Но не можам да се сложам со нелогичните споредуванја на нормите со сработеното,како демек ако работиш на норма нема квалитет,па некои од нас цел живот работат со норма но и со квалитет,и ние работиме со странки и луѓе и не значи дека сме правеле грешки или сме си играле со животите на луѓето,сите имаме притисок во работата па што. Незнам каква професија работиш, но верувај дека во многу професии работењето со норма нема никаква ефикасност, ниту квалитет...Особено оние професии во кои треба да дадеш стручно мислење...Фала богу лекарската професија ни најмалку...Кога имаш притисок на работа, неможеш да работиш како што треба...Тоа е факт...Затоа и кај нас не оди ништо како што треба...Ниту приватниот, па ниту државниот сектор. Надредените треба да ти определат работа, соодветен рок и слобода во извршување на истата...Фала богу постојат и законски рокови, па тие треба да се почитуваат...Ако тогаш не ја завршиш како што треба, тогаш може да следат несакани мерки...Работа со притисоци, наредби и закани за жал никогаш неможе да биде квалитетна... Ни перат мозок на нас , со нашите пари...Што не издвојат од свој џеп, да видиме дали ќе се рекламираат и градат споменици тогаш...
Таа рекламата јас ја гледав во живо.Пред првата врата само пет пациенти,докторот намерно“понестручен“ и поладен,а пред другата бевме околу триесет.Првиот си заврши за час и половина ,вториот за пет часа.За платата не знам ,ама претпоставувам иста земале тој месец.Во живо е поубаво да гледаш,а бе како 3Д.
Надја Д колку не си во право значи ! Пишува автор кој е Слободан Најдовски некој , го немам гледано на телевизија првпат слушам јас конкретно за човекот , само ми беше интересна и да ја постирам тука никој не планирам да фарабам јас , и баш не си во право за мојата политичка определеност е токму за власта чим те толку интересира гласам за нив од 18 години , ама не значи дека сум глува и слепа за се што се случува во здравството , јас само сакам да ја согледам реалноста не друго ... Зошто имаш потреба да се конфронтираш со мене намерно постирав туѓо мислење да не ме напаѓате лично на темава не се дискутира за проблемот туку се оди на лични конфронтации , и со погрешни заклучоци .. Има луѓе кои не се фаќаат како слепи за стап за нешто , туку сакаат различни мислења
^ Да беше вистина барем а не само добро филмувани реклами. Наместо да снимаат глупи реклами нека им дадат покачување или нека им ги исполнат поплаките на лекарите. Јас ги нападав жустро пред некое време лекарите, ама и власта а претера со закани и притисоци... А што ука и бука направија УМетнициве денес? Знаaт зошто протестираат? Знаат ли зошто се бунеше опозицијата овој пат? Убаво рече еден социолог, куларска престава и театар ни приредија, секоја чест, капа симнувам. А кога штрајкуваа кутрине стечајци сите како пи*ки седеа во удобните фотељи и молчеа. Значи само џеб треба да се удри некој за да почне нешто да го чеша а???
Јас само едно ќе кажам за штрајкот на "докторите" Ако сакаат да штрајкуваат два месеци, нека им даде министерот откази, има доволно млад медицински невработен кадар во државата кои се би дале за тие работни места и за разлика од овие сега т.н доктори со повторувачки презимиња по јзу,младите образувани кадри навистина сакаат да работат иако ја немале таа среќа мајките и татковците да им резервирале работни места во јзу. Од овој штрајк само пациентите, одн. здравствените осигуреници останаа изиграни, неуслужени. На докторот работата му е да ги лекува осигурениците, а не да ги враќа и да ги дели на итни и не итни случаи, бидејќи и на тој не толку итен, може драстично да му се влоши состојбата, па да биде предоцна. Не мора некој да ми ја опишува состојбата во здравството, знам повеќе од доволно, дури и она што не сакав, го дознав. За се има решение, можеби наиде на проблеми новиот проект по учинок, но беше сеуште неразработен со нереални бодувања и коефициенти, несразмерно на фреквенцијата на пациенти по одделни амбуланти. Идејата е добра, само требаше сериозна обработка во секоја јзу, недоволно разработена се пушти во употреба. Во случај на прибирање на пациенти и таму каде што нема потреба, потребно е да се воведат санкции за докторите. Ова не можеше да успее преку ноќ, се избрза, но беше доволно да ги предупреди лекарите дека нивното место е во ординациите со пациентите и дека нивната работа е повеќе од само-сериозна. И така неспремна, идејата заглави вака неславно, во лавиринт од барања и дупки во законите, без конкретна реализација. Лекарите имаат свое право на штрајк, ама не на ваков начин, треба да се сетат на положената заклетва и да разберат дека народот, одн.пациентите не можат да се поделат на итни и неитни, а и за итните ептен се загрижија, затоа одат на операции во Систина, но за среќа имаат право на обештетување од фзом. И особено е револтирачки тоа што водичот на штрајкувачите е некомпетентен да бара било што, бидејќи нема однос кон пациентите, како очен лекар пуши цигари во својот кабинет пред пациенти. Не е единствен таков, но мој близок член од фамилијата имаше такво искуство, па наместо лекување, го изгоре со капки, па се откажа. На доктор што пуши во простории во јзу треба да му се намали платата а не да му се зголеми. И еден совет до сите што се вратени од некоја ЈЗУ, за да им ги признае фзом трошоците во приватна установа, мораат да имаат некаков писмен доказ од докторите каде што е вратен, зошто го одбиле и од кои причини, со потпис и факсимил.
