Многумина не се на нивна страна од причина што не е редок случај да доктор за да ти го најде спасот често бара да го "поттикнеш" со нешто како мито на пример, е сега тие работи се малку затегнати нели апсења ово оно, па очигледно пократок им е џебот... чоколатца, кафе и виски се само ситници кои ги добиваат од обичен, просечен човек, побогатите дебело се заблагодаруваат, јбг таква навика имаме срамота е на доктор кој ти завршил работа ништо да не му дадеш... И реално во споредба со други професии слични на нивната по тежина или обем на образование и одговорност не се многу платени, ама па во земја каде минимална плата не е ни 150 евра, нивните 500-600 евра и не изгледаат така лошо... И прва би потпишала да им се покачат платите ако знам дека тие неколку илјади плус што ќе ги земат ќе ги мотивира да станат посовесни, поодговорни, сестрите да не се понашаат кон пациенти како кон стока, да не ги бараш ноќно време по цела болница затоа што имаш проблем а тие спијат во некоја собичка оди најди ја ако можеш, и милион други работи кои зависат само од нив како индивидуи, а за министерството тоа друг муабет... Искрено не можам објективно да размислувам за ова, одбивност имам кон нив од повеќе причини...
Шит, ај да не думам. Шит ај да. Кој ќе ме затвори? Кога им ги стегнаа дупи¥£та малку со Метастаза, нема од кај мито да се зема а џипот треба да се исплати ебаго, од некаде треба пари да се вадат па ако не бива со мито, ај идеме на штрајк. Еден, еден врашки доктор немам сретнато во МК да се потруди да помогне без надоместок за негово добро, макар кафе, освен ако не се работи за пеницилин инекција. Би ги рекла Говеда! Ама не сакам да вреѓам животни. Бранете ги кој сакате, кај нас нема лекар за народот, нема ни чест за исклучоци, оти ги нема ебате. Најдете ми еден, без куќа на два спрата најмалку цела опремена, кола за него и жена му, поштен и хуман, и ќе дојдам ќе се извинам. Учел? Биг деал! Сите учеме цел живот и што.
Ова е тоа размислување што е најпогрешно кај нас. Едни се обиделе, не успеале, и сега никој не треба да се обидува, сите се демотивирани. Најмногу би ги поддржила докториве, ако успеат да добијат тоа што сакаат, заради упорноста и единството, заради првиот ако не и единствениот успешен штрајк. Некој мора да стави крај на диктатурата, од некаде мора да се почне, можеби и другите ќе се мотивираат и ќе почне веќе еднаш нешто да се менува во државава. А дека нема лесни и тешки или перспективни и неперспективни факултети, има и тоа како, помеѓу некои факултети нема споредба и тоа е тоа. Исклучоците се ретки, ама во главно правилото е тоа, да не редам повеќе офтопик муабетов нема врска со политика.
Да, ја лупна од никаде цифрата,900000 не земаат!Можеби 90.000 зема судија од Апелација,нешто помалку судија од Основен суд итн...Ама исто знам и колку работат,и што се мора да имаат сработено до одредена дата... Докторите се плашат од плата по учинок,зошто?Зошто ќе им се скуси кафето ли?зошто ќе мора да бидат љубезни и да сработат нешто за да бидат платени,освен да чекаат да им помине работното време? Секојдневно слушам за случаеви каде мора да му стават некое евро во џебот на докторот за да обрне внимание на пациентот,или дека шетаат кутри луѓе од клиника на клиника,па не биле за таму,за друго место биле,па по сто пати ги враќаат и препраќаат,човек уште толку ќе се оболи од нив. Насекаде има исклучоци и секоја чест за нив,ама факт е и дека кај нас се многу ретки овие исклучоци,а се додека се вакви какви што се,повеќе од доволно се платени. Не дека сум против нечија професија да е повеќе платена,едноставно колку заслужуваат нека бидат платени.Ако навистина има доктори кои се грижат за здравјето на луѓето,кои не се корумпирани и си ја сакаат професијата,тогаш би рекла нека им ја дуплираат платата,сепак нели тоа е најхуманата професија во која се спасуваат човечки животи.Се плашам само дали ќе се најдат десетина такви кај нас.
