Искочија сите СЕВЕРНО македончиНа на простест на дождов.Браво бе какви патриоти сте и здравјето си го жртвувате за името Гледам снимаат 80 и кусур годишни баби на анкета..сè од младо до старо собрале колку да имаат некоја бројка многу се паметни..
Некој да им каже дека се досадни веќе со тие глупи протести за името, само прават гужва во собраќајот и го загадуваат воздухот. Македонија од тоа нема никаква корист, само штета.
Ние имаме потреба од Еу и Нато таму да влеземе и со овие процеси паралелно да ги започнат реформите. Сигурно на лепе очи нема да не примат, Да обрнат внимание на главните реформи, и под итно да се преземат некакви активности за почист воздух да се чистат и мијат улиците и булеварите.
Јас мислев си ги постирала доказите каде ние ја крадеме историјата,ти се фати за ЕУ и НАТО. Реков те снема бараш низ интернетов,ама слабо непобиен доказ и факт А? Уште ќе ја туркаме пропагандата за "добрососедски односи"?? И веруваш во тоа??Чисто сумњам. Вечерва и покрај силното обезбедување(мислиш Ал Каеда сме),и покрај допрени и стопирани над 100 автобуси од цела МК да не дојдат на протест пред собрание,и покрај временските неприлики имаше над 10 000-15 000 луѓе.Овој народ беше собран без поддржка на ВМРО. Се надевам на добар исход на крај. Едит: еве неколку примери како се блокирани и застанувани автобусите.Има илјадници вакви клипови https://www.facebook.com/strugabojkotira/videos/302804197110129/ https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2157835457764588&id=1418506208364187 MACEDONIA TIMELESS
Што и да направи човек (неистомисленик со вас), ќе биде исмејуван од вас. Ако не излезе да протестира-оти седел дома и ништо не преземал. Ако излезе-пак не чини - бил досаден, правел гужва и го загадувал воздухот. Сигурно го загадувал воздухот со македонска песна, тоа најмногу им пречи на немакедонците.
До кога дегенетиков ќе се глупира со Математикава пусто не знае 6% колку од 3 000 000 000 милјарди €U за плачење е https://www.facebook.com/100001246693328/posts/2169542143097321/
Глеј вака , не го оспоруваат и исмеваат правото на излегување и да се протестира против одлуките на една влада. Еве да кажеме дека стварно сте патриоти во душа и дека не се согласувате, тоа што боде очи , е зашто сега толку патриотски сте мотивирани да излегувате и да ја браните државата , како и други протести за судови , паркови итн итн , а не протестиравте кога вмро правеа глупости и криминали, каде беше ти и другиве патриоти изминатата деценија? Тоа прашање никако да го одговорите.. Каде беа овие блокади и проестирања кога грујо амнестираше терористи и ги стави да бидат министри? , тогаш ти ја бојкотираше партијата? , блокираше улици ? протестираше на дождови и сл? кога потпишуваше двојазичност у 2008 мислам беше и кога даваше права на албанците и се здружуваше со дуи тогаш протестираше? Или само кога Заев им дава права протестираш? Кога уништуваше паркови и градеше барокни згради и переше пари преку странски фирми протестираше тогаш за воздухот и уништување на зеленило? , кога уништуваше фамилии заедно со онаа глупачана Јанкуловска и ги носеше во затвор , тогаш протестираше против одлуките на судот и криминалот? , протестираше блокираше нешто ти на криминалот што се случуваше изминатите 10-15 па еве и 27 год? Или сега одкако си избега Грујо , или одкако веќе немаше моќ тогаш наеднаш се мотивиравте ти и другиве да кажете ејј абе државава имало криминали , еј абе ни се распаѓа еј абе ај сеа ќе протестираме. За нечие мислење да биде почитувано и слушнато личноста треба да има некаков си кребилитет . Луѓе што 11 год спијат ,или се плашеа од Грујо па сега ми се прават нешто силни патриотски , немаат никаков кребилитет , мислам нивниото мислење ќе биде слушнато, видено , ама нема да биде дослушано, Да се некои луѓе кои се бореле тогаш и сега пак им смета ова и се борат и против тоа , да тие лица нема да им се смеам и ќе ги сослушаме па и ќе ги подржиме ако треба, овие патриотиве се на исто гледиште како оние реформатори што се појавиа одкако падна Грујо или сега како Пешевски ќе викаат по телевизија абеее грешка направивме абе ја одсекогаш сум бил против , абее извини абе ова она .... нема , џабе е сега, кога требало да се прави нешто , се ќутело , се праело на глуп , се праеле триста глупости. Е затоа се исмевањата , не затоа што ти сега идеш на протест , него затоа што кога требало тебе те немало па сега ќе се правиме патриоти у душа... глупости , барем имајте малце смелост и прикажете си ги вистинските мотиви , ако воопшто сакате некој да ве сослуша или почитува... Тоа и мене ми смета и ми е смешно , луѓе што до вчера ќутеа сега ќе ми продаваат некоја сила или ќе се прават експерти во политика , мислам ај добро.... Еј веќе кога заебавте работа и ќутевте 11 год , да признаете дека сте погрешиле а не глупи со сила да се правите и да си терате по своето... Да не зборам за тоа дека овие 10-11 што ги имам патриоти на фб сите се вработени со книшка или се членови на вмро центар .... Али џабе зборам, слободно постирајте си линкови и глумете дека нешто сте потресени , ама не се бунете ако не ве сватат сериозно или ви јадат бурек... Друго , драго ми е викендов што на протестот за загадување на воздухот имаше пак 100 луѓе , тоа е добро , и тоа што кога ќе избегаш од државата обвинет за криминал , ќе те казнат со намалување 5% од платата, тоа се тие индикатори дека Македонија е на прав пат за ЕУ.
