Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    А може некој што живее/работи во центар да каже дали овие пред Собрание стварно се тепаат, или електронскиве медиуми само ја дуваат работата :^)
     
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Кравче јас се би дала сега да сум пред Собрание да фаќам сеир,ама како што сум настината ни овде ни таму не ме бива. Дури ни наши вести не гледам, ги пратам само оние од ртс, нова, ртл итн.Немам поим што се случува деновиве.
     
  3. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Кому би фаќала сеир, може да знам? :?:
     
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Па што знам, на тие што се тепаат, ваљда, битно да се дешава нешто, да се насмееме, затоа и реков дека не знам точно за што се работи, ама можам да претпоставам од вести на интернет ;) 8)
    А ти од пред Собрание да не пишуваш? :rofl:
    Уствари ниту тие што се таму не знаат за што се таму, поима си немаат, мислат дека се на дуел-Бранко-Грујо.
    Ах бре македонче, каде се спремаш....
    Барем нека се испотепаат, ако нема Буџет барем нека кулминира ситуацијата. :rofl:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Не, од удобноста на мојот топол дом. :lol:
    Пријателке, прашав чисто за да знам дали би пукала сеир на твои сонародници со испрани глави. Ситуацијата не е воопшто за сеир, затоа што и ние, „мирните“, (ин)директно ќе трпиме последици од сево ова што се случува. :)
    А за вестите на интернет, повеќе ќе те дезинформираат, отколку информираат... партиска поделеност до максимум!
     
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Мислев дека народов до сега ќе се научи колку е изигран и од едните и од другите. Од она што читам, партиски или не партиски приврзаници, не ми е јасно како некој ќе дојде до тоа да се тепа за партија, кога и двете партии не закопаа. Да се вразумат во моментот, па додека се сите таму да им се свртат на пратениците и лидерите :^)

    Абеја ма, на која кабловска си, зашто јас немам нова тв :D
     
    На mimiiiii, Moira, Ph0enix и 2 други им се допаѓа ова.
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    Ајде македонче, удри по себе! Нека пукне да се испомлатиме меѓу себе, па да видиме дали ќе се опаметиме или не!?А другите сеир нека ни гледаат. Море за нас само камено доба! :fubar:
    Што е бре ова??!Протести против опозиција, протести и контра протести?? Едни против други! Цццц ... Кога ќе се свесне овој народ дека треба единствено, заеднички да се нафрлат на сите и власт и опозиција и се што лаже, уценува, наметнува сила и краде наголемо од нивните џебови?! Пу, плукам на се што нема свест и демонстрира сила и примитивизам, пу за ова поднебје каде освен ограниченост и подлижување друго не просперира. Срамота во 21 век вакво однесување!
     
    На JuLleE, Filiposka, Ashling и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е гајле, ниту ми дале од Буџетот, ниту ќе ми дадат, само јас го полнам со давачки.
    А тие со испрани мозоци, до некаде и ги сфаќам, џабе што пишуваат долгометражни постови некои феминки, тоа е реалноста не само кај нас. Излезени се таму за да си ги зачуваат работните места или да си обезбедат исти. Некој некаде пиша-ваква ќе била ситуацијата додека народот дозволувал партиите да го контролираат, но ако се тргне од партијата, опозицијата ќе се зацврсти и нивните луѓе ќе успеваат, така што се е партиски поврзано и зависно. Или едните или другите, третите итн.
    Сеир ќе пукам за тоа што не можат да донесат буџет, а не на народот, повеќе би на идејата и целите и на едните и на другите. Народот можеби ќе се испотепа меѓу себе за б и ц, ама ги разбирам, и јас да имав државна работа и да ми наредеа така, зар ќе имав друг избор во денешницава, зар ќе одбиев по цена на мојата работа и издршката на мојата фамилија. Нека си тераат како мислат дека е најисправно за нив, ние не сме тука да им судиме, особено не некои што плукаат на се и навредуваат, а индиректно пак се политички зависни од опозиција.
    Јас нема да трпам последици од недонесување на Буџет, односно, јас можеби тоа го трпев и до сега.

    Кравче ма јас сум на дрим бокс, и од оне имам тв, ама антената зеза нешто, па само мтв 1 ми ја фаќа :lol: , ама затоа дрим боксот ми е ептен јак шеринг 8)
     
    На i...ja и kravce им се допаѓа ова.
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Ние не сме држава, само еден лошо организиран циркуз, или пародија на демократија.
    Убаво напиша некој, ма нека се испотепаат, више еднаш доста само како петли се закачаат и скокаат.
    Мажи ли сте што ли сте...
    Едниов бивш боксер па знае вајда правила во ринг, ај другиов по други спортови е, не е по тие :D
    Али народот е за кјотек да ви кажам, се продаде ситно, многу ситно, со изговор дека нема друг избор, па ајде само тоа ни остана.
    Газот под кирија-ефитно, работава |(
    Тражили сте гледајте, идете по митинзи, мора некако да заработите дневница, мислам нема смисла нели!
    П.С не дај боже да ви треба деновиве нешто административно да завршите и тоа итно, ќе завршите работа, ЕКСПРЕСНО!
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Автобуси од оваму, од онаму, 100 души, 200, 300, од 5 сабајле, цела ноќ, цел ден...Абе иде ли некој во државава на работа? :^)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Па да де, најзастапена професија во МКД се партиските протести. :)
     
  12. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Еве црно на бело пример, со цртеж што се случува моментално

    Првиве знаеме дека ги набуцкале од опозиција од штаб, како контра напад на тоа имаме следново

    и на крај објавено ова

    http://kurir.mk/makedonija/vesti/96854- ... tvuva-SDSM

    Мислам, смешни ми се и едните и другите. Посебно овие на позиција што мислат дека ќе прелажат некого со тоа дека Македонија всушност има маса на народ што размислува со своја глава и што некогаш сама би се дигнала на протест. Уствари, има, ама кога нив им одговара ги накривуваат дека се пратени од опозиција, ко за АМАН протестот.
     
