Леле, леле, пердушки летаат на сите страни. Ве сетив уште синоќа, ама не верував до толку дека таква опсесија ви бил човеков. Ете, не го мислете веќе, на сигурно е, и миљардитештогиукраде нека не ве мачи мисла каде се. П.С. А да прашам, знае некој до кај сме со амандманите, преамбулата, уставот, рамковнио, преспанскиот..? Или уште сте зафатени со прегледување на багажници и гепеци? Ај па не е толку важно, догодина ќе ни кажат. Таман ќе ви помине еуфоријата.
Три дена чекам еден мејл од Унгарија, сега барем знам што била работата. Зафатени сите со пречекот на Грујче.
Имам кажано и пак ќе кажам.Тоа што ВМРО го уништија за 11год. не може да се обнови за година дена.Прва работа, втора работа изгледа дека ти живееш во не реален свет.Мојот свет не е розов.Гледам под призмата на реалноста не како мене ми одговара.Имам пишувано низ форумов дека здравството и образованието не ни се во ред да.Ама не живееме во Африка па да немаме основни средства.Ете пишуваше вчера извршена е трансплантација на коскена срж од несроден донор и тоа замисли во СКОПЈЕ.Некои работи кои се кај нас развиени, сиромашните земји сонуваат да ги имаат.Бидете задоволни што имаме нешто малку од малку.А ти ако си толку паметна прекини да пљукаш овде оди кандидирај се за премиер на државава па опрај нѐ.Туку-така се водело држава.Многу е лесно да седиме овде и да збориме ова не чини она не чини.Оди смени нешто да те видам.Ама таков народ сме кога не ни одговара нешто плукаме а кога ќе дојде нож до коска ниеден не се наоѓа паметен да го реши тоа на правилен начин туку се прават хаоси и демонстрации низ градов.Многу паметно.И не се брукај со англискиот те молам бар не пишувај со caps, не е морално да го знаеш ама кога веќе не знаеш спелинг подобро сокриј го тоа, како што се крие другар ти Грујчо. Поздрав од мене и не се напињај на темава, 3 вечери по ред пробуваш да ни докажеш нешто и се расправаш со нас ама некако не ти оди.Олабави
Абре Ики, што трошиш џабе енергија да се објаснува? На кого му објаснуваш? Не гледаат дека ни отишло јунето, они се фатиле за јужето! Очигледно не сме научиле важни лекции, па ќе си бидеме понављачи уште долго време, тоа е.
Оф мори мајко Па затоа падна ВМРО,дека испокрадоа се. Имаа и добри работи што направија,ама пуст лоповлук,се малку им беше. Затоа овие сегашниве за 2 год мајката ни ја ебаа (со извинение) Се живо распродадоа (милом или силом) Машала ќе ги стигнат и ВМРО за крадење во побрз можен рок.Турбото го уклучиле. Кажи ми една добра инвестиција? Еден добар проект во образованието? Здраство? Немаааааа. Овие за овие 2 години само за двојазичност се трупат,и упорно ја буткаат двојазичноста,и бришење на МК. Шти зина Заеф-излажа.
Шо има врска муабетот за зајко, платите и сл. со бегството на Грујче? Сосема различни теми се. Или зајко не ги исполни ветувањата, гвујче може да бега? Не ве сфаќам стварно. Во случајов “јужето” е поважно од “јунето” и е причинител за тоа што “јунето” отишло. Или ќе се правиме мутави сега
Тоа беше надоврзување на претходните коментари.Ти им отвараш очи, они се фатиле за друго ко слеп за стап. Убаво кажа погоре @orevokrsacka Отиде државата тие за Грујо се фатиле
А државата кој ја однесе по ѓаволите? Зајчето ли? Ај не ме смеј Класично дефокусирање сакаат да направат како години наназад.
Има инвестиции,ако толку те интересира прогуглај не ти е интернетот само да ја силуваш темава.Гледам сè продадоа, и име и нација и луѓе почнаа како бело робље да продаваат.Гледам надвор умираат луѓе..Боже Господе.Ти уствари не знаеш да водиш дискусија..првин немаш нити речник нити аргументи.Тоа па тоа, досадно ми е да дискутирам со некој кој го збори истото како расипан грамофон.ВМРО и да сакаат не можат да ги стигнат.Тие украдени пари, тие перени пари..тешко.Не викам дека СДСМ се супер, имаат направено проекти.Може не знаеме за сите.Ама се подобри од ВМРО барем 2 пати повеќе.
1.Бесплатни учебници за децата во училиште (најмалку 50евра заштеда по дете за родителите), 2.Ваучери од по 200 евра за секој апсолвент што ќе заврши, 3.Весплатен јавен превоз -ЈСП (во одредени денови) за пензионери и ученици, 4.8000 ден за трето дете, 5.12000 ден за 4 дете, 6. Весплатен одмор или зимување за децата (тоа што е 3 дете) во траење од 1 недела, 7. Бесплатна бања за пензионери Ова ми текнува во моментот.Може има уште.
Кои инвестиции???Наброј ми??? За што инвестици???На кое поле??? Па ја продадоа МК.Не гледаш?Не читаш? За речникот мој може вода да ми носиш искрено.Еден паметен пост не пиша како треба.
Затоа почнаа да раѓаат деца колку пари да земат..има голем број такви случаеви.Со бесплатниот превоз направија ХАОС. Не сум чула некое 3то дете да оди на бесплатен одмор или зимовање.
Не е проблем да речеме дека Мерцедесот е скап ама пак корисен Меркел да ја возиш во него не е шала Инаку можеби се сеќаваш што изјави Црпко во 2016 цитирам ,, Ќе го шитнеме Мерцедесот кога ќе дојдеме на власт и ќе купиме возила за брза помош" Црпко во 2018 ,, Мерцедесов ни е супер , ќе ја шитнеме брзава помош " нели е Ако сфати сфати
1. Сеуште се купуваат еден куп книги. 2. А работа да имаше место ваучери, и тоа од 200 евра... Еден месец не може да излегува на кафе со тие пари. 3. За да се расшетаваат пензионери ко несалам.. и тоа само во Скопје 4. и 5. сеуште има повластици, само не и за тие што имаат пари. 6. Не знам за ниедно дете што отишло на одмор без пари. Ни прво, ни трето 7. Одлично.. Посебно со врски.
Зарем има уште некој да велича кукавица? Еднаш не разбравте дека ВМРО бевте ВИЕ а не тој.ВИЕ ја правевте партијата да биде голема и да опстојува на власт толку време. Некој беше само лижач на шлагот. Е сега кога мачката што кркаше шлаг дојде ред да крка стап, ја снема, па приврзаниците кои го дигаа на пиедестал останаа со прст во уста. Лидер бил..ваков лидер со потег "чао ѓаци" не треба никому Мицковски...пиххх..немојте ве молам Консолидација треба. Ама да се избрка се што останало како траг од минатите сенки.