Епа види сега:Сите што протестиравме вчера,протестиравме ПРОТИВ промена на името и уставните промени.Вакви, пред се неуствани,безправни промени ВМРО не направи.Значи вчера освен за ова,за друго не се протестираше.Сваќаш! А СДС што се "неспособни" што им избега Грујо,тоа обрати им се нив дирекно,т.е. во МВР.
Не дека се неспособни.Не очекуваа дека толкав маж што е уште на фунцкија во Парламент дека ќе кидне како п*** некое, сВаќаш?ти ништо не сфаќаш уствари.Ние кога збориме канта тропа а ти кога пишуваш нè просветлуваш
Тебе игнор ти дадов,игнорирај ме и ти мене.Гледам појма си немаш,не се бламирај џабе. Прати си провладини медии и социјални мрежи и свиркај си. Ние АНТИ-ТИ АНТЕ КУРЕЛА збориш без везе.
Па види вака, за разлика од тебе јас не сум опседната со политика.И на форумов доаѓам ради многу други причини.Така што..и не можам да те игнорирам бидејќи ќе има ,,дупки” во темава,а ти висиш на темава 24/7 неизбежна си
И да висам,и да не висам мое право е.Ако не ти се свиѓам игнорирај ме и прескокни ги моите изјави.Ок?Само не лупај тука,не си миродавна засега.
Им пречи и на македонците - оние нормалните кои ја разбираат потребата од тивок одмор во попладневните и вечерни часови - но тоа е друг тип на загадување - звучно. Тука станува збор за моторните возила кои се принудено да се движат по значително изменета траса при што се создава огромна гужва и истите побавно се движат поминувајќи подолго време во едно те исто место испуштајќи гасови. Требале да протсетираат на референдум, а вака бадијала, одлуката е донесена. Во крајна линија нека протестираат, но нека не блокираат сообраќај!!!
Епа тоа е мач со две острици,штом живиш блиску до собрание/влада.Такво е местото,протест,митинг..се знае,се вика,се свири,се блокира...Секаде е така. На вакви настани/активности не се чути и слуша. Сеуште ништо не е донесено.Изгласани се сите амандмани,ама главното е на 1 Декември.И пак да изгласаат тогаш,не може без потпис на Иванов(а се знае дека нема да потпише).Назад е зимата уште за сите.(барем уште извесен период)
https://infomax.mk/wp/јоханес-хан-ги-закопа-европските-п/ Абе Северџани дека сте?? Значи ќе си чекаме до 2035-2040 Може нашите внуци ќе затекнат Вака ЦРПКО ве лаже дека штом се смени името,ОП магично ќе влеземе во ЕУ??И сеуште при здрав памет и ум верувате?? А,бре Македончее....... Ви станува јасно нешто досега? Или летате уште по ЕУ.Ќе сањаме во ЕУ скоро време,само жално ќе биде и без држава ќе останеме.Почнаа да ни се смејат сите.Си прават пародии и комедии на сметка на промена на името(ГАДОТ ЗАЕФ)
https://republika.mk/982058 Ама на ваквите како аберџикава кои поддржуваа двојазичност - ако им е и малку им е. Којзнае што си мислеа во тоа што го носат на раменици.
Затоа Зоќи не отиде, ќе требаше лично да го каже аберот од Хан. Вака му е некако полесно може. Има внатрешни политички проблеми, другото може да почека...неколку века.
Што знаеме ние,само троламе тука на форумов за политика Ако најдеш некое видео од изјавата на Хан стави ја тука,ми треба.
Затоа што сме прост народ. Ако не ги собере партија, не знаат за што треба да се протестира. И СДСМ кога почна да ги узурпира протестите, од неколку стотици... некогаш и само стотина, стасаа до неколку илјади... Е тогаш почнав да избегавам да одам на протести. Претходно, кога бевме од овде-од онде собрани, сами, знаев за што одам, знаев дека е заради политички став, а не политичка партија. Немаме знаења. Не се разбираат ни од граѓанска активност, ни знаат за права, ни можат да разликуваат политички став од политичка партија, ни имаат чувство за заедница... ни ништо. Се учи тоа иначе. Ако сака некој, може да научи.
https://www.facebook.com/517101468424055/posts/1472205656246960/ Право новинарско погодување на поентата и апсурдните дипломатски одговори на Зоран. Со интервјуво не можеше да падне пониско.