    На lolyta777, JuLleE, Filiposka и 2 други им се допаѓа ова.
  13. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Не можам веќе да ги гледам, ми се гади и од едните и од другите...Ако некогаш сум била симпатизер на вмро било само поради надежта дека можеби конечно работите ќе се сменат на подобро и ќе се тргнат старите вампири кои долго го толчеа народот...
    Протести и контра протести, народ од секаде, најголем дел од нив не ни знаат точно зошто протестираат важно имаат долг за враќање или наивни надежи па ете ги таму...Тоа е, дојдено е до степен да бираш дали гордост и достоинство или парче леб, што и да одбереш заебан си...Ќе се тепаме со нашите комшии, роднини, тие на едната страна ние на другата, смешно и за плачење во исто време...
     
    На lolyta777, Skyfall, Filiposka и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Mене ме интересира по колку даваат партииве за секој протест.
    Незнам чија цена е пониска, дали на граѓаниве или на нашиве политичари.
    А, да ги прашаш овие на протест и контрапротест за што протестираат, што сакаат да постигнат со протестиве, што очекуваат од државава во моментов, сигурна ќе сум ќе добиеме одговори од типот.
    Страна ВМРО -"Ни го уништија здравјето, без буџет осиромашивме, како ќе живееме без буџет, од камо пари за леб без буџет? БРАНКО ПИЈАНИЦАА!!!!!!!!"
    Страна СДСМ- "Оди си Грујо. Од тебе глава не кренавме,немам пари трици да купам да си ја наранам стоката. Сметките кој ќе ми ги плати? Еве заради тебе не можам ни на лекар да отидам, да се прегледам, од кога е Грујо на власт здравјето го изгубив."
    Незнам јас од што сме незадоволни.
    Уствари кога ќе размислам подобро протестиве се да се изрази знак на благодарност кој својата партија за неколкуте денарчиња што ти ги даде за да си ја прехраниш фамилијата за два дена. Чак и овозможија бесплатни превози до Скопје. Одлична прилика секој што не ги видел спомениците,сега да го направи тоа.

    Јас да би се прашувала ондека еден солзавец и пола тон марихуана да се запали. Ќе се расплачат од смеење и среќни ќе си одат. И онака на ваков или на онаков начин никој не знае што точно прави пред собрание.
     
    На lolyta777, JuLleE, Nymeria и 4 други им се допаѓа ова.
  15. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Значи кои кретени се бе, и овие што се страната на вмро и овие кои се од сдсм.
    Цццццц .... наместо да одат на работа, да пазат на внуците и да се грижат за своето здравје оние земале јајца, портокали и што ли уште не и мавни по другиот. За што бре? :swear:
    А па она пратеницине, кој од кој „поарен“ ... стигнавме до дереџето на украинскиот парламент ... срамоти :puke:
     
  16. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    и сега ке дојдат избори, и ке треба да гласаме, е за кој да гласаме???
    абе ние сме само да дојде некоја партија од друга држава и тие да не управуваат ние само да работиме и плата да ни даваат, очигледно е дека не сме надарени за водење држава и политика оти сме многу големи ѓубриња. Како не им е срам незнам, и после сме сакале во ЕУ да влеземе ние не сме за во Еу да бидеме реални, ние и вака сме отепани од господ така па скроз ке пропадниме, или зошто меѓу сосетските односи не ни се на завидно ниво? Како да ни бидат? Кога ние со сите имаме тема за дебата, со вакви политичари како овие јас уште се чудам како и успеваме да дотуркаме до тука. :x
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.666
    Допаѓања:
    202.246
    Пол:
    Женски
    Срамота е ова што се случува. Срамота за било која демократска земја, каква што очигледно не сме ние. Вакво однесување е одлика на племиња од камено доба, а не на цивилизиран народ. И жал ми е што и јас сум дел од ова племе. И уште поцврсто стојам на одлуката дека нема да дозволам мое дете да расте овде.
     
    На WomanInRed, kravce и JuLleE им се допаѓа ова.
  18. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.254
    Допаѓања:
    72.710
    Во борба,во борба,во борбааа македонски народееееееее...
    Пејте си вие,ама ви го закачија...;)
    Пуста македонска судбина,полоши од Грција станавме со протестиве...
    Како кучиња распуштени од синџир...како хиени,еден со друг се напаѓаме...
    Малку не има,и место да се сплотиме заедно,само им даваме мотив на европејциве за ново ВЕТО...
    Тоа е,од секогаш бедна,засекогаш бедна МАКЕДОНИЈА :tmi: :bandit:
     
  19. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Ајт, со здравје да си го трошиме буџетот. :rofl:
     
  20. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Почеток на крајот на државата... Пристигнува граѓанска војна... Повелете, теоријата за граѓанските војни можеме да ја дополниме со практика. УА! и за едните и другите!