Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Мислам дека е крајно некоректно да се изнесуваат некои погрешни суми кои ги видов овде.
    Како прво МИМИИИИ ,се расфрлаш овде со суми за плати и судии,крајно грешни тврдејки дека си запозната со состојбите во здравството.Како прво најодговорно тврдам дека судиите во основните судови добиваат далеку помала плата од твоите 90000ден.Земаат околу 50000 максимум до 55000 ден со стаж од 35 год а во тоа влегуваат и додатоци и исхрана,тие 90000 може да ги земе само судија на врховен или уставен суд а тие се бројат на прсти.За ова сум 100 сигурна.
    Како второ,не знаев дали да се смеам на информцијата дека хирург субцпецијалист земал 30000?Земаат многу повеке од тоа ,а заедно со дежурства и исхрана ,професор, шеф на катедра исл,речиси колку судија во основен суд.
    Е сега девојко кога веке навлезе со суми и споредби,секој судија веке со години уназад работи со норма која мора да ја исполни,постои комјутерска распоредба на предмети,така да нема ова сакам да го работам или не, секој мора оваа година исто колку колегата да изработи,без оглед дали зема помала или поголема плата.За споредба :нема сакам вооружен грабеж да судам,не сакам убиство да судам,што ти падне компјутерски тоа и крај.
    И на крај не можам а да не спомнам за тоа како на докторите им е дозволено да заработуваат и дополнително,вон работно време во приватни клиники каде заработуваат уште најмалку половина плата.Владата иако го укина,пак им дозволи дополнително да заработуваат.Ај ти види судија или некој друг по работно време друго да работи???
    И молам учеле многу?Јас се образував и надоградував усте осум години после средно и уште учам секојдневно па што?работам за подпросечна плата.
    Инаку лично мислам дека министерот треба малку да се позанимава и со мед.персонал.А бе што е со овие сестрите,барем јас сум имала лошо искуство со нив.Препотентни пред се особено оние постарите,некултурни,со чест на исклучоците.
    И да хуманоста треба да е пред се,барем во нивната професија.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Основната плата на лекарите специјалисти е 26000 и стигнуваат до 30000 со стаж и додатоци така да толку е , споредив судии затоа што на клинички хирурзи исто така се бројат на прсти затоа ги споредив и тие не ги бираат пациентите .... Јас ги подржувам да се изборат за своите права , да не им наметнуваат норми кои во здравството не се возможни и според мене заслужуваат да земаат поголеми плати , не сметам дека судиите имаат поголема одговорност од лекарите па да бидат повеќе платени и да не ги кажувам истите работи ... за тие што сметаат дека сите лекари се стоки говеда уште што не , нека продолжат јас ги подржувам и сметам дека имаат најстресна професија и со најголема одговорност и крајно време е бар едни да се изборат за своите права во оваа држава ...
     
  3. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Јас искрено, после тоа што се случи во Штип преминувам целосно на страна од докторите (не дека нив тоа нешто многу им значи :lol: ). Како е можно да те уценуваат дека ако не потпишеш изјава дека нема да штрајкуваш, нема да добиеш ни денар од предвидената плата?
    Е богами нема демократија тука, да можат и крваво ќе ги задушат ко востание. Срамота. Секој има право да искаже незадоволство преку штрајк, како може така диктаторски да го спречуваат? Што е следно, слобода на говор ли ќе ни прекратат, да не можеме ни да си зборуваме што сакаме?

    Кога го затеравте муабевтов судии вс. доктори, и едните и другите имаат важна улога врз животот на еден човек и квалитетот на истиот, само што докторите се далеку поинволвирани и подиректно поврзани со човекот. И дајте ве молам, сите си ги цените професиите, нормално е тоа, ама дека еден доктор не заслужува да зема поголема плата од судија или било кој, е навистина глупост. Значи, не потценувам никого, ама разгледајте убаво, утре животите ваши нема да ги спасуваат ниту судии ниту земјоделци ниту банкари...иако, на некој начин, може да спасат и тие :D
     
    На BoaVista, miss.ella, AnaKarenina и 3 други им се допаѓа ова.
  4. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Вејќе нема дој после у толку саато у мојта приватна ординација...за пари да перат докторите..и да неможе човек во канцеларија да ги најде е сега нека си добивааат колку што си сработиле...БРАВО ЗА МИНИСТЕРОТ само така на нив...требаше некој да ги доведе во ред..еден ќе работе други 10 ќе седат..
     
