Што за Лука? Него го знам онака од ТВ што се појавувал,не знам ништо конкретно за него. Не викам зошто се млади,зошто не ја користат шансата која им е дадена,што ретко кој ја добива. Воопшто незаинтересирани ,барем досега.Дај да ги слушнеме за нешто,да ги видиме за некој проект,за расправа во парламент,било што.
Што 'незаинтересирани'? Ним работата им е во парламентот. Пиши им на медиумите, нека ги канат сите со ред.
Ако не се на власт,и ако не се докажат следни избори ќе ги сменат.Моменатлно тие не одлучуваат за ништо,туку власта. Ама овие моменталниве на власт што се,е од нов се очекува многу.Имаат можност,поддржка,средства...се имаат,Само нив ги нема.А богами 10 и повеќе на број се,што не е малку
Па треба сами да се афирмираат,не јас да ги молам. Дај на парламет,собрание,нека водат расправи,реплики-контра реплики,нека ваѓаат документи за афери,лоповлук на опозицијата. .. Има многу инстеументи ако сакаш и умееш да се докажуваш. Ама овие само за 2 прста изгледа.
Ама ти не знаеш како функционираат работите, а? За да реплицира или да дрндори некој во парламент, не може, ако партијата не му дозволи. Освен тие што се најгоре, другите треба да добијат 'дозвола' од нив. Ти реков дека се ко боргови.
Млад,колку нив,сака да се докажува, го викаат по емисии,има свое мислење околу нешто,дава одговори,критикува... Значи не се годините,умот и желбата за афирмација е.
Па не им дозволуваат,зошто само за 2 прста ги ставиле.Да биле како што треба ќе им даделе шанса,макар еднаш.Што ќе кажат? И тие самите треба да се борат.Ама толку изгледа и тие разбираат.
Е тоа ти објаснувам цело време.. дека за дигање два прста се ставени. И очигледно, им одговара, на сите, од секоја партија. Секој месец, качинг им прави сметката и ги боли патиката што и како се дешавало.
Која пуста Левица,до пред референдумот мислам пола Македонија (еве и јас тука спаѓам) не ни знаеја дека постои.Им се крена рејтингот од референдумот навака. Ама има а'кл чоечето,и затоа го викаат да дебатира со познати политичари,правници...Значи го респектираат
Па и јас тоа на почетекот го пишав кога ги споменав. Зошто ги нема никаде,(јасно ми е мене). Ама заради тоа дигање прст,некое дете не може да се лекува во странство,да добие финансиска помош,(да дадат предлог да им се помогне) економијава ни пропаѓа,...Затоа ги гласале(не знаевме дека само за 2 прста ќе бидат,т.е. не кажаа во кампањата)
Епа ти зборуваш за тоа дека никој не ги знаела некои од пратениците од СДСМ, зошто никогаш не се експонирале. Еве ти кажувам баш тоа, дека има од сите партии, такви кои појма немаш кои се.
Да,ама овие се 10-15 пратеника.Не се малку.Ако толку сакаат и се желни да се докажат може и надвор од парламент.На нивните локални ТВ,со колумни или изјави во весници,во емисии...има,има начини ако се сака. Ама не се сака.ЛЕЖИ ЛЕБУ-ДА ТЕ ЈЕДЕМ е работава. Ама ми одлучуваат за важни работи во државава,што не е мала работа.
Ти кажав: Речи им нив. И јас би сакала да чујам кој од нив, има мозок во тимбата. Додуша, со самото тоа што во Македонија се плеткаат во политика, ги рачунам за тиквари.. ама ај.. друг муабет е тоа.
Треба нивните поддржаници да им речат, од нивните градови,централните организации и комитети што ги предложиле,јас не сум некој фактор што би ме послушале.
Не растурија ништо, ама и не поправија ништо... За внатрешна политика зборувам. Надворешната, им е супер.
Надворешната ни ја направија парам парче, а внатрешната не вратија во средновековието односно едноумието.