат гајле за нас, туку берат гајле за нивните економски интереси и слободен проток низ Балканот.
Оф, како само е можно ембарго. Токму затоа што берат гајле за нивните економски интереси ја ставаат Грција пред нас. Или сакаш да кажеш дека ние сме им поважни? Дај не се занесувајте жити се.
Погледни малку подалеку што се случува: Џабе ли Кинезине инвестираа милијарди купувајќи ја српската железница и купувајќи ги пристаништата во Солун и Пиреја? Па белким не ги купија за да возат глисери по егејско крајбрежје?! Не, туку си го отвораат поморскиот и копнениот пат за трговија со Европа. И ќе дозволат една смрдена Грција и Европа да им се испречат со ембарга? Нема шанси!
Е фала ти што ме просветли. Ама ко што реков погоре, во глобалнава геополитичка состојба кој има поголема улога? Ние или Грците? Нас можат да не сменат и да најдат алтернативни патишта, Грците не
Колку едноставно. Зошто тогаш до сега не го решивме спорот? Зошто воопшто и постои (бесмислен каков што е)? Зошто воопшто и дозволија на Грција да го направи сето ова ако не е некаков фактор? Во споредба со нив, геополитички сме минорни и затоа ова се случува. Дајте не се залажувајте со илузии и согледајте ја реалноста.
Ако бевме минорни немаше да ни ја вадат душата со децении, ќе кренеа раце од нас и ќе речеа што сакате прајте. Ама изгледа не е така. Битен им е цел Балкан, и на Истокот и на Западот. На Истокот зошто сме врата кон Европа, а Западот преку нас прави сопки за првиве да не влезат и да не започнат економска доминација со Европа. Ете толку е едноставно и очигледно! А факт е дека не држат во лимбо состојба овие од Запад, за да можат да прават со нас што сакаат и кога сакаат. Името им е само изговор да те држат полумртов економски и политички. Ако си силен и јак, нормално ќе се спротивставиш и нема да дозволиш да прават параспур од земјата. Сега е очигледно дека вложуваат сили да направат и воен конфликт кој би почнал на Косово и би се проширил, се со цел да се забави и одложи продирањево од источниве сили. Затоа е цела оваа трагедија со нашава земја, ниту Еу ниту Нато ќе го видиме, целта им е трајно разорена, поделена и вечно нестабилна територија, извор на нестабилност, буре барут кое ќе се потпалува со чкорче секогаш кога некој ќе процени дека е потребно.
Еве драги мои само мал дел какви отстапки би можела Грција да направи. https://m.mkd.mk/makedonija/politik...akedonskiot-jazik-vo-drzhavnite-uchilishta-vo Мислите ова ќе го дозволи грција?НИКОГАШ.Ова требаше ние да го бараме,и слични вакви.Па кога ќе ги одбиеја штом ќе ги прочитаа,немаше над глава да ни стојат западњаците и да не притискаат.Заеф е крив се продаде за пари,се даде- а ништо не побара.
Во меѓувреме во „европска“ Бугарија, народот протестира и затвора патишта заради зголемувањето на цената на горивата https://makfax.com.mk/svet/region/бугарите-блокираа-патишта-поради-цен/
Дали да плачам или да се смеам. Ние ептен мирољубиви сме биле. Ајдееее,ајдееее може силно ќе светне денот и за Македонија.