  5. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Значи,секој има право на штрајк и право да си го искаже незадоволството.Никој не треба никој да го присилува да потпишува некакви изјави исл.Ама ве молам мора да признаеме дека ова излезе од контрола.Срамота е.
    Чекаш на закажано уште пред три месеци за преглед во клинички,патуваш по 3 часа на -5 степени да дојдеш во Скопје на преглед со веке нарушено здравје,и во ред е тоа не е вина на лекарите да речеме,но да МИ ЈА ТРЕСНЕ ВРАТАТА во лице и ми рече “дојди после штрајкот“ и кога ке прашаш кога точно да се вратиш не ти кажуваат,е значи што е многу многу е.
    Да се разбереме јас не сум партиски определена.Верувајте ми ова нема врска со регуларен штрајк ниту од правна ниту од етичка гледна точка.Како што гледам лекарите не штрајкуваат за време на пауза половина час,туку цел ден вракаат пациенти.Точно е дека на никој не треба да му биде задушено правото да се искаже,и богами секоја вечер на вести се искажуваат,но баш затоа што ова е специфична дејност треба голема претпазливост.
    И ве молам би сакала да ги прашам: што искрено за вас е хитен случај?Значи ги примаат само хитните случаи.За сите нас кои не сме од Скопје доколку не упатиле во Клинички после долго мавтање по нашите ходници верувај ми хитни случаи сме,не сме за вракање баш.
    Што се однесува до споредба на професии зошто во здравството да не можело да има норми ,демек поспецифично било ,а во судството можело.Да,судијата оваа година може да затвори 50 криминалци,добива закани по телефон од новопечени мафијаши,не може детето на училиште да си го пушти на раат,фамилија има бре луѓе ,тоа не е само на филмови верувајте ми.Секаде во светот судиите земаат поголеми плати од докторите во јавното здравство,тоа значи дека сите тие демократски општества не чинат?Секаде постои систем на контрола и учинок.На судијата доколку му укинат 20% од предметите добива дисциплинска,котролата е висока,а лекарот?Мене лично до сега во примарното здравство ми имаат згрешено и лечено од непостоечки болести неколку пати,труејки ме со месеци и со непотребни лекови и си молчев,нема на кој да се пожалам,страшно .
    Точно сите си ги бранат професиите,ама не претерувајте,што не ги споредивте со платите на пратениците?
    Точно е платите се мали,како и на сите нас во оваа држава,ама со етиката слабо сме.
    И да Очила,јас не можев на преглед кај лекарот од клинички,но затоа по работно време ме прими на приватно и си платив,по 3 часот нема штајк.
     
  6. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
  7. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Го споредувате здравството во Америка и во Македонија?Смешки
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.668
    Допаѓања:
    202.251
    Пол:
    Женски
    Здравството кај нас е далеку од она што беше. Не беше совршено, ама имавме врвни лекари и специјалисти. Се труди министеров да оправи нешто со наводните реформи, ама слабо му оди. Нормално, кога ни з не знае од здравство. Како може правник да го оправа здравството? Ај јас сега да земам да го оправам судството, врска си немам од ништо .Затоа може министеров бара советници со IQ 140 и повеќе, да не утне, како што утна со образованието.

    Друго, кај нас секој што стигна, и ќораво и сакато се запиша на факултет, вклучувајќи го тука и медицинскиот факултет. Не може секој да биде доктор, ама кај нас очигледно може. Во странство сите бегаат од медицина, кај нас сите одат на медицина, залажани од сликата која се пласира во јавноста дека докторите имаат убав и лесен живот поради парите што ги земаат. А реалноста е далеку од тоа. Не дека ги оправдувам оние кои се збогатиле на сметка на пациенти - секаде има такви - ама пак, од друга страна, колку многу доктори и сестри има кои си ја работат својата работа со љубов, посветеност и истрајност, со една крајна цел - добробит на пациентот. Ама тие слабо доаѓаат до израз од митаџиите кои се уверени дека се Господ и мора да им се плати за да завршат нешто за што се веќе платени.
    Сметам дека удел или вина да кажам во создавањето на митаџии (во било која професија) има и народот - колку пати сум била сведок (цел живот сум со медицинари и медицина) кога обичен човек нуди нешто (пари или нешто симболично) на доктор кој го излечил или му го спасил животот, небитно - само како благодарност, и упорно му наметнува да го земе, и покрај тоа што докторот му вели дека нема потреба, оти е платен за работата која ја врши.

