Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Ратко Младич беше воен генерал на силите на Република Српска и командант на Врховен Штаб. Обвинет е за воени злосторства во Сребреница во 1995, од Хашкиот Трибунал, бидејќи он ја предводеше воената акција во Сребреница во која беа убиени илјадници муслимани. Во 1996 бега во илегала и дури вчера го уапсија во Зрењанин, во Србија и го испорачаа на Хаг. Заедно со него беше обвинет и покојниот Аркан.
     
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    И Соренсен ќе побегне од нас :D ... Видел со кого има работа. Утопија.

    Него малку офф

    А да се основа ФЕМИНА партија? 8)
     
  3. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Е ремек дело е :rofl:
    Туку ги знаеме таквите жени за што се способни само за пари, кај се запости Јохан кај ја извади од кафаните.
    Но како што кажа друга феминка изгледа не и се остава лесно кафанскиот живот.
     
    На milky-candy и zhap4e им се допаѓа ова.
  4. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Браво за Србиве, што сложен народ ќе беа

    Белград, 27 мај 2011 (МИА) - Поради апсењето на Ратко Младиќ во Србија е зголемен и степенот на безбедност на повисоко ниво, а во Белград во сила стапи забрана за јавни собири, јави радио Б92.

    Вчера околу 700 незадоволни граѓани се собраа на два одделни протести во Белград и Нови Сад.

    Во главниот град на Србија поради нарушување на редот и мирот синоќа се приведени 35 лица. Тие носеле знамиња на Србија, фотографии на Ратко Младиќ и извикувале пароли за поддршка на Хашкиот обвинител.

    Српската радикална партија најави протестен митинг во недела поради апсењето на поранешниот лидер на босанските Срби.
     
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Браво за нив има сега експресно да си влезат во ЕУ. Пошто си го решија проблемот што ги кочеше, а ние ќе останеме да висиме до бескрај.
    Визи ќе ни стават, ама зашто да не, тоа не е никаков проблем. Ќе си збориме ние „Шеќеринска ништо не направи во нејзино време“,а да не им беше таа истата немаше да достигнат тоа што стигнаа во нивно време. Ко цел процес да почнал во време на ВМРО.
    Ако, нека си спиеме, секако ни е убаво затворени.
     
  6. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Еее дечки вечер се одржува првата ноќна забава на плажа во Скопје (на Вардар) :rock: Ајде да одиме да се журкаме :dance: :party: - све е гага, градоначалникот частии... |(
     
  7. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    ^ Јупииии за мене ве молам едно столче, малку сум труднича, да имам кај да седнам ;)
     
    На milky-candy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Што ли да се прави за прологот кој оди на А1 за Ѕинго и пустошот кој им го направил на граѓаните и Кратово?
    А да новинарката е платеник на СДСМ и за да го направи прилогот и купиле стан.
     
  9. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Јас се извинувам ама во Кратово животот е ''феноменален'' , никој не ви е крив што не гледате сител :rofl: Завчера имаше прилог за Кратово, како прекрасно работат фабрики, како ја прашуваат жената редовно ли земате плата?-Да, редовно.

    Ако сакате да ве убедат дека животот на луѓето во Македонија е прекрасен и дека секаде цветаат рози гледајте сител.

    А таа Ивона Т. се обидува да го имитира Латас, одвратна беше, а начинот на којшто ги презентира вестите :puke: :puke: :puke:
    СРАМОТА, уште фалеше да не функционира а1 телевизија - ќе си мислевме дека во Њујорк живееме :lol:
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Само ако озбилно победат СДСМ ме интересира за колку време ќе почне лиж*њето задници за враќање на старите бои на Сител цццц
     
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Незнам дали слушнавте синоќа на вестите на А1 (леле се осеќам ко некој деде :lol: ) ама А1 ќе поднесе тужба до главниот уредник на Сител и до уште некои затоа што ги навредиле новинарите што презентираа каков е животот во Кратово. Така така, удри режимот, мавни со клевети и закани, притисни го овој столчен народ и дотолчи го уште толку!
     
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Еве нешто ново ...

    Активисти на ВМРО-ДПМНЕ уништуваат плакати на СДСМ

    Петок, 27 Мај 2011 19:02

    Алкохолизирани членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка, во 3 часот по полноќ поставуваат мисија - да го тргнат плакатот од кандидатот на СДСМ, закачен меѓу две бандери.

