@lovestoneddd За некои работи малку треба да имаш мозок, малку, ама на овие мозоците им се на 90ка перени или такви се родиле, жално како и да е.
@orevokrsacka, свесна ли си дека му бараш решение и поддржуваш бегство на првокласен криминалец кој ја цицаше државата 11 години? Патем, не се секирај ич за нас - ќе си продолжиме со животот, а и мајтапот како одбранбен механизам во трагикомедијава од држава, таман уште meme material би имало.
Тоа е Облаче..Никој не се раѓа во синџири, сами си ги наметнуваат отпосле, а државава била и ќе остане партиско заробеништво. Робуваат на туѓи идеали, се радуваат на 5посто покачување плата, додека нивниот лидер,од нивни и наши пари, на таа 5ка има додадено и присвоено десетици нули и за нив тоа е ок. Туку да не си им у кожа. Мора да е крајно стресно и фрустрирачки да имаш апсолутна моќ 11 години, а сега да си ништо. Да идеш на работа а да ти се тресе душата дали ќе бидеш заменет со друга партиска книшка. Истата таа книшка до завчера отварала железни порти, сега комотно има иста функција ко тоалет папир. Јбг
Ова ако не е плачење со зајадливи дежаву брецања, не знам што е! Многу сте бре предвидливи, мала провокација и оп - одма ќе ги набрекнете вратните жили. Само проверувам дали сте во кондиција, добро е, у реду сте. Цмокич и од мене.
Абе Грујо со милиончињата некаде ќе побегне, засега за чоравање е обвинет(допрва уште ќе го судат),ама која црна река ќе го пере Зајко Абе никој не го сака и почитува.Најслаб премиер во цела историја на Македонија е. Па ни азил нема да му дадат на предавникот. Режимот на Грујо падна за да имаме подобар живот,ама богами последниве 2 години ни "Е" од подобра економија не слушнав,ни "И" од инвестиции не видов,ни "С" од соживот не видов...
Не победи Заев од што многу го бива, победи заради Грујо. И Хитлер да дојдеше ќе победеше. И магаре да ставеа СДСМ за премиер ќе победеше.
Пази стварно... Затоа што нели, средување на 27 годишен спор со соседна држава, членка на ЕУ, е каде каде полошо од најголемото пљачкање на една држава на Балканот и пошироко, од тепање студенти, од монопол, од давање наредби за насилство и прикривање на убиства. Која ли река...
@iki26 Не викам дека е чист Заев, ама кога ке го чујам на снимки и докази на дело е тогаш ке збориме што ке го пере. Си крадат сите по ред јасно ни е како ден, али за сега подобра опција ми е од Груевски и Мицковски едно милион пати. И тоа што не си слушнала е можеби и реалната слика, ама се жалиш, затоа што 12години врмо го лажеа народот, филмови, приказни колку ти душа сака. Е сега не чини...Не чинело многу одамна само кој да погледне убаво. По кои критериуми е некој најслаб премиер? За мене ке е еден од подобрите ако влеземе во Нато, за Еу знам дека ке почекаме. Само не знам како бе се ви е лошо сега, се не ви чини, а мижите на криминал, Груевски, Јанкуловска, Јанакиески...Што луѓе ке бевте...
А ти мислиш дека го средија спорот Што е средено?Каков е компромисот?Кои отстапки ги направи Грција? Секој од улица дојден без трунка искуство ваков договор би потпишал.Овде нема никакви мудри одлуки во корист на Маке донија?Што ќе добие МК?Зелено светло за старт на преговори ? Мало сутра тоа.Пак ќе бараат нешто. А богами мнооооооогу ќе изгуби. Па не знам што е потежок криминал?Пљачкање на држава, или Геноцид,самоуништување,и продавање на државата?
Нека е Заев и најголема тиња, тоа не го менува фактот дека Грујо е криминалец. Кидавела сосе пари а вие овде мислете си дека вмро кај и да е пак ќе се врати на власт Тек па што си мислат сега оние гревовине од 27ми април...
Абе не ме влечите за јазик да постирам видеа кои што сите ги знаеме. На Вајлд две му имав постирано,побарај ги неколку страни поназад https://www.facebook.com/1825421033/posts/10210055153495126/ Обрати пажња после 1.мин и 20 сек. Дај да не се заебаваме навистина.
Стварно нема споредба пљачкање со рушење на држава.Па Кочо Анѓушев за 2 години билиони направи од тендерчиња.Па пола од политичариве држвани стипендии во странство ка своите деца им дадоа. Да не зборам што уште не.
Да бе Ики го средија спорот и секоја чест за храброста и решителноста. Прифати го фактот дека го средија , нешто што никој не сакаше да го направи од осамостојувањето на Македонија и секоја чест за тоа. Ако се истера работата до крај ке влеземе во Нато, за Еу кажав веќе ке почекаме сигурно. Ете ти најголема придобивка од решението, поголема здравје. Уствари сите напори за решавање на спорот се направени и биле правени од секогаш за таа цел.
Еј бегалецот не ме занима-раат можам да спијам,кај сака нека крши глава,што дробел-тоа ќе си срка. Ама богами не можам раат да спијам кога ќе почнат да ме исмејаваат,и да се мајтапат кај и да мрднам подалеку од Македонија како сме се продале (т.е. Заеф не продаде) за грст пари. Сега и Албанците почнаа да се заебаваат со нас.
Навистина е смешно што ве тераат да се занимаваме и дискутираме со Грујо,а тие во парламент си ја тераат водата.
Па не е уште среден,прифати ти дека ќе почекате уште 5-6 месеци.Све може да се деси. 0 придобивки ќе имаме,ама ќе правиме муабет тогаш.