    Го оправдувам штрајкот на лекарите - ама оние способните, и оние кои навистина работат и ја сакаат својата професија - и ќе бидам на нивна страна се додека министерот не се симне од облаци и ја увиди реалната ситуација во здравството. Многу прекувремени дежурства и работни часови воопшто не се платени, иако повеќето од вас мислат дека се платени. Плаќањето по учинок е нереално, затоа што ќе создаде потреба од бројни непотребни испитувања и препишувања на лекови кои реално не се потребни, односно, од здрави луѓе ќе се правиме болни со сила, само за лекарите да земаат плата. Оти нели, се плаќа. Кој ќе добие најмногу од ова плаќање по учинок не знам, само знам дека во загуба ќе бидат и лекарите и обичниот народ.

    Никогаш не сум потценувала ниту еден факултет, секој има своја вредност и значење, ама одговорноста која ја носи медицинскиот факултет не може да се мери со одговорноста на некој друг факултет. Кога е во прашање човечки живот, треба човек да застане и да подразмисли малку. Ама кај нас очигледно тоа не се прави - ем факултетот и врвните стручњаци се уназадија, ем секој што стигна стана доктор. Никој не се потчукнал по главата и не подразмислил за фактот како ќе се носи со совеста ако не дај Боже направи грешка (а грешки се случуваат) фатална за пациентот, па затоа и мислат дека можат да бидат лекари. И за жал, од таквите стигнавме до ова дереџе.

    EDIT: Уште ова - зарем навистина мислите дека лекарите земаат повеќе од 25000-30000 ден. плата? Зборувам за клиничките лекари, не професорите. Нив не ги сметам во штрајков. Лекарите во помалите градови земаат и помалку, верувајте, одвај до кај 20000 ден. и ако им ги платат дежурствата.
     
    На BoaVista, miss.ella, danielka0507 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Анат,точно е дека здравството не е тоа што беше.За тоа дали некој како правник може да го оправи здравството,искрено не знам,имавме претходно и министри доктори ама слабо и со нив беше.Искрено немам посебно мислење за тоа,но времето ке покаже дали трудот на министерот се исплатил,јас сепак сум за нешто ново.
    А америка е друга приказна,мими почни да гуглаш од поблиску.и онака анкетата се однесува на сите здравствени работници и во големите приватни клиники,освен пишува на самовработените лица.Замисли ние во листата на најплатени професии во Р.М да ги ставиме и платите во Систина,Ремедика и сл(не мора на матичните -самовработени),тогаш би немало потреба од штрајк нели?
    Но ме интересира овде зборуваме за штрајк на лекарите,но не сите нели.Поголем дел не штрајкуваат,тие едни исти педесетина ги гледаме,ме интересира мислењето на останатите,што е со нив и нивниот став за однесувањето на колегите.Сигурно тие сега имаат поголем терет.Искрено баш ме интересира.
     
  10. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Се фаќаме за сламки , и изолирани случаеви а не ја гледате големата слика ... Не споредив македонско здравство и американско ! светлосни години се разлика , туку чисто да знаеш дека во развиените општества лекарите се платени највеќе оти ти рече во странство не биле платени толку , и нема веќе да се препирам не знам кој лекар е задоволен бе со таа плата .Дикусијата ни е -аа така е, е не е вака е , ее не е така :D а не гледате дека здравство ни е за никаде ...
    А и Annath од збор до збор си во право
     
