Јас кога зборував некои работи многу одамна сите ме плукаа тогаш, дури и ме правеа лажго, платеник и психопат. Сега пак испадна по мое и се надевам уште дека ќе трае зошто за овој народ не е ова доволно. Ама не губете надеж, ќе ја биде работата... за сто години.
Нека ја угасат државава доста беше веќе. У меѓувреме додека има протести за рудниците на југоистокот, младината на сдс собира некакви си донации и се прикажува како хумана, а рудниците... Читајте тука https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10212678689777249&id=1086061943
https://telma.com.mk/janakieski-i-bozhinovski-se-odneseni-vo-pritvor-vo-shutka/ СЈО до сега верглаа Требаше пола кримоси да им избегаат па да им текне.
Договорено е ова. Се кладиме дека бате Сале и Гвујче нема да видат затвор? Си направиле дил меѓу себе, а нас не прават будали
Па иначе како? Јас не ни очекувам ден затвор тој да види. Ама веќе не се ни нервирам. Смешно ми е. За овие глупчовциве што здравје и бериќет му посакуваат и се крстат во него. Алал да му е како успева се' уште колективно да ги мафта, ни Хитлер волку долго не издржа
Моја ,,проекција,, е дека е добро испазарено Груевски да го снема, а цел пазарлак го прави лицето С.М. Голем кабает има С.М. па се пазари.До сега ги исцинкари другар му Орце и компанија а ги кандиса Мукоски и останатите да гласаат ЗА. Ова за братучед му, скапо ќе го чини. Очекувам апсења на уште јавни ликови, до вчерашни другари на С.М.
Подобра пропаганда и од Хитлер имаа, затоа. Плус ние троа поглупи сме од германците. @referentka сигурно ќе апсат и други, ама џабе кога главните ќе си се ладат на некоја плажа. Со наши пари Којзнае и зајко колку лапнал? Не верувам дека евтино поминале. Срамота жива сме! Бетер од банана држава! Јас не знам како после ова постојат луѓе кои ги величат едните или другите? А ги има поприлично За жал.
Зајко сака жртви. Го притегна СМ со неговите крими дејства, па за да не лежи тој, си зеде за обврска да цинкари до вчерашни сопартијци. Неможе некој да ме убеди дека при одземен обичен и дипломатски пасош, Груевски се телепортира во Унгарија.Мора да се даден ,,амин,, за да замине. Имало диви гранични премини...пиххх...Грујо не ти оди пеш низ планини !! Господски е заминат тој Времето ќе покаже кој ќе биде наредно апсен како контра-тежа за либерото на Груевски Само, ние се озлобуваме ради тешка и расипана политика. Тоа не е убаво.Се разединивме ради тоа што штитиме нечии апетити.
Ова ми е најинтересно, како луѓето мислат, дека кутриот со ранец на грб минувал низ козји шумски патеки, за да стигне до Будимпешта. Во секоја дадена прилика, го претставија како маченик.
Како ли би го преживеале предавството соросоидите на Заев кога би се дознало дека Грујо избегал со Пунтото? Според мене има две сценарија. Таен договор помеѓу раководствата на ВМРО и СДСМ, Никола и Заев. Ти дај ми малку ваму, а јас на тебе ваму. Второто сценарио е дека Никола ги изигра заедно со српските и унгарските тајни служби и бил пренесен со нивна помош. Второто сценарио е не толку веројатно со оглед на тоа дека само ретардиран би поверувал дека Груевски не бил следен од УДБА и СДСМ цело време. Тоа е помалку важно. Најважен дел е тоа што „Николче, Шутка не ти бега“ е уште едно од лагите на Заев. Се што ви вети ве излажа, буквално се. Вам и вашите гласови ги предаде, ве изигра за буквално се. Да резимираме: - Нема промена на името со цел промена на уставот. Добивме променето име, променет устав, променет идентитет. - Нема двојазичност. Добивме федерализирана држава, Рамковниот стана дел од уставот, а албанскиот набргу и официјален јазик. - Реформи во судството, администрацијата, полицијата. Добивме партиско судство, партизирана администрација, еден тон албански криминалци ослободени од затвор, пораст на криминалот, 9 неразрешени убиства. - 500 евра плата. Лол - Повраток на ДДВ. Лол - Раст од 5% на економијата. Моментално 2,1% раст, 27% реализирани капитални инвестиции, пад на градежништвото за 30%. - Транспарентност. Добивме еден куп криминални и сомнителни тендери во четири очи, делење државни пари на партиски сендвичари за технолошки иновации кои не постојат. - Независни јавни медии. Сите телевизии се во сопственост и директн контрола на СДСМ. На лагите и криминалите нема крај. Зошто Спасовски, СЈО и Заев не поднесат оставка после вчерашната бламажа? Тоа им е должност. Зарем Канал 5 требаше вчера Спасовски да го пере 1 час од бламажата? Заев го воскресна Груевски од мртвите. Создаде херој и урбана легенда од него, а изгуби 100.000 гласачи. За крај најинтересното. Димна завеса: Дури креваа фама околу апсењето на Груевски, ослободителна пресуда за Бучковски https://www.signal.mk/dimna-zavesa-...kfv8MdTjD7TbEswSg6x2uBXgSGG6mKcPIR9PFDzD96OLE Будимпешта вмровски град, вмровски град Будимпешта вмровски град, вмровски град Поздрав од Грујо
