Тоа нема врска со неговите идни чекори што би ги презел. Затоа и под притискок (со ветување дадено од страна на Заеф,кое воедно не го испочитува) му го даде мандатот?Не ја потпиша двојазичноста,нема да потпише за Северна Мк.(ако се усвои). Затоа сакаат импичмент да му дадат.
Иванов презема 'чекори' кои ќе му ги каже Груевски... па дури и од Будимпешта. Ионака ќе му помине мандатот уште малку.
А од каде ти оваа информација?Па додека му помине мандатот,додека се изгласа нов председател пролет- лето ќе фати.Се може да се деси,па и владава да падне и сосем некои трети да дојдат.(ВМРО чисто сумњам дека ќе победи на наредни избори)
Рамковниот договор е вметнат во Уставот на РМ веднаш после неговото потпишување. Нема да биде лошо пред да се тврди нешто упорно, да се прочита малку повеќе од само наслов од портал. Зашто инаку секој партија што освои мнозинство на избори мора да коалицира со албанска партија која освоила најмногу гласиви? Зашто така е по рамковен. Зашто во средините каде има над 20% албанско население покрај македонскиот службен е и албанскиот јазик? Зашто така е по рамковен. Зашто за донесување на побитните закони, стрикно е наведено во Уставот дека е потребно и бадентерово мнозинство односно мнозинство не само од македонските пратеници туку и од пратениците од други етнички заедници? Зашто така е по рамковен. Зашто албанците, србите, роми и други националности во Уставот веќе не се ословуваат како малцинство, туку како етнички заедници што не се мнозинство? Зашто и тоа е по рамковен. И да не набројувам повеќе, ама еве вие што тврдите дека не е вметнат дај објаснете ни зашто тогаш се издаваат патни исправи и на албански јазик м? Па веќе 15 години вака функционираме, и сами спомнувате 20%(воведени со рамковен), а ваму убедувате дека не било во Устав. Епа ај не е во Устав, на некој камен е напишано. Слободно може да го отворете Уставот ќе се уверите дека се ова веќе е вметнато. Она што сега ќе се вметнува е само зборот Рамковен договор во преамбулата на Уставот. И не, нема да се брише Асном, туку покрај него ќе биде додаден и Охридскиот рамковен договор. Преамбулата уствари е воведен дел на Уставот, таа не содржи членови, туку во една свечена форма објаснува каква дежава е РМ, демократска, суверена и др, и досега стоеше дека е конституирана како демократска и суверена со одлуките на АСНОМ, а сега ќе се додаде дека е и граѓанска и унитарна со Рамковниот договор.
Од следење на ситуацијата... и од 'извори блиски на власта' (бивша) Во скопската железарница ќе се гради нов објект од тешката и загадувачка индустрија? Без никакви најави и подетална дебата во јавноста, скопската општина Гази Баба го објави огласот за давање под долготраен закуп на 99 години на градежно земјиште сопственост на Република Македонија што се наоѓа во склоп на скопската железарница. Деталниот урбанистички план за градската четврт С 17 блок 1 е донесен од општина Гази Баба на 14 март 2017 година. Во самиот ДУП стои дека на огласената парцела ќе може да се изгради објект со висина од приземје и два ката. Инвеститорите што имаат интерес да ја градат идната тешка и загадувачка индустрија во рамките на скопската железарница треба да поднесат пријави за учество на електронското јавно наддавање најдоцна до 5 декември. Наддавањето на огласеното земјиште ќе се одржи на 7 декември. Во огласот објавен од општинските власти на ниту едно место не се напоменува кои еколошки критериуми треба да ги задоволи идниот објект од тешката и загадувачка индустрија.
Мислам (не сум сигурна) дека секоја влада која ќе дојде на власт мора да коалицира со албанските партии бидеќи немаат мнозинство,т.е. 61 пратеник, па да не мора да се молат албанците. Затоа ги земаат во коалиција да си имаат мнозинство,и полесно и подобро да ги гласаа и носат законите. Зошто тогаш ги бришат актите на АСНОМ?Нека го вметнат "само зборот" Рамковен и готово. Ама не е исто нели? Чисто сумњам,ама пак се земам со резерва.
Епа не е така. Во 2008 на парламентарните избори Дпмне освои 63 пратеника, апсолутно мнозинство. Не му требаше никој за да формира влада. Зашто коалицираше со Дуи? Или ако му фали некој пратеник за да стигне до 61, шо не коалицираат со некоја друга македонска парија? И не се бришат одлуките на Асном, тоа си стои и се додава плус одлуките од Рамковниот договор.
Страшно... мора да се реагира на ова!!! Абе нели сфаќаат дека и нивни деца го дишат тој воздух? Зарем парата е поважна од сопственото чедо?