    Вандалскиот чин се случува вчера, на една од улиците во Крива Паланка, а видеото снимано од случајни минувачи денеска се најде на „Јутјуб“.

    Меѓу амбициозните партиски членови, може да се видат ликовите на Александар Георгиевски - вработен во Министерството за финансии, член на општинската изборна комисија и претседател на младите сили на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка.

    На снимката се гледа и Далибор Најденов, вработен од општината и Методија Станковски, член на Управниот одбор на Здравствениот дом во Крива Паланка.

    Тие прво се обидуваат да се качат на бандерата. Потоа го тегнат транспарентот. На паузите, пијат алкохол.

    Конечно, транспарентот е изваден, а политичкиот противник соборен. Следува финалето - уринирање по успешно завршената мисија.

    Георгиевски денеска не одговараше на нашите повици - да образложи дали на еден функционер му доликува на овој начин да се бори за изборна победа.

    Еве и линк од дешавката...
    http://www.youtube.com/watch?v=OJ3HCPI2 ... r_embedded
     
  13. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Стварно? Абе и јас не бев сигурна кога гледав, се си мислев и ова е наместено и сликата на екран и сведочењата на луѓето... А и околината изгледаше прилично модернизирана со најдобри услови за живот само во Кратово, град со фабрики, продавници а и нов трговски центар :fubar: Ццц
    Луѓе работава е за плачење, мене не ми е јасно како Кратово го декларираат како град а они брзаат да направат контраприлог со преплашени Кратовчани чија судбина е во рацете на Ѕинго и стравуваат за корка леб, па панично тврделе да да земаме ние плата и се тоа.
     
    На Blanca му/ѝ се допаѓа ова.
  14. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Изборната кампања на вмро го достигна дното...
    Денес во Карпош 3 во Скопје, вриеше од полиција и пајаци, кои заради митинг на вмро што ќе се одржува вечер, ги раздигаа сите коли и влечејќи кабел за озвучување од трафостаницата, Румунска Болница беше неколку саат без струја...
    Во Крива Паланка, во 3 саат ноќеска, активисти на вмро, од кои едниот работи во јавна администрација и зема плата од нашите џебови, се качувале на бандери да ги симнат плакатите од кандидатот на СДСМ во Крива Паланка, а потоа уринирале врз плакатите, дрво пијани... |( Еве погледнете видео за сето ова, за да не испадне дека зборувам набафтано :)

    http://www.youtube.com/watch?v=OJ3HCPI2 ... r_embedded
    [​IMG]
     
  15. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Ццц па се разбира дека нема да одговорат да бе ни доликува (ама изгледа уште тоа фали да го направат).
    Редно е да се освести овој народ, едниот од господата е вработен во Министерство за Финансии ко што прочитав а може еден ден и ќе раководи со финансиите на сите граѓани за послушноста, а другиот одлучува за здраствената судбина на жителите на Крива Паланка (член на Управниот одбор на Здравствениот дом во Крива Паланка).
     
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Што да одговорат се трезнат сега цццц важно работичка државна има ;) алал да му е.
    Така се заработува бе, се жртвуваш за партија нема трте-мрте.
     
  17. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Од последното што го чув се запрепастив:
    Досега ВМРО-ДПМНЕ за предизборната кампања потрошил повеќе од 1.000.000 Евра-ДОСЕГА
    СДСМ-нешто повеќе од 150.000 Евра од вкупниот кредит од 230.000 Евра (мислам дека беше) кој секако се обврзани самите да си го исплаќаат.
    А се прашувам ќе ги враќаат ли овој милион државни пари кои им припаѓаат на сите граѓани и оние кои се за СДСМ, и останатите но и оние кои не се определени.
    Информациите се од Антикорупциска.
     
