Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.332
    Изгледа тоа што бидна со компујтерите за секое дете... Стојат расипани..
    Парите в џеб.. ај со здравје
     
    На candy.cane, Doozy, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    И бабата да имаше к.р ќе беше дедо работава е. Ме праша што направи ВМРО добро ти одговорив тоа што го паметам.Може имало и други работи,во моментот тие ми текнаа.
    Инаку лошо да не ни е бесплатни учебници?Да имаш 2,3 деца и секоја година најмалку по 100-150 евра само за книги да купуваш.
    Не гледам лошо во ваучерот.Сестра ми ди доплати уштр 100 евра и си купи Лап-Топ кој тогаш беше многи скап,не како сега.
    Нека пишат тие што имаат 3 деца дали биле на одмор,и дали е точно.
    Да не бараме влако во лебот.
     
    На A.27 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.011
    Допаѓања:
    276.470
    Не користам Твитер, глупа сум.
    Дај некој скриншот :D
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Абе даваа само на социјални категории и СДСМ даде предлог закон за да даваат на сите, ама не се изгласа. Тогаш почнаа плановите за Скопје 2014, тогаш се мислеше како да се перат пари на големо. Даваа 2-3 години ваучери (и тоа само за тие што имаат вкупни примања двата родители под 15000 денари или што се со инвалидитет.) После таман станав јас апсолвент, последните ваучери ги доделија 2012 или 2013 беше. Демек економска криза, нема пари за ваучери ама за Скопје 2014 има.
    Сега последно не знам, изгледа пред 2 години почнаа за сите да доделуваат. Ваљда мислеа тоа ќе ги "испере", па ќе успеат некако со мачкање очи да победат на избори. Ама на сите скиснато им беше веќе

    јас не знам пшто патетики удри @iki26 за одбрана на ВМРО денес, ама озбилно, доста беше.
    И онака заради сеир сум на темата само :wasntme:
     
    На galapce, Doozy, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.332
    Пиши ти.. ти имаш три деца.
    Јас тие што ги знам со три, знам дека сами си плаќаат за одмор.

    ЏАМ свиткаја со 200 евра!
    Работа им треба на младите, не еднократни 200 евра.
     
    На Doozy и Sesil им се допаѓа ова.
  6. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.779
    Пол:
    Женски
    Серијава стана интересна во погрешно време. Таман човек ќе седне да учи за колоквиуми и бап, ете ти потерница за Грујо, па ете го Грујо се јави, па ете ти твитови, па ете и работа, па оди после и полагај :(

    Ќе ми фали времето кога не мислев за безбедноста на Грујче ;( Душа напатена.
     
    На christinnn, Monna.Monna, candy.cane и 11 други им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.186
    Допаѓања:
    38.167
    Пол:
    Женски
    Ок, излажале. Ко и сите до сега, не се поарни од другиве. Ама... кажи ми, како тоа го праи Гвујче невин? Кога, ко што реков сите знаат и слушнаа дека е крив, само вие се правите мутави.
     
    На Gosh, LollySky, lovestoneddd и 6 други им се допаѓа ова.
  8. A.27

    A.27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2018
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    740
    Пол:
    Машки
    Не сме мутави само вистината има два краја ние ја гледаме од друг агол...
    Заеф - Мерцедес - Брза помош ти текнуе :^)
     
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.186
    Допаѓања:
    38.167
    Пол:
    Женски
    Ќе коментирам за учебнициве... бесплатни се, ама по секој предмет чинам треба да имаат работни листови кои се плаќаат (не сум сигурна за ова, нека ме исправи некој ако грешам)
    Срамота е ова да се коментира како нешто добро, кога го уништија и така лошото образование. Го донесоа до дното. Гвујче заедно со крвников ТодорОФФ кој го докрајчи и здравството. И сега, добро направил за образованието? Фала. Нека не ми ги дава тие пари, кои патем не се за добро за децата, туку популистичка мерка, како скоро сите мерки подолу кои ги наброја. Единствено бесплатните билети се светла точка, малечка...


    Кои црни два краја? Крив е или не е? Остај зајко, мајко на страна. Дали договори бесправно, криминално купување на мерцедесот или не?
     