Каде е тој медицински невработен кадар , во мојот град наскоро ќе се пензионираат многу специјалисти , кои се единствени во својата област кај нас , нема кој да ги замени , за година 2 за преглед ќе патуваме во друг град
Каде е?!? Немам зборови на ова Колку само бегаат од државата или пак работат по мали приватни амбуланти за дупло помалку од оние на клиники. Туку и ова со специјализацииве е чиста политика, не се криви докторите што не можат да изберат перспективна специјализација, се одобруваат малку платени, и тие обично ги земаат преку врски, а скапо е приватно да специјализираш, особено ако никој не ти гарантира работа.
Сама ми даде одговор на ова прашање , зошто бегаат од државата оти на докторите им е многу арно тука специјализациите се исто платени на државно ,интернист ,радиолог ,невропсихијатар итн да не набројувам сите земаат исто , а пак тие што ќе одлучат приватно специјализацијата ќе ги кошта 8 -10 илјади евра без трошоците доколку не се од Скопје , и ќе ми кажете дека 30000 ( некаде е и помалку ) е доволно пак и многу и било , во разговор со млада општа лекарка кога и спомнав за специјализација ми се насмеа рече дека многу би сакала да се усовршува но не се исплатело со дежурства стигнувала приближно до платата на специјалист и на државно да оди да специјализира не би сакала 4 години да плаќа кирии и да се одвои од семејството, да учи , да створи трошоци ,за 2 илјади денари плус во плата , мене ми нема тука логика , и од каде ќе ги најдеме младиве кадри кои немаат воља со овие услови да се усовршуваат и те како ни требаат во државното здравство но поради условите никој не сака , или пак бегаат во странство или приватно , промени мора да има во здравството , за учинокот веќе се изјаснив ...
Па добро,секаде специјализацијата е тешка и долга,нормално дека ке се одвоиш од семејството и учиш,само мислам дека не четири години,како и да е,не се станува специјалист преку ноќ.Па јас знам дека во странство се преселуваат илјадници километри ако и се пружи било каква шанса да специјализираат,секаде е тежок тој пат.И не само во оваа професија,и во мојата лично ако сакаш да се надградуваш и добиваш поголема плата,по завршување на факултет те чекаат уште неколку години работа,полагања илјадници страни и гледано севкупно илјадници евра потрошени.Пак ке повторам ,јас осум години се усовршував,губев време и пари па што?Земам иста плата,а треба да ја жалам да докторка по општа медицина зашто и била тешка и неисплатлива специјализацијата?Нема лесен пат до никаков успех. Точно едека платите се мали и реално треба да се зголемат,но ова е вон контрола.Како прво прекршени се правни основи,се знае како треба да се одвива штрајк во ваквите јавни установи,ова не е таков случај,но министерот гледам не превзема казнени мери против нив,веројатно да не ја зажести ситуацијата уште толку.Како тргна ова сожалување излезе социлајна категорија се. И да не се лажеме има млади доктори што чекаат за вработување во јавните здр.установи.Не знам каде живееш мими,но кај нас чекаат по штабовите да дојдат на ред за вработување,се разбира не се специјалисти,но мора прво да се вработат за да станат нели?
Патем, сите сметки на синдикатите на Клиника од пред некој ден се блокирани. А досега требаше да се купат новогодишни пакетчиња за децата...
И да не се лажеме има млади доктори што чекаат за вработување во јавните здр.установи.Не знам каде живееш мими,но кај нас чекаат по штабовите да дојдат на ред за вработување,се разбира не се специјалисти,но мора прво да се вработат за да станат нели? Баш супер држава сме, кога докторите чекаат по штабовите за да се вработат...Срамота...Ете тоа е пример дека тука ништо не функционира како што треба...Затоа и го подржувам штрајкот на докторите...Не треба да дозволат штабските манипуланти да си играат со нивниот труд...