  18. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    Офи народот во Кратово не живеат така од вчера,А1 доцни едно добри 20 години а можеби и повеќе со репортажава.
    Ѕинго ти е нешто слично на Амди Бајрам,кој е на власт со него е,првите 15 години си беше со СДСМ,сега со ВМРО бидејќи тие се на власт,си прави тоа што е потребно да си продолжи да си владее.
    Ѕинго беше директор на Силекс за време на бившата држава кога нели сите беа исто |(ама за време на приватизацијата се покажа дека ни одалеку не биле исто,директорите со платите си ги откупија фирмите ;)Првата работа што ја направија со почетокот на приватизацијата е укинување на законот за доказ на потекло на имовината,па сите директори кои беа нели исто со работникот си ги ископаа парите и си откупуваа фирмите.
    Ѕинго ти е modern day диктатор кој последниве 20години ги држи во состојба на терор жителите на Кратово,се што можеше откупи и ги држи во рака жителите,затоа не се бунаат за боновите кои ги примат како плата(тие што се бунеа и без нив останаа),за да со истите да мораат да купуваат само во неговите продавници,и така се вртат жителите на Кратово во маѓепсан круг веќе 20години.Никој досега што бил на власт не превземал ништо за овие луѓе,ниту верувам кој и да дојде ќе превземе бидејќи сигурно си имаат свои интереси кога дозволуваат вакво нешто да се случува во 21век.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Навистина потресно Битерсвит. Јас имав слушнато, ама не верував дека е до толку трагично... Иако е од А1 информацијата, неможам при очи слепа да се правам, објавија и аудио снимки и фирмите на Ѕинго, Силекс и другите сестрински фирми на Силекс како таа Силком на пример. Ги објавија и тие документите, како впрочем се поминува во рацете на Ѕинго преку тендери (во ова многу не се разбирам). Човеков на секој можен начин владее со Кратово, било да е директен и индиректен. Ми се згади, затоа и таков коментар имав напишано за него. Тој се нашол да соли памет по митинзи кој краде и кој е чесен, јас не ги поддржувам вмро дпмне тоа е јасно како ден, ама митингот нивни во Велес го пратев директно преку интернет, затоа што сакам да слушнам што имаат двете партии да кажат, за да јас си ги срочам како некој вид на Тв дуел после сите тие плукања по Тв. Вмро дпмне кажаа еден куп лаги, општо за градот Велес, за се што се изградило во Велес и незнам како и што, а тоа си нема врска со нив, затоа што ние имавме пристоен градоначаник кој ни го среди забаталениот град полн со ѓубре, го направи пријатно место, просто се гордеам со мојот град, но :!: тоа не се случуваше додека беа вмро дпмне на власт, нашиот тогашен градоначаник имаше два мандата и беше симнат на предходните избори, за да го стават овој сегашниов (ние во Велес си знаеме со какви манипулации го ставија) што апсолутно никаде го немам видено ниту пак нешто направи за градов во овие 2 години. Тоа е трагично, што сега вмро дпмне се китат со туѓи перја, со трудот и инвестициите на предходниот градоначаник. Сиот труд негов го припишуваат на сегашниов, а врска си нема. Ете, тоа ме револтира, безобразното лажење, па јас не сум од уши задоена, сум гледала и сум знаела што се случувало тогаш а што сега. Колку и да сум пристрасна, да, еве ќе си кажам, јас досега немам никогаш гласано, мене предходните избори ме немаше во списокот а имав полни 18 години, незнам по која основа, ама на овие избори мојот глас ќе го дадам за Сдсм, но само овој пат, ако се докажат лошо како што тоа го направија вмро дпмне, другите избори нема да го добијат мојот глас, никој од нив, туку фино-лепо ќе отидам, ќе го прешкртам листот и ќе го пуштам неважечки.

    Eдит. Офи дава само една единствена шанса :lol: Ако ја прокоцкаш - толку е :!: :lol:
     
    На zhap4e и Blanca им се допаѓа ова.
  20. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    ^Нема врска од каде потекнува информацијата,тоа е реалност на тие луѓе веќе 20години,на сите вработени во Силекс им се исплаќаше платата во бонови и никој ништо не превземаше.Тетин ми беше рударски инженер во Силекс и нему му ја исплаќаа во бонови иако во Скопје живееше,среќа негова имаше можност да се вработи на друго место,не зависеше од газда Ѕинго,што не е случај со другите.
    Ако дојдаат сега СДСМ на власт гарантирам со глава дека ќе оди со нив во коалиција и ќе си продолжи со истото што го правел и до сега,после место да ги вреѓа СДСМ ќе ги вреѓа и напаѓа ВМРО и ќе си продолжи тој и целата негова фамилија да се богати на грб на народот.Човеков е премачкан со сите бои,само своите интереси си ги гледа,а тоа што тие што се на власт и му дозволуваат да продолжи да го прави сето тоа ги прави исти каков што е и тој,нечесни лопови без обзир за кого станува збор дали за едните или другите.