  11. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.005
    Допаѓања:
    4.885
    Не ги имам прочитано коментарите во темава ама знам дека дискутирате за нашето здравство.
    Мене не ми е јасно, и не би сакала да ми се разјасни затоа што е безвезе, како може нашите напатени доктори да бараат покачување на платата и да се мерат со америчките доктори кога идаат во 8 и пол(а се почнува во 7ипол/8) на работа, прават пауза од 10 до 12 а прекинуваат да примат пациенти во 15 часот затоа што во 16 си одат дома.... Зарем не е срамота за нишање на вратата да земаат голема плата?
    Имам искуство со америчко и со македонско здравство. Кога се оди на педијатар таму, се знае кое време влегуваш, што документи се пополнуваат и грижа добиваш максимална без да се чувствуваш на пазар од типот: "Обична настинка е, земи си чај - ќе помине" а ти всушност 3/4 дена пред да одиш кај докторот веќе си го превземил овој чекор. Да не разговарам за условите, кај нас се катастрофа ама за тоа не се криви докторите.
    Исто така, во Америка те гледаат како свое дете и сакаат што повеќе да ти помогнат КОЈ И ДА СИ. А кај нас, додека не им потпикниш во џеб не те погледнува повеќе од еднаш. Кажуваат дека земаат мали плати, а што не кажат за дополнителното мито што го добиваат? Растена сум во болници цел живот, и често кога ќе слушнеа докторите во Скопје дека сум од Охрид - без срам си бараа пастрмче за следниот пат.
    И за крај да надополнам, неможам да кажам за другите градови, ама во Охрид не дај боже да оставиш постар човек во болницана да преноќи... Дефинитивно до сабајле ќе почини затоа што болничарките и докторот дежурен легнува да спие а пациентите се оставени да се мачат. Слабите не преживуваат, а причина за смрт е стандардниот срцев удар....

    И како кажете да му се дадат повисока плата на вакви неодоговорни луѓе кои сакаат да не се мачат воопшто а да земаат повеќе пари? Можеби нема да се согласите со моето мислење, ама најубаво знаат оние кои го поминале дел од животот по болници.
     
    На ocila и nadja.d им се допаѓа ова.
  12. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Во потполност се сложувам со ова погоре.И јас не потценувам ниту еден факултет, но медицината е медицина.Животот и здравјето ни зависат од лекарите.А тоа е најважно нели.Башка сум правник, и искрено жално е еден правник да си игра со нив.Најмалку ја потценувам мојата струка, но од медицина ама баш не се разбираме во ништо.Но секако и како правници (за жал не сите ) добро разликуваме квалитет од квантитет.Од докторот барам квалитетна услуга, ако треба и 2 сата да ми објаснува, се работи за моето здравје пред се.Не сакам да бидам само бројка во нивниот тефтер за да земат што поголема плата.И не ми е битно ако чекам ред и со сати, ако знам дека ќе бидам како што треба услужена.Тие пред мене исто така имаат потреба како мојата.
    Дефинитивно сум за промени во здравството.Но промените да бидат во подобрите услови во болниците и поголеми плати на докторите.Најмалку дупло од тие што им се сега.Па по 15 години учат и цел живот се надградуваат.Зголеми им ги платите и овозможи човечки услови за вработени и пациенти.Само така може да има поквалитетно здравство.
    Ова на ,,министеров,, му паѓа во вода.Оценување по учинок.Па не сме во прво одделение.Ако ДПМНЕ застанале таму , ние другите сме продолжиле понатака.Целосно го подржувам штрајкот.
     
    На miss.ella, Annath и angelina1 им се допаѓа ова.
  13. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Дечки, да се разбереме, докторите не штрајкуваат за поголеми плати, докторите штрајкуваат против платата по учинок. Старата нормална плата доволна им беше и ко бубачки мирни си стоеја, значи не бараат покачување на регуларната, бараат да се укине новата реформа за плата по учинок, што е двојно ако не и повеќе помалку од тие 25000 што ги земале до сега. Па сега вие размислете колку е заслужен секој еден човек кој учел скоро цел живот за да биде нешто, да зема 15 000 плата, исто колку што земаат луѓе со средно во некои полиња.

    А ако на министеров му ја одредиме платата по учинок, треба вкупно 30 денари на годишно ниво да зема.
     
    На Lilliana, esperanca, AnaKarenina и 7 други им се допаѓа ова.
  14. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Секој си има свое мислење и став.Јас ќе го почитувам тоа и не мислам повеќе да се докажувам и препирам.Секој со своето искуство по нашите болници.
    Ангел, и јас го имам сличното искуство како и ти.Среќна околност сум добро ситуирана па сум нашла чаре во приватното здравство.Но што е со тој што немал??? Греота.
    Пак ќе нагласам,далеку од нивната заклетва,далеку од секоја човечна етичност ,пред се како човек ,потоа како лекар е да му ја плесниш вратата на болен човек.
    Со години волонтери работат по болниците за 3900 ден и им помагаат на болните,е на тие секоја им чест.
    Толку од мене на оваа тема.Ви посакувам здравје.
     
