1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Шпекулации.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.979
    Пол:
    Женски
    Не е да не се гледа, туку да се ограничат некои од содржините кои што се поставуваат таму, односно да се детектираат и отстранат истите.
    Се работи за заштита на авторските права, па секоја пародија, mashup и слични копии како наведените ќе бидат веднаш блокирани при обид за поставување онлајн, а оние кои што веќе егзистираат ќе бидат отстранети.

    Мало појаснување:
     
    На WildMk, John Snow и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  3. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    19.574
    Пол:
    Женски
    Не се шпекулации. Чиста вистина. Јас го знам ова како артикл 11. Сега можеби се работи за некое проширување на законот.

    И сега во некои држави, видеа на you tube кои немаат платено авторски права се блокирани и недостапни за таа држава. Исто така забренето и казниво со закон е download и upload.
     
  4. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Не може таквата прохибиција да трае вечно. Дури и да се случи такво нешто во нашата држава, постојат vpn сервиси.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.979
    Пол:
    Женски
    Не мора да трае вечно.
    Ќе трае доволно за да се воспостави привремен ред на youtube, snap итд, а во исто време да се створи хаос меѓу луѓето.
    Меч со две острици.
     
    На John Snow и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  6. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    19.574
    Пол:
    Женски
    Абе законот е реален и се спроведува во ЕУ. Не знам дали во сите држави. На пример интернет страни како замунда и сличните се скроз блокирани. Не излегуваат воопшто во пребарување. Џабе ти употребуваш впн ако не можеш да стигнеш до тоа што сакаш да го гледаш. Пишуваш да речеме на you tube некоја песна и наместо песната ти излегува дека тоа видео е забрането во твојата држава од страна на артикл 13.

    Не сум за. :devil:
     
    На x.Daisy.x, Nigredo Odor и Someonespecial им се допаѓа ова.
  7. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Постои огромна цензура на интернет. И претежно во земјите кои важат за најдемократски. Во се што ќе видат дека има голем потенцијал да стане популарно, а промовира традиционални вредности, го блокираат. Така беше случајот и со социјалната платформа GAB која е антитеза на Твитер.
     
    На LoneWolfGuy и sjdgo им се допаѓа ова.
  8. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.979
    Пол:
    Женски
    Сеуште има шанси директивата да биде одбиена. Во Европскиот парламент ќе има уште едно гласање во 2019, е ако тогаш се изгласа ќе мора да биде имплементирана од страна на голем број на држави.
    Исто така како што во септември предлог законот претрпе амандмани, можно е да има уште промени. Така да, hold tight, уште не е завршено ова.

    Инаку, article 11 само и даде правец на ЕУ во кој да се движи. Имено, со тој предлог-закон им се дава право на издавачите да бараат одредена сума на пари од страна на онлајн платформите при споделување, објавување некое нивно дело.
     
    На John Snow и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  9. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Тоа значи дека 90% од јутјуб ќе ја изгуби својата вредност и популарност, затоа што и целата платформа се базира на плагијати.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Mамли, интернетот дефинитивно не спаѓа во традиционални вредности па гледам дека тоа не те спречува интензивно да го користиш ;)
    Од каде само ја ископа тезава за традиционални вредности?
     
    На oblace1, candy.cane, Asparagus и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Разбирам што значи. Пишав шпекулации затоа што мислам дека нема да го изгласаат и нема да дојде до такво нешто. Инаку, vpn серверите токму затоа и служат Ли, да овозможат гледање одредени прохибирани работи кои во твојата или одредени други држави не се достапни.
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Каква врска има технологија со традиција?
     
  13. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Безвеза е законов, исто како и оној обид да се уништат торент сајтовите. Ептен "1984" момент.
    И без тоа кога некој сака квалитет си го купува оригиналниот производ, цд, игрица, греота е да гледаш добар филм на компјутер наместо во кино, Игра на тронови од торенти наместо на ХБО итн. Но во секој случај не смее да се ограничува пристапот.
     
    На Lianna Anna и Someonespecial им се допаѓа ова.
  14. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Значи на 2CELLOS им отиде кариерата? :(
     
  15. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Рада Прада денес вршела свечен дочек на гуми за АРМ. После чочеците, третото полугодие на Заев ова е новото пред новогодишно meme.
     
    На zuto, orevokrsacka и sjdgo им се допаѓа ова.
  16. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Хаос и обид за подобрување на економијата.
     
  17. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Нема бесплатни порничи веќе, а? Предновогодишно разочарување?:(
     
  18. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски
    Пак ги саботираат традиционалните вредности!!!
     
    На oblace1, Lianna Anna, lovestoneddd и 2 други им се допаѓа ова.
  19. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    https://www.magazin.mk/што-побрзо-е-северна-толку-подобро-за-б/

    "Нашите соседни пријатели" со кои треба да градиме и да имаме добрососедски односи и соживот (facepalm)едвај чекаат да се прекрстиме!!
    Вака ли другари?? Ова ли беше договорот?
    Ееееее ЦРПКО ЦРПКО, гнидо една:@:@
    Жално е што сеуште имаш следбеници,кои слепо ти веруваат

    БОЈКОТТ!!!!
     
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Нема да забранат користење на јутјуб, мемес и не знам што.
    Законот е веќе донесен и не влијае на ништо освен на заштита на авторски права.
    На пример, ти ако направиш видео, и некој ти го 'дрпне' и го претставува како свое, со новите алгоритми, ќе можеш да го најдеш каде е постирано и да побараш да биде избришано, или да ти биде платено, за тоа што користат твој материјал.
    Ова е исто како да направиш штраф, чиј дизајн ти си го измислил и патентирал, и некој да ти ги украде нацртите, па да го произведува и продава како свој. Што всушност е незаконски, секаде во светот.
    Тоа се обидуваат да го санираат.

    Барем кај нас 'медиуми' и портали, многу често знаат да крадат туѓи производи и да ги прикажуваат како свои. Некој се мачел да ги направи, некој друг да го 'собира' медот.. не оди така.

    Не разбирам што гледаш лошо во тоа, Македонија што побрзо да стане членка на ЕУ и НАТО?
    Нам дури и поголем ни е интересот за тоа, отколку на соседите и било кој друг.

    иначе... што направивте денес со протестот? Не појдовте?