https://www.alsat-m.tv/mk/заев-сомева-можеби-груевски-бил-кидна/?fbclid=IwAR3hP1rTE9uM9hfdzaoZNSo2bKpzA7xozhrcgpnM25HbOBrmVVlrrWys2DI Не можам... ќ'умрам!!!!
Леле не знам. Ама јас сакам од истите. Го киднапирале, па го натерале на фб да си пише статус оти избегал. Не сакал, ама му се заканиле дека ќе го вратат. Сега и откуп треба да плаќаме? Како иначе ќе ни го вратат?
Јас вака мислам дека Заеф ја разрешил мистеријата: Ја привеле Боркица, ја мачеле и на крај признала дека лично Путин дошол и го киднапирал мажот и. А Путин мајчиниот, развил технологија да клонира диктатори. И сега, ќе иштанца едно стотина илјади Груевци, и ќе ги пушти назад во Македонија. Тоа било руското влијание за кое Заеф ни зборел, ама ние не сме го разбирале, зошто не сме толку далекувидни како него...
https://www.facebook.com/rtdeutsch/videos/351910578892961/ Иако се крие од јавноста,и освен бегството на Груески ништо друго нема на вести,мислиш Северна Кореа сме,во голем дел од Европа има протести. Еве почнаа и во Германија.Кој разбира германски нека преведе (јас не знам) А ние пусти цела држава ја продаваме за Европа. Извор:Миленко Неделкоски
Што фини киднапери, го имаат сместено во најубавиот хотел во самиот центар на Будимпешта 'Коринтија' . Се пријавувам за киднапирање, земете ме, нема да мрднам со мал прст да се одбранам
2-3 пати проверив за изјавата на Заев, да не е уште еден скеч спремен од Фчерашни за недела или некоја зафрканција од твитерџии - ама не, реалните вести и ситуација ни станаа пародија сама по себе #убиламетуџасрамота
На сред Солун брат ви Борисоф упати поздрав до Скопје,оти тешко беше да рече Македонија де,како тоа да рече такa,плус во Грција,а нас ни се прави брат,и един народ в една држава Случајов со Грујо го искоментирав,и пак ќе речам:Ми се плаче,ама да е здрав и жив оној двојникот негов од Фчерашни,кога ќе го видам ме потсеќа дека не треба да плачам Туку,денес овие "нашиве" го распределуваа буџетот за 2019,многу се труделе и измачиле,ама дур не видам на дело,не им верувам А со парите за кучињата шо прајме?овај за пописот де,за фамозниот попис кој ќе биде без графа за етничка и верска припадност ќе се потрошат ОСУМ МИЛИОНИ ЕВРА,од кои 3 милиони евра за "пилот попис". А децата кои се молат за милост ќе ги лечиме со донации од сто денари,срам да им е,за еден помочан попис ќе фрлат толку пари,а притоа не е јасен и правилен воопшто тој попис што го спремаат за 2020!!
Кога сме кај фчерашни https://fn.mk/се-огласија-киднапери...o2lXfclfXaabjJuhicl9cxsQ6dipzbNDCVjAIzVMoG2fo
Бре, бре. Цитирај ти само делови од реченици што можеш да ги извадиш од контекст за да ги переш господарите на Илинденска. Оти јас проклетија, та не сум јас онаа што се радува и сити на судења, апсења, притвори, затвори, тоа ако верувате во космички правдини на други би требало да им се враќа, не на мене. Јас ја гледам светлата страна во случајот, заминал со парите како на филм - заминал, за убаво нека биде. И не ми префрлај топка мене, како јас да го пуштив да избега, пак беа оние на кои ти им ја даде довербата на избори, после друг ти е крив. Веќе ја завршивте. Вашиот избраник Заев све среди отприлика.
Факт е дека Грујо не е киднапиран тоа сигурно, сега требаат да имаат во предвид дали ке цека да му потврдат за азил, или ке пребега во друга држава Сепак најодговорно према неговите соработници е да дозволи да се врати.
