Форумџика на годината

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    28.607
    Ако прашањава ти се лично до мене, еве ќе ти одговорам. Никогаш не сум присуствувала на ниту еден протест досега, па ни завчера не бев. Не оти не сакам сега, туку оти не можам. Така што мене лично не ме навредува исмејувањето.
    Според мене, политиката на Груевски, досега се покажа како најдобра, впрочем и тој беше причината за моите гласови да ги давам за Вмро. И не, не сум против Груевски ни сега, иако ниту сум член на партија, ниту некогаш сум присуствувала на нечиј митинг. Повеќето од она што ти го наброја погоре, јас не го гледам со исти очи, ти се допаѓало тебе тоа или не. Колку и да имале недостатоци, неспоредливо е со сегашнава ситуација.

    Инаку има многумина што протестираа и за време на владеењето на Вмро, и сега, што преземаа активности и пред референдумот и потоа, што се обраќаа најрегуларно до Уставен суд и каде уште не... Никогаш не се испочитува нивниот став и не се слушна нивниот глас. Непобитен факт е дека сега не се слуша гласот на народот (мнозинството).

    Не сакав да реплицирам оти не сакам да влегувам во непотребна дискусија, ама ете, штом си запнал...

    Политичката дебата никогаш нема крај, па ќе си останам на ставот дека ова е форум и кој кога и колку сака ќе си изнесе мислење. За мене реалниот живот е поразличен од виртуелниот, така што не чувствувам никаква одговорност дали некого сум го удостоила со одговор или не. Ако не одговарам на следни цитирања е затоа што немам намера да се натегам со никого.
     
    На Harper, Yipman2, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    Бутнавте цел еден "режим". Цела една држава. Постулатите за истата ги сведовте на најдолно ниво. Со балони, боја, навреди, презервативи... Оти бевте против криминал или оти бевте против Вмро?

    И сега доаѓате тука и глумите транспарентност, строго фиксирина во празни колокации кои ништо не вредат. Зборувате за здраворазумска мудрост, а инкубирате едноумие и корозирани политички симптоми. Оти ја презентирате согласноста со оваа Влада како идеалот кој треба да биде постигнат. Затоа што Вмро така правале, зошто не и овие?

    Застарени шеми. Колку полошо, за нас толку подобро.

    И мислите дека народот е глуп. Па исмевате, навредувате, сограѓанин. Свој сограѓанин зашто имал спротивен политички став.

    Види побогу, од каде знаеш ти колкумина од овие што протестираат биле или можеби се уште се, против политиките на Вмро? Од каде знаеш дека не биле во шарената? Од каде знаеш што истиве превземале по основ погубни политики на Вмро? Дали вашето не знаење, или знаење, сеедно, ви дава за право да навредите и исмевате пред се човек, а дури потоа истиов да го деградирате како политичка или партиска индивидуа?! Па уште и за кредибилитет ќе зборуваме. Да, но само ако го поседуваш истиот.

    Вие, оти протестиравте против криминалот, а не против партијата, каде бевте и каде сте сега, кога продолжува "Груевизмот"? Каде сте да реагирате за судството, за кршење на правото и законите, за деградирање на цел еден Устав? Каде сте и зошто не реагирате на закони со европско знаменце, на закони кои излегуваат од рамките на уставот? Или е во ред кога Сдс го прави тоа? Што ако Вмро беше на власт? Ќе реагиравте? Или повторно мирно ќе ја следите ситуацијата, повикувајќи се на добро поставената основа од претходната Влада.

    Да не заборавиме и дека не учевте на некои нови математики. За да подолго време подоцна нелегитимниот премиер јавно признае дека ги изгубил изборите.

    Така да, таквите, имаат најмалку право да оговараат или уште полошо навредуваат или исмеваат некој кој протестира, без разлика оние кои протестираат од која причина се мотивирани. Протестот е право загарантирано со закон. Нека не ви биде криво. Имате право за истото.

    Досегашниот јазик за двојазичност и овој, новиот, имаат разлики како небо и земја. За Јанкуловска, не морате толку да паѓате во несвест. Шансите да биде киднапирана се големи. :D

    И Груевски не избега. Го киднапираа, а киднаперите го пуштија на слобода. Дури и барање за азил му поднеле, оти се успал човекот, уморен од патот и стресот кој го доживеал поради киднапирањето. :rofl:

    Дебатите тука се сведуваат единствено на: "Ама и Вмро така правеше". Не може човек да напише нешто или критизира нешто, а да не му биде вратено со: "ама каде беше ти тогаш и тогаш, кога Вмро вака и вака". Како изгледа ова мое мислење, оти одговарам потполно на истиот начин, на основите кои ги поставувате вие? :^)

    Каде бев, јас си знам. И нема потреба да знаете и вие. И истото, не ви дава за право да го оспорувате моето право или да го исмевате истото.