    Последна измена: 13 ноември 2018
    На candy.cane, Doozy, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.332
    Светска банка: Учениците во Македонија учат 11,2 години, ама знаат како да учеле само 6,8 години
    Според истражувањето кое се изработува за 157 држави од светот, Индексот покажува дека дете, родено денеска во Македонија, кога ќе порасне ќе биде продуктивно само 53% од она што би можело да биде ако имало целосно образование и било целосно здраво. Индексот за Македонија покажува дека тој е повисок кај девојчињата отколку кај момчињата, односно 0,55 во споредба со 0,52 на скала од нула до еден.

    ------------------
    Толку за 'квалитетот' на образованието во Македонија
     
    На Doozy, CameliaMiller, An-na и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.186
    Допаѓања:
    38.167
    Пол:
    Женски
    Ќути :x Допрва ме чека, ама гледам по внуциве. Математика учат дропки, равенки, децимли, ама таблица множење и делење не знаат. Море ниту да собират и одземаат не знаат. Не се криви децата, пренатрупани се со материјал. Еве сестра ми за внуката ми кажува (прво одделение) една недела имаат да ги научат бројките, после одат парни, непарни, да собират, одземаат, равенки (facepalm) Се ова во прво одделение. Како ќе научат да множат, делат, собираат, одземаат? Нема време. А без ова да го научат џабе ќе знаат се друго.
     
    На Doozy, CameliaMiller, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473
    Нешто слабо изненадени од бегството на нашиот долгогодишен пастир, што така?
    Кај се оние :o оу-ем-џи фацки, у фазон скрос не очекувавне ваков епилог? :D
     
    На Harper, CameliaMiller, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  13. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Да дадеш нечини-да не дадеш пак не чини.Одлучи се како е подобро
    Работните не се задолжителни.Ако сакаш може и да ги фотокопираш.А замисли и покрај работни,ученички прибор да даваш уште 3000-5000 ден за книги.Мислам реално гледај.
    А дај кажи што е сега подобро?Некоја олеснителна мерка за децава и родителите?
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.247
    Допаѓања:
    49.187
    Пол:
    Женски
    Олеснително е и тоа како. Јас кога бев средно ем книги купував, ем партиципација плаќав, ем автобуска карта вадев само за неа секој месец давав по 950 ( тогаш беше толку). Брат ми е сега средно освен тетратки друго ништо не купува ниту дава пари за автобуска карта.
     
    На A.27, Feminka22 и iki26 им се допаѓа ова.
  15. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Ама пак не чини тоа.Популистички било (facepalm)
     
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.186
    Допаѓања:
    38.167
    Пол:
    Женски
    Џабе ми се тие 5000 ако образованиево ни е дно. Еве јас бирам да немам бесплатни учебници, туку квалитетно образование. Наместо популистичкава мерка да се потрудеа околу квалитетно образование не ќе беше лошо. Ама... убаво ја проценија ситуацијава, прост народ се лаже со шарени светилки не согледувајќи го црнилото зад нив.
     
    На Annath, Doozy, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  17. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.247
    Допаѓања:
    49.187
    Пол:
    Женски
    Па еве сега новава влада што не се потруди, демек порано кога не беше вмро на власт цветаше образованиево. Ни едните ни другите ги бива, уствари ништо не бива во оваа земја оти само за пари се зинати сите, А ко што гледам и овие "спасителите"од режимот ништо не прават освен што го бркаат Груевски наоколу и гледаат да затворат се живо и диво. За воздухов колку се маваа дека они ќе сменат, ќе направат нешто а еве втора година откако се они ние пак се труеме.
     
    На Harper, glosipgirl, Abeja и 2 други им се допаѓа ова.
  18. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Ме зафркаваш сега? Ова е продавање демагогии,и глумење лудило.А што не се потрудат сегашниве во врска со образованието,или само со двојазичноста и смената на името се окупирани?
     
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Моментално со Грујче сме окупирани :D
     
    На CameliaMiller и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.186
    Допаѓања:
    38.167
    Пол:
    Женски
    Не, уопште.
    Сакаш да кажеш дека неспособноста на сегашниве го оправдува криминалот и неспособноста на претходниве?
    Или ќе набројуваме популистички мерки направени од претходнициве и ќе се правиме глуви и слепи за заднината на сето тоа, само за да докажеме дека сегашниве не ги бива? Знаеме, фала. Исти ѓубриња се. Неспособноста и криминалот на едните не го оправдува истото кај другите. Што си дробеле, тоа нека сркаат ;)
     
    На Annath, bile454, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.