Греота само децата си ги осакати. За цел живот бележани. Имам слушнато многу убави работи за девојчињата. Ама ај сопругата бар спаси глава од ќотеци. А ако испадне дека има бг пасош, ќе легнам на земја и ќе се смеам. Ние не сме држава. Ние сакаме да бидеме, ама сега не сме. Си играме држава, ете толку.
Дури знаете што?...и тоа разводот (нели сите зборат дека се развел до Боркица) можда е сцениран ! Она крева раменици, нема поим каде е екс-сопругот, нормално. Тој со време сметки по банки си префрлил и сега како и Даравелски, ќе биде вечно недостапен за Мак-полицијата.Ќе си живее лагодно без да мрдне со прст. Знаете она...кога виновникот го фаќа последниот вагон од возот и со благо-провокативна насмевка ти мафта ,,Ќао амиго,, ? ...е така направи Грујо
А Боркица кај е ? Можам да ја тешам, кујзнае пак неа како и е. Красна жена и деца остави, фати џаде за Будимпешта. Некои викат втор пубертет го има фатено
Пак не ми ја свативте поентата во споредбата. Значи направив компарација каде што личноста/писателот/новинарот :НЕ НИ Е ВАЖРН НИВНИОТ ИЗГЛЕД,ОПРЕДЕЛЕНОСТ,СОСТОЈБА,КАРАКТЕР....ТУКУ ПИШАНИОТ ЗБОР(ТЕКСТ,КНИГА,БЕСТСЕЛЕР,КОЛУМНА....) Е ТОА ШТО НИЕ ГО ПРИФАЌАМЕ. Т.Е. Не каков бил Едгар,туку тоа што го напишал. Не каков е Миленко-Текстот што го објавил.Затоа јас викав читајте го текстот(кој е реален во оваа ситуација),не текстописецот. Нели Едгар бил"поделена личност" Едно негово лице било каде пишува за тага,омраза,мрачни теми,мистика(нели Гавранот).Тогаш бил во една друга "духовна, мрачна," состојба А другото лице-каде бил баш како поетите во тоа време:мил,љубезен,тивок, тогаш пишувал на други теми. Сум учела на времето за По,и баш тогаш ми беше омилен
Не бе мислев ќе не биде ама нема за 100 години држава да станеме Само глуп чоек не го гледа сценариово,избегал уџум а го чуваа 5 полицајци аха аха Сјо си игра мајтап две години место да фати да осуди све ко што направи романската специјална обвинителка!
Едновремено, изуринираа врз уставот; донесоа буџет најголем во историјата на републиката; ама не е проблем, се изгубивте вие по трагот на Грујо.
А со кој пасош е заминат? Со бугарскиот? Арно што ни кажа Грујче, не можев сношти да заспијам од што мислев каде е.
Добро бе ќе пукнам не можам Во штабовиве ве дрогираат, ве опиваат , што бутур ви прават Ги читав коментарите на статусот од Никола до сега, паѓам Да отвориме една тема со најурнебесните коментари или ту мач смеење ќе ни дојде ?
Убаво им направи , сакале они све со процедура , да биде демократија , ова она , абе зимај у 3 саат сабајле со алфи влагај и носи го во затвор , вака им даваат време и слобода да си избегаат.... Не знам дали ќе му дадат азил или интерпол ќе го врати или нешто трето си наумиле ,али барем нема да го гледам веќе и тоа ми е бар драго. Сега ќе си ја брани сопствената држава како прав патриот, од друга држава.
Гарант има б’лгарски пасош. Патриот како него ти се молам Туку, сега ми текна бе, не побегна он од затвор, туку од невозвратена љубов Напатено човече
Толку е лошо во државата што дури и Грујо си замина со бугарски пасош Шала настрана ама поголема кукавица досега не сум видела. Брука. @lovestoneddd ако отвориш таква тема ќе им ги повредиш чувствата на патриотите, синови Македонски!
Ама ако не си ,,заклан,, комуњар и ако не аплаудираш на се и сешто што ќе излезе од ЗЗ, тогаш се осудува некој добро спакуван опозиционер да ти ,,плесне,, дека (цитирам):,,...комуњарата се предомислува,, Не, не се предомислувам, туку си мислам со мојата глава. Може и неисправно мислам...незнам, ама битно не дозволувам да ме задои нечија идеологија која патем на пастирот му служи за лична промоција и богатење. И да не се лажеме, скоро и да не постои политичар чиј џеб ќе остане празен. Ама...во држава од 2 милиони народ, се искраоа толку многу пари, што дури не ми се верува дека постоеле парите, туку ми се чини дека се фиктивни, колку да се затвараат трансакции. Да имаше државава наша толку пари во оптек имаше да бидеме рај на Земјината топка.
На страна сеиров што го тераме, ама ситуацијава е страшна Јасно како ден е дека бегствово е со амин од власта и дека сето ова е одамна изрежирано сценарио, само актерите не беа познати. Дали Гвујо или Зајко, исто ќе беше. Очигледно со зајчето подобро се испазариле. Си играат к*рта*ак со нас Е сега ни треба 27 април. И еден Бошко Буха
Политички пазарења се во прашање. Зошто нема притвор за Мијалков? Од што не е виновен за ништо? @lovestoneddd да не избегаше Грујо, Иванов веќе куцаше документ за аболиција. Ама сега заболиција за две години....ами каде се другите судења?!...секое дело по две години !
Морееее, знаете Русија како ги решава ваквите проблеми со барање азил и бегање, нели? Хинт - тајните агенти у Британија Мислам, не да алудирам на нешто него just sayin'. Се шалам, не мора да се труе со ураниум или шо и да беше. Ама нека си плати за краденото и за осакатување на цели генерации. И за буткање држава у пропаст. Ама вака кога сме распашана команда, ништо не бива. А да, и СДСМ многу изгуби у мои очи со потегов.