А ти што всушност сакаш да кажеш, стварно не си ми јасна. Јас убаво си пишав дека тоа не е начин да си ги бара правата, пациентите не треба да трпат, докторот си ја гази професијата што ги враќа од амбуланта,а тоа колку и како плаќале за усовршување не е мој проблем, тие таму отишле за таа плата и до сега како им одговарала а сега не? Па сега треба да си го испотат гзот, за тоа не им одговара. Кој ме прашува мене јас колку сум дала за факултет или за магистерска или дали и колку земам плата. Сите сме во мизерна состојба, ама не значи дека јас ако имам не дај Боже некој медицински проблем, да бидам вратена од лекар зашто истиот штрајкувал, мала му била платата. До сега им одговараше, кога земаа плата а КЛАТЕА ВРАТА, а сега зашто треба да си ја врши должноста, не му одговара, зашто ќе треба да зема плата, а не по две третини од работно време да дреме во околните кафанчиња. Значи јас не оправдувам или напаѓам партиски одлуки и идеи, мене ми се одвратни докторите, партиски организирани, на кои до вчера не им сметаше што земаа плата а си го дрвеа, а сега им смета зашто ќе треба да работат. Епа нема тоа македонче, ако сакаш плата, ќе работиш бе. Оваа идеја е добра, јас ја поддржувам, но како што пишав и погоре, пребрза е и недоволно разработена за да почнат толку брзо. Но во никој случај, фактот што еден доктор треба да вложи многу финансиски и години живот, дека тоа треба да му дава за право да го става на коцка здравјето на пациентот, ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ. Па сите учиме, студираме, вложуваме во своите знаења, губиме време, но тоа не значи дека не треба да си ја вршиме работата и да се инатиме. Зар фармацевтот сега ако сака да штрајкува за поголема плата, треба ли да не произведува лекови или да стави отров во истите, како револт? Или некој со машински, со електро и сл. треба ли да прави намерни грешки од кои би зависел човечки живот? И ај доста со тоа, плаќал толку, учел толку. Па сите плаќаат, учат, губат време и никој што вложувал во себе не е помалку вреден од докторот. Ти цело време алудираш на тоа дека се во право затоа што учеле многу, вложувале, па вложувале и порано ама сега ги здоболе зашто треба да ги плаќаат според вработено. А многу работи има за средување со младиот невработен кадар, не ми е тоа намера да пишувам овде и во врска со оваа тема-штрајкот, јас пишувам само за однесувањето на докторите и дека ништо не им дава за право така да ги враќаат пациентите.
Не знам во кој свет живееш ти.Од секогаш во оваа држава така функционирале тие работи.Па во време на социјализмот сите големци си ги вработија своте деца веднаш на најубавите места,да не висеа по штабови,но на друг начин функционираше тоа.Што мислиш ти како постарите доктори се вработуваа и добиваа специјализации,или јака врска или партија.Тоа ти е Македонија.Ќе повторам јас не сум партиски определена,но овој таканаречен штрајк ги помина сите граници ,прво од правна гледна точка.И пак ке повторам после 3 часот нема штрајк,на приватно си прегледуваат и дебело наплаќаат,барем јас така поминав. Да, нешто не функционира тука и е навистина погрешно,но така е од кога помнам јас.Па не гледам некој да се бунел претходно.Немаше јака контрола и се фукционираше нели? Не смее оваа сензитивна работа да се остави така .Кој кога сака и како сака да штрајкува,А пред се колку сака,па колку време помина бре?Па сите тие наводно нехитни пациенти кои треба да се оперираат се собираат се повеќе и повеќе,ги враќаат за после штрајкот.Па кој ќе ги оперира тие стотици пациенти после?ќе умрат кутрите чекајќи. Лично јас познавам некој кој чека да се оперира по штрајкот.Не е хитен толку,но верувај ми чекајки секој ден психички ке попушти човек,кога ќе биде ,како ќе биде? Да имаш и ти некој во фамилија да чека на операција или за преглед нема да зборуваш вака верувај ми. Така што верувај ми колку и да сака некој да ми го оправда ваквото однесување на поединци лекари јас не го оправдувам. Иначе Абеја целосно се сложувам со тебе,релно гледано тоа е тоа.
Мене само едно нешто не ми е јасно, во која друга земја во светов постојат протести против опозиција? ОК. Доаѓам и се гадам, искрено во која измишљотина живееме. Ноктенцето на госпоџата и го скршиле, па главата требаше да и ја скршат пред едно 4-5 години...
А протест против протест? Ние не сме држава, уште имаме да јадеме додека да пораснеме во држава, моментално сме некој експеримент.
ve citam site i si mislam i tvrdam malce mu e na ovoj narot makedonski sto mu se slucuva jas da sum kako gruevski ke go napravam 100den kilo leb da bide kilo meso 700den za ovoj glup narod samo taka treba