Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.242
    Пол:
    Машки
    - Охридскиот договор е преточен во уставни одредби и не може таков договор да претставува елемент на конституирање на Македонија. Како еден документ од 2001 година може да се смета за конститутивен елемент на државата? Па, оваа држава не е конституирана во 2001 година - вели Маневски.

    Рамковниот никогаш не бил конституирање на Македонија.

    Рамковниот договор беше потпишан летото 2001 година, како политички документ со кој беше ставен крај на безбедносниот конфликт во Македонија. Потоа беше реализирана најтемелната уставна реформа во Македонија, така што во Уставот влегоа дваесетина нови членови што, главно, ги третираат правата на помалите етнички заедници во земјава, а пред сè на албанската заедница како втора по бројност во Македонија. И тогаш се интервенираше во воведниот дел од Уставот, така што преамбулата што беше изгласана во тоа време е сè уште во сила, додека не биде коригирана со амандманот што моментно е во нацрт-фаза.
     
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.416
    Пол:
    Женски
    Не се мачи да објаснуваш..им соџвака сè уште во мозок да им го ставиш.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    1.549
    Пол:
    Машки

    Џабе овие полемики кога по успешното завршување на уставните измени сегашни, Македонија нема да постои.
     
  4. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    А ти божем разбираш?Што разбра од се ова досега?Грујо побегна,И ?
    Заеф ги исполнува ветените проекти?
    Воздухот не толку загаден?
    @BoaVista да не пишувам исто,тоа што го пиша погоре членот истото го мислам.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.242
    Пол:
    Машки
    Ајде повелете постручно.

    – Евентуалното барање за да се додаде Рамковниот договор во преамбулата на Уставот само ќе докаже дека станува збор за некаков обид за стопирање или за одолговлекување на процесот за изгласување на уставните измени во Собранието. Рамковниот договор претставува документ за надминување на определена состојба во моментот кога истиот бил потпишан, но тој документ не е од таков уставно-правен карактер за да се спомнува во преамбулата. Не може тоа така. Уставот не е играчка и неговото отворање не значи исполнување на нечии музички желби. Секој може да сака и да бара нешто, но Уставот е еден траен и важен документ кој треба доследно да се почитува- вели Ивановски во изјава за„Слободен печат“.

    -Нема потреба уште повеќе да се отвора пандорината кутија, Рамковниот договор е дел од македонскиот Устав, инклузивноста е важна но не смееме со своите амбиции да го запреме процесот, му „одговори“ премиерот Зоран Заев на Бујар Османи откако вицепремиерот јавно порача дека Охридскиот договор треба да биде споменат во Преамбулата.

    За да ве излаже повторно пак.

    https://vecer.press/и-рамковниот-си-прави-место-во-уставот/
     
  6. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    Јас тоа не го кажав. Самиот носиш заклучоци. Рамковниот никогаш не ја конституирал нашата држава. Ниту бил основа за истото. Но бил и се уште е основа за промена на Уставни членови.

    Рамковниот договор не е обичен документ, со самото тоа што е застапен во нашиот Устав.

    Точно. И тоа се дефинира како промена на дотогашните уставни членови. Ова, не го оспорува фактот за имплементација на Уставни измени, по основ Охридскиот.

    Првичната преамбула, секако дека се уште важи. Прашање е до кога. :D Меѓутоа, поентата на моето мислење не е тоа, ами дека одамна си имаме ние Рамковен во Устав оти читам, друго се тврди.

    Иначе, амандман е предлог за измена на законски текст. Замена или дополнување. Со самата интервенција во истиот, се менува или дополнува член од Устав.
     
    На WildMk, BoaVista и Feminka22 им се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.416
    Пол:
    Женски
    Види некои работи ги знам и разбирам тоа што не го разбирам го учам овде.
    Второ 4 дена 5-6 членови пробуваме да те убедиме во нешто ама удираме во камен.За Мамли да не зборам.
    Трето Грујо избега бидејќи е маженце а не маж и страв му е да влезе во дупката каде стрпа мноогу народ ни дужен ни крив, а криминалнците како него шетаат слободно по светов.
    Трето воздухов не е загаден заради Заев.Секоја година се случува ова во поголемите градови, каде има метеж, топилници и ред други работи.Пробани се 100 алтернативи ама сами како НАРОД СМЕ КРИВИ бидејќи свесно ја загадуваме околината.Преку лето мислиш ме е загадено?
    Што да направи Заев?Еден по еден да не беси на плоштад или да фати промаја да прави од Автокоманда до Ѓорче?Многу смешни ти се резониве..
    Вулканот во Косел да ерупира Заев ќе ти е крив..само колку да кажеш нешто.
     
  8. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.242
    Пол:
    Машки
    – Евентуалното барање за да се додаде Рамковниот договор во преамбулата на Уставот само ќе докаже дека станува збор за некаков обид за стопирање или за одолговлекување на процесот за изгласување на уставните измени во Собранието. Рамковниот договор претставува документ за надминување на определена состојба во моментот кога истиот бил потпишан, но тој документ не е од таков уставно-правен карактер за да се спомнува во преамбулата. Не може тоа така. Уставот не е играчка и неговото отворање не значи исполнување на нечии музички желби. Секој може да сака и да бара нешто, но Уставот е еден траен и важен документ кој треба доследно да се почитува- вели Ивановски во изјава за„Слободен печат“.
     
  9. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.674
    Пол:
    Женски
    Ики, твое право е како сакаш да мислиш :). Ја се обидов да разјаснам како е реално, повеќе правно отколку политички.