Не сме баш објективни на темава, едни се или препристрасни или па најконтра. Некако ни јас неможам да дојдам на средина од ниедно мислење па и од самиов штрајк и самава поента не него. Али па релано ако гледаме,како сакаме трудница или мајка со мало дете, која молела цела ноќ некој да и помогне, зашто имала мака или таа или имала болно дете, а добила одвратен третман од сестра или доктор, на кој му се спиело, да биде на нивна страна и да вика ги подржувам, епа нема да ги подржи зашто маката си ја видела и те како. Како сакате да подржи некој што 4 месеци чекал за ехо, зашто немал врски некој порано да му закаже, а за тие 4 месеци животот на коцка му бил? Неможам ни јас да им дадам безусловна подршка и разбирање, но можам да ги сватам дека имаат мали плати и дека им треба извесно покачување, али да не бараат леб преку погача и да стават прст на чело за кого се они тука, или што вика Ариел никој со сила не ги терал бе да бидат лекари имала шанса да бидат нешто друго. Сам си ја бираш професијата и никој не ти е крив ако не си задоволен од изборот и ти текнало на 40 години дека тоа не е за тебе. Стресна денеска е скоро секоја професија, што сакате да кажае дека на сите вас вработените тука од форумов ви е лесно? Јас ја гледам мајка ми,работи во приватна фирма скоро 30 години, колку пати се пожалила, се измачила, истрпела секакви говода од шефови и шефчиња, разгалени мамини и татини мази, пиела и апчиња за смириување и никого ништо, не очекува никој да ја жали, едноставно се носи со тоа и се справува колку може. А пошто работата и е од некоја страна со лекари, ќе ви кажам дека не се до толку за жалење како што се прават. Сум да си го исполнат правото на штрајк и ги подржувам да си бараат покачување, ама револтот нека не го истураат над нас пациентите и нека не ја запостават работата тотално. Нека се менуваат барем на 4 саати, да има некој кој ќе остане да им помогне на луѓето на кои им треба помош. Како би делувала сета таа прича со работа по учинок незнам, тоа треба убаво да се процени и да се каже, ама некојте да мислите дека кај нив тоа прв пат се спроведува. Во пола и поише приватни фирми си оди таа работа, на процент, колку си исполнил од предвидениот план толку посто добиваш плата, 70, 50, али некогаш има и 110% ако напраиш и поишеод предвидено. Како ќе биде со нив незнам, стварно али дека не се единстевни до државава. И ако сакаат малку да бидеме пофер спрема нив и да ги третираме со почит која ја заслужуваат, пример нека не ме прашува мојата матична кога ги викаат фармацевскиве куќи на новогодишна забава и да ме тормози да ја прашувам мајка ми да и резервира место туку нека ми обрне внимание 10 минути кога и одам со сериозен проблем една у годината, зашто толку и одам. Е тоа ме иритира, и можам со докази да потркепам 100посто,дека голем дел од лекарите не само што зимаат мито, туку потајно го очекуваат или ако не им фрлиш паричка плус не ти праи операција па кој сака нека си. И достате со тоа учеле 12 години, како само они да учат. Секој учи за себе, не за другите, и не треба да очекува да ми се клањаат зашто завршил факултет кој прописно си е толку години, не учел како нешто екстра што никој не го праи па да припаѓаме у несвест. Додека не ги почитуваш другите професии и гледаш надмено на секој кој не ти е колега по стурка,немој да очекуваш ни тебе да те почитуваат. Мразам некој кога сака да му се калањам и да го поистоветувам со бог,ма ако сака и нека спасил милион лица. Каде е скромноста и фактот дека тоа го прават зашто им е должност не за да очекуват вечита благодарност(читај виски или пари) ДОЛЖНОСТ, како на судијата што му е должност да ја истера правдата и постапката според закон, законито, па не очекува после завршена парица во косист на едната странка, виски да му дава или да го части Е против ваквите лекари, или хирурзи секогаш ќе зборам лошо и ќе плукам зашто не заслужуваат да се наречат доктори. Во таа ситуација, Докторе, не звучи гордо, и не заслужуваат да го носат.
Контрадикторна си или ми се чини ? Толку им е платата и сега скоро им ја качија да не биле корумпирани , а хирург субспецијалист како кардио хирург на клинички 30.0000 , во повеќето постови видов само покажување со прст излезе докторите се најџган луѓе неработници , ми здодеа ....
Не знам како се вика докторот не сум од Скопје не ги знам докторите од клинички А за такви како тебе што вреѓаат без никаква причина нема да коментирам
И јас не сум од Скопје. Биг деал! Без причина вреѓам? Знам на мој грб девојко, затоа се бунам и вреѓам, а ти не чуј ако не ти се свиѓа. Бог да чува во кој не верувам, ама дај прочитај за Метастаза, па тогаш дојди ми и брани ги.