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.679
    Допаѓања:
    253.162
    Angel92 кај најде да го земеш американското здравство за пример? :^)
    Проблем број еден во САД е здравството.

    Друго, актуелна и многу битна е расправата за буџетот. Опозицијата конечно се разбуди, ама пак власта се обидува со манипулирање на простата маса да се извлече и да си обезбеди парички за спомениците и за престојните избори. Се чудам, уствари не, не се чудам, факт е дека кај нас грото од народот се прости, неписмени, заслепени, па паѓаат на лагите што вешто им ги сервира Владата и Сител.
    Ќе нема пензии бре, оваа е врвот дефинитивно.
    Малце ама барем малце да се прочиташе, да се заинтересираше народот за каде тоа Владата ги троши нашите пари. Ама не, полесно е да веруваш дека Бранко е крив. Леле фразата е толку досадна и излитана што може да ти изнуди само гадење.
    Ми се гади, и од власта, ама најмногу од народот.
     
    На Annath, angelina1 и BoaVista им се допаѓа ова.
  16. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.005
    Допаѓања:
    4.885
    Јас кажувам пример дека услугата што ја даваат таму, и што се нуди тука не е иста. А кој какви проблеми си има во својата држава не навлегувам. Јас, лично неможам да се пожалам за америчкиот здравствен систем затоа што мене коректно ме услужиле.. За останатите незнам а и не ме интересира. Јас само сметам дека освен што министерот не знае работата да си ја заврши, треба да се направи огромна чистка по болниците затоа што се неодговорни и никој мене неможе тоа да ми го докаже спротивно. И најчесто неодговорни се постарата постава кои што се замислуваат Господ и дека никој неможе да ги смени. Одат дотерани, како да излегуваат во клуб а машките доктори - прави мањаци. (85% од персоналот низ мкд). Сигурно ќе има многу против моето мислење, ама затоа е форумот... да се искаже свое мислење па макар и да е поразлично од другите :)

    :hai:
     
  17. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181
    А овие докториве се божем најзагрозена категорија во државава и сега треба да сочуствуваме? |( Искрено не сфаќам како може некој да ги поддржува па без разлика на партиска припадност. Што е битно во случајов кој е министер, тие секогаш го имаат истиот однос. Секоја чест на исклучоци ама не верувам дека баш исклучоците се оние што дигаат најмногу галама, секогаш е така, за жал.
     
  18. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Тој ќе зема 15 илјади ако не работи и седи ..а ако работи нема да зема... ;) ..а оваа рекламата со двата доктора е многу добра.. :)
     
  19. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Не знам кој е авторот ,ама интересно размислување :)
     
  20. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Не мислев да се навракам на темава ,но навистина тешко е да не искоментирам.
    Ти навистина не знаеш кој е авторот,стварно?Ама ајде,ти се молам.Значи мене ми е оддалеку јасна твојата партиска определеност и сето тоа беше веќе од далеку прозирно,и да ти кажам ок е тоа,си имаш завземено став и страна.Ама да не фарбаш овде као не знам кој авторот ,но има интересно размислување,ама ајде.
    Каде ја прочита ти колумнава бе Мими,е па таму и пишува и кој е(за другите што читаат авторот е член на опозиционата ЛДП).Инаку ни изгугла еден куп податоци и статистики за најплатените професии а авторот не можеше да утврдиш кој е.Не дозволувајте вашата интелегенција да ја посиви некој ваков акт,водени од политички моменти,читајки и цитирајки партиски колумни било опозициони било владини,коментирајте овде како пациенти ве молам.

    Мислам дека на крај клучно е секој да си ја сака професијата што си ја работи,луѓето со кои работи.
    Не можам а да не помислам на трагедијата што се случи во Америка.Учителките со своите животи ги бранеа своите ученици,само да спасат некој детски живот,затоа што секој детски живот е бесценет.
    Нека почиваат во мир.
    Е тоа е човечност,да ја работиш професијата со љубов,а не да ги вракаш болните и затвораш вратата во лице.
    А за тоа дека има некои интересни моменти во колумната да ,има.Но не можам да се сложам со нелогичните споредуванја на нормите со сработеното,како демек ако работиш на норма нема квалитет,па некои од нас цел живот работат со норма но и со квалитет,и ние работиме со странки и луѓе и не значи дека сме правеле грешки или сме си играле со животите на луѓето,сите имаме притисок во работата па што.