Документите до кои дојде Лидер, т.е. новинарот Златев, во кои се открива милионска проневера на Анѓушев. https://lider.com.mk/makedonija/dok...en-dokument-od-ujp-izvlekuva-milioni-od-feni/
А што мислиш ти? Ситуацијата во Македонија е последица исклучиво на корумпираните политичари? Не бе сис.. Ако не сите, 90% се корумпирани (тие кои заминаа, не ги рачунам). Се' е со шеми и местенки. Од вработувања, до инвестиции, до фирми рекетирани, до дозволи потплатени, до дипломи платени, до доктори потплатени, до наставници потплатени, до административци потплатени, до кинење казни, до фаќање врски за на мо*ање. Народ потплаќа! Македонец не знае да направи нешто по правило и пропис. Сите сакаат 'со шема' и 'преку пријател'. Не го прават само некои си 100 души кои се на власт. Да беа само тие.. до сега 'ќе ги решевме'.
Над 200,000 полски патриоти ја прославија независноста на Полска. Скоро дупло повеќе од претходната година. Беше запалено и знамето на ЕУ и НАТО. Присутни беа скоро сите патриотски партии ширум Европа. Визуелен оргазам и естетика. Секоја чест.
Ама зошто ни е новинар? Проба западот да го симне Ердоган, ама батко Путин се замеша оти преголем му е залогот во Сирија, за да си дозволи да го изгуби како партнер. Грујо ја греши кога се дрзна да ги прислушкува амбасадорите. Нив не им е гајле ни колку крадел, ни дали партиски вработува. Се грижат само за нивните интереси. Им беше интерес името да се среди. И го средија. И по цена на крах на Грција. Вмровците можат да зборат колку сакаат, ама Грција крахира. А ние како така се местиме накај Европа. Со бугарски пасоши можеби, ама одиме сигурно кон Европа. Сега е на ред Орбан. Курц се ку*чеше цело време, ама веќе ќути и тој. И партијата на Дора Бакојани се јачаше, па изгубија. Сега брат и е лидер на Нова Демократија, ама тешко дека во скоро време ќе победат, особено откако им го опростија долгот благодарение на Ципрас и Заев. Врти сучи, испаѓа пак дека се е глобална политика. А и досега Заев што и да кажа, оствари. Мислам дека е во наш интерес мирно да чекаме. И да се насочиме кон загадувањето да се реши. И некои други прашања. Оти пари има, само не знаеме да си бараме.
На кој начин крахира Грција? Што изгуби таа? Како капитулира? Грција никогаш нема да пропадне,нема да дозволи Европа,милениче им е. Што оствари Заеф?Кој проект? 500 евра плата? Купи нови медицински возила? Како се справи со загадувањето?
Мое мислење е дека сите тие Миле, Гордана, Кирил и останати соработници тајно му спремаа нож на Груевски со негово цинкарење, лажно сведочење се во замена на помали казни и тоа во договор со Заев и СЈО. Но Груевски излегол од државата со знаење на Заев и Спасовски. Немој некој да ве лаже дека не е така ни на сон.
Грција се спушти до дното, не го баци, ама тргна нагоре. Барај економијата како и се движи сега, како до 2008, како после. И платите прашај колкави биле, па на што паднаа. Мислиш дека Путин има интерес на Грујо да дава азил? Ај прочитај пак на нет на колку фронта Путин оро води. Дечко, дај една твоја претпоставка на темата што си ја погодил, па ќе правиме муабет. Поздрав од твојот идол, за кого и qr би пресекол, ако ти каже
Нема потреба од лажно сведочење, кога има снимки, со години се е снимано. Не се брукај молим те. Лажно ќе сведочеле против фирерот. Да лажно, ќе речат не не, законски го рушеше Цановски.
Унгарија и Русија се главните прибежишта на сите десничарски бегалци. Унгарија е под капата на Русија, а Русија има обичај да иде контра на Америка и ЕУ. Ќе видиш..
@malerozna Се погодив до сега. Патем, живееш во UK, а твојот лидер на власт. Не се враќаш во Македонија? Или животот зриба некаде на пола пат?
Русија со прст не мрдна додека сестра и Србија беше бомбардирана 72 дена од НАТО силите, па сега ќе се рчкала со Америте, за да го штити Грујо од затвор. Исто се крстевте и во Трамп дека ова ќе направел, она ќе направел. Ви го спопикаа сите. Грујо е мамка сега за поголем таргет да се фати. Со негови зборови, да сакаа да го затворат, ќе го затвореа. Или од Будимпешта што пиша, му се заканувале демек. Да сакале да го убијат, ќе го убиеја. Ќе го самоубиеја ко Крпач. Ко Таневски ќе го удавеа во кофа вода. Ќе се најдеше начин. Уште додека беше премиер. Немаше потреба да бега ако не е крив.
Нема потреба да ми копаш по профилот. Да, живеам во УК. Кој мој лидер? Немам лидер јас. Ќе се вратам за прославата на плошад кога ќе го депортираат Грујо. До тогаш не ми копај по профилот.
Прислушувани разговори не се доказ. Тоа треба да ти е јасно. На телефон секој може да зборува се и сешто, но тоа не значи дека делото е сторено. Груевски до сега се суди за баналност. Ако имаат силни корупциски случаи нека ги презентираат со папири, сметки, докажани трансакции и ред други работи. Чисто да те потсетам Се е геостратегија. За тоа си во право. Геостратешки беше да се донесе лидериште ко Заев.
Снимки може да бидат доказ.. Што впрочем и се случи со дел од судењата... беа земени како докази... Се знае кои делови се битни. Делови каде договараат провизии: Дај маткај го другиот Кинез, ние оти со овај договоривме веќе за автопатот (пример). А тој со кој веќе 'договорија', затвор го акнаја во Кина, за корупција, затајување данок и проневера. Сеј мирен, жити се.
Оти тоа им е работа. Како аферата со католичките свештеници и педофилијата. Први што јавно обзнанија, беа новинари... Boston Globe.
Зошто Албанија, Црна Гора или Бугарија немаат СЈО? Зошто Мило Ѓукановиќ нема СЈО? Зошто Бојко нема СЈО? Зошто Албанија дувло на корупција, дрога и криминал нема СЈО поддржано од ЕУ? Зошто никој Вучиќ не го гони позади кој стојат еден куп финансиски криминали? Тие се ЕУ играчи, а ЕУ гајле им е дали некој краде или не се дур си нивна лутка за играње. Груевски или Миле договарале провизии, а СДСМ додаде уште 160 милиони евра повеќе на новиот автопат. Супер. Утнаа проекција на економски раст за цели 160 милиони евра. Дали некој сноси одговорност за тоа? Имаме ребаланс на буџет и највисок буџет во историјата.