Џабе сите во притвор кога азилантот е на слобода. Истиот тој притвор до кога ќе биде видеќемо, на крајот да не биде сите пратени дома од притвор.Се додека нема правосилна пресуда не ми значи ништо тоа дневно политичко замајување,бидејќки византиските игри и понатаму продолжуваат. На сите следни избори само негласање за никоја партија треба. (да се плукнам во двопартискиот систем,а тоа една изборна единица никад нема да биде)
Абе филтри требаат и добро е да се набават, ама кого прават будали. Југохром не работи повеќе од 1 година и сега дур се направи постапка па дур се набави ќе поминат уште година две, за тоа време тон македонци ќе се одселат од таму. Тука е цела финта не е до загаденоста, годинава пак Тетово е еден од нај загадените иако не работи Југохром.
Темава со загадувањето е осетлива, надпартиска и наднационална бидејќи сите се труеме подеднакво, затоа не ми се верува во теоријава за етничко чистење преку неработење на Југохром. Не знам кој е сопственик, ама поверојатно ми е дека уценува со тој социјален момент-бркање од работа за државата да му ги плати филтрите.
Кој е авторот? Добро, ако имаш многу читано, единствен логичен заклучок ти е дека Југохром е затворен за да се иселат Македонците? А знаеш дека пола од вработените се Албанци?
А шо има везе составот на вработените? Добро не ви е глупо цело време да крцате шовинизам во темава а? И јас не сум некој голем фан на Албанците па не ги ставам во уста на секое второ.Не ни се они криви за ова.Кога ќе се научите да не палите гуми и ѓубришта кога ќе се научите да не купувате коли на старо од 92га од Бугарија и кога ќе се научите да си ја чувате околината тогаш ќе имате ЧИСТ воздух.Другото паѓа во вода.Престани со глупиов муабет, ставете прст на чело и почнете со прогресирање.
А која е политиката жити се? Свеснo да не трујат да се иселиме?Тебе ти е отруен мозокот извини вака.Како можеш да размислуваш во тој правец?Не е прва година да е загадено во поголемите градови.Значи треба да се средат топилниците, електраните, ауспусите и се друго за да имаме чист воздух.Извини ама Албанците не се Хитлер па со штетни гасови да не ,,убиваат” многу си читал историја изгледа ти.
Луѓето не се виновни за тоа што се купува кола на старо мање битно дали е од Бугарија или од друга земја.Секој би сакал да вози нова кола, но главиот проблем се финансиите, луѓето ќе си ги пуштат нозете колку што им е долга чергата.Но проблемот со загадувањето кај нас не е некој нов проблем,нормално се актуелизира годините уназад со дигитализацијата и интернетот и социјалните мрежи во нашето општество.Занемарувањето на сите власти низ сите овие 2-3децении и за постепено решавање на овој проблем дојде до негово таложење и да стане се поголем проблем.Секако луѓето како фактор се неизвежен дел од тоа, т.е. нивното однесување кон околината, бесправното сечење на шумите, капак на се и градежната мафија која секоје ќоше сака да го искористи за градење згради, греењето на дрва и секаков отпад, оџаци на фабрики без филтри и ред други работи.Проблемот е покомплексен а нашите впасти наместо темелно со некоја стратегија чекор по чекор да го решаваат, тие само измислуваат некакви си генијални ,,решенија'' ( налепници за коли, ден на дрвото итн) кои ќе немаат никаков импакт врз намалување на загаденоста на воздухот.
Не сум албанофоб и не ширам шовинизам, ова е реализам. *те молам не ми коментирај повеќе, не сакам да пишувам со тебе.
Неспособноста им е заедничка одлика на сите партии. Минатата власт даде концесии на мафијаши за увоз и горење на канцероген отпад во Дрисла. Сегашниве, пред да дојдат на власт креваа галама против загадувањето, а сега тресат зелени, како тоа со налепниците на пример. А решението е кај нас, граѓаните. Треба да им се качиме на глава за да им текне да направат нешто.
Колку само се виновни луѓето со нивните автомобили и нивните куќи, а не големите цементара, пивара, Железара, металски завод Тито (каде што постојат мал број на приватници, од кои пола се странски компании коишто си го имаат решено проблемот со филтри), и сл. Кои ги плаќаат политичарите големи пари за да го насочуваат вниманието на граѓаните на некое друго место, на пр. Како автомобилите и куќите се криви. А не фабриките од кои никој немаат филтри ставено.
Добар потег на Власта што го уапсија во притвор Сашо Мијалков.Он со Камчев беа едни од Најголемите, бизнисмени но имаше ,многу рекет и разни нелегални работи. Треба убаво да се истражи колку пари има исперено преку државата, да се конфискува имотот или ако нема на негово име, на најблиските барем дел од парите да вратат во буџетот.Не смее да се дозволи да се пушти од притвор под никаква цена. Ова ќе биде важен дел за нас како Држава овие случаеви да се истераат до крај, да докажеме пред меѓународнта дека се движиме во некаква насока. И каков и да биде откриен било каков криминал од страна на некого од владата дали од нашите исто и од страна на Албанците и кај нив треба да се открива и да се санкционира на ваков начин , за да се види дека имаме некакво придвижување и ке бидеме на подобар пат.Тоа ке го препознае Европа. Во Случајот со Груевски тој пропуст што го направија треба до крај да се истражи и да се поднесе кривична пријава против двајцата Унгарски дипломати кој што му помогнаа да оди во Унгарија веќе кога имаше пресуда за него.
Кога си опозиција најлесно е да најдеш дежурен виновник.Од кога дојдоа на власт ќутат, а пред тоа викаа доволно е да се смени власта ќе дојде чист воздух. 28 години музиката си е иста само се менуваат одвреме навреме музичарите али свират по исти ноти.Нив не им е важно да се решаваат такви проблеми, важно им е овие проблеми да бидат отворени, да лебдаат на површина за кога ќе дојдат у опозиција да има зашто да критикуваат и да држат пресконференции.