    @Mamli и во текстот што си постирал јасно пишува дека Рамковниот е дел од Уставот. И дај веќе, ако не знаеш и намаш општо познавање, не скокај, смешно е.
     
    На WildMk и Feminka22 им се допаѓа ова.
  10. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.242
    Пол:
    Машки
    Цитирам: но тој документ не е од таков уставно-правен карактер за да се спомнува во преамбулата. Не може тоа така. Уставот не е играчка и неговото отворање не значи исполнување на нечии музички желби. Секој може да сака и да бара нешто, но Уставот е еден траен и важен документ кој треба доследно да се почитува- вели Ивановски во изјава за„Слободен печат“.

    Залудно го перете Заев. Не успева.
     
  11. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    1.549
    Пол:
    Машки
    Нема што Заев да прави веќе најлесно би му било една оставка да си мавне да распушти собрание дик да распише избори а Дпне ни Сдс да не стапнат веќе никогаш повеќе во собрание.

    Е само тогаш ќе одиме напред и само тогаш ќе дишиш чист воздух.

    Многу лесно се доаѓа со чист воздух (пола е магла) само намерно го оставаат само за да се занимаваме со тоа додека Македонија се распродава. (Паркингот спроти Холидеј ин ќе стане огромна зграда)

    И да во лето е почист воздухот
     
  12. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    Не се повторувај. Те прочитав погоре.

    Зошто во Охридскиот договор се предвидени измени за дел од законите, ако не станува збор за правен акт?! Зошто истиот е имплементиран во Уставот?!

    Сакам да кажам, проблемот со Охридскиот не е од сега. Ами е од самото негово потпишување и неговата првична имплементација во Уставот. Сега, само излегуваат од неговите рамки.

    А ако мене ме прашаш, за мене е овој договор ништовен, без никакви правни или уставни дејствија, оти нам попис прво ни треба.
     
    На WildMk, Nigredo Odor и Feminka22 им се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.416
    Пол:
    Женски
    Сериозен си со муабетов?И нивните деца го дишат воздухов..или за нив посебен има :?:
    Последниве 5 години е вака во Скопје бар.Можда пет години и се малце.
    Во Скопје живееш?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.242
    Пол:
    Машки
  15. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.674
    Пол:
    Женски
    Не треба само да цитираш, треба да имаш малку во главата за да сфатиш. Овој Ивановски вика дека не може да се стави Рамковниот во преамбулата (значи цело време за преамбула се збори), ниту да се изедначи со одлуките на Асном, зашто по него тој договор нема такво историско значење. Со одлуките на Асном е конституирана државата и сега овој смета дека Рамковниот не е на исто рамниште со тоа.
    Никаде не вика дека не е дел од уставот. И како ќе вика кога е дел и на големо се спроведува.
     
    На WildMk, Feminka22 и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  16. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.242
    Пол:
    Машки
    Пак ќе се повторам

    https://plusinfo.mk/заев-ќе-видиме-дали-рамковниот-ќе-биде/

    Твојот лидер вели дека Рамковниот не бил тема за разговор и нема да биде дел од новите уставни измени за да после неколку дена се вметне. Тој те лаже, не јас. Проблемот е тука, а не тоа што имам малку во главата. Вие го оправдувате лажењто и понижувањето.
     
  17. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.242
    Пол:
    Машки
    Каракамишева:

    „Мизерии, знаете ли што правите? Прогласот на АСНОМ НЕМА КАРАКТЕР НА КОНСТИТУТИВЕН АКТ! Проглас е обзнанување, соопштување на текот на заседанието. Ги укинавте историските одлуки на АСНОМ за соопштение, а го тупнавте Охридскиот рамковен договор како конститутивен елемент на државата?! ДНОООО!“, стои во објавата на професорката.

    http://javno.mk/karakamisheva-sdsm-...pnavte-ramkovniot-kako-konstitutiven-element/
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.674
    Пол:
    Женски
    Проблемот не само тука, туку и во државата општо, е што луѓе што немаат елементарни познавања од општи термини како на пример амандман, преамбула и слично, се прават експерти по уставно право, со линкови од интернет портали. Да не беше жално ќе беше смешно. Наместо линк од Вечер, еве седни и прочитај го Уставот, заедно со амандманитее, ќе ти стане појасно. И мене никој не ме лаже, доволно сум возрасна и способна за да можам сама да проценам, што очигледно не е случај со тебе. Еве упорно неколку страни наназад едно те исто се објаснува и не сфаќаш. Или несакаш да сфатиш.
    Сакаш разбери, сакаш живеј у заблуда. Рамковниот договор е веќе завршена работа, потпишан, дел е од уставот и се спроведува веќе 15 години. Реалноста е таа, ако се разликува од штабските политики и перења на памет, не ме интересира.
     
    Последна измена: 15 ноември 2018
    На karmenka21 и WildMk им се допаѓа ова.
  19. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    1.549
    Пол:
    Машки

    Мисли си дека го дишат Скопскиот воздух, се некаде во странство на студии или на средно школо.

    Или цело време се по море и на викендици.
     
  20. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.242
    Пол:
    Машки
    Рамковниот е преточен во уставот, но никогаш не бил конститутивен и не може да биде. Заев прави партиска трговија и манипулации. Тука е проблемот. Нема потреба упорно да ме навредуваш.
     
    На LoneWolfGuy му/ѝ се допаѓа ова.