Не е точно. Ако Рамковниот е дел од Уставот тогаш која е потребата повторно да се гласа или преговара за истиот? Рамковниот не е дел од Уставот. Сега е вметнат. Уставно никој не е обврзан да коалицира со албанска партија, такво нешто никаде не пишува, но заради мир се почитува тој принцип победникот од македонскиот блок (иако СДСМ не е македонска партија) да коалицира со победникот од албанскиот блок. Тоа што ти го зборуваш се измена на амандмани. На Балканот на повеќе места се применува тој модел +20% или +50% мнозинство во општина да има право на двојазичност. Многу општини во Војводина се двојазични или тројазични. Во Хрватска исто така. Но, со уставното вметнување на Рамковниот Заев го реализира тоа што им го вети на Албанците во замена на нивните гласови. Бинационалност и двојазичност. Бидете реални и признајте си ко што секој вмтовец никогаш не треба да му ги опрости на Груевски помилувањето на хашките случаи. Еве чисто да не биде напамет зборување што рече вашиот лидер. Заев: Ќе видиме дали Рамковниот ќе биде дел од амандманите ВИДЕО https://plusinfo.mk/заев-ќе-видиме-дали-рамковниот-ќе-биде/ Охридскиот рамковен договор влегува во Уставот, АСНОМ се менува https://telma.com.mk/ohridskiot-ramkoven-dogovor-vleguva-vo-ustavot-asnom-se-menuva/
О боже, како не е дел од Уставот а се спроведува? И пак ми ставаш линкови каде се споменува вметнување на зборот Рамковен договор во преамбулата. Пошто слабо владееш со право, мешаш баби и жаби, ај вака попросто. Рамковниот договор беше донесен 2001 година и со него се заврши воениот конфликт. Дај објасни ми како заврши конфликтот ако не беше спроведен Рамковниот договор? Или албанците потпишаа и седеа мирни 15 години, а договорот си стоеше во фиока. Па погледни само во администрација, секаде има 20% албанци вработени пошто е по рамковен. До 2001 година и албанците кога вадеа пасош или лична карта, вадеа на македонски јазик. По рамковен сега онаму каде се 20 % вадат документи на албански јазик. Најди една патна исправа на албански јазик издадена во РМ пред 2002 и ќе ти поверувам. Двојазичноста што ја споменуваш е донесена со новиот закон за јазици и нема врска со рамковниот договор.
Коалицирале со ДУИ поради тоа што имаше огромен притисок од странските дипломати тоа да го направи, иако ДПМНЕ веќе беше Стокмено да коалицира со ДПА, тогаш потпишаа партиите договор партиите меѓу себе секогаш така да се прави, затоа и кога ДПМНЕ победи на последните избори се бунеше зошто се крши договорот. Друга причина беше дека ДУИ веднаш викаше ќе се пука пука. И ве молам без вакви небулози.
Ајде за 2008 имаше притисок од сите страни, ама голема е грешката во 2011 и 2014. После 2011 по комитетите имаше големо незадоволство за коалицијата со ДУИ. Се знаше дека кога тогаш ДУИ ќе го изигра ВМРО.
Тоа се амандмандски измени. Повели https://365.com.mk/286305/osmani-ra...nstitutiven-element-vo-preambulata-na-ustavot
Па после им се уарниа тендерите, па заборавија и на Запад и на пукање. На Дпмне му беше даден мандатот да формира влада, како партија што освоила најмногу пратеници. Е што не успеаа да формираат, не е кршење на никаков договор.
Проучи ги правните термини. Амандманот служи за измена и дополнување на Уставот и е СОСТАВЕН дел на Уставот!
Тоа што им се здоарни е друга прича. Пак врти-сучи рамковниот е само имплементиран,а не беше ставен во уставот.Се до сега!
Рамковниот не е конститутивен дел од Уставот на РМ. Сега е. На исто ниво со Крушевскиот манифест, АСНОМ, 8-ми Септември.
Рамковниот договор е имплемнтиран во уставот. Колку и да е тешко да се признае, (и мене ми е) но вистината е таа. Во анекс 5 од договорот (не сум сигурна за анексот), стојат уставните амандмани, предвидени за преамбулата, член 7, член 8 од Устав итн. Службен јазик од 20% на останати, не излезе од сега, ами го има одамна. Сега, се појавува потребата од дефинирање на албанскиот. Тоа е разликата. Во амандманите стои кои членови од уставот се заменети. Жално, но вистинито.
Оф, прекинувам после ова мислење. Ики, имплементиран значи спроведен, вметнат. Ја веќе незнам како да се објаснам. Рамковниот одамна е имплементиран и спроведен на дело, куп примери ви дадов. Од патни исправи, лични карти, бадентер, администрација. Значи Рамковниот е дел од Уставот, сакале вие да прифатите или не. А сега ќе се вметнува зборот Рамковен во преамбулата. @Mamli ти пак за Преамбулата пишуваш бе човек.