Ќе лежи некој што правел ситни кражби , ко другар на маж ми и мој . Скоро 5 години го моткаат натаму наваму , не претепал човек , не грабеж направил , уште малку и убиство да му препишеа . А овие цела држава ја ограбија , и си се шетаат ко да се Дева Марија . Само , Божја казна не им бега . Не можат од неа да се скријат
Еве го и овој со вестите од пред една година. Вчера утврдивме дека е само воскресната стара вест од 12 октомври 2017 https://netpress.com.mk/vrhovniot-sud-ja-ponisti-presudata-za-buckovski/ Гледам и 1tv поверувале дека е тоа вистина и вчера се случило. Жити новинарите, пези Копираат текстови од доказ.мк
Трагедија е што има многу вакви како тебе Горди на потегот на фирерот се потсмеваат на опонентите оти ги прелажале не сфаќајќи дека всушност се смеете самите на себе и си копате дупка во која тонете се подлабоко. Ајде сега сите по стапките на пресветиот патриот семакедонски: напуштете ја кукавички замјата со бугарски пасоши и бистрете политика однадвор. Оти така татковината најдобро се сака
Спасовски треба да си поднесе оставка моментално, толкава неспособност покажа страшно. Се знае таков криминалец како се чува и надгледува, ке му го пратиш секој чекор, а не си чекаа да се јави сам во Шутка. Одговорност има и кривичниот суд кој одбил барање на притвор за Груевски, кое го поднел СЈО. А сега одредува притвори преку ноќ. Сите се грешни, Груевски најмногу, а изгледа сите ке лежат освен него. Каков предавник и мизерија е човекот, ај спрема народот, ама спрема поранешните неразделни соработници и колеги? @Mamli и ти ли со таа пресуда. Страници наназад и објаснуваа на Ики дека е од лани објавата, некој немал попаметна работа па менувал датуми и ја објавил и сега. Мислел ке му помине неприметно. А од такви како тебе персони нема да ја биде државата, не од друго, ниски сте, ниски...
Да ама реинбоу подзачистила, па ја избришала веста и сѐ поврзано околу тоа. Некој сакал да се испере што се изглупира па му помогнала
Мене стварно не ми се јасни вмровците. Зошто го славите бегството на Грујо? Тој не ги надмудри Заев, Сдсм или Шарените. Ви се измоча во фаца на вас, вмровците. Ве владееше со години, му бацувавте нозе, направивте еден куп криминали заради него, влеговте во собрание заради тоа што ви рече да не седите по папучи дома. И сега, што направивте? Ви ги собра парите и му ја кидна јабана, политички азил. Ако не успее тоа, ќе бара азил заради дискриминација на база на сексуална определба. Сега Миле, Гоца и куп други ќе лежат. Ќе лежат и Ченто, и Черноземски, и сите обвинети за терористичко загрозување на државата. Вас, голите поддржувачи ви се измоча во фаца, а ним им се ис*ења в уста. Им го даде лајното в уста, а тој сега ќе живее во најелитниот дел на Будимпешта. Зошто уште го славите? Каков е тој херој што додека се води борба за спас на името Македонија бега во странство, а вас и името ве остава на цедилка? Разбравте сега дека нема борба за име од негова страна? Дека ве искористи сите вас вмровци и кидна? Не се чувствувате искористено?
“Шутка не ти бега Николааа” ќе се менува амандмански... *зборовите “ти бега” се менуваат со зборовите “ја гледаш”.. @malerozna Груевски не избега, туку беше пуштен од “Нема правда, нема мир“. Вам Заев ве заеба и излажа, а тоа му беше најголем адут на изборите. Не го перете човекот ни со Доместос.
Да беше војвода како што му се клањате и го воспевате како херој и маченик, немаше ни да побара само тој да си го лади во Будимпешта, а не и Миле и Гоца. Зошто таков лидер, лидериште, бега сам, а не си ја зема дружината што го носеше на раце? Пак не ја разбираш поентата? Ок, не мора да ми реплицираш, ти одбивам.