Па исто и со мои пари се школуваат во странство децата од пратениците, со мои пари го спонзорирам Анѓушев да си калапи..
Ако Грујо избегал, тоа е со амин од власта која вие ја изгласавте за да го затвори него, ама толку па на вас да не ви сече (коа веќе почнавте да ги навредувате луѓето). Че си лежите Not.
па подобро да се школуваат децата на пратениците него Грујо да си ги пере парите на Панама и вака к***ашак да си игра со сите.
Ти ова стварно Божеее што не ќе прочитам Ова како вицот со подобро на комшијата кравата да му умре.... Возрасни сме, дај малку да се заозбилиме деца читаат тука. Едит:Извини на израз:Ова ти е исти курац-друго паковање!!
Не мртва озбилна сум..ти колку глупости исполупа де за геноцид де за истребување, де за диктатура па никому ништо нели? Како само со ,,твои” пари да де плаќа нивното школување.Не си само ти во државава.Пратениците ја добиваат платата од нашите пари, така што што е тука е.Не знам како можете да бидете толку завидни и бесчувствителни..Па деца се тоа.Замисли твоето дете да добие стипендија за Oxford на пример и мајките на неговите другари да пишуваат по форуми и Фејс како тоа се перени пари.Размислувате некогаш дека нивните деца може овде да читаат?Не мислите што пишувате.. ни овде ни во ,,Македонските јавни фаци”, децата не се криви што нивните се лопужари и измамници.
Навистина греота и ги жалам тие деца(ќерката на Никола Димитров на пример) немаат пари за школување во СТРАНСТВО,па тато ќе ми додели државна-социјална стипендија Да се собереме да донираме за нив. Тие пари треба да се дадат за деца за лекување во СТРАНСТВО на луѓе кои немаат скршена пара, и молат од врата на врата,а не на дотичните погоре. Колку ли само деца овој период бараат каква било финансиска поддржка за лекување,ама за нив нема пари,АШ ги јаде волкот. Убаво ме потсети за пратениците Па тие над 1000 евра само патни земаат,а знаеш дека секој 2 месец земаат по 500 евра за ново одело и кошули да носат во парламент (ќе купат 3 пара и ги вртат цела година) Знаеш дека во секоја комисија свикана плус земаат дневница. Чешки нека читаат тие деца,може жал ќе им падне па ќе се откажат од стипендиите.
Нека им дадат пари де, ти не одлучуваш за тоа, нити пак јас.И да така се давало стипендија..Нека зимаат колку пари сакаат мене ич гајле не ми е, парите не се најбитни во животот.Пари па пари аман веќе.Да Бог да почнат да врнат пари од небо па да не замарате веќе со тие глупави пари. Добро де, секој нормален вработен зима плата што има чудно?Ти плата не зимаш?Не си ми јасна стварно. Безосетно им ги напаѓаш децата, пак ќе кажам не се они криви што нивните родители се такви какви што се.И не планирам да ти повторам уште еднаш, не си мала читај меѓу редови малку.
Не е социјална стипендијата и апсолутно не зависи од примањата на родителите. Секој кој ги исполнува условите може да ја земе. Никој кој ги исполнува условите до сега не бил одбиен за таа стипендија, така да...
Кога пишав социјална во друг контест мислев,не според примањата. Јас знам 5-6 студентки со просек над 8,5(не знам точно колку) што ги одбиле да им дадат стипендија да студираат во странство. За ваква стипендија ти требаат врски,не даваат секому.
Па нели муабетот ни беше за трошење државни пари од наш џеб.Ова беше само еден пример за тоа,не ги нападнав јас,само ја кажав вистината."И татко ми да беше владика-јас ќе бев поп"има една поговорка. За жал се е за пари на денешницава,нема спас од тоа.
Ама над 8.5 може да е 8.6 и може да е 9.7... Ако си исполнило девојчето услови, нема зошто ти да се буниш. Мој другар зема стипендија за врвен факултет затоа што си исполни секакви услови, не поради тоа што нема пари. Никој нема да си го прати детето на факултет во странство, поготово држава каде што стандардите се повисоки, ако нема пари за да му овозможи убав живот.
Апсолутно секому даваат ако ги исполнува условите. Има листа на универзитети на која треба да те примат - ако те примат секако добиваш стипендија. Ретко има пријавени за стипендијата затоа што еден од условите е x години по завршувањето да си достапен за вработување во Македонија и да не смееш да бараш работа.
Не знам сега точно колку имаа(знам сите земаа стипендија додека студираа факултет). Е ми текна, комшијата кај моите во ГВ имаше околу 9,5 просек на ангслиски јазик.Посиромашно семејство со самохрана мајка.2 пати аплицираше,го одбија за стипендија во странство.Работеше цела година(не знам каде) собра некој денар,и сега е професор во Кина на факултет. Има,има разни случаеви
Имаш многу типови стипендии и многу причини зошто би бил одбиен. За оние социјалните стипендии и со просек што се (обичните студентски), се прават и те како мучки, ама за студирање во странство сите што ги исполнуваат условите добиле. Јас знам за ќерката на една моја лекарка, девојчето одма доби стипендија, завршува мастер, по договор се враќа во Македонија и чека да ја запослат, не смее да работи, ја маткаат по администрација за 250 евра, и скиснува и се вработува во ХАГ, за помалку од пола година и враќа на државата износ одреден со договор (не знам дали е неколкукратно од тоа што те стипендирале) и живее царски живот. Оти во Македонија поттрчко. И на другарка моја и нудеа затоа што нејзиниот факултет го нема во МК, и не зема затоа што беше обврзана да се врати и да чека да ја вработат тука. По 10тина стипендии годишно доделуваат во категоријата, повеќе од тројца никогаш немало.
Добро де, дај ми црвст доказ дека Димитров ѝ ја купил стипендијата.Мисли си дека за во странство туку-така се добива стипендија.Тие колку ПАРИ имаат нашиве ситни милиони не ин менуваат ништо.И да ем не си во право ем не ти е коректен односот, ти се контраш со сите.Си врзала нешто во крпче и како слеп за стап не го пушташ.
Факт е дека Груевски не требаше да избега самоволно сега од судската пресуда. Со самото бегање он си ја искомплицира ситуацијата, и во лоша положба ја става партијата со самото.Повеќе приврзаници ке добиеше ако самоволно отидеше и као што вика се борел за Интересите на народот. Сегана сила треба да го донесат и преку меѓународна потерница ако е избеган надвор од државата.