Не сум за тебе ма , ниту сум стока да ми викаш мрш , запознаена сум многу со состојбата во здравството нема да се повторувам дека има доктори и недоктори како во секоја професија , и не се дрзнувам никој да нарекувам говедо , многу од нив се професионалци и спасиле многу животи ... не пишувам на форумов за да се пресметувам тука ... пишав дека не сум од Скопје дека инсинуираше дека знам некој доктор сашко ... кажав веќе ми здодеа
Mimiii ја знаеш реченицата: Една нула, една кула. Мислам дека кај тебе тоа е проблемот, пишуваш една нула повеќе и тука се збунките .
Незнам дали гледавте кога завчера даваа изјави пред Влада... Приметивте ли дека меѓу докторите имаше и некои кои беа обвинети во Метастаза ( со казна која беше иста со времето кое го поминаа во притвор, па се сега на слобода). Е нели тоа кажува кој тоа таму штајкува? Оние кои се научени на баци рака и за жал оние кои се заведени и се само параван. Замисли да работиш во банка и ете така да ти текне да си земеш кеш со што ќе ја оштетиш банката, за тоа да бидеш осуден и кога ќе ја издржиш казната да штрајкуваш ... не бива нели? Плус кој би го вратил таквиот службеник (само економист со 4 евентуално 6 годишни студии) на работа. Никој! Зборот ми е,тие доктори се повторно на работа и ние сега треба да им се клањаме. Абе ај.
Знаеме?!! Не знам најискрено. Уште негираш дека знаеш за пирамидата што собра пари в џеб? Не знаеш ништо за нив? Доктори што всушност треба да лежат време и платат за митото што веќе го земаа од невин народ?
Што негирам девојко , тоа се однесуваше дека за платата на судиите сум додала нула уз брзо куцање , логично е дека никој не зема 900000 плата во мк, што ме напаѓаш кој ти е филм имам слушнато на вести за метастаза не знам кој се докторите по име нити ги познавам , јас овде коментирам колку се малку платени за нивниот труд луѓето од лекарската фела си кажувам мое мислење не бранам криминалци ..
Проблемот е дека главни доктори на големи функции СЕ криминалци како што се потврди во судскиот случај. Затоа го наведов случајов. Овие барем ги фатија на дело. Туку што правиме сега со останатите е прашањето. Дајте им повеќе плата!
Не сум знаела дека повторно се на работа искрено , а знаеш ли зошто ? Бидејки нема стручен кадар кој ќе ги замени ? Поентата не ми е да се клањаме тука да се реши состојбата во здравството , да се инвестира во човечките ресурси и во опрема ,конкретно од мојата генерација во мојот град ниеден не се запиша на медицина , многу лекари не одат на специјализија бидејки едноставно не им се исплати и од кај ни е нас тој стручен кадар ке го увеземе . Во мојот град има по еден специјалист од една област , сите се пред пензија , нема кој да ги замени , после ке треба да одиме во друг град за преглед ... затоа што толку се потценети , никој нема желба да се обучува од младите лекари
Многу ми е криво што се генерализира, таман работа дека сите лекари се корумпирани, неработници и сл. Па затоа кога дискитирате барем кажете -дел од лекарите и сл. Работам со нив и има буквално секакви, впрочем како и сегде и во секоја професија. Од прекрасни, хумани личности до такви на кои фикусот не би им го дала на чување, па камоли моето здравје. За платите не се во право, таман им се. Сите имаат по некои додатоци, те наставнички, те шеф на ваков или онаков отсек. Професијата си носи многу привилегии, да не се лажеме. И да не е митаџија, ситни благодарности, услуги за докторот, нели. И цел свет го прошетаа со Конгресите нивни. Моделот за работа по учинок мора да претрпи измени. Ваков каков што е не го бива. Јес да на некои сега им текна дека треба да работат, ама некои многу се внесоа во филмот -учинок. Јас на пример, до сега правев контроли на три месеци. Е сега ми вели докторката -почни да доаѓаш еднаш во месецот. Се чудам бидејќи добри ми се резултатите. Изнапиша лаборатории, микробиологии, испомења терапија без потреба. Неа учинок, а мене секој месец илјадарка трошок плус. Туку муабетот ми е, не е добро што се создаде ваква лоша перцепција за лекарската професија. Во недај боже пак таму ќе одиш, зарем по бајачи ќе одиме. А без доверба и со негативна перцепција кон лекарот, нема лекување.
Апсолутно не мислев дека треба да се демотивираат, јас сум најголем противник на апатијата во државава. Не зборував за добивање на тоа што го барале туку за сочувствување со нив. Според мене, и едните и другите имаат подеднакво важна професија, и не се доволно платени како што не е никој во државата. А не е ни Владата во право затоа што не ги консултирала кога формирала нова мерка, ниту пак треба да им забранува да штрајкуваат.