Заев толку ли е глуп, каква бламажа. Нема нема па кога ке каже нешто глупо ни Дунав не го пере. Да марсовци го киднапирале и пренеле со вселенско летало директно во центарот на Будимпешта . Кое ли сценарио е следно . Џабе му е што и да каже нема да го заведе народот, ниту ке го оправда Спасовски и намали неговата одговорност. Нема да го вратите чим преминал границите, не го враќате веке, штета. @sjdgo И да знаеш среќа што ја завршивме работата. Завршивме со етапата вмро и Груевски, едно нешто убаво што се случи после 12 години.
Дупе*ка е тоа со киднапирањето, не се палете одма. Прашањето позади е: Зошто со возило со дипломатски таблици е пренесен надвор од државата? Обвинување за Унгарија е... индиректно
Додека е сдс на власт и го држи монополот, камења од небо да почнат да паѓаат, вас не ве интересира, рамно ви е.
https://kurir.mk/makedonija/vesti/n...-za-shkoluvanje-na-kjerka-mu-plakja-drzavata/ За вие што се чукавте во гради за ќерката на Димитров. А тој да ти бил од 6 најбогати министри во владата На таа сума(800 000 евра) прикажани пари,додајте X5 од неприкажаните(крадените,парите за промена на името..). Замислете и картите авионски и се покриени во двата правци.(греота министерско дејче со бус или воз да оди ) Греота е нели ќерката?Греота што има стан во Холандија,каде воедно и ќе студира,ама ПАК државава( т.е. НАШИ пари нели даваме) ќе и плаќа сместување (греота е сама во станот да седи, ќе треба струја,вода,да чисти...се сама да прави и сопствени пари да троши) Ах бреееее.Ќе се пронајдат тие што ја жалеа
Дали мене ми се причинува,или ДЕЦА ни ја водат владата?? Па тоа се пола испод 35 год.(немам ништо против младите да просперираат во политиката) Затоа повеќето пратеници од СДС ги нема никаде да бекнат нешто,само неколку верглаат(и нив го снема веќе) Па овие ли ќе бистрат високи политики?Овие ли ќе менуваат устав,овие ли ќе оправаат економија здраството,судството.. Овие ли земаат илијадници евра за предаство.АНОНИМЦИ Овие се поставени само да кренат 2 прста,или да го стиснат копчето и толку. Јас ги гласав СДС за подобро утре, за подобар живот,но изгледа бајгииии сум утнала.
Ај не можеш уште едно мислење да пишеш под ова.Што се напињаш толку.Повторно тролаш, темата е АКТУЕЛНИ ПОЛИТИЧКИ НАСТАНИ.Не гледам каде е актуелно колку години имаат членовите на СДСМ.Што ти е па на тебе гајле колкави се?Или колку да пишеш нешто.
Колку години имаше Груевски кога беше поставен за премиер?! Ако немаш ништо против младите да просперираат, зошто ги истакнуваш годините?! Знаењето не се мери со истите. Можеш да доловиш поентата со други аргументи, а не со возраста. Видовме ние колку ни ја средија државата оние кои не беа анонимни. Зошто гласаше за анонимни и млади ако толку ти пречи?!
Девојче ако не знаеш ликовите на сликата погоре се моментални пратеници во влада. Уште неколку беа испод 35 год,ама не ги ставив сите (значи сочинуваат голем дел од пратеничката група на СДС).Тие "водат високи политики" ,од нив се очекува да има расправија и разговарање околу донесување на буџетот на МК,за реализирање на конкретни проекти, мењање на устав,донесување на амандамани.... Што е овде тролање?Знаеш некој друг збор освен оовој?Или вистината те здоболе?
Па не сакав да го споменам Груески,да не речете циљам кон некој пратеник.Искрено нема споредба Груески со овие Анонимци(пратеници,кои не знам дали отвориле некоја дебата,дали учествувале во некоја емисија,дали се прашани за нешто,дали дале некое интервју,дали дале некој предлог за нешто...).
Очекувам конкретни резултати од млафиве,да се докажат,да се афирмираат, да реализираат нешто...не да дремат во собрание и плата да земаат (наши пари како што би рекле)