Јанушев дали озбилно ги нарече новинарите загари? Шо убаво новинарчето од тв 21 му кажа.. Одвратни суштества, бе. Да нарекуваш некој загар затоа што си ја врши работата...
Зарем е можно толку мудро да одигра Заев и за ова? Го пуштиа Груевски да побегне и да се обрука, да му спушти его до таму и кај што му е местото... Ова е дури поголема казна и од затворот. Е сега уште да се има закон за бегалците да им се одземе имот, нивен и на цела фамилија..
Прво стипендија не се купува,таа се доделува.Зашто од свој џеб да дава 50-60 илјади евра (мислам на Димитров ќерката доби 60 000 евра стипендија) ,кога може на леѓа од државата да се школува. Второ не се контрам,изнесувам и БРАНАМ свој став,најповеќе околу промена на името ,другите политики не ме тангираат многу,а ако некој не се сложува со мене околу таа тема негов проблем.Секој има свое мислење
Превземено од Facebook Мислам овие неколку реченици точно ја опишуваат моменталната ситуација во Македонија.
Кажи де дека од Миленко си го превзела, не се срами Најуспешниот премиер Го заболе Миленко и за мене и за тебе и за државата.
Да,од кај Миленко Затоа реков превземено од ФБ.За Грујо си во право што пишал,ама не можев да го скратам тој дел Општо сакав да кажам за целата ситуација во МК,не ми беше за Грујо муабетот.
Јас мислам дека го скри затоа што Миленко, озбилно? Човек што верува дека земјата е рамна и дека "само денес ако на твојата година на раѓање додадеш колку години имаш ќе ја добиеш тековната година". АјКју ладилник за сокови.
Каков сака нека биде Миленко,многу му се секирам за него.Ама за горенаведеното според мое мислење е во право,освен делот за Грујо
Зошто срам? Новинар како и многу други.Не значи дека се согласувам со неговите изјави,или ги негирам. Читам,пратам и никому ништо.Па поголем срам за мене би ми било да го пратам Заеф на ФБ,кај што лаже,суши и при здрав мозок и разум не дупи,а некои слепо му веруваат.Секој збор или некој гаф му е,или некоја лага. А го сокрив баш од вакви коментари како твоите,кои наместо да ја согледаат реалната ситуација во Македонија,се фаќаат кој ја напишал.Да ја напишел некој ценет економист или политичар сите ќе се согласеа. Тоа е-таков ни е менталитетот кај нас.
Од ова што ми го постира ништо не ми е јасно.Што има тоа врска со ситуацијата во Македонија за која пишуваме??
Да ти долови од какви личности преземаш статуси и се поистоветуваш со нивните постови и ставови. T.e не е ни личност тоа, тоа е најниска форма на постоење, нешто малце над амеба.
А ти као ова што го постирав погоре за Македонија (не за Грујо) мислиш дека е Science fiction? Сигурна си? Тука живееш или во странција?Што не е точно од горе наведеното?Еве кажи тука си грешка,па ако е навистина така ќе признаам,да така е. Не е до Миленко,до реалноста во Македонија.Што се фаќате за Миленко. Едит: не е до писателот,до текстот е!!
И пред да дојде времето на СДСМ, имавме милион разлози за протест, дали тогаш дотичниот повикуваше да излеземе сплотени, за заеднички интерес ? НЕ. Од партиски ветрушки земате памет.
Не ме интересираат другите текстови.Искрено не ги ни прочитав што се,видов само глупости некои.Никој не го коментира Миленко овде. Јас не го бранам или правдам Миленко.Уво ме боли за него. Не сте разбрале што сака писателот да каже изгледа.