    Народот е политички многу слабо информиран, затоа не може да протестира за загадувањето. Оти знае дека ќе му биде увезен нов воздух. И знае дека сега, приоритетите се други. Киднапирањето на Груевски на пример, е скроз актуелно. :D

    Тие 5% од платата на Груевски се само ради киднапирањето. Да заминал своеволно, можеби ќе му ја укинеа целата плата. :D
     
    На Harper, Yipman2, jacqueline.s и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.175
    Допаѓања:
    166.840
    Амнестија а? Азил а? Бидна и тоа, на здравје. Ќе биднат и амнестиите.
    Да го цитирам Прличко - Се држеше за цицките на Неда и се бореше за Македонија. Шије ми га Ѓура.

    Ќе фатам да тепам сега по улица зошто сметам дека овој плебс е ноторен идиот и секоја негова одлука не носи кон пропаст јер тоа е тоа тело што упорно гласа глупаци. Ќе ме помилуваат и онака, што?!
     
    На Harper, Rama, Feminka22 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.328
    Допаѓања:
    4.404
    Во ред, но нека не се блокира сопствениот народ во сообраќајот и нека не ги трујат сопствените деца, внуци и правнуци со смог преку протестите.

    И не е само пред собрание гужва, туку од Католичка до Железничка, од Водњанска до Бит Пазар!
     
    На Feminka22, LollySky и candy.cane им се допаѓа ова.
  5. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Е како ги трујат правнуците ДЕ?Што ќе се запалат и испукаат неколку петарди,или огномети или неколку пиротехнички ракети?
    Неколку пати во годината е тоа.Далеку од труење е тоа,за разлика од оџачите од фабриките и издувните гасови....
    Инаку моментално се протестира за општо добро на сите во Мкд,па пиротехниката е најмал проблем.
     
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.328
    Допаѓања:
    4.404
    Така што го блокираат сообраќајот.

    Колку се само проѕирни тие пензионирани предавници на здравјето, протестирале демек за името да останело на внуците, а всушност внуците ќе испоцркаат од загаден воздух кој тие го создаваат преку блокадата на улицата. Да им беше нив за внуците ќе протестираа во градски парк, плоштад или стадион.
     
  7. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.958
    Допаѓања:
    14.027
    Пол:
    Женски
    Најтрагичното е што жив човек нема, а блокирана улицата. Изгледа станале невидливи.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    1.549
    Пол:
    Машки
    46420102_610234882731188_2621773072566321152_o.jpg

    Нема жив човек :)
     
    На Rama, zuto, orevokrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.958
    Допаѓања:
    14.027
    Пол:
    Женски
    Јас зборувам за секојдневните блокирања на улицата пред Собрание, не за собиранкава на ВМРО-ДПМНЕ.
     
    На WildMk и Feminka22 им се допаѓа ова.
  10. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.598
    Пол:
    Женски
    Притворен Сашо Мијалков.....
    Ајде аирлија...
    Само пари дали ќе врати!?
     
    На Rama, Feminka22, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.038
    Допаѓања:
    48.402
    Пол:
    Женски
    Колку тој од тутунска банка шо ги врати :)
     
    На Rama, bile454, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    486
    Пол:
    Машки
    На секој пост од Будимпешта се добива по некој притвор.
     
    На iki26, Rama, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.598
    Пол:
    Женски

    Хаха...баш така испаѓа работата!
     
    На Rama, Feminka22 и elimkd им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.332
    Сега ко ќе почни да врти тој бројчаникот на Триумфална! Да врти! Да врти!!
    Абе на сите има да ни се сомели умот од вртење :D
     
    На Feminka22 и baba Rada им се допаѓа ова.
  15. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    486
    Пол:
    Машки
    На H.VAGA, ocicka2014, Abeja и 3 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.332
    Влада : Се одобрува кредит за Југохром за набавка на филтри против загадување

    Владата на Република Македонија на денешната седница ја задолжи Македонската банка за поддршка на развојот да склучи договор за кредит со Друштвото за производство, трговија и услуги ЈУГОХРОМ АЛЗАР ДООЕЛ увоз-извоз Јегуновце од кредитната линија од Посебниот кредитен фонд (ПКФ) на износ од 92.242.500 денари за изградба на филтерска постројка за заштита од загадување, со што ќе се овозможи фабриката да продолжи да работи и да се ангажираат вработените.
     
    На Mich и oblace1 им се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.416
    Пол:
    Женски
    Втевме втевме втевме и на крај сите во ќорка а само јас во МаЃарска :rofl:
     
    На Rama, LollySky, baba Rada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    486
    Пол:
    Машки
    Да да филмови, демек до филтрите им е дојдено баш денес.
    *Но најбитно што македонците од Тетово не одат на работа и не земаат плата една година.
     
    На Abeja и iki26 им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.332
    Па ако испадне по договореново, ќе работи пак.
    Ќе видиме...
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    486
    Пол:
    Машки
    Една година веќе не работи под притисок на албанците. Причината е што таму работат многу македонци и земаат големи плати. А во случај да не работи компанијата како што е сега многу македонци го напуштаат Тетово.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.